
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Ова е „единствен“ начин Германија да обезбеди енергетски суверенитет на краток рок, „повторно да ја зголеми геополитичката отпорност“, вели директорот на студијата. Ако Германија не ја намали потрошувачката на енергија за 30%, снабдувањето со енергија на земјата нема да биде безбедно, а нејзината цел за климатска неутралност до 2045 година исто така ќе биде загрозена, се вели во студијата на проектот „Коперник Аријадна“ финансиран од владата. ...
По законот за градење, итно да се ратификува панеуро медитеранската конвенција заради намалување на трошоците за извоз за поголема конкурентноста на компаниите во регионот и за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје преку заем од100 милиони евра, за да се обезбеди редовно снабдувањето со електрична енергија, што е клучен проблем во моментов. Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески ...
Велешката фабрика БРАКО инвестира 250 илјади евра за целосна реконструкција и отворање нов објект во фабриката, во кој ќе се централизираат и поедностават завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ. Целта на поставувањето на новиот комплекс е значително да се намали вкупното време потребно за добивање на финален производ, на тој начин што ќе се скрати времето на изведување ...
Бизнис-лидери од регионот, меѓу кои и Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зедоа учество на Форумот на менаџери, кој се одржа на 18 октомври годинава во Белград. Во рамките на овој еминентен бизнис-настан во организација на Српската асоцијација на менаџери – „САМ“, регионалните бизнис-лидери имаа свои излагања на теми од областа на економијата, енергетиката и прехранбената индустрија, трендовите во делот на ...
Една од најголемите независни светски рејтинг агенции, Fitch Ratings, и оваа година ја оцени ПроКредит Банка со највисок можен инвестициски рејтинг во земјата. Тоа е потврда дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани и се на ниско ниво. ПроКредит Банка е првата и единствена банка во земјата која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings, уште од 2005 година. ...
И директните средби со компаниите, кои Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) интензивно ги имаше деновиве, покажуваат дека енергетската криза има силно влијание врз конкурентноста на македонската економија и со тоа компаниите тешко ја одржуваат ценовната конкурентност на своите производи и услуги на странските, но и на домашниот пазар. За да се одржат домашната економија и конкурентноста на домашните производи и услуги, и дома и во ...
Возилата за одржување на хигиена во урбани средини „Грин машинс“, беа презентирани во Рига, главниот град на Летонија, како потенцијален нов пазар за продажба на возилата кои целосно се проектирани, дизајнирани и произведени во фабриката БРАКО во Велес. На барање на потенцијалните клиенти, претставници на „Грин машинс“ извршија практична презентација на моделот GM414RS, во рамките на кругот на една приватна компанија, и на електричниот модел ...
Нова промотивна кампања за онлајн штедење во ПроКредит Банка Во месецот на штедењето, ПроКредит започна кампања за промоција на онлајн штедење, еден од уникатните продукти на банката. Под слоганот „Зачувај ги парите, времето, планетата“, заедно со Mastercard, банката ја промовираше услугата Флекси штедна сметка, целосно дигитална банкарска услуга која нуди голем број предности и бенефити за сите нови и постојни клиенти на банката. Кампањата во ...
Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која годинава ќе се одржи на 11 ноември под мотото „E-commerce: Accelerate“, се во полн ек. И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот маркетинг. Во, ...
Вториот капацитет на американската компанија „Кемет електроникс”, инвестиција од 25 милиони евра во која ќе се вработат нови 360 лица денеска свечено е отворен во технолошко индустриската развојна зона – ТИРЗ Скопје 1. Во новиот капацитет ќе се произведуваат кондензатори за електрични возила. Андреас Мајер, потпретседателот на „Кемет електроникс” истакна дека во новиот капацитет ќе се произведуваат кондензатори за електрични возила. Веќе е ...
Владата на Србија донесе Одлука за привремена забрана за извоз и извоз на природен гас, која ќе важи до 31 октомври годинава. Одлуката е донесена со цел да се обезбеди безбедно снабдување на домашниот пазар и да се спречат можни штети за стопанството и граѓаните. Одлуката е донесена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг на природен гас, предизвикан од нарушување на глобалниот енергетски пазар, се вели во соопштението објавено на ...
Шест македонски компании од прехранбената индустрија учествуваат на еден од најголемите меѓународни саемски манифестации на прехранбената индустрија, SIAL, кој ќе се одржи од 15 до 19 октомври во Париз. Четири од нив се кондиторски компании, меѓу кои Макпрогрес од Виница, Макс од Струица, Лион од Свети Николе и Жито Пром од Гевгелија. Своите производи на саемот SIAL во Париз ќе ги изложуваат и Кадино Груп, како и производителот на пијалоци Соко ...
Централата ТЕ-ТО е еден од клучните капацитети во решавањето на енергетската криза. Денеска имавме разговори со менаџментот за да се договориме како заеднички да настапиме пред државата, за да можеме да изнајдеме решение за компаниите коишто, ако овој капацитет работи со полна сила, сигурно нема да имаат проблем со набавка на електрична енергија, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески при денешната посета на гасната централата ...
Поради претстојната зима и растот на цените на енергијата, германскиот пазар на труд се соочува со зголемување на стапката на невработеност и зголемување на вработувањата на пократко време, се наведува во извештајот објавен во четвртокот на Deutsche Bank. Според проценката на банката, до пролет бројот на невработени ќе се зголемува за 15 до 20.000 месечно, а стапката на невработеност ќе скокне на 5,7 отсто, наместо претходно очекуваните 5,3 ...
Во најновиот извештај насловен „Зимата доаѓа“, S&P Global Mobility забележува дека синџирот на снабдување на автомобилската индустрија, веќе погоден од пандемијата Ковид 19 и руската инвазија на Украина, сега исто така се соочува со зголемени трошоци за енергија, па дури и со можност за прекин на електричната енергија. Бидејќи цените на енергијата во Европа вртоглаво растат, суровата зима може толку силно да ги погоди некои автомобилски ...
