
Скопје
37ᴼ /
37ᴼ



Делегација на јапонската Амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Савада Хиронори, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, делегацијата имаше можност да се запознае со работењето на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствениот асортиман и со производствените можности. Во текот на ...
Во однос на септември годинава трошоците на животот во октомври пораснале за 1,4, а цените на мало забележале раст од 0,6%, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата, која се искажува преку порастот на трошоците за живот, во октомври се искачи на ново рекордно ниво од 19,8 на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Tрошоците на животот во октомври годинава во однос на октомври лани се зголемени за ...
Во првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко-индустриските зони се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година покажува редовната месечна анализа. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места. Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со октомври извозот од ТИРЗ ...
Годинава високата инфлација го карактеризира европскиот пазар на свежо овошје и зеленчук. Трошоците за производство и логистика се зголемени поради војната во Украина. Инфлацијата ќе влијае на идните движења на европскиот пазар на овошје и зеленчук, а високите стапки на инфлација се причина за следните трендови. Тренд 1: Локалната храна станува нова нормала За време на пандемијата на Ковид 19, сè повеќе потрошувачи се насочија кон локалното ...
ИНТЕРВЈУ ВИКТОР МИЗО, директор на КОСТАЛ Македонија И покрај предизвиците со кои се соочуваме како компанија и како индустрија, Костал ја започнува третата инвестициска фаза во постоечката фабрика во Охрид со дополнителна инвестиција од над 50 милини евра во следните 3 години и над 400 нови вработувања. Вложувањето е во најновата технологија наменета за plug-in хибридни возила на групацијата на VW (Porsche, Volkswagen, Skoda, Seat) кои ќе се ...
Извозот и увозот на Кина неочекувано се намалија во октомври, прв пад и на двата параметри во исто време од мај 2020 година, бидејќи зголемената инфлација и зголемените каматни стапки ја погодија глобалната побарувачка, додека новите мерки за Ковид-19 дома го нарушија производството и потрошувачката. Очајните бројки за трговијата во октомври го нагласуваат предизвикот за креаторите на политиката во Кина, бидејќи извозот беше една од ретките ...
ИНТЕРВЈУ БОЈАН СТАНОЕВСКИ, управител на Карго-Партнер Логистикс Cargo-partner работи во светот на логистиката речиси 40 години, а нашата канцеларија во Северна Македонија, Карго-Партнер Логистикс ДООЕЛ од февруари 2021 година делува како надополнување на постоечките центри за патен транспорт и логистика во Бугарија и Србија, потоа нови канцеларии во Грција, како и логистички центри во Хрватска и Словенија. Дополнително, интензивно го ...
Wood & Company, реномираната инвестициска банка во својата најнова анализа за македонската фармацевтска компанија Алкалоид ги потврдува и анализира досегашните успешни резултати на компанијата. Аналитичарите на Wood & Company потенцираат дека Алкалоид во првите девет месеци успеал да реализира околу 80% од планираните приходи и добивката за цела 2022 година. Во анализата се посочува дека Алкалоид имал силен трет квартал годинава со раст ...
Најголемата македонска винарница “Тиквеш” објави дека првите девет месеци работела со позитивен финансиски резултат и раст на продажбите. Финансиските неконсолидирани извештаи на винарницата Тиквеш објавени на Македонската берза покажуваат дека во периодот јануари-септември 2022 година компанијата остварила вкупни приходи од продажба од 29,8 милиони евра, што е за 45% повеќе во споредба со истиот период лани. Околу 57% од приходите од продажба ...
Голдман Сакс предвидува дека европските цени на природниот гас ќе се намалат за околу 30% во наредните месеци Холандскиот TTF e главниот репер во Европа за цените на природниот гас. Во вторникот гасот се тргуваше по околу 120 евра за мегават час. Но, Голдман Сакс очекува овој репер да падне на 85 евра за мегават час во првиот квартал од 2023 година, според анализата објавена минатата недела. Ова ќе означи значителна променаво однос на ценовните ...
