Грчкиот национален авиопревозник Aegean Airlines ги зголемува фреквенциите на летови меѓу Атина и Скопје. Авиокомпанијата првично ќе ги зголеми летовите од два на три неделно, почнувајќи од 1 јуни, по што фреквенциите ќе се зголемат на шест неделно од 29 септември, објавува Еxyuaviation. Сите услуги ќе се одржуваат со турбопроптивниот авион ATR72 управуван од регионалната подружница на Aegean, Olympic Air. Aegean Airlines беше една од трите авио ...

Македонската компанија Микросам од Прилеп, заедно со гигантот GKN Fokker изработија делови кои ќе се вградуваат во труповите на новата генерација на авиони. Од Микросам објаснуваат дека за изработка на овие делови била користена нивната уникатна технологија за автоматско или роботско полагање на влакна. “Во текот на овој двегодишен проект во GKN Fokker, испорачавме три машини кои ќе се користат за производство на термопластични композити за ...

Бугарија е втор најголем извозен пазар за македонските компании, после Германија, каде минатата година е остварен извоз вреден 414 милиони евра. Иако поголемиот дел од извозот отпаѓа на суровини и полупроизводи, Бугарија е важен пазар за македонската прехранбена индустрија. Во 2022 година на бугарскиот пазар биле продадени прехранбени производи во вредност од близу 21 милиони евра, меѓу нив најмногу кондиторски производи, зеленчук, овошје, ...

Македонското индустриско производство во февруари годинава бележи раст од 1% во споредба со февруари 2022 година покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Со тоа е сопрен петмесечниот континуиран пад во индустриското производство. Но, податоците покажуваат дека производството продолжува да паѓа во преработувачката индустрија, каде се создава дури 82% од целото индустриско производство. Подетална анализа на податоци ...

Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 5% на отворањето на тргувањето, откако ОПЕК + вчера објави дека го намалува производството за 1,16 милиони барели дневно. Фјучерсите на суровата нафта „брент“ последен пат скокнаа за 5,07% на 83,95 долари за барел, а фјучерсите на американската „Вест Тексас интермедијт“ поскапеа за 5,17% на 79,59 долари за барел. Зголемувањето дојде откако Саудиска Арабија, Ирак и неколку земји од Персискиот залив во ...

14 македонски винарии ќе го претстават македонското вино на еден од најпрестижниот Саем за вино VinItaly, Верона, во рамки на регионалната иницијативата Отворен Балкан. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски заедно со премиерите на Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама во рамки на иницијативата за соработка Отворен Балкан денеска ќе го посетат Меѓународниот саем за вино „VinItaly 2023“, еден од најатрактивните саемски настани за вино ...

Компанијата Брако од Велес и нејзината фирма ќерка Грин Машинс (Green Machines) објавија дека возилото за урбана хигиена, моделот 636, е сертифицирано за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV, ,,TÜV SÜD INDUSTRIE SERVICE GMBH” од Минхен. Возилото 636 на БРАКО е единствен производ од Македонија кој е сертифициран директно од TUV Германија и прв сертификат од TUV добиен откако БРАКО во 2019 година ја купи фабриката за возила ...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети компанијата ТЕЦУП од Тетово, која се занимава со производство на хартија и картон, и која Владата ја поддржува преку законот за финансиска поддршка. Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека се работи за компанија која работи со квалитативни и биоразградливи материјали, ...

Како економска сила на Европа, не е изненадувачки што Германија може да се пофали со некои од најголемите трговци на континентот, како што се Edeka, REWE, и секако дисконтерите Aldi и Lidl кои имаат десетици милијарди евра годишен обрт. Сепак, пазарот е силно погоден од инфлацијата, особено кога станува збор за енергијата, во текот на изминатата година. Во поново време, иако цените на енергијата стивнаа, инфлацијата остана тврдоглаво висока. ...

Возилото за урбана хигиена на БРАКО, моделот 636, е сертифицирано за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV, ,,TÜV SÜD INDUSTRIE SERVICE GMBH” од Минхен. Возилото 636 на БРАКО е единствен производ од Македонија кој е сертифициран директно од TUV Германија и чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија. Ова е прв сертификат од TUV добиен откако БРАКО во 2019 година ја купи фабриката за возила Грин ...

