
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Русија и САД се договорија Украина и Русија да разменуваат воени заробеници, како и да запрат ракетните напади врз енергетскиот систем на Украина. Белата куќа објави соопштение во кое детално го опишува договорот меѓу двајцата претседатели. Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарале околу час и половина, а откриени се првите детали од историски важниот разговор. По изјавата на ...
Бугарските фудбалски легенди Христо Стоичков, Борислав Михајлов и Красимир Бал'ков преку својата фондација „National94“ ќе им помагаат на настраданите во пожарот во Кочани. Преку оваа фондација фудбалерите кои играа за Бугарија на Мундијалот 1994 година во САД ќе обезбедат средства кои ќе ги донираат. „Нема датум и време за трагедија. После тоа остануваат само солзи и голема болка. Ние како Фондација National94 изразуваме сочувство до ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели дека тој е целосно празен и немало никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката. Претходно се појавија информации дека постоела опасност од разорна експлозија поради резервоарот кој се наоѓал блиску до местото на трагедијата. Од Обвинителството во текот на денот објавија дека ...
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го напушти Милано по завршувањето на сезоната. Димитријевиќ минатото лето како големо засилување пристигна во Олимпија. Димитријевиќ минатата сезона блескаше во дресот на УНИКС од Казан и беше прогласен за МВП на руската лига. За неговиот потпис се бореа неколку клубови од Евролигата, а тој реши да потпише за тимот на тренерот Еторе Месина. Нема баш најдобра сезона во Евролигата, каде има просек ...
Иницијативата на Il Foglio, либерален дневен весник, е дел од едномесечниот новинарски експеримент кој има за цел да го демонстрира влијанието на технологијата за вештачка интелигенција врз работата, рече основачот на весникот Џулиано Ферара. На 4 страници „спакуван“ е во тенко издание на весникот, а од денеска е достапен на киосците и онлајн. „Тоа ќе биде првиот дневен весник во светот создаден целосно со вештачка интелигенција. Сè, од ...
Погребите на 59 настрадани во пожарот во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г. Иларион. „На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави сѐ за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен ...
Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекта за кабаре со лиценца од вкупно 13 објекти, 8 со истечена, 3 немаат никаква лиценца, посочи на денешната прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева. „Во Куманово има 3 објекти со важечка лиценца. Во Струмица има 4 лиценци од кои еден објект со истечена лиценца. Во Прилеп 2 објекта, и двата со истечена лиценца за кабаре или ноќен ...
Платформата TripAdvisor неодамна ги прогласи најдобрите плажи во светот за оваа година, а плажата Елафониси се најде на прво место на листата. Овој мал архипелаг лоциран во близина на југозападниот брег на Крит е посебен по своето кристално чисто море и уникатниот песок со примеси на розова боја. Овој феномен доаѓа од ситни остатоци од школки, кои овозможуваат нереален поглед на плажата Елафониси. До плажата се стигнува на необичен начин, пеш ...
Црвена звезда денеска испрати порака до медиумите од извршниот директор Звездан Терзиќ и изрази сочувство до народот на Македонија по страшната трагедија во Кочани. Терзиќ потврди дека „Црвено-белите“ ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје. „Сите во Црвена звезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите играчки легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош ...
Лекувањето на повредните во пожарот во Кочани не е битка од 72 часа, туку процес што ќе трае со недели или месеци, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Здравствените власти почнуваат подготовки за следните фази неопходни за лекување на сите повредени. „Денеска, ќе пристигне тим од Британија, кој ќе треба да ни помогне да се подготвиме за следната фаза – рехабилитација на пациентите. Веќе мора да ...
Црвена звезда денеска испрати порака до медиумите од извршниот директор Звездан Терзиќ и изрази сочувство до народот на Македонија по страшната трагедија во Кочани. Терзиќ потврди дека „Црвено-белите“ ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје. „Сите во Црвена звезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите играчки легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош ...
Средниот бек на Алкалоид и македонската репрезентација, Марко Митев, ја заврши сезоната. Митев се повреди во неделата на натпреварот Словенија - Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство. Средниот бек се повреди на почетокот на 19-тата минута. Во тој момент беше јасно дека повредата не е наивна. Прегледите покажаа е дека ги повредил лигамнетите во коленото, поради што за него оваа сезона е завршена. Не е познато колкава ...
Унгарската влада „беше Трамп пред (американскиот претседател) Доналд Трамп“, бидејќи долго време ги отфрла миграциите, родовата пропаганда и војната во Украина, поради што претрпе напади во Европа, изјави во вторникот во Њу Делхи министерот за надворешни работи и трговија. Петер Сијарто на панелот на меѓународниот форум Raisina Dialogue 2025 рече дека „конзистентниот и долгорочен“ пристап на владата кон овие прашања довел до политички и ...
Посната крем чорба од брокула и наут ќе ве загрее во студените денови. Оваа посна чорба е совршен избор за секој што сака вкусен, но лесен оброк. Комбинацијата од брокула, наут и ароматични зачини ќе создаде кремаста и заситувача чорба, идеална за деновите на постот или како здрава опција за секој ден. Ако сакате погуста супа, можете да ја блендирате со рачен блендер додека не добие кремаста текстура. Оризот можете да го замените со киноа, која ...
