
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Заменик-претседателот на Советот за безбедност и лидер на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија нема да дозволи обиди за препишување на историјата од Втората светска војна и изедначување на агресорите со ослободителите. „Благодарение на нашите херои јасно гледаме како историјата ги казнува оние што не ги научиле лекциите, оние што се обидуваат да ги ревидираат резултатите од Втората светска војна. Нема да ...
Иако светот е полн со натпреварувачки настроени луѓе, некои поединци секогаш искрено се радуваат на успехот на другите. Радоста поради среќата на другите е една од најубавите особини што некој може да ги поседува, бидејќи покажува внатрешна сигурност, емоционална зрелост и големо срце. Таквите луѓе знаат дека успехот на другите луѓе не го намалува нивниот сопствен успех, туку може да биде инспирација и охрабрување. Нивната поддршка произлегува ...
Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на бензинската пумпа INA, објави Dalmacija Danas. Remote video URL Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот. Наводно истекле 15 тони гориво. „Утрово, околу 9:30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на ...
Razer претстави две нови верзии на своето глувче Pro Click, чиј дизајн е фокусиран на удобност при користење. Pro Click V2 е стандардниот модел на глушец, додека Pro Click V2 Vertical Edition е првиот глушец со вертикален дизајн на Razer. Сè повеќе производители на периферни уреди нудат вертикални дизајни, што може да биде поергономска опција, особено ако се чувствувате непријатно поминувајќи долги периоди пред вашиот компјутер. Pro Click V2 ...
Одличниот голман на Барселона, Војчех Шченсни, зборуваше за своите проблеми со тутунот во едно големо интервју за ESPN и откри дека „ја изгубил битката“. Ги замоли младите да не ги следат неговите стапки. Шченсни (35) брзо стана омилен играч на навивачите откако се врати од пензија за да му помогне на каталонскиот клуб. Му се приклучи на клубот во октомври и оттогаш загуби само еднаш. Брилијантниот Полјак играше за Арсенал, Рома, Јувентус и сега ...
Една од најфрустрирачките домашни работи е пеглањето алишта, особено ако забележите дека ѓонот на пеглата е изгорен. Црните дамки може да бидат тешки за отстранување без оштетување на пеглата, но за среќа постои трик за решавање на овој проблем со предмети што веќе ги имате низ домот. Ен Расел, експертка за чистење со над 20 години искуство, вели дека нејзиниот метод „функционира навистина добро, но мора да бидете доста внимателни“. Таа објасни ...
Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов што ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди“. „Ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од ...
Следниот пат кога ќе го чуете зборот „банкрот“, помислете на скршена дрвена маса на плоштадот во средновековна Венеција. Ова не е метафора. Во Венеција, за време на средниот век, кога банкарот повеќе не можел да ги плаќа своите долгови, властите продолжувале со казна што била и практична и симболична: неговата работна маса била јавно скршена на два дела. Замислете ја сцената: во преполните области на Риалто или плоштадот „Сан Марко“, каде што ...
Израелската влада синоќа изрази сочувство за смртта на папата Франциск, три дена откако почина 88-годишниот поглавар на Католичката црква. „Државата Израел изразува најдлабоко сочувство до Католичката црква и католичката заедница во светот поради смртта на папата Франциск“, објави канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Односите меѓу Израел и Светата столица значително се влошија од почетокот на израелската офанзива врз Газа. Папата ...
Русија изврши уште еден напад во текот на изминатата ноќ, а Украинците тврдат дека лансирале над 100 дронови. Според нивните податоци, Москва лансирала вкупно 103 дронови со цел да ја нападне Украина. „Од тој број, 41 беспилотно летало е соборено, а уште 40 беа електронски блокирани“, соопшти војската. Не е јасно што се случило со преостанатите дронови. Според украинските податоци, нападите предизвикале штета во регионите Харков, Суми, Черкаси, ...
