
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Овој есеј освои второ место во категорија II на учесници над 18 години. Оригинално беше напишан на босански јазик, ова е преводот на македонски. Прочитајте го во продолжение! Нè уништи сите тој еден обичен, ситен мал скот кој влезе во нашите пори дури од далечната Јапонија. Еве, дојдовме до тој стадиум кога мораме нашето секојдневие да го замениме со таа маска која нè ограничува во секој поглед; во нашите топли домови полни со грижа: Кога ќе ...
Овој есеј освои трето место во категорија II на учесници над 18 години. Прославата на Нова година е една од најстарите пагански традиции. Овој обичај не се менува скоро 4000 години. Скоро и да не постои народ во минатото или сегашноста кој што не ја слави Нова година. Во денешно време за Новогодишните празници се „давиме“ во литри алкохол и став – убаво помини си за Нова година и сврти нова страница во својот живот. Но, ништо нема да е како ...
„Излезе од печат нова книга од издавачката дејност на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Збирката раскази од литературниот конкурс „Раскажувам фотографија“ 2020 е финализација на проектот – литературен конкурс за краток расказ посветен на мотиви од предвоениот живот и страдањето на македонските Евреи. На конкурсот пристигнаа 138 литературни творби. Меѓу нив, најголем дел солидно напишани прози, со исклучок на творби кои не го ...
Конкурсот за краток расказ е една од најпрепознатливите практики од зенитот на постоењето на првиот дневен весник. Обновен е за да ја поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е популарна, современа и широко прифатена од читателската публика. Краткиот расказ е дел од колективната меморија и култура на македонскиот народ, кој има корени уште во усните расказни и наративни форми. Иако во последниве години романот е најдоминантен жанр ...
Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распишува конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка членка на ДПМ објавена во тековната година. Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од ноември 2020 година до крајот на септември 2021 година. Со оглед на моментната ситуација предизвикана од Ковид-19, пожелно е авторките и издавачите да ги достават книгите во ...
Издавачката куќа Темплум по шеснаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик. Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, ...
Распишан е меѓународен конкурс за поезија „Антево слово 2021-22“ во Сицилија, Италија. Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по петти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, ...
Литературен Конкурс за поетска творба на слободна тема објавува здружението „Клуб на литературни творци“ – Прилеп, по повод 15 години од меѓународната манифестација ,,ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ“ 2022 г. Право на учество имаат сите што пишуваат поезија. Учесниците се поделени во две категории, возрасни и млади, при што во самата пријава да стои возраста на авторот. Секој учесник (автор) испраќа по една песна не е подолга од 28 стихови, во Times New Roman ...
Некои од нас, цел живот ќе чекорат со дигната глава, горди без срам и обвинувања, секогаш загледани во иднината, никогаш не вртејќи се назад кон минатото и темнината. Некои од нас, цел живот ќе го поминат, обвинувајќи ги другите за лошата карма или судбина, лутејќи му се на светот и векот, никогаш не загледувајќи се во себе, ниту во ликот свој во огледалото, оти ја знаат вистината, дека многу полесно е да ги обвинат другите, отколку самите себе ...
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје распишва конкурс за награда „Бели мугри“ за поетска збирка Пропозиции: – поетската збирка треба да содржи најмногу 1200-та стихови; – да е напишана на мајчин јазик; – Да не е досега објавувана; Право на учество имаат сите автори на возраст до 35 години. Ракописите треба да се испратат во три примерока под шифра (а во посебен запечатен плик да се достави: шифра, име и презиме и матичен број на авторот како ...
Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО Скопје распишува КОНКУРС за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2023 година. Пропозиции: 1. Наградата „Антево перо“ за 2023 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). 2. На Конкурсот можат да се јават сите автори ...
Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО Скопје распиша КОНКУРС за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2023 година. Пропозиции: 1. Наградата „Антево перо“ за 2023 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис). 2. На Конкурсот можат да се јават сите автори ...
Распишан e меѓународен конкурс за поезија „АНТЕВО СЛОВО“ за 2024-та година. Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по седми пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во ...
