Владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма која е од најголем интерес за учениците – со физичко присуство во училниците. Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата заради непречена работа и реализација на мисијата заради која и постојат – едукација на ...

Утрово 01.30 часот во село Дабиле, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Џ.Д.(22) и О.Х.(40), двајцата од Струмица и О.А.(24) од Штип. Тие биле затекнати во патничко моторно возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, за кое претходно сопственикот Ц.Г. од Струмица пријавил дека му било одземено. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а возилото било вратено на ...

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечер на полноќ се намалува за 3,00 денари, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 денара по литар. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство 1 (ЕЛ-1) ќе биде 93,00 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 94,50 за литар, соопшти ...

Синоќа во Струмица се одбележа 30 години творештво на ликовниот уметник Марјан Ѕингаров-Ѕин. Уметникот кој живее во Софија, пред своите сограѓани струмичани рече дека во уметноста се наол уште како момче од 16 години, инспириран од уметниците кои катадневно оделе во некогашниот работнички универзитет. За творечкиот опус на Ѕингаров говреа и поетите Никола Маџиров и Ѓорги Калајџиев како и драматургот Сашко Насев. Калајџиев вели дека иако Ѕингаров ...

Ако сте прошетале деновиве низ струмичките продавници за мешовита стока, сигурно од излозите ве поздравија елени, елки и дедо мраз. Иако е неверојатно, особено поради високите температури и тоа што ноември само што почна, сепак, реалноста е дека цел град е во новогодишно руво. Трговците велат дека станува тренд и дека има и побарувачка. Купувачи не се само струмичани и жители на регионот, туку доаѓаат и од Бугарија. Токму тие најмногу се ...

Во најскоро време ќе се пушти во употреба новиот водовод во селото Негорци, гевгелиско. Проектот што го изведува струмичката градежна компанија „Жикол“ е во завршна фаза. Градоначалникот Андон Сарамандов и директорот на гевгелиски „Комуналец“ Раско Чочков извршија увид на градежните работи, а наскоро ќе се прилучи цефководот и на градскиот водовод. Тестиран е и притиоскот на водата, а сега треба да се дезинфицира цефководот. Со тоа ќе се реши ...

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, не е над 33 гигават часови електрична енергија. -Како Влада и Министерство за ...

Градоначалникот на општина Василево денес беше домаќин на како што рече „иднината на општина Василево“, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ пред кои се претстави и им ги претстави надлежностите и улогата на локалната самоуправа односно Советот и Градоначалникот – двата органи задолжени за функционирање на општината. Учениците од осмо одделение, заедно со својот предметен наставник Наце Тушев, во рамки на предметот „граѓанско образование“, беа во ...

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3). Владата притоа донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за ...

Општата болница Струмица од ноември ќе испрати 12 нови лекари на специјализација во Скопје. Ќе специјализираат лекари во 10 области од кои по двајца анестезиолози, двајца радиолози, еден кардиолог, еден уролог, еден педијатар, еден офталмолог. Потоа еден лекар ќе специјализира инективни болести, еден ортопед, еден дерматовенеролог и еден оториноларинголог. Од Општа болница Струмица велат дека приорите е да се екипираат со млад и стручен кадар. ...

На 01.11.2022 во 16.00 часот во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.А.(27), Б.Р.(24) и еден малолетник, сите од Струмица. Тие се сомничат дека во текот на денот извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што од пумпна станица сопственост на АД Водостопанство на РСМ-подружнца Јужен Вардар Гевгелија одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во ...

На 01.11.2022 во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во с.Ново Коњарево, патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од с.Ново Коњарево. Во несреќата пешакот починал на местото, а смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа ...

Ова е прашањето што им е поставено на неколкуилјадните следбеници на фан страницата на Дојран. Доколку треба да се промени името на едно од култните плажи во ова туристичко место, кое име би го дале? Иако граѓаните во најголем број сметаат дека Градската плажа е препознатлива токму поради името и не треба да се менува, има и доста креативни решенија. Некои од предлозите оставени во коментар се: „Кариби“, „Под јаворите“, „Македонска плажа“, ...