ПроКредит Банка ја збогати дигиталната понуда за своите клиенти со воведување на можност за ажурирање на личните податоци онлајн, преку електронското банкарство. Со најновата верзија на системот, промената на податоците може да се направи со само неколку кликови, брзо, едноставно и без потреба од посета на филијала. Со овој чекор, ПроКредит уште еднаш докажа дека е лидер во дигитализација во македонскиот банкарски сектор. Како прва, целосно ...
Од 100 до 150 компании од прехранбената индустрија ќе бидат префрлени на регулираниот пазар. Ова е еден од начините и мерките за намалување на цените на основните прехранбени производи, а со тоа и инфлацијата. Оваа мерка би важела од 1 декември 2022 година, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. „Имајќи во предвид дека треба да се справуваме и со инфлацијата во делот на ...
Азески во „Еуроникел“: Компаниите застанаа зад Комората во барањето за поддршка од државата Еуроникел (поранешен Фени) веќе трет месец е без производство, а на 30 септември електропечката во целост беше изгасната. Компанијата која вработува околу 1000 луѓе, што ја прави еден од најголемите работодавачи во државата, од 15 септември ги испрати своите вработени на принуден одмор, при што 25% се на работа, по принципот на ротација. Генералниот ...
KOSTAL MACEDONIA како компанија која е препозната по својата корпоративно – општествена одговорност и секогаш е во мисија на подршка за поквалитетно образование на младите генерации на инженери во Македонија, денес донираше опрема и сервисни услуги во висина од над 20.000 евра, наменета за Лабораторијата за мехатроника при Институтот за механика на Faculty of Mechanical Engineering at Ss.Cyril and Methodius University of Skopje. Покрај ...
“Булмак 2016“, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од “Злетово“ – Пробиштип и “Тораница“ – Крива Паланка до овој момент работи непречено, но под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина, информираше управителот на компанијата Гоце Мојсоски при денешната посета на делегацијата на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески. На ...
На денешната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 3,5%. Понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. На седницата беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. При носењето на одлуката беше ...
Од вечерва по полноќ следи поскапување на цените на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Според новата одлука, дизелот ќе поскапи за 3 денари, а екстра-лесното масло за домаќинства за 2 и пол денари по литар. Поскапи ќе бидат и бензинот Еуросупер БС-95 за 2, односно Еуросупер БС-98 за 2 и пол денари по литар, а по нова цена ќе се продава и мазутот. Новите цени по полноќ ќе изнесуваат: Моторен ...
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска официјално беше отворена фабриката на канадската „Магна Мирорс“ во која ќе се произведуваат ретровизори за автомобили. Премиерот Димитар Ковачевски, на официјалното отворање, порача дека одлуката да се отвори фабрика во нашата земја што ќе произведува делови и системи кои ќе се испорачуваат на најголемите светски производители на автомобили – се должи на нашето членство во НАТО и ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) уште еднаш ги намали прогнозите за раст за 2023 година и ги зголеми стравувањата од рецесија под влијание на постојаната инфлација и конфликтот во Украина, но ги задржа прогнозите за раст за 2022 година непроменети, откако веќе беа ревидирани три пати оваа година , покажува најновата економска прогноза на Фондот. ММФ сепак очекува светскиот раст во 2022 година да биде 3,2%, но за 2023 година предвидува раст од ...
Спортската исхрана е еден од најбрзо растечките малопродажни сегменти во рамки на индустријата за храна. Растот на овој сегмент веќе беше висок за време на пандемијата, но сега достигнува уште повисоки вредности. Потрошувачите се повеќе се одлучуваат за производи кои го подобруваат здравјето и благосостојбата, а исто така се појавува нова генерација на спортски ентузијасти, кои редовно спортуваат и водат грижа за своето тело. Според анализата ...
Од почетокот на енергетската и ценовната криза, нашата Влада имаше најсилен фискален одговор во регионот, дури за неколку пати посилен во однос на останатите земји од Западен Балкан, што беше нотирано и од Светска банка. Но, борбата против кризата не се само мерките, таа се води на повеќе нивоа. Покрај пакетите антикризни мерки, се преземаат мерки за финансиска одржливост и задржување на стабилноста, како и реформи во јавните финансии кои ќе ...
Електричните возила на „Брако“ од линијата „Green Machines“ ќе бидат изложени на саемот во Скопје насловен „Денови на електромобили“, во организација на East Gate Mall од 12-16 октомври. „Green Machines“ ќе ги презентира електричните возила GM500ze и GM400ze, кои што се во редот на најефикасните, најсовремените и најиновативните решенија и технологии во светот за заштита на животната средина, со нула штетни емисии во воздухот при извршување на ...
Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска 10.10.2022 година (понеделник) ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради енормниот пораст на цената на електричната енергија од 01 септември 2022 година привремено прекинаа со процесот на производство. Во двата рудника има вкупно 674 директно вработени и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за ...
Се зголемува домашното производство на електрична енергија. Почна со производство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од 9,6 мегавати, во близина на Кочани. Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата. ,,Им овозможуваме на компаниите енергија по цени кои се далеку под просечните берзански ...
Бројот на вработени во ТИРЗ продолжува да расте, а месечната анализа покажува дека во септември компаниите во зоните достигнале највисоко ниво на извоз во последниве пет години. “Податоците кои за првпат ги имаме во зоните покажуваат дека само во септември кај компаниите имаме извоз од речиси 500 милиони евра што е највисоко ниво досега и нето извоз од 13%. Истовремено само годинава имаме раст на вработените од 12%, односно само од јануари до ...