
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Цените на репродуктивниот материјал, трудот и услугите во земјоделството во октомври годинава се зголемени за 19,9% во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Индексот на цените кај аутпутот во земјоделието е зголемен за 10,3%. Најголем пораст на цените е забележан кај минералните ѓубрива кои во октомври годинава биле поскапи за 58,1% во однос на октомври минатата 2021 година. Цените на енергијата и нафтата, пак, во ...
Велешки БРАКО во првите три квартали од 2022 година продолжува да бележи позитивни резултати во работењето, и покрај сите предизвици со кои се соочува стопанството. БРАКО бележи пораст на приходите од 15,65 % во периодот јануари-септември во 2022 година во споредба со истиот период лани. Главен носител на овој пораст е значителното зголемување на извозот од дури 46%. Зголемениот извоз и производство повлекоа и зголемување на бројот на ...
Во организација на Делегацијата на германското стопанство во Македонија денеска и утре во Скопје ќе се одржи бизнис настан SUBEX – Suppliers Balkan Expo. Целта на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од прехранбената, металната, електро, ИТ, текстилната, дрвната индустрија Северна Македонија со компании купувачи од Германија, Грција, Турција, Романија, Албанија и Косово. Со најновите случувања во Европа и промените во ...
Е-трговијата, особено по пандемијата е важен продажен канал и обезбедувач на приходи за компаниите и значаен елемент на растот на националните економии. Поради нејзиниот висок потенцијал за зајакнување на економскиот раст, дигиталната трансформација и придобивките кои ги носи за граѓаните, економиите на Балканот во услови кога веќе се заканува рецесијата, неопходно е да посветат повеќе внимание на изнаоѓањето начини за да го искористат ...
Дел од менаџментот на Кромберг и Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола во ексклузивно интервју за едицијата Топ 100 Извозници зборуваат за работењето на компанијата во периодот исполнет со многу предизвици за автомобилската индустрија, за големите планови за развој во Македонија, општествената одговорност на компанијата и нејзиното влијание врз македонската економија. Изминативе две години беа многу проблематични за автомобилската индустрија, а сега ...
Европската комисија ги намали очекувањата за раст на економијата во еврозоната во 2023 година и ги зголеми прогнозите за инфлација во петокот, откако руската инвазија на Украина ја наруши глобалната побарувачка и ги зајакна инфлаторните притисоци. Бруто домашниот производ во 19-члената еврозона се предвидува да порасне за само 0,3% во 2023 година, објави Комисијата во својот квартален извештај, намалувајќи ја својата јулска прогноза за ...
Светските цени на храната се искачија на рекордно ниво во март откако Русија ја нападна Украина Трошоците за увоз на храна ширум светот се на пат да достигнат рекорд од речиси 2 трилиони американски долари во 2022 година, со што се зголемува притисокот врз најсиромашните земји во светот, објави денеска Агенцијата за храна на Обединетите Нации (ФАО). Светските цени на храната се искачија на рекордно ниво во март откако Русија ја нападна Украина, ...
Владата на РСМ ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора на Северна Македонија за проширување на списокот со дејности коишто ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават/час. Со новата Одлука за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба со електрична енергија, што според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде усвоена утре, покрај „одгледувањето на ...
Владата на Полска одвои 168 милиони евра на 92 полски големи енергетски интензивни компании, најави министерот за развој и технологија, Валдемар Буда. Ова е прва транша од поголемата шема за поддршка за компаниите кои се најважни за економијата и се најголеми работодавци во нивните региони. Државната помош е одобрена и од Европската комисија и ќе им користи на фирмите кои работат во енергетско-интензивните индустрии, како што се металургијата, ...
Големината и обемот на Индија се еден од нејзините клучни адути што ќе и овозможат да биде трета по големина економија во светот до 2027 година, според прогнозата на Morgan Stanley. Во својот извештај, Morgan Stanley наведува дека БДП на Индија ќе се удвои од сегашните 3,4 трилиони долари на 8,5 трилиони долари во следните десет години. „Индија ќе додава повеќе од 400 милијарди долари на својот БДП секоја година, обем што го надминуваат само ...
