Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека утрово на владина седница биле донесени неколку одлуки во делот на намалување на царинските давачки за овошје и зеленчук на 10%, со исклучок на доматите, краставиците и пиперките за да им е остави простор на домашните земјоделци. „Утрово има намалување на царинските давачки за зеленчук и овошје и одлуката веднаш влегува во сила, освен за домати, краставици и пеперки. За овој зеленчук ...

Пет економски институти предвидуваат дека бруто домашниот производ (БДП) во Германија ќе се намали за 0,6% во 2023 година, бидејќи зголемувањето на каматните стапки го зема својот данок врз економијата, а високата инфлација ја намалува потрошувачката. Во пролетните прогнози се очекуваше раст од 0,3%. „Најважната причина за оваа ревизија е што индустријата и приватната потрошувачка закрепнуваат побавно отколку што очекувавме во пролетта“, рече ...

Побарувачката за извоз на стоки во јули слабее речиси во целиот свет како последица на повисоката инфлација, растот на каматните стапки и трошоците за услуги Обемот на светската трговија во јули падна со најбрзо годишно темпо за речиси три години. Бројките сигнализираат дека зголемувањето на каматните стапки почнува да влијае на глобалната побарувачка за стоки. Обемот на трговијата е намален за 3,2 % во јули во споредба со истиот месец минатата ...

Џејми Дajмон, извршниот директор на JPMorgan Chase смета дека геополитиката по руската инвазија во Украина е најголемиот ризик, поголем од високата инфлација или рецесијата на САД. Глобалните пазари претрпеа удар во текот на изминатата недела, бидејќи Федералните резерви на САД сигнализираа дека каматните стапки најверојатно ќе останат повисоки подолго време, со цел инфлацијата одржливо да се врати на целта од 2%. Дајмон смета дека луѓето треба ...

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тирана, Албанија учествуваше и се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес. Министерот Бектеши во своето обраќање на бизнис форумот насловен „Предизвици и потенцијали на заедничкиот регионален пазар- патот кон единствен пазар преку забрзана интеграција“ истакна дека Северна ...

Месецот на штедење во ПроКредит Банка започнува порано затоа што не е важно кој месец е, важно е да се поттикне и негува културата на штедење. Грижата за корисниците никогаш не престанува, затоа ПроКредит креираше нов орочен депозит кој им овозможува на граѓаните за првпат да добијат повисока каматна стапка за пократок период на орочување. Под мотото „Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде!“ депозитите во денари и евра, се со рочност од 13 ...

Соседна Грција минатата година извезла сирење во вредност од 805 милиони долари, со што е рангирана на 13 место на листата најголеми извозници на сирење во светот, и најголем извозник во регионот, покажуваат податоците од Worldtopexports. Иако лани Македонија лани имала 54% раст на вредноста на извозот на сирење, извозот е се уште многу мал и изнесува само 3,7 милиони долари. Грција има импресивни резултати во извозот на сирење во изминатите ...

Во текот на 2022 година на светско ниво биле увезени јаболка во вредност од 7,4 милијарди долари. Вредноста на увозот на јаболка лани бележи пад за 11,2% во споредба со вредноста на увезените јаболки од 8,34 милијарди долари во 2021 година,. Топ 5 земји најголеми увозници на јаболка мерено според вредноста во долари се Германија, Виетнам, Обединетото Кралство, Египет и Индонезија. Овие пет земји увезле 26,8% од сите увезени јаболка продадени во ...

Второто издание на Suppliers Balkan Expo – SUBEX ќе се одржи во Скопје на 25 и 26 октомври 2023 година. “Во рамките на SUBEX каниме компании купувачи и добавувачи и се залагаме за проширување на синџирите на снабдување во Европа и позиционирање на Западниот Балкан како стратешки пазар за снабдување на европските компании. Поточно, би сакале да ги зближиме германските компании купувачи со регионалните добавувачи и да ги поставиме темелите за ...

Велешката компанија БРАКО помогна со финансиска помош од 1 милион денари за побрзо спроведување на проектите на територија на општина Велес. Општината ја искористи донацијата за побрзо и поефикасно да спроведе постапката за повеќе инвестиции во градот кои се во интерес на граѓаните. Со финансиската помош беа изготвени основни, идејни и урбанистички проекти за реконструкција на младинскиот парк во Велес, за спортското игралиште во населба Тунел, ...

