Од Сојузот на здруженија на дијабетичари го прашуваат министерот Алиу, кој и зошто не пушта целосна количина, со сѐ 500 нови пациенти на Оземпик? Врз основа на кој научен доказ се прави и намалување на количините на терапијата.
„Кој ги крати и зошто количините на инсулини, рајзодек и новомикс 30 и кој без никаква наука наложува аптеката сама да врши замена за 9.000 пациенти кои им вршите промена без консултации? Кој сака да ги заменува нашите 40.000 животи и нашето здравје за дневни ‘игри и суета’ или можеби за штедење на буџет. Зошто не се реализира, наводно 30 отсто зголемена количина по новиот тендер за достава на терапија (инсулини и анти-дијабетна) низ државата? Ние ли ‘злоупотребувамеќ терапија или…Колку време им треба на Националната комисија за дијабетес и заменик-министерот заедно со службите, да ни одговорите на нашите барања за минимум стандарди и критериуми за набавка на ленти и сензори? Или некој пресметува без нас и мисли дека така ќе поминете со набавка. До денес поминаа три месеци од првото барање, или цели 96 дена“, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.