Баерн синоќа во одличен натпревар го победи бразилскиот Фламенгу со 4:2, со што се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД. Баварскиот тим влезе жестоко во натпреварот и поведе во 6. минута со автогол на Ерик Пулгар, за Хари Кејн потоа да го дуплира водството само три минути подоцна. Фламенгу успеа да се врати пред полувремето со голот на Жерсон, кој со топовски удар го „пробуши“ Мануел Нојер и мрежата на неговиот гол, ...

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Кутенај. Пронајдено е тело на уште еден маж, а полицијата верува дека тоа е напаѓачот. Огнено оружје е пронајдено до телото. Властите веруваат дека убиецот намерно го подметнал пожарот како дел од заседа, изјави шерифот Роберт Норис за новинарите. „Напаѓачот бил во густо населена област и бил добро ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Времето во ...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат: · од 8:30 до 15:30 часот корисниците од селото Света Петка (Општина Сопиште); · од 9:00 до 14:00 часот корисниците дел од селото Маркова Сушица (Општина Студеничани); · од 9:00 до 14:00 часот корисниците дел од улиците ...

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта. Министерството додаде дека сообраќајот во српската престолнина сега може да се одвива нормално. Тврдат дека полицијата дејствувала професионално. Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред. Едно полициско возило е оштетено од учесниците во блокадата. Во Белград, Нови ...

Редовните посети на стоматолог се основа за здрави заби и непца, но и за превенција на сериозни здравствени проблеми. Во современиот свет, каде што стресот, лошите навики и брзата храна се секојдневие, оралното здравје често се занемарува. Најновите истражувања покажуваат дека редовната стоматолошка контрола не е само прашање на естетика, туку и на општо здравје. Колку често треба да посетуваме стоматолог, од што зависи оваа препорака и што ...

Родителството бара многу откажувања, труд, трпение, но за возврат нуди безброј убави моменти и љубов каква што никогаш претходно не сте можеле да замислите. Додека се трудите вашето дете или деца најдобро да ги подготвите за живот, да ги воспитате најдобро што можете, не е невозможно во сето тоа малку да се „изгубите“ и да станете попустливи повеќе отколку што би сакале. Во продолжение прочитајте кои се тие знаци што покажуваат дека можеби сте ...

Иако често се препорачува земање додатоци во исхраната навечер, неврологот д-р Алан Мандел предупредува дека тоа не е секогаш добра идеја. Во едно видео објасни дека постојат одредени витамини што треба да се избегнуваат пред спиење бидејќи може да го нарушат квалитетот на сонот. Недостатокот на сон може да влијае на концентрацијата, да ја зголеми нивото на стрес, да придонесе за дебелеење и да предизвика други непријатни симптоми. Во ...

Лука Модриќ, 39-годишниот капитен и легенда на Реал Мадрид, ги минува последните денови во дресот на „кралскиот клуб“ на Светското клупско првенство во САД. По повеќе од една деценија и 594 одиграни натпревари, во кои освои неверојатни 28 трофеи и го испиша своето име како најтрофеен играч во историјата на Реал, Модриќ го напушта клубот против своја волја. Реал, кој последните години му го продолжуваше договорот од сезона во сезона, ова лето ...

Израелската војска им нареди на Палестинците да се евакуираат во областите во северна Газа во недела пред интензивирањето на борбите против Хамас, додека американскиот претседател Доналд Трамп повика на крај на војната во услови на обновени напори за посредување за прекин на огнот. „Постигнете договор во Газа, вратете ги заложниците“, објави Трамп на својата платформа Truth Social рано во неделата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да ...

Пред почетокот на годинешниов трет гренд слем турнир во Вимблдон, на воведната прес конференција, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ одговори и на три прашања на известувачот на Макфакс. Макфакс: Новак, прв противик на Турнирот во вторник ќе ви биде Александре Муле од Франција. Во интервјуто дадено за интернационалниот тениски портал, „Клеј“, тој открива две приватни работи кои би сакал да ги прокоментирате. Првата, после Киријос ...

