
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Цените на нафтата денеска паднаа на најниско ниво од декември 2021 година, бидејќи бранот немири во Кина го намали интересот на инвеститорите за ризични средства и ги замати изгледите за побарувачката на енергија, додавајќи стрес на веќе нестабилниот глобален пазар на сурова нафта. Меѓународниот репер сурова нафта „брент“ падна за 2,53 долари или 3,03% на дневна основа, на 81,10 долари за барел. Американската сурова нафта WTI потона за 2,25 ...
Германската фармацевстка компанија Stada ja започна изградбата на фабрика за лекови во градот Турда, во Романија, инвестиција најавена на почетокот на оваа година. Вредноста на инвестицијата е над 50 милиони евра и е прв ваков проект во последните 30 години започнат од меѓународен играч во Романија. Дел од инвестицијата е поддржана од романските власти преку државна помош во висина од 21 милион евра. Групацијата Stada има 20 фабрики во светот. ...
Германскиот производител на автомобили BMW соопшти дека планира да инвестира повеќе од две милијарди евра во својата унгарска фабрика што е во изградба и гради фабрика за склопување електрични батерии на терен. Плановите за фабриката се дел од промената кон електрификација во BMW и во германската автомобилска индустрија како целина. Фирмата ги објави плановите во 2018 година да ја изгради фабриката во близина на источниот град Дебрецен, ...
Владата во Италија, предводена од премиераката Џорџиа Мелони, планира да примени еднократен данок од 50% следната година на вишокот приход на енергетските компании кои имале корист од порастот на цените на нафтата и гасот, покажува нацртот на владиниот буџет за 2023 година, пишува Ројтерс. Со стапка од 50% ќе биде оданочен делот од корпоративниот приход во 2022 година, што е најмалку 10% повисок од просечниот приход на компаниите пријавен ...
Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска имаше работна средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на која се разговараше за зајакнување на соработката на полето на евроинтеграциите и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори. На средбата претседателот Азески потенцираше дека улогата на комората во процесот на преговорите со ...
ИНТЕРВЈУ БОРИЈАН БОРОЗАНОВ, директор на Џонсон Мети во Македонија -Македонија и светот поминуваат низ една од најголемите економски и енергетски кризи. Со какви проблеми и предизвици се соочува Џонсон Мети Македонија во секојдневното работење и извозот на странските пазари? Борозанов: Постои очигледна тензија предизвикана од различни фактори во глобалните синџири на вредности. Флуктуациите од страна на побарувачката на пазарот на мобилност ...
Рекордни 17 возила за одржување на хигиена во урбани средини, неделава излегоа од погоните на БРАКО и се испорачани кон метрополите во 5 европски земји. Инжинерите и техничарите во БРАКО навремено и прецизно ги завршија нарачките за вкупно 11 возила во Велика Британија, 3 возила во соседна Грција и по едно возило во Холандија, Германија и Франција. Интересот за електрични возила продолжува да биде на високо ниво, но во испораката има и возило ...
Малку подобар од очекуваниот раст поддржан од потрошувачката на домаќинствата, покажуваaт податоците на германскиот завод за статистика Дестатис. Германскиот бруто домашен производ (БДП) на најголемата европска економија се зголеми за 0,4 % во третиот квартал од оваа година во споредба со претходниот квартал, според податоците објавени во петокот. Бројката е малку подобра од првото читање за раст од 0,3%, првенствено поддржан од потрошувачката ...
Linde, најголемата светска компанија за индустриски гасови, соопшти дека започнала со производство на зелен водород во своите капацитети во Грција. Зелениот водород се добива од вода со електролиза со користење на обновливи извори на ветер и соларна енергија. Американско-германската компанија, која доставува гасови како кислород, азот и водород за фабриките и болниците, рече дека тоа е првото зелено производство на водород во Грција. „Linde ...
Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие „Национални шуми“ и бизнис заедницата ќе помогне во засадувањето на 13.000 садници за пошумување на 5 хектари земјиште со внимателно одбрани видови на автохтони дрва од овој регион, информираше Амбасадата на Велика Британија преку соопштение. „На почетокот на оваа година, Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива ‘Засади дрво за јубилејот’ за да се одбележи 70-от Платинест ...
