
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Археолошките истражувања извршени на праисториско гробно место покажаа дека тоа е најстарото големо кружно заградување досега откриено во Британија, кое му претходело на Стоунхенџ. Споменикот Флегстоунс, во близина на Дорчестер во Дорсет, бил создаден околу 3200 п.н.е. и е приближно два века постар отколку што се мислеше. Археолозите користеле напредно радиокарбонско датирање за да испитаат некои од наодите, вклучително и човечки останки, рогови ...
Растенијата можат да донесат природна убавина и позитивна атмосфера во секој простор, но некои од нивните претставници можат да бидат опасни по здравјето, особено ако имате мали деца во домот. Децата се познати по својата љубопитност и често ставаат работи в уста, па затоа е важно да внимаваме кои растенија ги чуваме во домаќинството, бидејќи многу видови можат да бидат отровни. Олеандер, рицинус и кливија Некои од најопасните растенија се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08% во однос на одлуката од 7 март. Од 11 март почнувајќи од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,50 (ден/л) моторен бензин Еуросупер БС-98 – 76,50 ...
Жителите на Гренланд во вторник излегуваат на парламентарни избори, а во фокусот на изборната кампања беше можната независност на најголемиот остров во светот. Законските прописи за тоа како може да се постигне тоа веќе постојат. Сите главни политички партии на Гренланд ја поддржуваат независноста, така што дебатата главно се однесува на тоа кога, а не дали да се прекинат врските со Данска. Значи, патот до независноста е веќе трасиран… Членот 19 ...
Омега-3 масните киселини се познати како здрави масти, а нивните моќни антиоксидантни ефекти позитивно влијаат на здравјето на срцето, мозокот и имунолошкиот систем. Но, и покрај нивните придобивки, истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе не добиваат доволно омега-3 преку нивната исхрана, дури и оние кои редовно јадат риба. Ако на вашето тело му недостасува омега-3, може да забележите одредени симптоми. Еве неколку знаци кои укажуваат на ...
Еден од најубавите голови во 2025 година го постигна синоќа бразилскиот дефанзивец Матеус Дориа, кој постигна чудесен гол во триумфот на Атлас против Тихуана. Имено, Дориа во 61. минута од натпреварот постигна гол со скорпион удар, со што го воодушеви фудбалскиот свет и стана легитимен кандидат за наградата Ференц Пушкаш, што му се доделува на авторот на најубавиот гол на годината, а во чест на легендарниот унгарски голгетер. Да додадеме дека ...
Овој туна омлет можете да го правите за појадок, за ручек или за вечера. Ако сте подготвени да пробате малку поинаков омлет, ова е вистинскиот рецепт. Потребни состојки: Подготовка: Во сад истурете ја туната со двете јајца и додадете сол, бибер, лук во прав и чили во прав, па убаво измешајте дробејќи ја туната. Во тава загрејте 2 лажици путер и кога ќе се стопи ставете на тркалца исечкан кромид да се пржи. По некоја минута истурете ја смесата со ...
Многу од работите што ги користиме секој ден не се резултат на внимателно испланирани истражувања, туку среќни несреќи. Од медицински откритија до кујнски гаџети, историјата е полна со случајни пронајдоци кои го сменија начинот на кој живееме. Замислете свет без микробранови печки, лепливи белешки, па дури и пеницилин. Сите овие изуми се создадени случајно, но денес се незаменлив дел од секојдневниот живот. Во некои случаи, научниците барале ...
Каде и да оди, Нејмар го следат повреди. Без разлика во кој клуб е, Бразилецот поминува низ неволји. Сега пристигна нова вест дека играчот на Сантус го чека нова пауза. Нејмар имаше проблеми во четвртфиналниот натпревар од плејофот на бразилската Паулиста, поради што го напушти теренот во 76. минута. Во полуфиналето против Коринчјанс не можеше да му помогне на својот тим, а Сантус претрпе пораз од 1:2. „За жал, чувствував болка во последните ...
Скелет кој датира од каменото доба е пронајден во пештера во Тајланд и може значително да влијае на она што научниците го знаат за праисторијата на регионот. Скелетот е стар 29.000 години и му припаѓа на дете, а ги претставува најстарите човечки останки откриени во историјата на Тајланд, потврдија археолозите. Детето, наречено „Пангпонд“ по тајландски анимиран лик, најверојатно живеело во близина на брегот со семејство чии членови биле ловци. ...