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу два метри од брегот на езерото, во близина на пумпната станица било пријавено за пронајдено тело во водите на езерото. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и јавен обвинител, кој наредил да се изврши увид и дополнителна истрага. Присутниот лекар од Општата болница во Дебар ја констатирал смртта, при што не биле ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но фреквенцијата на возила, особено кон граничните премини, денеска е значително зголемена, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Најголема гужва има на Граничниот премин Табановце, каде времето на чекање за влез и излез од државата е од 15 до 30 минути. На Богородица ситуацијата е уште поинтензивна – за излез од државата се чека до 40 минути, додека на ГП Дојран ...

Апликацијата „МојДДВ“ не функционира веќе трет ден, а револтирани граѓани масовно пријавуваат дека не можат да ги скенираат фискалните сметки и да го остварат своето право на поврат на ДДВ. Проблемите со апликацијата започнаа уште пред неколку дена, а Управата за јавни приходи (УЈП) вчера официјално потврди дека станува збор за технички проблем и увери дека се работи на негово отстранување. „Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска жестоко реагираше на најавите од премиерот Христијан Мицкоски и Владата за спроведување на електронски попис во 2026 година, обвинувајќи дека станува збор за националистичка агенда со цел исклучување на Албанците од институциите и системот. Во реакцијата, ДУИ потсетува дека уште во 2022 година, Мицкоски јавно ги оспори резултатите од пописот на населението, каде беше утврдено дека Албанците ...

Поради најавената средба на лидерите од Западен Балкан која ќе се одржи во Скопје, Секторот за внатрешни работи информира дека во понеделник (30 јуни) и вторник (1 јули) во главниот град ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот. Од СВР Скопје соопштуваат дека мерките ќе се однесуваат на поширокото централно подрачје на градот, при што дел од улиците и булеварите ќе бидат затворени во различни временски интервали, во зависност од ...

Многу луѓе се свртуваат кон кафе наутро за да се разбудат, но според нутриционистите и другите експерти за исхрана, постојат чаеви кои можат да имаат подалекусежни ефекти - не само врз енергијата, туку и врз изгледот на желудникот и чувството на леснотија. Некои билни чаеви ја стимулираат природната детоксикација на телото, го намалуваат задржувањето на вода и надуеноста, што придонесува за порамен стомак од раните утрински часови. ...

Лубеницата е неизбежен дел од летното мени – разладува, ја гаси жедта и освојува со својот сладок, сочен вкус. Но, додека уживаме во секој залак, често се прашуваме: дали треба да ги вадиме семките или безгрижно да ги јадеме? Многумина уште од детството веруваат во приказната дека ќе им „порасне лубеница во стомакот“ ако изедат семки. Сепак, реалноста е далеку од тоа. Стручњаците потврдуваат дека семките од лубеница се целосно безбедни за ...

Јирген Клоп остро го критикуваше Светското клупско првенство. Поранешниот менаџер на Ливерпул и Борусија Дортмунд го нарече сегашното натпреварување „најлошата идеја што некогаш била имплементирана во фудбалот“. Тој објасни дека играчите ќе претрпат повреди „како никогаш порано“ следната сезона поради недостаток на одмор. Каве Солхекол, новинар на Sky Sports, му одговори на Клоп. „Не се согласуваат сите со Јирген Клоп. Ако не ти се допаѓа ...

Техеран би можел да продолжи со збогатување ураниум за неколку месеци, и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека значително ја намалил нуклеарната програма на Иран, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, за CBS News. „Капацитетите што им се на располагање се таму. Би рекол дека за неколку месеци можат да имаат неколку каскади од центрифуги што произведуваат збогатен ураниум“, рече ...

Труење од сонце е сериозна состојба која подразбира изложеност на ултравиолетово (UV) зрачење кое предизвикува воспаление на кожата. Тоа всушност не е медицинска дијагноза, туку народен израз за тешки изгореници од сонце. За разлика од благи изгореници, кои исто така не се безопасни, за тешките изгореници треба уште посериозно да се внимава – лекувањето е задолжително за да се спречат компликации како оштетување на кожата, топлотен удар и рак. ...

Врховниот суд на САД, со 6 гласа за и 3 против, го потврди тексашкиот закон кој се однесува на верификација на порно сајтовите. Законот со ознака HB 1181 може да има широки импликации врз слободата на говор на интернет, а конкретно бара од веб-сајтовите кои имаат содржина за возрасни да имплементираат проверка на возраста на корисниците. Непрофитната организација Free Speech Coalition, која ја претставува индустријата за возрасни, поднесе жалба ...