Најновите случувања во Европа доведоа до серозни нарушувања во стопанството, корона кризата беше првиот удар за стопанството во Европа, вториот удар е војната во Украина која сериозно го наруши европскиот синџир на снабдување, санкциите кон Русија и енормните цени на гас и нафта, се последниот удар со кои се бори индустријата. Настанот го отвори Анке Холштајн, Амбасадор на СР Германија во Северна Македонија, Даниел Браун, Директор на фондацијата ...
Maersk, еден од најголемите светски оператори со контејнерски бродови, забележа рекорден профит во третиот квартал благодарение на високите цени на океанските товари, но истовремено и намалена побарувачка. Данскиот гигант објави заработка пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) од 10,9 милијарди долари за кварталот, над проекциите на аналитичарите од 9,8 милијарди долари и повеќе од околу 60% во споредба со истиот период пред ...
Македонско-германски форум на тема „Европската економија под стрес по руската инвазија во Украина“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија. На форумот ќе се обратат претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер во земјава Даниел Браун, германската амбасадорка Анке Холштајн, Дитер Алтхаус потпретседател на „Магна Европа“, Патрик Мартенс директор на Делегацијата на германското ...
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард изјави дека мора да продолжи зголемувањето на каматните стапки со цел борба против инфлацијата, дури и ако се зголеми веројатноста за рецесија во еврозоната. „Нашата определба е стабилност на цените и тоа мора да го постигнеме користејќи ги сите алатки што ги имаме на располагање. Решени сме да го направиме она што е неопходно за да ја вратиме инфлацијата на целното ниво од два ...
ИНТЕРВЈУ САЊА РАДОВАНОВИЌ, извршен директор на МСЦ Скопје Со зголемениот увоз и извоз на производите во странство, голем дел од македонските компании имаат потреба од сериозна и искусна поддршка од транспортни компании на кои може да се потпрат. МСЦ Скопје е присутна на локалниот пазар од 2006 година и нуди целосен опсег на услуги за поморски транспорт, со конекции на светските пристанишни мрежи. Семејната компанија MSC Mediterranean Shipping ...
Македонија има лоша и неквалитетна железници, поради децениското запоставување и недостигот на инвестиции. Тоа го покажува и новата мапа која го прикажува квалитетот на железничката инфраструктура низ Европа. Оваа мапа покажува дека Македонија е меѓу земјите кои имаат најлоши железници. Според мапата креирана од “Very Useful Maps”, квалитетот на железницата во Македонија на скала од 1 до 6 е оценета со двојка, иста оцена како и железниците во ...
Советот за унапредување на индустриското производство и извоз е уште една во низата услуги на Комората на иднината која фокусот го става на поттикнување на конкурентноста на домашните компании Концептот на Комора на иднината меѓу другото има зацртано да креира активности во насока на „корекција“ на системските слабости, но и на извозната конкурентност на компаниите, бидејќи само преку зголемување на извозот може да се размислува за економски ...
Медицинскиот мебел и медицинската опрема произведени во БРАКО и натаму се барани во повеќе земји во светот, како Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД. И покрај кризата, линијата за опремување на здравствени установи продолжува со производство и партнерство со 10 големи светски компании и во речиси 95% оди за извоз. Медицинската програма на БРАКО има повеќе од 500 различни производи, кои се ...
Пример, здружението кое ги претставува 19 најголеми производители на лекови во Романија објави дека домашната фармацевтска индустрија може наскоро да прекине со локалното производство на одредени лекови заради високата цена за материјали и енергија. Претставниците на ПРИМЕР велат дека трошоците за производство на одредени лекови се зголемени и до 300% во однос на претходната година. Цените на основните материјали и материјалите што се користат ...
Фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ 11 Октомври А.Д. од Куманово, чии производи во 99% се наменети за извоз веќе два месеци не работи. Поради високите сметки за струја и гас, оваа фабрика го прекина производството, а 70% од вработените се на принуден одмор со 70% плата. На работниот состанок со Кризниот штаб, од страна на менаџерскиот тим на фабриката беше посочено дека во овој период ги поставуваат машините коишто претходно ги набавиле со ...