Оцетот е често употребувано средство за чистење, ценет поради неговата достапност, природноста и еколошката прифатливост. Сепак, иако е одличен за многу површини, има материјали на кои може да предизвика оштетување. На некои почувствителни или специфични површини, неговата киселост може да предизвика повеќе штета отколку добро. Затоа, важно е да знаете кои материјали не се погодни за чистење со оцет, за да се зачува нивниот изглед и ...
Ако барате изговор за да испиете дополнителна шолја кафе, новото истражување сугерира дека, освен што ви дава енергија и ги подобрува когнитивните перформанси, вашиот омилен пијалок е добар и за здравјето на цревата. Познато по своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства, кафето долго време се препорачува поради бројните здравствени придобивки. Всушност, илјадници соединенија се спакувани во секоја шолја, помагајќи да се подобри менталната ...
Ѕвездата на Атлетико, Анхел Кореа се соочува со тешка и долга суспензија поради инцидент што го направи на натпреварот против Хетафе. Имено, судијата Гиљермо Куадра Фернандес му покажа црвен картон во 88. минута од натпреварот, а потоа напаѓачот на Атлетико му се обрати со жестоки зборови. Според официјалниот извештај на делегатите, Кореа ја навредувал мајката на судијата, што јасно се гледа од неговите усни, со оглед на тоа што не ги покрил со ...
Се чини дека пазарот на бела техника, апарати и уреди за домаќинство никогаш не бил побогат. Сепак, можеме слободно да кажеме дека понудата не беше комплетна сѐ додека не ни се придружи водечкиот светски производител на премиум апарати за домаќинство, MIELE, кој од неодамна може да се најде во продажните салони и на веб-страницата на Нептун Македонија. MIELE е основана во 1899 година во Германија, како семејна компанија која од своето основање, ...
Лос Анџелес Клиперс го совлада Сакраменто со 111:110 по продолжение на домашен терен во Инглвуд. Клиперс го забележаа третиот последователен триумф во НБА лигата. Најефикасен во тимот на Клиперс беше Џејмс Харден со 29 поени, 11 асистенции и девет скока. Хрватскиот центар Ивица Зубац додаде 22 поени и 14 скока, додека Дерик Џонс Јуниор постигна 17 поени, исто како и Каваи Ленард, кој го постигна победничкиот кош во последната секунда од ...
Исто како што инвестирате во вашата финансиска иднина, инвестирањето во здравјето на вашето срце носи долгорочни придобивки. „Како што имате пензиски фонд, така треба да имате и здравствен фонд“, вели кардиологот д-р Махеш Текривал. Тој нагласува дека од клучно значење е да се усвојат здрави навики уште во 30-тите и 40-тите години, но и подоцнежните промени можат значително да го подобрат здравјето на срцето. Една од најштетните навики што ги ...
Претседателот на Латвија Едгарс Ринкевичс ги повика европските земји „апсолутно да воведат воен рок“, признавајќи дека континентот е воено прилично слаб. Во изјава за Sky News, Ринкевичс истакна дека европските земји треба да ги зголемат трошоците за одбрана, особено во контекст на нестабилните односи со САД. Латвија повторно ја воведе задолжителната воена служба за мажи во 2023 година и го зголеми воениот буџет на 4% од БДП. „Гледајќи што се ...
Руските сили напредуваа дополнително во регионот Курск во понеделникот, откако започнаа голема операција со цел да принудат илјадници украински војници да побегнат или да се предадат во западна Русија, велат проруските воени блогери, пренесува Reuters. Воениот блогер Two Majors објави дека руските сили ја зазеле населбата Ивашковски и дека руските единици напредуваат кон таканаречениот „котел“ во Курск од најмалку седум правци. Јуриј Подољака, ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека на две лица поврзани со британската амбасада во Москва им е наредено да ја напуштат земјата поради разузнавачки активности, јави руската државна новинска агенција ТАСС. ТАСС ја цитираше ФСБ дека и двете лица намерно дале неточни информации за себе при влегувањето во Русија и дека и двете покажале, како што рече безбедносната служба, „знаци на разузнавачка активност и саботажа“ што ...
Словенечкиот ски-скокач Домен Превц го освои златниот медал на големата скокалница на Светското првенство во Трондхајм. Завршната дисциплина во скијачки скокови на годинашното Светско првенство во нордиско скијање во Трондхајм донесе нова радост за Словенците, нов успех и потврда за доминацијата на натпреварувачите од оваа земја во скијачките спортови. Домен Превц ги надмина конкурентите на големата скокалница, кога забележа скок од 140,5 метри. ...