Регионалната комора Прилеп во рамки на Стопанската комора на С. Македонија е информирана дека е подготвена Одлука во општината, за финансирање на нови 33 административни вработувања за идната 2024 година, согласно проекциите на буџетската градска каса за следната година. Ваквото функционирање со кое наместо средства за капитални инвестиции се планираат непродуктивни трошења не е во согласност со ставовите и заложбите на бизнис заедницата кои во ...

Кина, најголемиот светски производител на автомобили, забележа пораст од 69% на годишно ниво на извозот на автомобили во периодот јануари-август, достигнувајќи 3,22 милиони единици, покажаа најновите податоци на Генералната царинска управа на Кина. Во вкупниот број, 440.000 единици беа испорачани во странство само во текот на август, што е повеќе за 42,2% на годишно ниво и за 6,8% за месечно, покажуваат податоците. За разлика од високиот раст ...

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на САД, по повод учество на Генералното собрание на ОН, ја посетиле компанијата „Фаст Пак Трејдинг“, во сопственост на Иванчо Ивановски, основана пред 30 години, а која врши дистрибуција на над 1.000 ...

Царинската управа се подготвува за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово на граничниот премин Блаце, што ќе овозможи побрз проток на стоки и луѓе, како дел од активностите што се спроведуваат за забрзување и олеснување на трговијата. Со тоа се зајакнува конкурентноста на македонските компании на меѓународниот пазар и се овозможува поддршка на легалната трговија од една страна и се подобруваат условите за ефикасно спречување на нелегални ...

Цените на нафтата пораснаа денеска како резултат на загриженоста за глобалната понуда по забраната за извоз на гориво од Русија. Фјучерсите на брент нафтата поскапеа за 52 центи, или 0,56%, на 93,82 долари за барел, додека фјучерсите на американската западна Тексас интермедијт (WTI) поскапеа за 73 центи, или 0,81%, на 90,36 долари за барел. Овие две одредници за светската цена на нафтата се зголемија повеќе од 10% во претходните три недели ...

Војната во Украина го намали економскиот раст и „значително“ ја зголеми инфлацијата ширум Европа, објави швајцарската народна банка во студија објавена во петокот, а полоши ефекти допрва следуваат. Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, Европа бележи пораст на цените на енергијата, превирања на финансиските пазари и остра контракција на економиите на Русија и Украина, се вели во извештајот. Истражувајќи го влијанието на ...

Поткрепувајќи ја заложбата за унапредување на научното образование, Џонсон Мети Скопје со задоволство објавува грант за својот заеднички проект Science & Me, во партнерство со Македонија2025, невладината организација која го поддржува економскиот и лидерскиот развој во земјата. Како организација за имплементација, Македонија2025 ќе ја предводи глобалната STEM програма (наука, технологија, инженерство и математика) на Џонсон Мети Скопје, што ...

ПроКредит Банка вчера организираше прослава по повод 20 годишното постоење на македонскиот пазар. Во прекрасниот простор на ПроКредит Академијата на Велешко Езеро со над 850 гости, менаџерскиот тим на Банката беше домаќин на своите клиенти, видни личности од македонската банкарска индустрија, партнери и медиуми, меѓу кои и гувернерката на Народна банка на РСМ Анита Ангеловска-Бежоска и германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. ...

Во рамки на „Проектот за поддршка на регионалната интеграција на приватниот сектор“ (ПСРИСА) што се спроведува во партнерство со Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Полската амбасада во Скопје, Полската агенција за инвестиции и трговија (ПАИХ), Агенцијата за странски инвестиции и Долношлеската стопанската комора, организира конференција „Водење бизнис со ЕУ – како да се ...

Продажбата на автомобили во Европа бележи раст 13-ти последователен месец, а растот во најголем дел е предводен од зголемената продажба на електрични возила. Регистрациите на нови автомобили во август се зголемени за 21% на 904.509 примероци, објави во средата Европската асоцијација на производители на автомобили. И покрај тоа што август вообичаено е побавен месец за продажба на автомобили, двоцифрените добивки покажуваат дека пазарот на ЕУ се ...

