Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Добро познат факт е дека кучињата сакаат да џвакаат работи, бидејќи оваа активност може да помогне во ублажување на досадата и вознемиреноста. Сепак, еден ветеринар советува да избегнувате да им давате коски на домашните миленици. Ветеринарот Амир Анвари ги наведе најлошите коски што можете да му ги дадете на вашето куче бидејќи тие носат ризик од пукање, задушување и дигестивни блокади. Тој ги посочи потенцијалните опасности од коските. Како ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека многу швајцарски репрезентативци, и оние што играат сега и оние што играле во минатото, ќе играа за Косово доколку имаа можност. Имено, во подкаст на Фудбалската асоцијација на Косово, шефот на светската чадор организација се осврна на поврзаноста на оние фудбалери што играат за Швајцарија со земјата во која се родени тие или нивните родители. Тој верува дека швајцарските репрезентативци Џердан ...
Во одреден момент можеби ви се чини дека некоја фотографија од вашето дете е толку симпатична и убава што е штета да не ја споделите со вашите пријатели на социјалните мрежи. Меѓутоа, пред да кликнете „објави“, помислете на приватноста на вашето дете и како таа фотографија може да се рашири на интернетот и како би влијаела понатаму во животот на детето. Сите случаи што ќе ги наведеме тука имаат врска со заштитата на приватноста на детето како ...
Истражувачите предупредуваат за безбедносен пропуст што им овозможува на апликациите да „гледаат“ што се прикажува на екранот, дури и без посебни дозволи. Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Вашингтон и Карнеги Мелон открија нова ранливост во Android системот што им овозможува на апликациите тајно да собираат податоци од екраните на корисниците, вклучувајќи еднократни двофакторски кодови за автентикација (2FA). Нападот се нарекува ...
Европскиот вицешампион, Интер, го руши рекордот за приходи остварени во една сезона во историјата на италијанскиот фудбал. Тимот од Милано оствари рекордни 567 милиони евра во изминатата финансиска година. За потсетување, претходниот рекорд го држеше Јувентус, кој во 2018 година имаше приходи од 464 милиони евра. Вреди да се напомене дека ова беше и првата година на Кристијано Роналдо во дресот на „Старата дама“. Рекордните приходи на Интер се ...
Грозјето не е само слатко и освежително овошје, туку е вистинско нутритивно богатство со повеќе од 1.600 биоактивни соединенија за кои е докажано дека го поддржуваат здравјето. Овие природни состојки, вклучувајќи ги полифенолите и ресвератролот, ги штитат клетките од оштетување, го намалуваат воспалението и се борат против оксидативниот стрес. Редовната консумација на грозје може да помогне во одржувањето на здравјето на срцето, подобрувањето на ...
Иако продолжува да игра на највисоко ниво, Лука Модриќ (40) размислува за своите следни чекори откако ќе престане да игра професионален фудбал. Хрватскиот маестро планира да се врати во Реал Мадрид, но не брза да донесе одлука, со оглед на тоа што дури и на 41 година сè уште дава извонредни настапи за Милан. Неговото враќање во неговиот сакан клуб е сигурно, но во моментов има други приоритети, пишува Defensa Central во насловот „Модриќ го ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 17 октомври 2025 година. Од 18 октомври заклучно со 19:00 часот на 19 октомври важат правилата за изборен молк. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната ...
Рутинско реновирање на фудбалско игралиште во Виена доведе до едно од најнеобичните археолошки откритија во римската воена историја, откривајќи масовна гробница што содржи останки на најмалку 129 воини од брутална битка водена пред речиси 2.000 години. Градежните работници во виенскиот кварт Симеринг наишле на јама полна со заплеткани човечки коски, што ги натера археолозите да го ископаат она што се покажа како масовна гробница на бојно поле од ...