Јирген Клоп, поранешен тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул и сегашен шеф на глобалниот фудбал во Ред Бул, остро го критикуваше Светското клупско првенство што моментално се игра во САД во интервју за Die Welt. „Светското клупско првенство е најлошата идеја што некогаш била имплементирана во фудбалот. Луѓе кои никогаш немале никаква врска со секојдневната работа донесуваат одлуки. Ги разбирам оние што велат: ‘Но учеството носи луди суми пари’. ...

Meta, покрај зајакнувањето на својот тим за истражување на вештачка интелигенција, сака да развие и свои ВИ функции насочени кон корисниците. Компанијата е во преговори за купување на стартап за клонирање на глас наречен Play AI, пренесува Bloomberg, повикувајќи се на анонимни извори. Технолошкиот гигант сака да ја купи технологијата на стартапот и да придобие дел од неговиот персонал, се наведува во извештајот. Play AI овозможува секој да ...

Воспалението е природна одбранбена реакција на организмот на повреди или инфекции. Сепак, кога ќе премине во хронична состојба, може тивко да предизвика низа здравствени проблеми – од хроничен замор до автоимуни болести. Според експертите, телото често испраќа суптилни сигнали дека е под внатрешен стрес. Ако забележите симптоми како вкочанети зглобови, проблеми со варењето или чувство на ментална магла, можно е вашето тело да се обидува нешто да ...

Картичка со Мајкл Џордан од неговата дебитантска сезона 1986-87 година со негов автограм се продаде за рекордни 2,5 милиони долари на аукција во четврток. Ова е највисоката цена што некогаш била достигната за rookie картичка на Мајкл Џордан, според медиумската платформа за спортски колекционерски предмети Cllct. Победничката понуда беше и единствената. Понудата од 2 милиони долари ја постави аукциската куќа Joopiter, која наплаќа провизија од 25 ...

Демократската Унија за Интеграција изрази загриженост за јавните изјави на Независниот полициски синдикат, кои, според партијата, потврдуваат една горчлива реалност: систематската дискриминација на албанските полицајци и неможноста за нивен напредок во полициската хиерархија. „Според претставници на Синдикатот, и покрај тоа што многу албански службеници имаат над 20 години работно искуство и ги исполнуваат сите професионални услови, тие не ...

Подигнете ги рацете и пешачете – кинеското пешачење го затегнува стомакот, го забрзува варењето и согорува масти. Веќе е познато дека кардио-вежбите се број еден за слабеење и буквално ги согоруваат мастите, но има и многу кинески вежби кои топат масти, а речиси и да не се движите – таква е популарната кинеска гимнастика наречена „топење масти“, која се базира на лесни движења што даваат неверојатни резултати. Такво е и ова кинеско пешачење, ...

Светското клупско првенство во 2025 година во Соединетите Американски Држави забележа просечна посетеност од 34.770 гледачи во текот на групната фаза, според Sports Business Journal. Повеќето од натпреварите од Светското клупско првенство се играа главно на стадионите на НФЛ, што овозможи поголема публика. Но, ова имаше и двоен ефект, создавајќи впечаток за повеќе празни седишта за натпреварите со помал профил. Светското клупско првенство е ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, иронично објави дека внукот на Азем Садики, градоначалникот од Студеничани, на 5 години изградил објект, а на 6 години го легализирал. „Предупредување ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА! Оваа нема да го видите на Сител, Алфа или на медиум каде што се штити организираната криминална банда на Висар Ганиу! На 20.05.2025 година ВИСАР ГАНИУ и ЕЈУП АДЕМИ му овозможиле легализација на ЈАСИН САДИКИ, врз основа на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1006
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1003
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
0.89
65%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
98%
1003
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
78%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
100%
1012
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
70%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
78%
1003
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
83%
1013
Currency

61.6217

Currency

53.1582

Currency

70.8814

Currency

34.5177

Currency

37.94

Currency

66.7611

Currency

7.462

Currency

0.65009

Currency

0.35037

Currency

0.52585

Currency

1.26609

Currency

0.60589