Денес уживајте во поезијата на незаменливиот поет Блаже Конески. Изборот падна на четири негови кратки, но моќни песни од стихозирката „Везилка“. Тајна Откриј ми една твоја тајна па макар колку мала и лесна, јас ќе ја кријам во себе гробно – дури не стане песна. Кафез Триесет години. И што е сторено? Триесет скршени врчки. Детето во мене е затворено во еден кафез од брчки. Жртва О драги предмети, о мили луѓе, си мислам напати – дај да се ...
Денес ги споделуваме стиховите од песната „Магдалена“ на македонскиот поет, есеист, препејувач, публицист и политичар, Анте Поповски. Песната е составена од четири строфи низ кои изобилува меланхолија, носталгија, еден вид на копнеж по младоста и детството и емоции, кои можеби се проткаени во сеќавањето на Магдалена. Која би можела да е Магдалена и зошто е песната посветена на неа, иако таа се појавува на самиот крај, прочитајте подолу и сами ...
Денес ги споделуваме стиховите од песната „Ноќта“ на македонскиот писател и поет, Ацо Шопов. Песната е дел од збирката Слеј се со тишината (1955) и е составена од три строфи кои се поделени во два дела. Посветена е на ноќта и делумно нејзината посебна врска со поетите. Каква е ноќта на Шопов, прочитајте подолу. 1. Co лажна убавина ги обвива предметите и им дава облик на вистинско збивање. Ги измамува луѓето… и само сo поетите има допир силен ко ...
Од Земјата на лажговците (1999) Ластовичките одамна полетаа на југ. Времето се промени. Почна да дува студен ветер. Лисјата на гранките одамна капнаа на земјата. Сланата ги попари тревките и цвеќињата. Децата почнаа да носат топла облека. Но една ластовичка сѐ уште не одлета во јужниот крај. Некое лошо дете со воздушна пушка ѝ го скрши крилото. Кутрата таа! Колку тагуваше што не можеше да лета. По стопати на ден се обидуваше да ги рашири ...
Во чест и сеќавање на великанот Блаже Конески кој беше македонски поет, писател, литературен преведувач и лингвист го подготвив овој напис. Неговиот голем придонес беше во кодификацијата на стандардниот македонски јазик. Роден на 19-ти декември 1921, а починал на 7 декември 1993 година. Со своето дело, Конески извршил широко влијание врз културно-општествената заедница, како во Македонија, така и на просторот на поранешна Југославија и во ...
Од нас ќе остане нашиот изопштен и притаен одливок мал како хаику, како врв мал од што е далеку како сонце тој жив талог во којшто со време сме се претопувале грч по грч капка по капка крводарителски. Ќе остане на дното да сркнеме од секретот Ни жегата ни жедта нема да помогнат да сркнеме од секретот да се плукнеме, назад. Ќе се стаи и она што Се цедело по грешка Низ пукнатината во која Еден живот се должи на друг. Стрвоста и поривта ќе ни ги ...
Ни претставува огромна чест и задоволство што во ова интерју ја имавме писателката Наташа Сарџоска. Таа истовремено е и поетеса, антрополог и професор. Една од поактуелните писателки во денешницава. Прочитајте што ја прашавме и што ни одговори на нашите прашања. Ни претставува огромна чест и задоволство што ве имаме како гостинка во нашата рубрика Интервју со. Најпрво ќе ве прашаме како се чувствувате? – Растргнато, растрчано, работно. Предавам ...
Игор Џамбазов, актер кој пее за актерите. Еден од ретките како што и самиот вели во неговата збирка „Диши длабоко“, првиот актер кој пред актерите пее сонгови за актерите. И добива чиста десетка. Нема што да се каже освен да се ужива во неговата поезија. Секогаш ваш, а никогаш свој Оваа професија најубава на светот за ништо не ја менувам. Некогаш сум скитник, утре тип од џет-сетот и заедно со нив разденувам. Секоја вечер на сцената сум качен и ...
Животот е глобална плетенка на оваа наша заедничка планета исткаена со нишки од разновидни бои Некои се светли и бели некои нишки се црни и сиви И во истиот миг некаде песна се пее и се слави а некаде некој умира и душата плаче. Испреплетена е оваа наша живеачка со црно бели нишки. Во белата е вткаена среќата и радоста Во црната е вткаена несреќата и тагата. Но животот има и колорит од различни бои и нијанси во црвената е вткаена љубовта Но ах ...