Необичен и скандалозен инцидент се случи синоќа откако Виртус Болоња го победи Монако (77:73) во четвртото коло од Евролигата. Плејмејкерот на италијанскиот клуб, Лука Вилдоца, и неговата сопруга Милица Тасиќ се уапсени под сомнение за напад врз медицинскиот персонал. Според болонскиот весник il Resto del Carlino, сè започнало на улицата „Калори“, во непосредна близина на салата „Паладоца“, каде што амбулантно возило застанало за да ја запише ...
В.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, кој влезе во трката за градоначалнички мандат на претстојните локални избори, објави дека за шест месеци владење успеал огромниот финансиски минус на Општината да го претвори во позитивно салдо. „Поминаа шест месеци откако ја презедов функцијата в.д. градоначалник и со гордост можам да кажам дека Општина Кочани денес има стабилна финансиска состојба и позитивно салдо. Општината имаше долг ...
Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување. Иако е точно дека среќата не се купува со пари, имањето пари секако има свои предности. На пример, парите може да ви купат време да ги правите работите што ве прават посреќни, а кога донирате пари, тоа ви дава чувство на среќа. Научници од Универзитетот на ...
Растението спатифилум (Spathiphyllum) има голем број дополнителни придобивки, а се препорачува да се чува во бањата поради неговите способности за прочистување на воздухот. Не само што се смета за собно растение кое го одржува вашиот простор свеж, туку се вели дека се и ефикасни прочистувачи на воздух. Оваа способност ги прави одлично растение за чување во бањата. Оваа група тропски зимзелени растенија всушност не е вистински крин - тие ...
YouTube воведе голем број визуелни и функционални подобрувања на платформата, вклучувајќи редизајниран видео плеер, нов систем за коментари и анимации при лајкување на содржината. YouTube носи голем број корисни подобрувања на својата платформа, а визуелните промени и новите функции ќе почнат да се воведуваат глобално оваа недела. Најголемата промена е редизајнираниот видео плеер, кој сега помалку ја прикрива содржината благодарение на ...
Сончогледовите семки одамна се познати како богат извор на хранливи материи. Покрај протеините, влакната и важните минерали, тие се особено богати со витамин Е. Само една порција од 28 грама може да задоволи речиси половина од дневните потреби за овој витамин, кој игра клучна улога во заштитата на клетките и одржувањето на здравјето на срцето и имунитетот. Сепак, додека семките се одличен извор на витамин Е, има масла кои содржат уште повеќе, ...
Локалните избори направија хаос во фудбалскиот календар, па ФФМ мораше целосно да го прекројува преостанатиот дел од есенските кола. Претстојниов викенд нема да има фудбал во ниту една лига, а поради известувањето од МВР до ФФМ дека не е во можност да ги обезбедува натпреварите поради одржувањето на локалните избори. Поради тоа, и фактот што веќе среде наредната седмица се закажани дел од натпреварите од чертвртфиналето од Купот на Македонија, ...
Швајцарскиот прехранбен гигант Nestlé на почетокот на неделата соопшти дека ќе згасне околу 16.000 работни места во следните две години за да ги намали трошоците. Компанијата ќе отпушти околу 12.000 административни работници во сите оддели и региони во кои работи и уште 4.000 по спроведувањето мерки за зголемување на продуктивноста во производството и синџирите на снабдување. Nestlé мора да се „промени побрзо“ за да се прилагоди на променливите ...
Правилната исхрана за желките е клучна за нивното здравје, а основата е да се имитира храната што би ја јаделе во природата. Многу видови храна што ги сметате за безопасни, дури и здрави, можат сериозно да им наштетат. Хранењето на желка како домашно милениче може да изгледа едноставно на почетокот ако мислите дека е доволно да ѝ понудите мешавина од зеленчук, повремено овошје како десерт или парче месо. Сепак, експертите истакнуваат дека ...