Во рамките на програмата со активности за одбележување на Општинскиот празник, 7 Ноември, утре (2 ноември, 2022 година), следи литературниот настан „Книжевна средба со Васил Тоциновски“. организатор на средбата е ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Настанот ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:30 година. Сп тоа ќе се одбележи 50-годишнината од творечката кариера на македонскиот писател, книжевен историчар и критичар, ...

Стар мебел, облека, кабаст отпад собираше денеска струмичкото јавно комунално претпријатие „Комуналец“ од улицата „Антон Панов“ во Струмица. Во чистењето се вклучи и механизација, багери, за полесно и побрзо расчистување на дивата депонија на периферијата на градот. Станува збор за простор кој со години се претвора во дива депонија и покрај чистењето и апелирањето на надлежните да не се фрла отпадот на несоодветни места. Пред само десетина дена ...

Струмица и Лесковац ќе ја продлабочат соработката, а прв чекор за зближување на двата града е збратимувањето. Вака најави градоначалникот на Лесковац, доктор Горан Цветановиќ во Струмица. Тој беше гостин во Струмица изминатиот викенд по повод Кошаркарскиот турнир за ветерани организиран од кошаркарскиот клуб „Ветерани Баскет“. Костадинов рече дека ваквите настани ги зацврстуваат пријателствата и раѓаат нови соработки. Градоначалникот на Лесковац ...

Вкупно 4800 картички за зелена нафта со вкупна вредност од 19 300 000 ден. или 315 000 евра за земјоделците во општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека струмичките земјоделци од утре ќе можат да ги подгинат картичките за користење на зелена нафта. Картичките се со трајност до крајот на април следната година. Околу 50.000 земјоделски стопанства ќе добијат 250 ...

„Советот на општина Василево денес донесе Одлука за еднократна парична помош од 60.000 денари на семејството од Василево чиј покрив и спрат од семејна куќа целосно изгореа. Пред неколку недели изби пожар во Василево во кој, целосно изгоре покрив и спрат од семејна куќа. Пред се како човек, секако и како Градоначалник,чувствувам должност и обврска да ги повикам моите сограѓани на солидарност, која во Василево секогаш постоела. Апелирам до сите ...

Привршуваат заштитните археолошки истражување на Споменичката целина Бања Банско. За прв пат во долгогодишното ископување на овој значаен споменик на културата се истражуваше изворот на термоминерална вода Парило и просторот непосредно околу него. Иако значително оштетен со каптирањето изведено во 1963 и повторно во 1966 година кога околу изворот е изградена масивна бетонска шахта сепак годинешните истражувања потврдија поранешни претпоставки и ...

Овој ноември во Струмица ќе се одбележат Деновите на италијанската кујна. Ова го најави градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, во саботата за време на отворањето на 23 Тортијада. Костадинов најави дека овој настан кој е во светски размери ќе има свое одбележување и во нашиот град и дека на него свое учество ќе имаат и лица со телесен инвалидитет. Недела на италијанска кујна во светот, која се одржува од 16 до 26 ноември, е ...

Уметникот Марјан Ѕингаров-Ѕин утре ја отвора ликовната ретроспективна изложба по повод 30 годишното творештво. Настанот е од 20.00 часот во Галеријата на градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Ова лето тој имаше и изложба на фотографии на градското корзо со тема „Птиците во градскиот парк“. На следниот линк можете да го слушнете разговорот по повод изложбата. https://ne-np.facebook.com/kanalvis/posts/5362243567145249 Ѕин повеќе години живее и твори во ...

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска оствари средба со г. Ерик Мејер, Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и советникот во Амбасадата, г. Митко Бурчевски. На средбата разговараа на актуелни теми и новите предизвици со кои се соочува општина Струмица, при што градоначалникот Костадинов, потврди дека и во време на криза, заедно со општинската администрација и Советот на општина Струмица успешно ја ...

