Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство денеска го одобри нацрт-законот што ќе го принуди ТикТок да се откаже од својот кинески сопственик или да добие забрана во САД. Пратениците гласаа – 352 „за“ предложениот закон и 65 „против“, во редок момент на двопартиско единство во политички поделениот Вашингтон. Засега според американски медиуми, не се знае каква ќе биде „судбината“ на законот во Сенатот каде треба да се одобри за да стапи ...

Рафаел Надал доби многу критики за играњето на профитабилниот, но безначаен егзибициски турнир во Лас Вегас, а потоа се повлече од Индијан Велс. Сепак, како што открива Дејвид Мејси, директор на „Мастерсот“ во Монте Карло, тоа не било планирано. Со други зборови, Шпанецот не пристигнал во Америка да земе пари од „градот на гревот“ и потоа да се откаже, туку имал голема желба да учествува на првиот „Мастерс“ во сезоната. – Во претпоследниот ...

Седумнаесетгодишната Јана Атанасовска на вчерашната слаломска трка во скијачкиот центар Веинебене во Австрија го освои 2-то место, со вкупно време од 1:46.94. Овој пласман македонската скијачка надеж во силна конкуренција го оствари со резултат од 37.29 FIS точки, што претставува најдобар резултат во историјата на македонското скијање. Претходниот најдобар резултат од 47.97 FIS точки Јана го постигна пред два месеца. По првата трка ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови од државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, во минатото коло против Дармштад првпат беше меѓу стартерите на Лајпциг, но морал да биде заменет по првото полувреме поради мала вртоглавица и главоболка. „Се чувствувам добро, можев да тренирам со тимот и подготвен сум за натпреварот во Келн. Првпат играм против Келн. Добро го анализиравме противникот. Очекувам тежок натпревар, секој натпревар во Бундеслигата е тежок. Мораме да дадеме сè, ...

Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид испратил допис до националните фудбалски федерации дека нема да ги пушти своите фудбалери на Олимписките игри во Париз бидејќи нема обврска за такво нешто. „Реал ве информира дека нема да дозволи настап на своите играчи на Олимпијадата. Тоа е прашање кое е сосема очигледно по прашање на спортското здравје, пред сезоната која ги очекува“, се вели во писмото од Реал. Ова, практично, значи дека Килијан Мбапе, ако ...

Претседателскиот кандидат Бујар Османи синоќа со своите син и ќерка отиде да проследи кошаркарски натпревар во Чаир помеѓу истоимената екипа и трофејниот МЗТ Скопје, но не го дочека неговиот крај поради инцидент. МЗТ Скопје поднесе официјална жалба откако екипата на актуелниот шампион на Македонија беше нападната на паузата меѓу двете полувремиња на синоќешниот дуел. „Металците“ одбија да го доиграат мечот стравувајќи за сопствената ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа немаше проблеми против Русинката Ксенија Зајцева, славеше со 2-0 во сетови со само четири загубени гејма и се пласира меѓу најдобрите четири на турнирот во Ларнака, Кипар. Зајцева беше во одлична форма, во осминафиналето ја совлада првата носителка, а претходно освои и турнир, но Ѓорческа не се испоти многу за да победи. Македонската тенисерка ги доби двата сета со идентични 6-2 и 6-2 и се избори ...

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на „Мастерс“ турнирот во Мајами, дознава „Спорт Клуб“. На Индијан Велс, Србинот неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди. – Мајами е тука, ајде да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е малку жешка. Морам да одвојам ден-два, а потоа да видам што сакам да направам понатаму, изјави Ѓоковиќ веднаш по поразот од Италијанецот. Новак ...

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. За време на викендов, како што најавуваат од УХМР се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени. Времето во Скопје променливо облачно со сончеви ...

Централното проектантско биро „Рубин“ од Санкт Петербург создаде нов проект на стратешка нуклеарна подморница, изјави за Спутник заменик генералниот директор на компанијата Андреј Баранов. Директорот на компанијата, Игор Виљнит, на крајот на јуни објави дека „Рубин“ работи на новата нуклеарна подморница „Арктур“, која ќе може да гаѓа цели и со крстаречки и со балистички ракети. Тој рече дека тоа е „подморница на иднината“, но додаде дека може ...