Секоја врска поминува низ несогласувања, но некои прашања може да станат постојани извори на конфликти. Различни експерти тврдат дека паровите најчесто раскинуваат поради несогласувања околу финансиите и потенцијално различни животни цели. Терапевтот и психолог Џефри Бернстин зборува за клучните предизвици и можностите за нивно решавање. Тој тврди дека ова се трите работи за кои паровите најчесто се расправаат. Финансиска неусогласеност Парите ...
Министерството за внатрешни работи денеска донесе одлука за разрешување на седум началници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип и од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани. Со оваа одлука на министерот Панче Тошковски, разрешени се началникот на СВР Штип и неговиот помошник, потоа началникот на Одделението за полиција во Штип и началникот на Одделението за криминалистичка полиција во Штип. Покрај началниците и неговиот помошник во ...
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, по првиот тренинг се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери, информира ФФМ. Така, напаѓачите Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на Македонија за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс. Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Аустриа Клагенфурт. За 23-годишниот напаѓач ова ќе биде шанса да дебитира во ...
Рускиот лидер Владимир Путин побара да се суспендираат сите западни испораки на оружје за Украина за да се постигне договор за прекин на огнот, објави Bloomberg, повикувајќи се на извори во Москва. Извори на новинската агенција во Москва изјавија дека за време на посетата на рускиот главен град на специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, Путин го нарекол овој услов задолжителен за потпишување на договорот за прекин на ...
Денеска беа пренесени уште двајца повредени од трагедијата во Кочани на лекување во Марибор, соопшти Амбасадата на Словенија. „Со тоа Словенија ја исполнува својата заложба за помош и солидарност со погодените. Северна Македонија побара помош преку механизмот на Унијата за цивилна заштита“, е објавено од страна на Амбасадата на Словенија. На 18.3.2025 беа пренесени уште двајца повредени од трагедијата во Кочани на лекување во Марибор. Со тоа, ...
Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде што во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Оваа информација денеска ја потврдија и од Обвинителството. „При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“, информираа од Обвинителството. Од таму соопштија и дека до овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за ...
Колкава е одговорноста на градоначалникот на Кочани ќе утврди Обвинителството, кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на прашање дали Љупчо Папазов ќе сноси одговорност во врска со пожарот во дискотеката. Мицкоски рече дека надлежните во текот на денот ќе ги проверат сите документи во Општината. Посочи дека никој нема да биде заштитен и секој што има каква било вина во врска со настанот, ќе одговара. „Градоначалникот во својата ...
Многу луѓе веруваат дека симптомите на рак на дебелото црево се веднаш очигледни, но реалноста е поинаква - тие често не се појавуваат додека болеста не е во напредна фаза. Според Американското здружение за рак, колоректалниот карцином е трета најчеста форма на рак во САД, а болеста сè повеќе ги погодува помладите луѓе. „Многу луѓе не сфаќаат колку всушност е чест ракот на дебелото црево“, предупредува гастроентерологот д-р Фоласада Меј. ...
Министерството за внатрешни работи со известување до граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда. Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на ...
Денес по барање на градоначалникот на Гази Баба се оддржа итна седница на Советот на општина на која се донесе одлука за доделување на 1.000.000 денари на сметката на солидарниот фонд на Црвениот крст на Македонија за помош и поддршка на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. На седницата се обрати градоначалникот Бобан Стефковски кој уште еднаш го изрази своето сочувство до семејствата на 59-те загинати граѓани во несреќата која ...
Иако иднината на TikTok е неизвесна, апликацијата продолжува да добива нови функции. Најновата во низата се нарекува Security Checkup и е централизирана контролна табла дизајнирана да им помогне на корисниците да ги заштитат своите сметки. Алатката може да се најде со следење на чекорите Settings and privacy- Security & permissions во апликацијата TikTok. Идејата е Security Checkup да им олесни на корисниците да ги завршат задачите како што ...
Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на повредените пациенти од пожарот во Кочани, кои се сместени во болницата ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Во врска со лиценците за работа на дискотеката и сличните објекти во државата, тој изјави дека во моментот трае акција на Државен пазарен инспекторат на цела територија на ...
Одењето во теретана е проблем за некои луѓе бидејќи не сакаат да вежбаат во затворен простор. Сепак, има бројни методи кои може да ви помогнат доколку сакате да останете во форма без да одите во теретана. Најдобар начин да останете фит без да одите во теретана е да најдете активности на отворено што ве исполнуваат. Пешачење, трчање, возење велосипед или истегнување во паркот се одлични начини да останете активни. Овие активности го подобруваат и ...
Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но поради природата на повредите, особено труењето со штетни гасови, можни се компликации во наредните денови. Кај пациенти сместени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) забележале знаци на влошување и за нив денес се планира трансфер во странство. „Сите ни се стабилни, има пациенти ...
Лука Модриќ (39) веќе 13 години игра за Реал Мадрид. Неговиот договор со клубот каде е капитен, легенда и најодликуван фудбалер во историјата му завршува на последниот ден од јуни. Засега нема индикации дека Реал ќе му го продолжи договорот, но клубот не прави нешто такво до самиот крај на сезоната или кога му истекува договорот на Модриќ. Со оглед на возраста на Модриќ, во последните години клубот му ги продолжи договорите на уште една година. ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција извести дека ги посетил пациентите повредени во пожарот во Кочани, хоспитализирани во Скопје. На прашањето според кои протоколи е тоа дозволено и дали има последици врз здравјето на пациентите со оглед дека не е дозволена посета ниту на семејството, тој одговори дека и вчера и денеска посетил пациенти и ги запазил сите протоколи побарани од медицинскиот персонал и докторите. „И во текот ...