На 19 и 20 септември во Дубаи се одржа Самитот за глобална трговија и ланци на снабдување организиран од престижната британска групација “Економист”, на кој учествуваше претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров. Главни покровители на самитот беа глобалните финансиски лидери ЏП Морган и Сити Банк, SAP, DP World и Axellext. На настанот учествуваа повеќе од 500 учесници од целиот свет, а говореа над 100 ...

Со извоз на пиперки во вредност од 15,5 милиони долари во изминатата 2022 година, Македонија е 27-ми најголем извозник во светот и втор најголем извозник на пиперки во регионот, зад Грција, покажуваат податоците на Worldtopexports. Лани извезени биле близу 22,8 илјади тони пиперки. Извезените количини лани бележат пад од 2,8%, додека вредноста на изозот е поголема за 1,4% во споредба со претходната 2021 година. Податоците, пак, од Државниот ...

Половина од вкупниот број на исплатени штети се за покривање медицински трошоци осигурани со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милиони евра. Над 500 наши сограѓани во август побарале и добиле обештетување од 100.000 евра за штети покриени со патничко осигурување за патување во странство Сите осигурителни компании за неживотни осигурувања само во август годинава ...

Советот на странски инвеститори во соработка со Царинската управа на РСМ организираше еднодневна работилница на тема: „Крајна употреба и придобивки за имателите на одобрение“ со цел економските оператори да се запознаат со крајната употреба, начинот и постапката како да се дојде до одобрение за крајна употреба, а се со цел да се користат придобивките од страна на имателите на одобрение. Настанот го отвори претседателот на Советот на странски ...

Софистицираните возила за чистење надворешни површини од брендот Грин Машинс, кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес беа изложени на Саемот за управување со ресурси и со отпад, кој се одржа во Бирмингем во Велика Британија (Resource & Waste Мanagement Еxpo – RWME). „Брако и Грин Машинс се традиционално дел од оваа светски позната манифестација. Оваа година ги претставивме електричните модели 400 ZE и 500 ZE, како и унапредениот ...

Комората апелираше дека во носењето на Законот не се води сметка за аргументите на стопанството, туку единствено се тргнува од потребата и желбата за пополнување на буџетските дупки и неограничено трошење. Откако не помина во редовна постапка во Собранието, на Законот му беше ставено европско знаменце со единствено образложение дека се врши усогласување со директиви на ЕУ и со Регулативата на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6.10.2022 година, со која ...

Некогаш силната македонска индустрија за производство на обувки која во рамки на поранешна Југославија беше многу голем извозник на чевли, од осамостојување на земјата е во надолен пад и ја губи конкурентската битка на светските пазари. Минатата година од Македонија биле извезени кожени чевли во вредност од 11,7 милиони долари, што е помалку за 22,7% во споредба со претходната 2021 година. Најголем дел од извозот на чевли од Македонија денеска ...

Цените на нафтата се искачија на највисокото ниво годинава, продолжувајќи го растот што го стави во фокус враќањето на 100 долари за барел. Некои аналитичари веруваат дека цените на суровата нафта може да ја достигнат оваа пресвртница пред крајот на годината. Меѓународните референтни фјучерси на суровата нафта Брент се тргуваа за 0,4% пониски на 93,29 долари за барел во петокот попладне во Лондон, додека американските фјучерси на West Texas ...

Министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ денеска во Дубаи со министерката за надворешна трговија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Тања бин Ахмед Ал Зејуди, потпиша стратешки документ со кој формално започнуваат преговорите за слободна трговија со ОАЕ. Според Момировиќ, Договорот за слободна трговија со ОАЕ ќе придонесе за забрзување на трговската размена и конвергенција на нашите економии. „Економските односи меѓу ...

Европската унија би можела да стане исто толку зависна од Кина за литиум-јонски батерии и горивни ќелии до 2030 година како што беше зависна од Русија за енергија пред војната во Украина, освен ако не преземе силни мерки, се вели во документот подготвен за лидерите на ЕУ. Документот, до кој дојде Ројтерс, ќе биде основа на дискусиите за економската безбедност на Европа за време на состанокот на лидерите на ЕУ во Гранада во Шпанија на 5 ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
37%
1011
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
5.66
69%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
73%
1017
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
0.0
44%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.91
30%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
95%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.57
59%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
57%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1012
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
41%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
68%
1015
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
69%
1013
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71