На 30.10.2022 година во 10.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода И.Ј. (40) од Струмица затоа што околу 02.20 часот на улица „Димитар Цветинов“ во Струмица со патничко моторно возило „ауди“ удрил полициски службеник кој извршувал службени задачи, по што го напуштил местото. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и ...

Фондот за осигурување на депозитии Македонската банкарска асоцијација го одбележуваат Светскиот ден на штедењето, 31 октомври. Овој ден се одбележува низ целиот свет со цел да се промовираат личните заштеди во банките и штедилниците, да се потсетиме на важноста од редовното штедење, креирање на мрежа на заштита на депозитите и да потсетиме дека заштедите му помагаат и му овозможуваат на поединецот да ги постигне своите цели и идеи. Прославата на ...

Намалување на бројот на активни компании во Македонија се забележува од 2019 година наваму. Имено, како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика до 2019 година имало постојан раст на бројот на активни деловни субјекти, кога бил достигнат врвот или максималниот број на активни деловни субјекти. Веќе од следната или од пандемиската 2020 година имаме постојано намалување на бројот на активни претпријатија. Бројките велат дека во ...

Голема карпа падна врз апартмани на брегот на грчкиот остров Крит, при што загина една жена од Словенија, а нејзиниот осум-годишен син е повреден. Карпата ја погодила собата на жената и уште една соба во хотелот. Свлечиштето се случило денеска во раните утрински часови во семеен станбен комплекс за изнајмување покрај плажа, изграден под карпеста падина во Џерапетра. Полицијата соопшти дека карпата уништила две соби. Сопругот на жртвата (51) бил ...

Поскапувањето на препаратите кои се користат во земјоделството натера многу наши земјоделци да набавуваат разни типови хемикалии од соседните земји со цел да ги намалат трошоците во нивното производство. Упатените велат дека е сосема очекувано земјоделците да увезуваат сами препарати бидејќи разликите во цени се огромни, па се приморни на иновативни начини да се снабдуваат со хемикалии. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци во Македонија, ...

Напуштените селски ниви треба повтроно да се изораат и да се насеат. Плодното поле во иселените села во околината на Ново Село се идеални за градинарски култури, особено компирот. Во чистата природа каде веќе нема многу жители, тој дава солидни приноси и одличен квалитет. Земјоделците од овој крај велат дека некогаш имало насади со компир до негодлег, а сега пуста земја. Со цел да се поттикне локалното население да го сади компирот, општина Ново ...

И покрај најавите дека поради заштеда на струја може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак во недела ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад. Летното сметање на времето во 2022 година завршува во недела, на 30 октомври во 03:00 часот, така што со поместување еден час наназад, времето во 03:00 часот се смета како 02:00 часот. До почетокот на епидемијата на корона вирусот имаше неколку дискусии за укинување на ...

Од понеделник до 9 ноември Гевгелија ќе има програма за одбележување на т ноември-денот на ослободувањето на Гевгелија. Одбележувањето на Општинскиот празник ќе започне со отворањето на Изложба на фотографии од Димитар Новаков „Гевгелиски моменти“, во Ликовната галерија „Амам“. На 2 ноември, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде одбележана 50-годишната творечка кариера на Васил Тоциновски. Во програмата за одбележување на 7 Ноември, ќе ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
29%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
39%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
38%
1019
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
23%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.74
46%
1017
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
2.57
45%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.17
35%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
38%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
27%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
46%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
28%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.23
100%
1015
Currency

61.535

Currency

53.4332

Currency

72.5653

Currency

34.8756

Currency

39.1828

Currency

65.3065

Currency

7.45373

Currency

0.674

Currency

0.37064

Currency

0.525

Currency

1.36762

Currency

0.62615

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15059.00

Рутениум

20190.67

Калај

32.85

Сребро

1164.59

Злато

107148.81

Бакар

9.65

Паладиум

34497.75

Платина

40660.57

Родиум

183259.26

Цинк

2.61