Американска истражна агенција утврди дека подморницата Titan на компанијата OceanGate, која имплодираше за време на нуркањето кај потонатиот брод Titanic во јуни 2023 година, била уништена поради низа сериозни недостатоци во дизајнот и тестирањето, објави BBC. Во несреќата загинаа сите пет лица на пловилото, вклучувајќи го и директорот на OceanGate, Стоктон Раш. Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ), ...
Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17, во 19 и во 22:30 часот. Оттаму велат дека се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем поради постојните сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Од МРТВ наведуваат дека во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни ...
Претседателот на Левица и професор по римско право, Димитар Апасиев, се обрати до она гласачко тело кое редовно не излегува на избори, објаснувајќи им ги последиците од таквите постапки. На секои избори во Македонија излезноста варира од 30% до максимум 60%. Тоа значи дека огромен број на лица со право на глас не излегуваат и не го користат нивното демократско право. Автоматски, тие дозволуваат останатите да одлучуваат за нивниот живот. Токму ...
Секоја година, престижниот италијански весник Tuttosport прави избор на најдобрите млади фудбалери во светот, а сега е објавена и листата на кандидати за престижната награда Златно момче, односно Golden Boy. Оваа престижна награда се доделува од 2003 година, а прв добитник е Рафаел ван дер Варт. По него, лауреати беа Вејн Руни, Лионел Меси, Сеск Фабрегас, Серхио Агуеро, Андерсон, Александре Пато, Марио Балотели, Марио Гетце, Иско, Пол Погба, ...
Иако е вообичаено мачките да живеат до 15 години, некои раси се особено познати по својата долговечност. Покрај генетиката, животниот век на мачката е значително под влијание и на условите за нега и начинот на живот. Мачките кои живеат во затворен простор и имаат добра исхрана често живеат над 20 години. Мачките што излегуваат надвор често се изложени на опасности како што се сообраќајни несреќи, борби со други животни и разни болести, што може ...
ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин на некои автобуски линии. „Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред“, соопшти ЈСП. Оттаму велат дека доколку бидат информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, јавноста навремено ...
ФИФА изјави дека се надева оти сите 16 градови во САД, Канада и Мексико ќе бидат подготвени да бидат домаќини на Светското првенство следната година, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе му го одземе домаќинството на Бостон. „Безбедноста и сигурноста, секако, се одговорност на владите, кои одлучуваат што е во интерес на јавната безбедност“, се вели во соопштението на ФИФА. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави ...
Бавниот метаболизам е една од најчестите причини зошто диетата и вежбањето не ги даваат посакуваните резултати. И покрај вашите напори, бројките на вагата остануваат исти, а чувството на фрустрација расте. Добрата вест е дека малите промени во вашите дневни навики можат да направат голема разлика. Ви носиме едноставни и ефикасни трикови кои можат да ви помогнат да го забрзате метаболизмот и да го поттикнете согорувањето на калории. Еден од ...
Од 1981 година, кога болеста стана позната, СИДА-та одзеде 44 милиони животи низ целиот свет. Се смета за една од најсериозните епидемии во историјата на човештвото. Иако бројот на смртни случаи се намали со текот на времето благодарение на едукацијата и превентивните мерки, луѓето сè уште умираат од последиците на оваа болест. Во 2024 година, околу 630.000 луѓе починаа од СИДА низ целиот свет. Затоа, откритието од страна на Универзитетската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени во Газа, што е клучна компонента од неговиот план за прекин на огнот од 20 точки. „Хамас апсолутно бара посмртни останки од мртвите заложници и ги пребарува урнатините на зградите уништени од израелското бомбардирање и тунелите под улиците на Газа“, рече американскиот претседател Доналд Трамп. „Ги имаме сите ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 8:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. „Питу Гули“ од бр. 4 до бр. 20 (Општина Центар); – во периодот од 8:00 до 14:00 часот, корисниците од село Стајковци (Општина Гази Баба); – во периодот од 9:00 до 11:00 часот, дел од корисниците од ул. „Рокомија“ (општина Бутел); – во периодот од 9:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од улиците „Ибе ...