Глобалниот логистички сектор нема да ги избегне економските падови во 2023 година, предвидуваат две аналитички куќи. Според ММФ и ОЕЦД, глобалната економија се соочува со значителни предизвици во 2023 година. На пример, ОЕЦД предвидува дека растот во ЕУ и САД ќе биде еднаков на само 0,5 отсто следната година. Според Transport Intelligence, ваков развој неизбежно ќе влијае на глобалниот логистички сектор. „Јасно е дека влегуваме во период на ...
Извозот на Телекомуникациски, компјутерски и информациски (ИКТ) услуги од Македонија во првата половина од 2022 година 202,1 милиони евра, што претставува раст од 35,8% во споредба со истиот период од 2021 година, покажуваат податоците од Народната банка на Р.С.Македонија. Најголем дел од извозот е остварен од извоз на компјутерски услуги, чиј извоз во првата половина годинава достигнал 182,2 милиони евра, што е за 36,7 % повеќе во споредба со ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, денес оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Данијел Емери, со кого разговараа за економската соработка помеѓу двете земји. На состанокот беше потврден заедничкиот интерес за натамошно унапредување на билатералната соработка со Австралија при што претседателот Азески најави и инцијатива за засилување на ...
ЕУ става плафон на цената на гасот од 275 евра/mWh, што е блиску до рекордот Границата се смета за превисока и повторно наиде на критики меѓу државите. Се очекува тој да биде одобрен од министрите за енергетика во четврток. По неколкумесечни внатрешни борби во блокот, Европската комисија предложи максималната цена на гасот да биде 275 евра за мегават-час, а оваа мерка ќе се применува од 1 јануари 2023 година и ќе важи една година, изјави ...
Царинската управа информира дека од денеска е пуштена во употребa надградбата на Системот за обработка на царински и акцизни документи – СОЦДАД со која се воведува Зелена царинска декларација. Со оваа новина во царинското работење се овозможува целосно автоматско и бесхартиено завршување на царинската постапка за еден час од поднесувањето на царинската декларација. Ова ќе важи за декларации кои се правилно пополнети, со електронски приложени ...
Предноста на регионот на Западен Балкан во однос на другите дестинации за инвестиции, во светло на новите глобални случувања и приближувањето на синџирите на снабдување, како и можностите и придобивките за инвестирање во регионот на Западен Балкан беа главните теми на Инвеститорската конференција за Западен Балкан организирана од Западен Балкан 6 Коморски инвестициски форум (WB6 CIF) и Регионалниот совет за соработка (RCC), а поддржан од ...
Сепак, компаниите сè уште не ги одразиле целосно повисоките трошоци во крајните цени, па најверојатно тие ќе продолжат да растат Германските производствени цени во октомври го забележаа својот прв месечен пад во последните две и пол години, поттикнувајќи ги очекувањата дека инфлацијата во најголемата европска економија можеби се приближува на својот врв. Цените на производителите на индустриски производи паднаа за 4,2 отсто во однос на ...
Европската унија произведе 7,96 милиони автомобили во првите девет месеци од оваа година, 430.000 единици повеќе од претходната година, односно 5,8% повеќе, достигнувајќи удел во глобалното производство на автомобили од 16%, покажува извештајот на ACEA за првите три квартали од годината. Земја со најголемо производство на патнички автомобили во ЕУ останува Германија, каде во деветте месеци годинава се произведени 2,4 милиони единици, што е за ...
Извозот на овошни сокови од Турција годинава ќе достигне вредност од 1 милијарда долари, што е годишно зголемување од над 100%, по растот од 25% претходната година. Овој раст на извозот на сокови е резултат на зголеменото производство во земјата и зголемената глобална побарувачка. Во Турција има повеќе од 45 фабрики за овошни сокови кои се продаваат во над 200 пазари во целиот свет. Во текот на изминатите пет години, уделот во глобалниот пазар ...
Шест возила за одржување на хигиена во урбани услови, кои се произведуваат во капацитетите на БРАКО во Велес, се упатија во посебна пратка кон Обединетото Кралство. Овој мини контигент се состои од по две возила тип GM 400 ze и GM 636, но особено се издвојуваат две возила тип GM 424. GM 424 се лесни за одржување на хигиена во урбани услови, и особено се фексибилни за манипулирање низ малите градски улички, кои ги има секоја метропола, особено во ...