Американецот Метју Милер се одлучил, за време на престојот во Македонија, заедно со својот син да проследи еден натпревар од Првата македонска фудбалска лига. И одлуката паднала на дуелот меѓу Вардар и Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, затоа што за време на целиот свој престој во Скопје слушал дека Вардар е омилениот македонски клуб. Вардар, на крај победи со 1-0, а како натпреварот го видел еден Американец е споделено на ...

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а ...

Фудбалерите на Партизан беа поразени од Напредак со 0-1, а тренерот Игор Дуљај не можеше да се помири со неколку судиски одлуки. Дуљај по натпреварот го нападна судијата Никола Радаковиќ и очигледно имаше што да му каже по поразот на „црно-белите“. За тоа време пристигнаа и свирежи од трибините, но летнаа и неколку предмети кон арбитрите. Duljaj pita sudiju ima li obraza, a ovaj mu se smeje u lice. Zvezda-Srbija#fkp pic.twitter.com/JNg4oA7uZr ...

Денеска завршува осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, последни дуели се Атлетико Мадрид – Интер и Борусија Дортмунд – ПСВ Ајндховен. Интер со предност од 1-0 ќе излезе на „Ванда Метрополитано“, тимот на Симоне Инзаги е во импресивна форма. На средината сме од третиот месец оваа година, а тие не знаат за ништо друго освен за победи. Последен пат не се израдуваа на триумф во декември минатата година кога ремизираа со Џенова, оттогаш ...

На социјалната мрежа има порака која вели: „Се случи грешка“. Досега има извештаи за прекини од луѓе во Европа, Северна и Јужна Америка. Американскиот Downdetector имал наплив на поплаки, повеќе од 33.000 во изминатиот час кои не можеле да им кажат на сите колку се среќни што сè уште се вработени или да прелистуваат низ објавите за тоа како тимската работа го прави сонот да функционира. Статусната страница на страницата во сопственост на ...

Македонскиот фудбал на денешен ден остана без легендарниот репрезенттивен голман, Петар Милошевски, кој на 13 марти 2014 година загина во сообраќајна несреќа во близина на Куманово. Станува збор за еден од најдобрите чувари на мрежата во нашата понова историја, кој настапуваше меѓу другото за Пелистер, Вардар, како и за Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор и кипарски Енозис. Дресот на репрезентацијата на Македонија го носеше на 59 натпревари. ...

Возачите во Формула 1 имаат една од најтешките задачи во светот на спортот, па за да бидат подготвени за предизвиците мора да поминат низ тешки и напорни тренинзи. За време на трките возачите можат да изгубат и неколку килограми, а исто така имаат тешки тренинзи за да бидат во што е можно подобра форма и да ги издржат предизвиците на патеките каде што возат и со брзина над 300 км/ч. @formulaoneworld5 #f1 #f1training #f1romania #fyp #fypシ ♬ ...

Холивудската актерка Глен Клоуз го избра филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во промотивно видео пред оскаровската церемонија во кое на филмски уметници им се поставува прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја. Во 1.51 минута од видеото Клоуз го избира токму македонскиот филм, кој беше номиниран за „Оскар“ за странски филм во 1994. „Има филм што е насловен ‘Пред дождот’ и е снимен во Македонија и јасно е ...

Рускиот тајкун, Роман Абрамович, кој поради војната во Украина беше приморан да го продаде Челси, е на добар пат да му се врати на фудбалот, откако изразил заинтересираност да купи клуб од Шпанија. Милијардерот, наводно, сакал да дојде до мнозинството акции во Валенсија, која е во финансиска криза, која сака да ја намали со продажба на голманот Гиорги Мамардашвили за 30 милиони евра, кој би бил заменет со нашиот Столе Димитриевски како ...

