
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



„Почнувајќи од тековниот месец, минималната плата во Северна Македонија ќе биде повисока за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари“, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, кој заедно со ресорните министри ја информираше јавноста за усвојувањето на новиот износ на минималната плата кој денеска беше усвоен на седница на Економско социјалниот совет. Премиерот Ковачевски во изјавата за медиуми после ...
Групацијата Hudong-Zhonghua Shipbuilding со седиште во Шангај го изгради и го испорача најголемиот контејнерски брод во светот на Mediterranean Shipping Company (MSC). MSC Tessa има капацитет на на носивост од 24.116 стандардни TEU контејнери или товар од над 240 илјади тони и е првиот од четирите контејнерски бродови со иста големина купени од најголемата компанија за контејнерски транспорт во светот. Мега контејнерскиот брод е со должина од ...
Најголемата македонска прехранбена компанија, Витаминка од Прилеп, изминатата 2022 година ја заврши со раст на продажбите дома и во странство, но и со големо намалување на профитабилноста заради високите трошоци во работењето. Објавените финансиски неконсолидирани извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека Витаминка изминатата 2022 година година остварила вкупни приходи од продажба од 61,4 милиони евра, што е раст од ...
Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денес ја посети компанијата „СОКО Горица” ДООЕЛ Скопје. При посетата,вицепремиерот Битиќи рече дека е горд за средбата со госпоѓа Горица која е сопственичка на компанијата која успешно работи веќе скоро три децении, и претставува инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја. „Соко Горица е извозно ...
Македонското индустриско производство во јануари годинава бележи пад од 2,3%, во споредба со јануари 2022 година покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е петти месец по ред како индустриското производство во Македонија се намалува, што само ја одразува тешката ситуација во која се наоѓа индустријата и целото стопанство. Во декември 2022 година македонската индустрија забележа пад од 1,3%, во ноември 3,7%, во ...
Извозот на зелка од Македонија мината година достигна вредност од 25 милиони евра, што е раст од 23% во споредба со 2021 година. Количински извозот се зголемил за 11,4%, одосно во текот на изминатата година од земјава биле извезени 59,8 илјади тони зелка. Најголем извозен пазар за македонската зелка лани била Украина, каде е остварен извоз на 16,5 илјади тони зелка во вредност од 6,7 милиони евра. Извозот на зелка од Македонија во Украина ...
Во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа конститутивна седница на Националниот совет за извоз, кој ќе биде главен механизам за јавно-приватен дијалог каде ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и поддршка на извозот. Советот ќе биде раководен од страна на Комората, во рамки на проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална економска интеграција што Стопанската комора го имплементира во партнерство со Агенцијата ...
Министерството за земјоделство и шумарство на Турција во петокот донесе одлука за ограничување на извозот на домати до 14 април 2023 година. Одлуката е донесена за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со храна и стабилност на цените на домашниот пазар, бидејќи цените на доматите се зголемуваат, а неодамнешните земјотреси што го погодија југоисточниот дел на земјата и зафатија 11 провинции дополнително ја влошија ситуацијата. Министерството ...
Основната инфлација во еврозоната ќе остане висока во блиска иднина, така што зголемувањето на каматните стапки на Европската централна банка (ECB) за 50 базични поени подоцна овој месец е сè поизвесно, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, за шпанската медиумска групација Воченто. ЕЦБ веќе ги зголеми стапките за 3 процентни поени од јули и во суштина вети уште половина процентен поен зголемување на 16 март, но инвеститорите неодамна ...
Пазарот за производи со приватни брендови во европскиот прехранбен сектор достигна 302 милијарди евра минатата година, покажаа новите податоци од PLMA и NielsenIQ, при што вредноста на уделот на брендовите на продавниците порасна за 1,2% годишно. Приватните или сопствените брендови сега сочинуваат 37% од продажбата во европскиот пазар за намирници, покажаа податоците. Приватните брендови се брендови во сопственост на трговците кои ангажираат ...
Двете водечки хрватски производствени компании од прехранбената индустрија, Атлантик Група и Подравка, се договорија да соработуваат за поуспешен настап на странските пазари, поточно во САД и Австрија. Двете компании воведоа единствена практика на меѓусебна извозна поддршка, која подразбира дистрибутивната компанија на Атлантик во Австрија да обезбеди поддршка за пласман на производите на Подравка на австрискиот пазар, а во исто време Подравка, ...
Во промотивниот период до 31 март, ПроКредит Банка нуди атрактивна фиксна каматна стапка за депозити. Поттикнување на културата за штедење, инвестирање во финансиска едукација и одговорно банкарство, се главните постулати кон кои безусловно е посветено работењето на ПроКредит Банка. Имајќи го предвид фактот дека ПроКредит Банка е единствената банка на пазарот која поседува кредитен рејтинг од меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings, која и ...
Глобалните цени на храната паднаа за 0,6 отсто во февруари, што е 11-ти последователен месечен пад, објави во петокот Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Индексот на светските цени на храна на Агенцијата за храна на Обединетите нации падна во февруари 11-ти последователен месец и сега е намален за 19 % од рекордното високо ниво минатиот март по руската инвазија на Украина. Индексот на цените на Организацијата за храна и ...