Во третиот квартал од 2022 година стечаите во ЕУ се значително зголемени, за 16,3% во споредба со вториот квартал од 2022 година, покажуваат податоците на Евростат. Стечаите во ЕУ растат веќе петти квартал по ред. Регистрациите на нови бизниси во ЕУ, пак, се зголемиле за 2,6% во третиот квартал од 2022 година во споредба со претходниот квартал, откако претходно благо опаднаа во првите два квартали од оваа година. Во споредба со претходниот ...
ИНТЕРВЈУ ЖИВКО МУКАЕТОВ, претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје *Интервјуто е целосно објавено во најновата едиција Топ 100 Извозници 2022 која излезе на 24 октомври 2022. Извоз.MK: Македонија и светот минуваат низ една од најголемите економски и енергетски кризи. Со какви проблеми и предизвици се соочува “Алкалоид” во секојдневното работење и при извозот на странските пазари? Мукаетов: За жал, веќе подолго време сме принудени ...
Економијата на Грција треба да порасне за 1,8% следната година, со побавно темпо од првично очекуваното, бидејќи зголемените трошоци за енергија и повисоката инфлација му штетат на туризмот и ја намалуваат домашната побарувачка, се предвидува во финалниот буџет на владата за 2023 година. Проценката на растот за следната година беше надолно ревидирана од нацрт-буџетот поднесен до парламентот во октомври. Властите очекуваат економското ...
Поради истекот на мандатот на членовите на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Надзорниот одбор донесе одлука за избор на членови на Управниот одбор. За членови на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје повторно се избрани лицата: 1. Живко Мукаетов, 2. Милкица Глигорова, 3. Ѓорѓи Јованов, 4. Ќире Ицев, 5. Виктор Стојчевски. Во согласност со одредбите од Статутот на Друштвото, Управниот одбор е извршен орган, кој ги има клучните овластувања во ...
Откако инфлацијата достигна рекордни високи 19,8% во октомври, Народната банка вчера одлучи да ја зголеми каматната стапка за 0,75 процентни поени, со што каматните стапки во земјава достигнаа високи 4,25%. “Во однос на најновите показатели, годишната стапка на инфлација во октомври достигна 19,8%. Забрзувањето во целост се должи на порастот на цените на одредени типови прехранбени производи на домашниот пазар. Со тоа, просечната годишна ...
Најголем извоз е остварен во Романија, додека најголем пораст во однос на истиот период лани е забележан во Црна Гора. Турскиот извоз на Балканот во првите десет месеци од годинава е зголемен за 21,8% во однос на истиот период лани и достигна 17,29 милијарди долари. Најголем извоз е остварен во Романија (5,2 милијарди долари), додека најголем пораст во споредба со истиот период лани е забележан во Црна Гора. Според податоците од Собранието на ...
Живееме во „море“ од информации. „Битката“ за правилен и вистински избор бара стратешки пристап кон селекцијата на вистинските информации. За да се достигне оваа цел потребно е јасно дефинирање на крајните очекувани резултати и јасно дефинирање на насоките за постигнување на целта, методите и алатките што ќе ги користите, потребните индикатори за мерливост и на крајот, едноставниот одговор „зошто“? На некој начин, во кратки црти, ова е процесот ...
ПроКредит, како единствена банка со германски капитал во земјава, посветено работи на градење култура на штедење и инвестира во финансиска едукација на своите клиенти. Во најновата кампања, ПроКредит ги нуди најдобрите каматни стапки на пазарот за орочени депозити во евра, како и во денари. Покрај сигурната заштеда за иднината, орочениот депозит на ПроКредит Банка носи и дополнителни поволности за клиентите: Тоа по што клиентите ја препознаваат ...
Со финансиски проблеми се соочуваат над 300 илјади компании во Германија Оваа и следната година, бројот на компании во банкрот ќе се зголеми во Германија, пред се поради зголемувањето на цените на енергијата, високата инфлација и проблемите во синџирите на снабдување, според ревизорската агенција Crif. Сега, според податоците од истражувањето, 300.000 домашни компании имаат финансиски проблеми. Во ноември во Германија банкротирале 15,6 % од ...
Владата на денешната 102 седница ја усвои информацијата за предлог договор за доделување државна помош на Друштвото за производство на внатрешни компоненти „КИЕЛ Македонија“ ДООЕЛ – Желино и донесе одлуката за давање согласност за договорот. “Согласно деловниот план којшто се однесува на реализација на инвестициски проект во ТИРЗ Тетово за производство на седишта за автобуси и возови, како што информираше Министерството за економија, друштвото ...