Реванш натпреварот од четвртфиналето во азиската Лига на Шампиони донесе голема борба во Ријад каде се сретнаа Ал Наср и Ал Аин од Обидинетите арапски емирати. Домашниот тим успеа да надомести негатива од 0-2, а Кристијано Роналдо имаше идеална шанса за целосен пресврт. Легендарниот напаѓач се најде сам пред совладаниот голман на Ал Аин, а од пред помалку од метро од голот не успеа да ја затресе мрежата. WHAT WAS THAT RONALDO ...

„Опенхајмер“ на Кристофер Нолан e големиот победник на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот „Оскар“, оправдувајќи ја фаворитската улога со седум статуетки од вкупно 13 номинации, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм и за најдобар режисер за Нолан. Биографскиот историски филм за „таткото на атомската бомба“ доби и две актерски награди: Ирецот Килијан Марфи ја доби статуетката за најдобар актер за улогата на ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни (над 20 l/m2), проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 70 km/h). Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, ...

Вардар оствари голема победа на гостувањето кај Алкалоид, црвено-црните одиграа доминантен натпревар по нотите на јапонскиот ракометар Косуке Јасухира и го совладаа ривалот со 27-23. Вардар е друг тим кога во тимот го има Косуке Јасухира, тимот на Владо Недановски денеска се покажа во многу поинакво светло од претходните натпревари. Вардарци уште на самиот старт покажаа дека ова ќе биде поинаков натпревар од оној од минатата сезона кога токму ...

Војводата од Сасекс разговарал со кралот за неговата дијагноза рак и ќе отпатува во Велика Британија за да го види во наредните денови, изјави извор близок до Хари. Чарлс ја напушти болницата минатата недела по операцијата поради зголемена простата. Но, за време на неговиот престој „беше забележана посебна причина за загриженост“. Беа направени тестови за откривање на рак. На неговите деца, браќа и сестри им се кажува сè додека кралот се ...

Македонскиот капитен, Енис Барди даде нов гол за Трабзонспор со шут надвор од 16 метри, овојпат имаше среќа. На дуелот против Карагумрук, Барди со удар од далечина го изедначи резултатот на 1-1. На патот кон мрежата, топката зафати играч на гостите кој го смени правецот на топката и помогна домаќините да се израдуваат на гол. 9 yaşında oğlumun çekimiyle Bardhi'nin attığı gol ❤️💙 Nasıl içine doğduysa❤️ pic.twitter.com/CbqpYyF99M — ahmet keles ...

Жозе Мурињо е без работа откако доби отказ од Рома, Португалецот нема да брза со одлуката за нов клуб иако сака што е можно побрзо да му се врати на фудбалот. Во изминатите денови Мурињо се појави на финалето од купот во Египет, на бокс мечот меѓу Џошуа и Нгану, како и на Формула 1, на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Португалецот беше во центарот на вниманието за новинарите кои го прашуваа за неговата иднина. „Сакам да работам ...

Новак Ѓоковиќ нагласува дека е во фаза во која неговата кариера, мора да ги презема работите година за година – Станува се потешко и потешко, но јас сепак го сакам овој спорт и се уште се натпреварувам на највисоко ниво. Сè уште сум број еден, така што во овој момент чувствувам дека сакам да одам понатаму, да продолжам да се обидувам да напишам повеќе историја. Во Индијан Велс, Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои рекордната шеста титула и со тоа ...

Легендарниот италијански дефанзивец Марко Матераци направи интересна споредба меѓу актуелниот тим на Интер и оној чиј член беше тој, а кој во 2010 година освои триплета. Пред 14 години, под водство на Жозе Мурињо, „нераѕурите“ прво ја покорија Италија, а потоа и Европа откако на патот до трофејот ја победија Барселона која тогаш беше во својот зенит и потоа Баерн Минхен во мечот за титулата на „Бернабе“. Матераци, сепак, смета дека овој тим ...

УХМР информира дека во почетокот на следната недела на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи. И во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Според прогнозата, утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
68%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
63%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
79%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.02
81%
1010
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Цинк

3.35

Калај

50.03

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57