ИНТЕРВЈУ БОРИС МАЧАК, потпретседател на НЕЛТ Група за африкански пазари Пред две недели официјално се отвори CANDY FACTORY во Луанда, Ангола, во Специјалната економска зона. Ко-сопственик на фабриката е компанијата Нелт ЛДА, членка на српската групација Нелт. Нелт е важна регионална компанија, а овој тип на инвестиции покажува колку се широки аспирациите за раст. Разговараме со Борис Мачак, потпретседател за африканските пазари во Нелт Група за ...
Целата слатка програма како и закуските на Витаминка се изложени на саемот ИСМ – СИ 2022, што од 8 до 10 ноември се одржува во Дубаи. ИСМ е најголемото саемско случување за кондиторски производи во Средниот Исток и претставува значајна бизнис и комуникациска платформа во прехранбената индустријата. „Настапите на саеми, посебно овие што важат за центар на случувањата во индустријата се од големо значење за изложувачите бидејќи на овој начин се ...
Во првите девет месеци годинава македонските производители на прехранберни и земјоделски производи на странските пазари продале производи во вредност од околу 330 милиони евра. Тоа е зголемување од 15,5% во споредба со истиот период лани. Во истиот период, пак, увозот на прехранбени производи во земјава е зголемен за 21,9%, надминувајќи 642 милиони евра. Ако се погледнат извезените количини на странските пазари во периодот јануари-септември ...
Моменталното производство на жичани производи во „Брако“ изнесува 2000 тона месечно, а во следниот период се планира овој капацитет да го зголеми производството за 50% и да достигне до 3000 тона готови производи месечно, што го прави БРАКО континуирано еден од најголемите производители на жичани продукти. Станува збор за сериско производство со врвна технологија чиј асортиман е 90 % наменет за извоз. „Веќе ги реализираме и најново договорените ...
Министерството за трговија на Турција работи на диверзификација на извозните пазари Министерството за трговија на Турција работи на диверзификација на извозните пазари на Турција бидејќи се очекува слабеење на побарувачката од Европската унија, изјави турскиот министер за трговија Мехмет Муш. Глобалните ризици и несигурности веројатно ќе се зголемат и за Турција во претстојниот период, а побарувачката од Европската унија, која се предвидува да ...
Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција истана дека веќе се утврдени процедурите и ЕСМ ја подготви потребната документација, врз основа на која ќе се склучат договорите со „ЕСМ продажба“ за снабдување со електрична енергија за физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, како и основните и средни јавни училишта. ...
MSC Mediterranean Shipping Company (MSC) е глобален лидер во контејнерскиот транспорт. Семејната компанија сервисира 520 пристаништа на повеќе од 230 трговски линии, носејќи околу 23 милиони TEU годишно, преку модерна флота од 730 бродови. Како движечка сила во дигитализацијата и иновациите во превозот, MSC го објавува својот електронски товарен лист (eBL) низ целиот свет, вклучително и во Северна Македонија. eBL на MSC им овозможува на сите ...
ИНТЕРВЈУ РОБИН ВАН ПУЈЕНБРОК, извршен директор на WTCA® и ДАНИЦА МИЛОВАНОВИЌ, претставничка на WTCA® за Југоисточна Европа Да се има добри деловни контакти отсекогаш било предуслов за успешен бизнис. Меѓутоа, ако вашата компанија мора да се грижи и да се приспособува на постојаните промени на пазарот, тогаш кој се грижи за понатамошно вмрежување и добри контакти? Одговорот го наоѓаме во разговорот со претставници на Асоцијацијата на светски ...
Делегација на јапонската Амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Савада Хиронори, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, делегацијата имаше можност да се запознае со работењето на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствениот асортиман и со производствените можности. Во текот на ...
Во однос на септември годинава трошоците на животот во октомври пораснале за 1,4, а цените на мало забележале раст од 0,6%, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата, која се искажува преку порастот на трошоците за живот, во октомври се искачи на ново рекордно ниво од 19,8 на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Tрошоците на животот во октомври годинава во однос на октомври лани се зголемени за ...
Во првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко-индустриските зони се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година покажува редовната месечна анализа. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места. Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со октомври извозот од ТИРЗ ...