Трговијата помеѓу Македонија и Србија во изминатата 2022 година надмина 1,1 милијарди евра, што е највисока вредност во последните 17 години, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Србија е традиционален пазар со кој имаме добра соработка, поради географската положба и добрата патна инфраструктура. Србија е четврт најголем трговски партнер на Македонија, зад Германија, Велика Британија и Грција. Кога станува збор за извозот, ...

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт денеска од 12 часот почна бојкот, а во 14:30 часот, како што најавуваат, нема да тргне ниту возот за Битола. Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите и исплата на намален број на извршители согласно член 168 од колективниот договор. Од синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, ...

Бразил и Кина објавија дека постигнале договор за да го отфрлат американскиот долар во корист на нивните сопствени валути во трговските трансакции. Договорот, објавен во средата, ќе им овозможи на Кина и Бразил директно да вршат трговски и финансиски трансакции, разменувајќи јуани за реали – или обратно – наместо прво да ги конвертираат своите валути во американски долари. Бразилската агенција за промоција и трговија и инвестиции (ApexBrasil) ...

Комората организираше регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од ЗБ – предизвици и можности“, во рамки на Проектот “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, во партнерство со УСАИД. Нејзината екселенција Анџела Прајс Агелер, Амбасадор на САД во Северна Македонија, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на ...

Менаџерите и директорите на сите компании на Нелт Група се собраа на еднодневна конференција на која беше презентиран статусот на стратешките проекти, беа разгледани досегашните резултати и претставени плановите, една година по лансирањето на бизнис стратегијата „Accelarate 2025“. Извршниот директор на Нелт Група, Милош Јелиќ, ги потсети присутните на триесетгодишниот развој на Нелт, од мал семеен бизнис до меѓународен организациски систем кој ...

Бизнис платформата ЕУ-Западен Балкан денеска на едно место во Скопје ги собра бизнис заедницата од регионот, претставена преку Бизнис советот на Коморскиот инвестициски форум и креаторите на политики од Европската Унија. На настанот учествуваа високи претставници од Европската Унија и различните директорати, регионалните институции кои работат на економската агенда во регионот и претставници на бизнис-секторот кои дискутираа за клучни прашања од ...

По повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од Европската Унија, на почетокот на 2023 година објави повик за учество во регионалниот натпревар отворен за компании од шесте земји членки. Рангирањето на апликациите, поделени во 6 категории, беше направено од комисија составена од по еден претставник од шесте стопански комори на Западен Балкан и претставник од канцеларијата на ...

Стопанските комори на Македонија и на Австрија организираа Македонско-австриски бизнис- средби, со цел поттикнување на соработката меѓу компаниите од двете земји (29.03.2023 година). – Посетата на австриските бизнисмени во земјава е одговор на зголемениот интерес за соработка што бизнисмените ја иницираат, а ние како стопански комори ја поддржуваме. Република Северна Македонија и регионот имаат потреба од соработка на економски план особено во ...

Вештачката интелигенција (AI) би можела да замени еквивалент на 300 милиони работни места со полно работно време, се вели во извештајот на инвестициската банка Голдман Сакс. Тоа би можело да замени четвртина од работните места во САД и Европа, но може да донесе нов квалитет и бум на продуктивноста што на крајот може да ја зголеми вкупната годишна вредност на стоките и услугите произведени на глобално ниво за 7%, се заклучува во извештајот. ...

Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на Стопанските комори од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора), ќе додели награди на 16 компании од регионот на Западен Балкан. Наградите, како што информираат организаторите, се во вкупно шест категории и тоа за најголем раст на извозот во регионот во 2022 година, дигитализација, заштита на животната средина, иновативност, инвестиции ...

Стопанската комора на Северна Македонија во рамки на Проектот: “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, кој се спроведува во партнерство со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), организира регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“. Целта на конференцијата е да се презентираат можностите за интензивирање на трговската размена ...