Индустриското производство во секторот Производство на метали во септември бележи пад од 68,3%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Производството на метали, во кое се создава 5,16% од вкупното индустриско производство во земјава, бележи пад веќе петти месец по ред, но падот во производството во септември е најголем досега. Главната причина за намаленото производство на метали е скапата енергија, која го направи ...
Конечно оваа недела Самитот на лидерите на ЕУ со Западен Балкан, таканаречен Берлински процес, се враќа во Берлин (3.11.2022 година). Изгубивме седум години вртејќи по европските метрополи, како да не знаеме дека одлуките се носат во Берлин. Затоа, минатата година на 1.11.2021 година, под наслов „ЕУ И НИЕ – БУГАРИЈА И ТИЕ“, јасно истакнавме барање да се врати Берлинскиот процес во Берлин, затоа што, како што беше тргнал, ќе завршеше во Ла Валета ...
Зголемувањето на цените доаѓа откако Русија го прекина учеството во договорот, обвинувајќи ја Украина за нападите врз Црноморската флота Цените на пченицата се зголемуваат откако Русија го објави своето повлекување од договорот за жито во Црното Море, што ја подгрева загриженоста за глобалното снабдување со храна. Фјучерсите на пченицата во Чикаго се зголемија за 5,99% до двонеделниот максимум од 8,78 долари во понеделникот. Цените на пченката, ...
ИНТЕРВЈУ ГЕРАСИМ КУЈУНЏИЕВ, генерален директор на Еуроникел Индустри ДОО “Веќе од 1 јули 2022 година во целост го запревме производството во Еуроникел Индустри, а целокупниот човечки капитал го насочивме кон ремонтни активности во периодот јули и август. Се надевавме и дека по завршување на летниот период ќе има некакви пазарни поместувања во позитивна насока која ќе ни овозможи враќање во нормален режим на работа, меѓутоа тоа не се случи, ...
Побарувачката на челик во Европската унија се очекува да се намали за 3,5% оваа година и да падне за 1,9% во 2023 година, погодена од зголемените цени на енергијата и претстојната рецесија, објави индустриската групација Еурофер. Ова е втор пат оваа година Европската асоцијација за челик да ја намали својата прогноза за побарувачката на челик, која го мери производството на производителите на челик плус нето увозот минус нето извозот. Во ...
Во текот на изминатите два дена, повеќе од дваесет македонски производители од прехранбената индустрија ги претставија своите производи на „Македонскиот корнер“ во рамките на економската конференција во Будва организирана од Стопанската Комора на Црна Гора. Македонските компании имаа можност да остварат средби со претставници на најголемите ланци на маркети во Црна Гора, како и дистрибутери и претставници на ХОРЕКА секторот. „Нашата цел е на ...
По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Северна Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат ...
Автор: Д-р. Живко Груевски Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски ...
– 69% од вкупните продажби на Алкалоид се остварени од извоз и продажба на странски пазари –161 нови вработувања во земјава само во првите девет месеци од 2022 – Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Турција (раст од 169 %), Полска (раст од 161 %), Романија (раст од 138 %), САД (раст од 71 %), Грција (раст од 44 %), Бугарија (раст од 41 %), Германија (раст од 38 %), Ерменија (раст од 37 %), Косово (раст од 14 %), ...
ИНТЕРВЈУ МИЛАН ДАМЧЕВСКИ, член на Управен Одбор во ПроКредит Банка Улогата на банките во периоди на макроекономска неизвесност е од огромно значење за поддршка на бизнисот преку соодветни форми на финансирање, како на потребите за ликвидност, така и за инвестициите кои ќе ја оддржат конкурентноста на компаниите. Сепак, клучно е банката да биде блиску до своите клиенти и преку редовна и квалитетна комуникација да е во можност соодветно и ...