Едноставните прилагодувања во исхраната можат да ги ублажат ненадејните скокови и падови на гликозата, а со тоа да ја намалат желбата за храна во текот на денот. Всушност, д-р Оскар Шајнер вели дека сите треба да додадеме по една состојка во секој оброк за да одржиме добро здравје и да ги ублажиме скоковите на шеќерот во крвта. Тој истакнува дека студија спроведена од Ben's Natural Health открила дека некои „здрави“ намирници можат да ...
Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат од еден државен лидер, реагираат од ДУИ. „Однесување што можеби би му се толерирало на претседател на партиска општинска организација, но никако на премиер на мултиетничка држава. Тој урива сè што е градено со труд и посветеност со години – меѓуетничките односи, довербата меѓу граѓаните, лојалноста и ...
Денвер Нагетс доживеаа вистински дебакл на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс губејќи со 117:83, а по дуелот во Лос Анџелес губи со 2-1 во партии во плејофот на НБА. Денвер го доби првиот натпревар од серијата, а потоа доживеа многу болен пораз во вториот натпревар со драма и неколку грешки во последната минута. Во третиот дуел ноќеска доживеа вистинска катастрофа. Никола Јокиќ не можеше сам. Го заврши својот дел од работата со уште еден ...
Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот. МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се 6 прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека прелиминарните информации укажуваат дека балистичка ракета произведена во Северна Кореја била употребена во рускиот воздушен напад врз Киев што беше извршен завчера, а во која загинаа најмалку 12 лица. „Според прелиминарните информации, Русите користеле балистичка ракета произведена во Северна Кореја. Нашите специјални служби ги проверуваат сите детали“, рече тој. Доколку се потврди дека ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но додаде дека одредени работи сè уште треба да се координираат и прецизираат. „Претседателот на Соединетите Американски Држави верува, и мислам дека е во право, дека се движиме во вистинската насока“, рече Лавров во интервју кое ќе биде емитувано во целост во недела на емисијата „Face the Nation with Margaret Brennan“ на CBS. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен ...
Стјуардесата Леана Кој во видео на TikTok откри каков пијалак треба да се избегнува во авионите, а тоа е кафе без кофеин. Во описот на видеото наведува дека ги разбира луѓето кои бараат сок од јаболко, коктел Маргарита или Блади Мери во авион, но откри дека има една работа која не ѝ е сосем јасна. Посочувајќи дека тоа е единствениот пијалак за кој стјуардесите ќе ве осудуваат, таа го спомна кафето, особено без кофеин. „Сфатив дека има само еден ...
Кина размислува за изградба на нуклеарна централа на Месечината за да го поддржи својот заеднички проект со Русија за Меѓународна истражувачка станица на Месечината (ILRS). Амбициите на Пекинг да стане доминантна сила во вселената се во постојан напредок, при што планира да ги спушти своите први астронаути на Месечината во 2030 година. Мисијата Chang'e-8 е клучна во овој поглед, бидејќи е планирано да се доставуваат делови од лунарната станица ...
ТиЏеј Шортс (27), еден од најдобрите кошаркари во Европа, наводно ја одбил понудата од Барселона од 2,5 милиони евра. Шортс, годинава „ведри и облачи“ од европската кошарка, а заедно со неговиот Париз е најубавата приказна сезонава во Евролигата. Американецот со македонски пасош статистички доминираше, па регуларниот дел од сезоната во Евролигата го заврши со 18,8 поени и 7,5 асистенции, а со Париз избори место во плејофот. Со оглед на тоа што ...
