Mинистерката за инфраструктура и енергија Белинда Балуку објави дека во август албанската влада ќе започне да ги прифаќа понудите за изградба на нов аеродром во Саранда. Според Балкуку, цената за проектот е 37 милиони евра и компаниите ќе имаат рок до 23 септември да ги испратат своите предлог понуди. Владата нема да биде вклучена во управувањето со аеродромот. Аеродромот ќе работи само сезонски и ќе нуди локални летови од Саранда до ...
Најголемата македонската прехранбена компанија Витаминка од Прилеп ги објави податоците за работењето во првата половина годинава кои покажуваат раст на приходите од продажба и зголемена профитабилност. Објавените нереведирани поединечни финансиски извештаи покажуваат дека во првите шест месеци годинава Витаминка работела со вкупни приходи од продажба од 21,2 милиони евра, што е раст од 12% во споредба со истиот период минатата година. Раст ...
Индексот на индустриско производство во македонската индустрија во јуни годинава бележи раст од 9,5% во однос на истиот месец минатата година. Во однос на просекот од 2020 година индустриското производство во јуни годинава било повисоко за 3,3%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Ако се гледа индустриското производство за првите шест месеци, тоа е повисоко за 6,6% во споредба со првите шест месеци од 2020 година. ...
ИНТЕРВЈУ БЕСНИК ИСАКИ, директор на Бе-Да Логистик Бе-Да Логистик е фирма која нуди паметни логистички решенија и услуги во транспортот кои се многу важни за секоја компанија која сака да има успех во извозот и тргувањето со светот. Годинава Бе-Да Логистик слави 10 години постоење и со право се горди на досегашното работење и развојот со оглед дека од мала фирма успеале да пораснат во фирма која има бројни верни клиенти, обучени и лојални ...
Доста ни е од затвореност, корупција, сива економија и ефтина работна сила. Не сакаме веќе понижувања дека сме неспособни да се интегрираме во меѓународната заедница и дека некој однадвор треба секогаш да ги решава нашите проблеми. Бараме да се отвори Балканот, да се затвори историјата, да се обедини бизнисот и да се истрае во имплементацијата без оглед на отпорот на конзервативните сили, вели претседателот на Стопанската комора на Северна ...
Драматични промени во трендовите во прехранбената индустрија не се очекуваат следната година, но затоа промените кои ги донесе и потенцираше пандемијата со Ковид 19 ќе останат нагласени. Хигиената и здравјето и понатаму ќе бидат главни приоритети за потрошувачите, a бројот на оние кои консумираат органска и храна без шеќер ќе расте, според студијата „Трендови во прехранбената индустрија 2022 година“, објавенa од Централноевропската агенција за ...
Големината и материјалите од кои е изработена амбалажата стануваат се поважни за потрошувачите, покажува Студијата „Трендови во прехранбената индустрија 2022 година“, објавенa од Централноевропската агенција за развој и соработка ЦЕАРС и Центарот за маркетинг стратегија еПлус, која има за цел да го олесни планирањето за сите оние кои работат со оваа индустрија, од производители на пакувана храна, трговци на мало, угостители, до основни ...
Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) ја најавува втората годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2021, која има за цел да ги идентификува најдобрите извозни компании, да ги промовира нивните извозни успеси и добри практики кои придонесуваат за повисока додадена вредност во македонската економија. Во едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно ...
Македонската фармацевтска компанија Алкалоид отвори уште еден нов извозен пазар за своите производи. Компанијата објави дека познатиот Multi Essence Magnesium 400+B complex е успешно лансиран на територијата на Монглолија. “Горди сме што нашата компанија изобилува со широка палета квалитетни производи, кои се добропознати и етаблирани на македонскиот пазар и во околните земји. Кога станува збор за квалитетните производи, многу е полеснo да ги ...
Компанијата за производство на железо, челик и феролегури Либерти, или поранешен Арчелор Митал ЦРМ, објави дека во првата половина годинава остварила приходи од продажба од 75 милиони евра, зголемување за 56% во однос на истиот период лани, при што раст бележат и приходите од продажба на странски пазари и продажбите на домашен пазар. Околу 82% од вкупните приходи на Либерти се остварени од извоз, кој во овој период достигнал околу 62 милиони ...
The Deputy Prime Minister in charge of economic affairs, coordination of economic departments and investments, Fatmir Bitiqi paid a working visit to the company Alkaloid Skopje, where he met with the CEO and Chairman of the Board, Zhivko Mukaetov, who presented the history and development company plans and jointly toured some of the production plants. Deputy Prime Minister Bytyqi congratulated the jubilee – 85 years of existence of Alkaloid, ...
Домашната металопреработувачка компанија Факом во првата половина од 2021 година работела со вкупни приходи од продажба од околу 7,4 милиони евра, што е пад од 34% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од извештајот на компанијата објавен на Македонската берза. Околу 68% од вкупните приходи од продажба Факом минатата година ги остварил од извоз на странските пазари, кои достигнаа 4,9 милиони евра. Извозот на Факом во првата ...
Министерството за економија во соработка со невладините организации и рударскиот сектор и сите засегнати страни го доработи Предлогот на Законот за минерални суровини кој претходно беше во собраниска постапка, но беше повлечен од страна на Министерството за економија. Во изминатите неколку месеци беа направени повеќе работни средби со претставници од невладините организациии во делот на заштита на животната средина, како и со претставници на ...
Грција е убедлив лидер кога станува збор за извозот на сирење. Во текот на изминатата година од Грција на странските пазари било извезено сирење во вредност од 602,7 милиони долари, што е раст од 15,6% во споредба со претходната година. Според вредноста на извозот на сирење Грција е 16-ти најголем извозник во светот и убедлив лидер во регионот, покажуваат податоците на Worldtopexport. Македонските производители на млеко и млечни производи ...
Македонската компанија за производство на месни преработки Пекабеско објави дека во текот на првата половина годинава работела со вкупни приходи од продажба од 35 милиони евра, кои се за 1% поголеми во споредба со првата половина од 2020 година. Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 86% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во првото полугодие се поголеми за 1% и изнесувале 30,2 милиони евра. Приходите од извоз и ...
Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека во првата половина годинава остварила вкупни консолидирани продажби од 6.272.411.971 денари (102 милиони евра), што е за 3% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2021 година, продажбите достигнуваат 4.788.760.106 денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени ...
Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје за производство на изолациски материјали. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата. Според инвестицискиот план и финансиски проекции,„Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во следните ...