Чекорам по калдрмата тромо. Одразот матејќи го умот ми ги покажуваше намрштените веѓи, па очите кои лутаа во далечина, мистериозната насмевка. Замаглено црвенило ми вриеше во душата. Црвен дожд ги миеше очите, кои чинам почнаа да не гледаат повеќе. Со мислите патувам во минато, па во сегашност, да осетиш колку ми тежеше сите овие години. Итам по калдрмата узнаена од секое камче, секој облак како разуздан коњ патува пред мене минатото во иднината ...
Кога ќе те стават во група на заборавени, животот се менува. Кожата ти е соголена, душата излупена, среќата е зад тебе. Како исфрлен, истрошен партал се сеќаваш на гордоста, милоста, напорниот живот. И така тој заспиваше под прозорецот со склопени раце а велеа тро се напил. Зборот да не ти излезе во животот. Со скриена душа како продаден роб, со отскриено тело кое трепереше. Одеше често кај својата ќерка на работа, горд на неа, насмевот лебдеше ...
Прв училишен ден, на моите внуци со мене во друга земја. Ги носам во училишниот двор, за мене е едно восхитувачко и непредвидливо чувство. Јас имам повеќе трема од нив, тие веќе знаат што и како одат процедурите. Се редат во редица, доаѓаат насмеани учителки, нема врева, нема викање, сите се редат едно зад друго, со сини торбички во раце, со сини џемперчиња, сиви панталончиња или здолништа. Насмеани, радосни, како што се и сите деца. Ги има ...
„Подготвени сте“, го прашав. Тој кимна со главата. Сакав да го прашам што го натера да го смени мислењето. Бидејќи не верував дека во прашање беше само мојата репутација, но решив за тоа да го прашам на крај. Крај на вториот дел. „Беше 1977 година, тогаш имав 19 години“, започна да раскажува Г-динот Никовски. „Тоа беше време кога луѓето се ценеа меѓу себе и кога немаше поделби. Имаше за сите луѓе. И за тие што имаа пари и за тие што немаа. Јас ...
Добро е кога луѓето се заедно. Ако имаш проблем ќе кажеш нешто, ако немаш ќе си пијаш кафе. Дојдоа пусти времиња тешки на вратот, на грбот тежат. Кога стоеше Надица сама и сакаше нешто да каже се двоумеше кому. Надвор штама. Ако се пожалеше ќе речат до психата ти е. Ако ја болеше забот и непцето крвареше ќе речеа до психата ти е. Ако речеше испив две кила вода ќе ѝ речеа не верувам. Додека нозете ѝ беа ладни, треморот на телото ѝ го одземаше ...
Ако треба исплачи река, а потоа изгради мост, и премини преку него, Па ќе си речеш: утре е нов ден. Ако мора препливај и мориња, или и океани иако си со задните свои сили сепак, но сепак препливај ги.. и повтори во себе ” утре е нов ден” Ако е потребно стисни усни и заби да не кажат оти боли, и изоди го и трнливиот пат, исчисти ја крвта од своите рани и повторно кажи во себе: “Утре е нов ден” И иако секој утрешен ден,, еднаков е на секој ...
Зората се облече во тага Од далеку се слуша, плачот на една виолина Денес На безброј чувства, мисли и солзи Животот им згасна Скршени беа тие, на илјадници фрагменти На каменоломот на животот А таму кога тој ќе згасне, смртта доаѓа Молитвата на муграта не заживеа За првпат згасна таа Во срцето на срната Полските бели кринови, скришум заплакаа Сребрени рози, телото ѝ го покрија Ѕуницата на небото зашепоти Денес, најубавата срна нè напушти ...
На почеток под нозе ставено. Потоа во сон појавено. На јаве не си тука во секој лик те барам. И постојано некое недостигање на љубов ли е или замислено, некогаш двосмислено некогаш јасно дефинирано, колку да планирамe, никогаш не е испланирано. Мора да се потсетувам на сите радости, да речам во тоа успеав, помало да остане, вредност да нема, недостигањето кое не престанува, со двете раце карпа туркам, го застанувам. До следното негово будење ...