Шпагети болоњезе се омилено јадење за многумина, но излегува дека повеќето луѓе ги подготвуваат погрешно, вели готвачката Софи Нахмад. Грешката е што користите шпагети. Ако сакате да го направите ова автентично, италијанско јадење, треба да користите таљатели. Оваа тестенина со поширок облик овозможува сосот да се држи подобро, подобрувајќи го вкусот на јадењето. И познатиот италијански готвач Антонио Карлучо претходно изјави дека сосот болоњезе ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не може да се согласи на прекин на огнот додека Русија продолжува со нападите врз Киев. Зборувајќи за време на посетата на Мадагаскар, Макрон нагласи дека мирот не може да се постигне додека Русија го гранатира украинскиот главен град. Оваа изјава доаѓа откако Русија го изврши својот најтежок напад врз Киев оваа година, користејќи 145 дронови и 70 ...
Strava неодамна беше во центарот на вниманието, а една од причините беше и купувањето на апликацијата Runna за персонализиран план на трчање. Но, сега добива нова тренинг функција наречена Performance Predictions, која нуди проценети времиња на финиш за трки со различни должини. Апликацијата сега може да понуди потенцијални времиња за трки на 5 и 10 километри, како и полумаратони и маратони. Strava ги обезбедува овие предвидувања користејќи ...
Кошаркаскиот клуб Цибона, еден од основачите на регионалната АБА лига (заедно со Будучност, Олимпија и Босна), наскоро би можела да го напушти регионалното натпреварување. Оваа информација ја пренесува Sportske novosti на Večernji list и според нивните информации Цибона е незадоволна од третманот во АБА лигата. Сè кулминираше со последните одлуки на Собранието на АБА лигата, кое донесе одлука за укинување на националниот клуч со можност за ...
По тригодишна пауза, OnePlus се врати на производство на уреди од серијата Т, а новиот модел ја носи ознаката 13T. OnePlus 13T не само што носи подобрени спецификации, туку оди и сосема поинаков пат во споредба со OnePlus 13 со фокус на ергономијата. Уредот беше претставен во Кина и неговото глобално деби се очекува во наредните месеци. Ова е премиум компактен предводник на паметен телефон со 6,32-инчен LTPO AMOLED дисплеј, FHD + резолуција и ...
На 24 април 1990 година, вселенскиот шатл Discovery полета со исклучително вреден товар, вселенскиот телескоп Hubble (Хабл), кој влезе во орбитата на Земјата следниот ден и испрати селфи со нашата планета под него. Веќе 35 години Hubble го фотографира универзумот и има направено повеќе од 1,6 милиони набљудувања. Но, и покрај тоа, има видено само една десетина од 1% од целото небо. Универзумот е огромен и има што да се види. За време на својата ...
Научниците утврдиле колку пати неделно треба да се има секс за да се спречи депресија. Нема потреба од секс маратони - доволно е само еднаш за да го подобрите вашето ментално здравје. Експертите од Медицинскиот колеџ при Универзитетот „Шанту“ откриле дека оние кои имаат секс барем еднаш неделно имаат значително помали шанси да страдаат од депресија. Студијата на 14.741 лице покажа дека неделниот секс го намалува ризикот од нарушувања на ...
Вардар повторно е приморан како домаќин да игра на тренинг центарот на ФФМ бидејќи атлетиката ќе ја окупира Националната арена „Тодор Проески“ претстојниов викенд. Во рамките на 29. коло од 1.МФЛ екипата на Вардар ја пречекува Беса 1976 в сабота од 16 часот, но натпреварот ќе мора да го игра на алтернативен стадион. „Црвено-црните“ одбраа да играат на еден од стадионите на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ во населбата Ново Лисиче. По ...
На 8 мај во 18:00 часот, во Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, а режијата ја потпишува Билјана Јовановска. Во претставата играат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска – алтернација. Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат ...
Со доаѓањето на пролетта, многумина почнуваат да почувствуваат замор, намалена енергија и општа слабост. Овие симптоми често се поврзуваат со сезонскиот недостаток на витамини и минерали, познат како пролетна авитаминоза. Иако вистинската авитаминоза (целосен недостаток на витамини) е ретка во современиот свет, хиповитаминозата (дефицит на одредени витамини) останува распространет феномен. Главните причини вклучуваат намалена конзумација на ...