Годинава високата инфлација го карактеризира европскиот пазар на свежо овошје и зеленчук. Трошоците за производство и логистика се зголемени поради војната во Украина. Инфлацијата ќе влијае на идните движења на европскиот пазар на овошје и зеленчук, а високите стапки на инфлација се причина за следните трендови. Тренд 1: Локалната храна станува нова нормала За време на пандемијата на Ковид 19, сè повеќе потрошувачи се насочија кон локалното ...
ИНТЕРВЈУ ВИКТОР МИЗО, директор на КОСТАЛ Македонија И покрај предизвиците со кои се соочуваме како компанија и како индустрија, Костал ја започнува третата инвестициска фаза во постоечката фабрика во Охрид со дополнителна инвестиција од над 50 милини евра во следните 3 години и над 400 нови вработувања. Вложувањето е во најновата технологија наменета за plug-in хибридни возила на групацијата на VW (Porsche, Volkswagen, Skoda, Seat) кои ќе се ...
Извозот и увозот на Кина неочекувано се намалија во октомври, прв пад и на двата параметри во исто време од мај 2020 година, бидејќи зголемената инфлација и зголемените каматни стапки ја погодија глобалната побарувачка, додека новите мерки за Ковид-19 дома го нарушија производството и потрошувачката. Очајните бројки за трговијата во октомври го нагласуваат предизвикот за креаторите на политиката во Кина, бидејќи извозот беше една од ретките ...
ИНТЕРВЈУ БОЈАН СТАНОЕВСКИ, управител на Карго-Партнер Логистикс Cargo-partner работи во светот на логистиката речиси 40 години, а нашата канцеларија во Северна Македонија, Карго-Партнер Логистикс ДООЕЛ од февруари 2021 година делува како надополнување на постоечките центри за патен транспорт и логистика во Бугарија и Србија, потоа нови канцеларии во Грција, како и логистички центри во Хрватска и Словенија. Дополнително, интензивно го ...
Wood & Company, реномираната инвестициска банка во својата најнова анализа за македонската фармацевтска компанија Алкалоид ги потврдува и анализира досегашните успешни резултати на компанијата. Аналитичарите на Wood & Company потенцираат дека Алкалоид во првите девет месеци успеал да реализира околу 80% од планираните приходи и добивката за цела 2022 година. Во анализата се посочува дека Алкалоид имал силен трет квартал годинава со раст ...
Најголемата македонска винарница “Тиквеш” објави дека првите девет месеци работела со позитивен финансиски резултат и раст на продажбите. Финансиските неконсолидирани извештаи на винарницата Тиквеш објавени на Македонската берза покажуваат дека во периодот јануари-септември 2022 година компанијата остварила вкупни приходи од продажба од 29,8 милиони евра, што е за 45% повеќе во споредба со истиот период лани. Околу 57% од приходите од продажба ...
Голдман Сакс предвидува дека европските цени на природниот гас ќе се намалат за околу 30% во наредните месеци Холандскиот TTF e главниот репер во Европа за цените на природниот гас. Во вторникот гасот се тргуваше по околу 120 евра за мегават час. Но, Голдман Сакс очекува овој репер да падне на 85 евра за мегават час во првиот квартал од 2023 година, според анализата објавена минатата недела. Ова ќе означи значителна променаво однос на ценовните ...
Најновите случувања во Европа доведоа до серозни нарушувања во стопанството, корона кризата беше првиот удар за стопанството во Европа, вториот удар е војната во Украина која сериозно го наруши европскиот синџир на снабдување, санкциите кон Русија и енормните цени на гас и нафта, се последниот удар со кои се бори индустријата. Настанот го отвори Анке Холштајн, Амбасадор на СР Германија во Северна Македонија, Даниел Браун, Директор на фондацијата ...
Maersk, еден од најголемите светски оператори со контејнерски бродови, забележа рекорден профит во третиот квартал благодарение на високите цени на океанските товари, но истовремено и намалена побарувачка. Данскиот гигант објави заработка пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) од 10,9 милијарди долари за кварталот, над проекциите на аналитичарите од 9,8 милијарди долари и повеќе од околу 60% во споредба со истиот период пред ...