Во НБА лигата ноќеска се одиграа 8 натпревари, а најголемо внимание привлече дуелот помеѓу Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс. Дуелот на двете најтрофејни екипи ги оправда очекувањата, а на крајот победи Бостон со 111:110 и со тоа ја прекина серијата на Лејкерс од 8 последователни победи. За Лејкерс, Лука Дончиќ постигна 34 поени и забележа 8 скокови, додека Леброн Џејмс додаде 22 поена, 14 скока и 9 асистенции. Леброн се повреди на крајот од ...
Голема сензација видовме на самиот старт на Мастерсот во Индијан Велс кога Новак Ѓоковиќ загуби од Ботик ван де Зандсхулп во својот прв натпревар сезонава на еден од неговите омилени турнири. Ѓоковиќ, моментално светскиот тенисер број 7, беше слободен во првото коло, а во второто беше голем фаворит против Холанѓанецот, кој е на 85-то место на АТП-листата и досега нема освоено ниту еден турнир. Новак, кој рекордни пет пати го има освоено Индијан ...
Женското рели „#женскорели2025“ денеска ќе ги раздвижи улиците на Скопје, во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФСМ). Овој настан, кој се одржува по шести пат, ќе биде вистински тест за умешноста и брзината на учесничките, кои ќе се натпреваруваат во две дисциплини: градско возење по однапред зададена рута и брзински испит познат како „гимкана“. Сите натпреварувачки мора да поседуваат важечка возачка дозвола и да возат ...
Рускиот претседател Владимир Путин сигнализираше можност за размислување за итен прекин на огнот во Украина, но под строги и потенцијално спорни услови. Според извори блиски до Кремљ, Русија е подготвена да размисли за итен прекин на огнот, но само доколку се исполнат конкретни услови. Познавачите на преговорите велат дека барањата на Путин вклучуваат јасно дефинирана рамка за конечен мировен договор, како и внимателен избор на земји кои би ...
Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурите ќе се движат од -5 до 0 степени во најстудените делови од земјата, додека дневните максимуми ќе достигнат од 17 до 23 степени. Во Скопје се очекува сончев и топол ден со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -1 степен, а дневната ќе достигне до 23 степени. Според прогнозите на ...
Кристијано Роналдо постигна уште еден гол. Вкупно 926 во неговата богата фудбалска кариера, што уште повеќе го доближи до магичната бројка од 1.000 постигнати голови во кариерата. Ако продолжи во ова темпо, нема никаква дилема дека Португалецот ќе ја оствари својата цел. Но, она што е неверојатно е неговата ефикасност откако наполни 30 години. Од овие 926 гола, Роналдо постигна точно половина, 463 гола, откако го прослави 30-тиот роденден. Во ...
Судот за спортска арбитража (ЦАС) ѝ нареди на Африканската фудбалска конфедерација (CAF) да ја прифати кандидатурата на претседателот на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето, за позиција во нејзиниот Извршен комитет. „ЦАС ја прифаќа жалбата на Самуел Ето и ѝ наредува на ЦАФ да го вклучи неговото име на листата на кандидати“, се вели во соопштението за печатот на судот со седиште во Лозана. ЦАФ во јануари ја отфрли кандидатурата на ...
Нов член на „најбрзиот циркус“ од 2026 година ќе биде познатиот американски Cadillac, соопшти Формула 1 организацијата. Светската автомобилска федерација (ФИА) и Ф1 дадоа конечно одобрение за тимот на Кадилак да им се приклучи на Ферари, Мекларен, Ред Бул и други, а тимот, поддржан од TWG Motorsports и General Motors, ќе влезе во натпреварувањето во 2026 година. ФИА и управата на натпреварувањето објавија дека новиот тим ги исполнил сите услови ...
Александер Зверев, светскиот рекет број 2, се наоѓа во слободен пад откако во јануари го загуби финалето на Австралија опен. Зверев на четири турнири по ред доживеа елиминација во раната фаза. Доцна синоќа на Мастерсот во Индијан Велс, Германецот доживеа елиминацја во второто коло од Талон Грикспур. Зверев, поради суспензијата на Јаник Синер, имаше шанса да го преземе првото место, но по серијата лоши резултати тоа едноставно е невозможно. ...
Иако убавото време кое го навестува доаѓањето на пролетта за многумина значи општо чистење на домот, сепак треба да го прескокнете миењето на прозорците во сончевите денови. Постојат голем број на активности кои можете да ги правите во вашиот дом кога станува збор за чистење и освежување на вашиот дом, но експертите за чистење велат дека за прозорци без дамки треба да се почека. Имено, вработените од компанијата Ideal Home за The Sun го открија ...