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за ...
И покрај проблемите кои ги предизвикаа енергетската криза и војната во Украина, вредноста на извозот на македонската индустрија за преработки од овошје и зеленчук продолжува да расте. Според податоците на Државниот завод за статистика во изминатата 2022 година од Македонија биле извезени преработки од овошје и зеленчук во вредност од 79,3 милиони евра, што е раст од 17,3% или за 11,7 милиони евра повеќе во споредба со 2021 година. Статистиката ...
Согласно програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 32/23), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека е објавен јавниот повик за прибирање на барања за финансиска поддршка за мали производители на вино со капацитет до 50.000 литри. Како што соопштија преку овој повик на заинтересираните што ги ...
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 03.04.2023 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија. Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 02.03.2023 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2022 ...
Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија Сакам да го најавам конституирањето и започнувањето со работа на Националниот совет за извоз кој ќе биде составен од претставници на извозните компании од различни сектори и претставници на Владата и надлежните државни институции кои третираат прашања поврзани со извозот. Конституирањето на Советот ќе биде во понеделник во Стопанската Комора на Северна Македонија. Овој ...
Стопанството би бележело подобри резултати ако реализацијата и динамиката на инфраструктурните проекти се финализира во зацртаните временски рамки. Со ова сакаме да ја мотивираме Владата да стави поголем фокус на инфраструктурата на сите нивоа. Истовремено да се побара и поднесе одговорност за доцнењето, односно нерелизацијата на проектите кои се клучни за македонската економија, а стопанството премногу долго чека на нивна целосна завршница, ...
Производителот на топловалани лимови Макстил објави дека минатата 2022 година остварил приходи од продажба од 180 милиони евра, што е за дури 57% повеќе во споредба со приходите од продажба остварени во 2021 година. Неревидираните финансиски извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека 90% од приходите од продажба се остварени од извоз, односно од продажба на странски пазари. Вредноста на извозот на Макстил во 2022 ...
Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ќе гради фабрика во северно Мексико, потврди вчера претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор. Tesla ќе инвестира 5 милијарди долари во изградба на нова фабрика во Мексико, која се очекува да биде најголемата фабрика за производство на електрични возила во светот. Според неофицијални извори планот на Tesla е во Мексико да изгради гига фабрика во која ќе може да се ...
Најголемата македонска винарница Тиквеш зад себe има уште една успешна деловна година. Податоците од објaвениот неревидиран финансиски извештај за работењето покажуваат дека Тиквеш минатата 2022 година успеал да ги зголеми продажбите на домашнот пазар, но далeку повеќе продажбите на странските пазари, како и да оствари подобар финансиски резултат и покрај бројните економски предизвици. Од компанијата објавуваат дека во текот на изминатата 2022 ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 24.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,256%, кај дизелот за 3,133%, кај екстра лесното масло за 3,205% и кај мазутот зголемување ...
Од почетокот на војната во Украина, ЕУ е сè попретпазлива за зависноста од Кина, особено во однос на критичните суровини. Според европратеничката Хилдегард Бентеле, ЕУ треба да се подготви за евентуален кинески напад врз Тајван и потенцијални последователни санкции и недостиг на снабдување. Европа е во голема мера зависна од Кина за многу критични суровини кои се сметаат за клучни за успехот на зелената и дигиталната транзиција. Кина, на ...
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2022 година продажбите достигнуваат 10.538.230.192 денари (171 милиони евра), што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 14.289.050.974 денари (над 232 милиони евра), што е за 12 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Извозот со раст од 16% Консолидираните продажби остварени на ...
ПроКредит Банка минатата година ја одбележа со исклучителни финансиски резултати и повторно ја докажа препознатливата стабилност забележувајќи раст од над 17% на базата на бизнис клиенти и над 12% на базата на физички лица. Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17% раст на бројот на бизнис клиенти и над 12% раст на бројот на физички лица, 17% раст на депозитите, 50% пораст на профитот, како и раст на ...
Пуштена е во употреба целосно реновираната хала за заварување во БРАКО, инвестиција од околу 300 илјади евра, со што продолжува модернизацијата на производствените погони во фабриката. Реновирањето на халата, која е со површина од над 2400 m² траеше над 2 месеци, а како дел од модернизацијата поставена е и фотоволтаична електрична централа на кровот на објектот. Целиот простор е уреден во согласност со ISO45001 стандардот за безбедност и ...
Министерството за економија испрати предлог – одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија. Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи. Врз основа на податоците од ...
Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ денеска официјално го одбележа почетокот на изградбата на втората фабрика во технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) 2 во Скопје. Во новата фабрика на „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло, шприцеви за вакцини и фармацевтски продукти за потребите на светски фармацевтски реномирани компании. Планирано е отворање на над ...
Германската економија се намали за 0,4% во четвртиот квартал од 2022 година во споредба со претходниот квартал, покажаа податоците на Федералниот завод за статистика (Дестатис). Бројката е полоша од проценката за пад од 0,2% на квартално ниво. На годишна основа, пак, најголемата европска економија порасна за 0,3% во четвртиот квартал благодарение на посилната домашна побарувачка во споредба со претходната година. БДП порасна во првите три ...