Фирмата за трговијата со електрична енергија РЕС (Renewable Energy Supply), во следниот период ќе го прошири своето работење со дел од државните и локалните институции, каде ќе даде поволни понуди за снабдување со електрична енергија. РЕС досега снабдуваше исклучиво компании од приватниот сектор, но со оглед на тешката ситуација во која се најдоа институциите поради високите сметки за електрична енергија, дел од нив упатија повици за учество со ...

Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски и косопственик на компанијата „Ариљеметал“ учествуваше на деветтото издание на Меѓународниот саем за индустрија на сврзувачки елементи во Штутгарт Германија. Овој настан е меѓународна трговска изложба на производители, трговци на големо, дистрибутери и добавувачи на технологија за прицврстување, која обединува повеќе од 1.000 изложувачи кои доаѓаат од сите краеви на светот. Настанот ...

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар. РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој. РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со ...

Банките имаат огромен удел при одредувањето на насоката на движењето на економијата и на самата иднина на нашите општества. Од апликации за следење на CO2 отпечатокот до кредити за фотоволтаични централи, денес банките во светот мора да бидат едни од лидерите при справувањето со глобалните предизвици поврзани со климатските промени, социјалната нееднаквост, ранливоста на енергетските системи и одржливоста на социо-економското опкружување. ...

Најновите податоци на Нaродната банка покажуваат дека извозот на ИКТ (информатички, компјутерски и телекомуникациски) услуги изминатата 2022 година надмина 467 милиони евра. Тоа е раст од 41% или зголемување за 137 милиони евра во споредба со извозот од претходната 2021 година кога извозот на ИКТ услуги изнесуваше 330 милиони евра. Извозот на ИКТ услуги од Македонија бележи висок и континуиран раст во последните пет години. Така во 2018 година ...

Во понеделник, на 27 март, работниците од различни сектори, вклучително и јавниот и приватниот транспорт, јавната инфраструктура и логистиката, ќе учествуваат на националниот предупредувачки штрајк во Германија. Штрајкот е организиран од Ver.di и EVG, два од најголемите работнички синдикати во Германија, за да побараат повисоки плати и подобри работни услови. Заради штрајкот во понеделник се очекува масовна парализа на сообраќајот и транспортот, ...

Централната банка на Албанија одлучи да ја зголеми својата основна каматна стапка на 3% од 2,75% во обид да го олесни враќањето на инфлацијата до целта, рече гувернерот Гент Сејко. Централната банка ја зголеми и каматната стапка на средствата за кредитирање преку ноќ на 4% од 3,75%, како и стапката на депозитите преку ноќ на 2% од 1,75%,. „Надзорниот совет смета дека оваа одлука е неопходна за да се гарантира стабилно враќање на инфлацијата до ...

Глобалната трговија со стоки и услуги ќе достигне рекордни 32 трилиони долари во 2022 година и покрај забавувањето во втората половина од годината поради влошената економска ситуација и зголемената неизвесност, објави УНКТАД. Трговијата со стоки минатата година пораснала за околу 10%, на 25 милијарди долари, соопшти Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој. Трговијата со услуги порасна уште посилно, за 15%, на седум милијарди ...

Дванаесет македонски винарници ги претставија своите вина на „Prowein“ – најголемиот вински настан во светот, кој се одржа од 19 до 21 март 2023 во Дизелдорф. „Prowein“ е еден од најпрестижните саеми во светот кадешто компаниите воспоставуваат и одржуваат деловни односи со меѓународни соработници и увозници. На овој саем се претставуваат извозно ориентирани винарници, чие производство ги задоволува потребите за пласман на странските пазари во ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
31%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
3.13
48%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 25ᴼ
1.03
33%
1020
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
35%
1018
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.39
29%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
51%
1021
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
10.29
36%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
6.17
33%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
26%
1015
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
6.71
39%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
30%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
10.29
100%
1013
Currency

61.53

Currency

52.9932

Currency

70.6389

Currency

34.452

Currency

38.5662

Currency

65.7253

Currency

7.37939

Currency

0.66071

Currency

0.35961

Currency

0.52665

Currency

1.3036

Currency

0.6042

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.62

Иридиум

153726.40

Никел

14935.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.66

Сребро

1222.90

Злато

108621.42

Бакар

8.87

Паладиум

36876.91

Платина

43097.98

Родиум

225858.99

Цинк

2.78