Српскиот фудбалер Лука Јовиќ и убавата српска манекенка Софија Милошевиќ се заедно од 2019 година, а во врската добија два сина, Алексеј и Теодор. Тие се свршија, но иако неколкупати го најавуваа одењето пред матичарот, сè уште не се венчале.
Судејќи според зборовите на прекрасната манекенка, свечениот чин се очекува оваа година.
– Во годината што претстои, ќе се фокусирам на рамнотежата помеѓу кариерата и семејството. Исто така, со нетрпение ја очекувам свадбата што конечно нè очекува оваа година. Тоа сигурно ќе биде еден од најважните моменти за Лука и за мене – открила Софија Милошевиќ во интервјуто за „Информер“.
Во меѓувреме, Софија синоќа се појавила на концертот на Теа Таировиќ и ги засенила сите.
Синоќа, Теа Таировиќ одржала спектакуларен настап во Белград, а по тој повод се собрале многу познати личности.
На концертот дошле и штотуку оперираниот фудбалер Предраг Рајковиќ и неговата сопруга, пејачите Брескица и Војаж, старлетата Маја Маринковиќ, но и манекенката Софија Милошевиќ.
Софија ги засенила сите со својата комбинација на облека бидејќи никогаш немала пократок фустан и никогаш немала подлабоко деколте.
Убавата манекенка блескала од глава до пети, а косата ѝ била собрана во пунџа.