Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Потоа до крајот на работната седмица ќе настапи стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет. Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време не викендот. Прогноза за 03.01.2024 Минимална температура: 0°C до 5°C Максимална температура: 8°C до 14°C Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб, а во ...

Во текот на последниот ден од годината во Македонија ќе преовладува сончево со умерена облачност и тивко време. По котлините од утрото има појава на магла која околу пладневните часови ќе се намалува, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира. Утринските температури се движат меѓу минус 4 и 2, додека и денеска максималните дневни ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и соодветено ќе се движат во ...

До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Од утре ќе има зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Како што информира УХМР, од понеделник преку денот повремено ќе дува слаб до повремено умерен, претежно југозападен ветер. Времето утре ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со ...

Поранешниот украински кошаркарски репрезентативец, Виктор Кобзисти, загина во денешниот масовен руски ракетен напад врз украинскиот град Лвов, потврди шефот на спортскиот оддел на Градскиот совет на овој град, Антон Никулин. Тој играше за екипите на Азовмаш, Будивелник, Днепар, а со Украина настапи на Европското првенство во 2001 и 2005 година. Поради тоа му беше доделена титулата меѓународен мајстор на спортот. По завршувањето на играчката ...

Најавите се остварија, Горазд Михајлов ќе го води Вардар во вториот дел од сезоната, тој доаѓа на местото од Александар Васоски. Вардар денеска излезе со официјална информација за новиот тренер. „ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде во црвено црното семејство“, стои во соопштението на клубот. Тој ...

Последниот работен ден во 2023 година донесе голема радост во поголем број спортски колективи во престолнината, откако добија новогодишни пакетчиња од Град Скопје во вид на финансиска помош, по претходна пријава на огласот за распределба на средства наменети за спорт. Официјално не е познато кои се колективи и по колку пари добиле, ама според шпекулациите најдобри минале фудбалскиот и ракометниот тим на најголемиот македонски спортсаки бренд ...

Албанката Дрита Зири синоќа крунисана е за „Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам, со што влегува во историјата како првата Албанка која ја освоила оваа титула, а воедно и прва на волку голем меѓународен натпревар, објавија албанските медиуми. Зири победи во конкуренција од 84 натпреварувачки на овој избор кој е еден од четирите најзначајните меѓународни натпревари во светот заедно со Мис Универзум, Мис на светот и Мис Интернационал. ...

Стефан и Милан Ристовски добија одмор од клупските обврски поради божиќните и предновогодишните празници, но двајцата македонски фудбалери нема по добро да го паметат крајот на 2023-та година. Причина за тоа е семејната трагедија која го погодила семејството Ристовски, поради која Стефан и Милан ставија црна позадина на своите официјални Инстaграм профили. Двајцата браќа со голема тага за последен пат се простуваат од својата мајка која починала ...

Времето ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени. До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Во ...

Македонската фудбалска репрезентација на 3 јуни 2024 година ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека. Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. – Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата ...

Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло, а по котлините ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ќе биде тивко, а попладне маглата ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 9 степени. Според ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист на светот во 2023 година според мислењето на еминентниот француски спортски весник „Л’Екип“. Лидерот на АТП листата зад себе ги остави, и тоа многу убедливо, пливачот Марчан и најдобриот автомобилски возач на денешницата, Макс Верстапен, а на листата беа уште атлетичарот Ноа Лајлс, рагбистот Сија Колиси, скијачот Марко Одермат, биатлонецот Јоханес Бо Тигнес, велосипедистите Тадеј ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе го памети 26 декември по триумфот против Ал Итихад (5-2), но и по тоа што ја заврши годината на првата позиција на светската листа со стрелци. Роналдо постигна два гола во убедливиот триумф и со 53 погодоци ја заврши 2023 година, односно ги премина Килијан Мбапе и Хари Кејн кои беа пред него до вчерашниот меч. Легендарниот португалски реперзентативец исто така го одигра 1000. клупски меч и се запиша ...

Времето денес ќе биде сончево и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Вo Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со слаб северен ветер. Во четврток не очекува сончево и релативно топло. По котлините ќе има појава на магла и пониска дневната температура. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена ...

Дуелот на последните два шампиона во НБА, Денвер Нагетс и Голден Стејт Вориорс донесе исклучително драматичен меч, но и рекорд кога станува збор за натпреварите од божиќната програма. Денвер славеше со 120-114, а во историјата по уште еден параметар се запиша најдобриот играч на овој тим Никола Јокиќ. Тој стана прв кошаркар во НБА лигата кој погодил 18+ слободни фрлања без ниедно промашување, а во исто време се израмни по бројот на погодени ...

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, пренесува „Дејли рекорд“. Според изданието Миовски бил на радарот на славниот клуб од „Олд Трафорд“ и тоа на местото на Антони Марсијал кој ќе биде продаден во јануарскиот преоден рок. Миовски игра одлично за Абердин оваа сезона во шкотската Премиер лига, па не чуди што интересот за него е голем. А дека и Манчестер Јунајтед има интерес, тоа е само потврда дека македонскиот ...

Времето денес ќе биде претпладне по котлините и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла. Вo Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево и претежно тивко. Во среда времето ќе биде сончево со мала облачност и релативно топло. По котлините ќе има појава на подолготрајна утринска магла и пониска ...

Најдобрите македонски ракометари последните денови од годината традиционално ги минуваат во сала, подготвувајќи се за настап на големо натпреварување, овој пат на ЕП 2024 во Германија, каде што првиот меч ќе го одиграат против Франција на фудбалски стадион во Диселдорф. Токму ова, односно шансата да се игра пред неверојатни 55.000 гледачи, им дава дополнителен мотив на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, кои неделава се во Стара Пазова ...

Денеска излезе последното рангирање на тенисерите за 2023 година, најдобриот македонски играч, Калин Ивановски има пад за една позиција. Ивановски годината ја заврши на 326. место, што е голем напредок во однос на лани кога финишираше на 540. позиција. Најдобриот македонски тенисер во моментов е во Дубаи каде тренира со Ѓоковиќ пред почетокот на новата сезона. Амбициите ново значително подобрување на ранкингот. На почетокот од следната недела, ...

Елиф Елмас ги мина лекарските прегледи во Лајпциг, но договорот уште не е официјално потпишан од проста причина што јануарскиот преоден рок не е почнат. Сепак, јасно е дека се е готово, македонскиот репрезентативец за 25 милиони евра ќе ја смени Серија А со Бундеслигата и ќе има можност таму да покаже колку вреди и да напредува во својата кариера. Во моментот на трансферот, тој беше надвор од тимот на Наполи поради повреда и не конкурираше за ...

Од денес следува период на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Времето денес: Во најголем дел од земјава сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Ќе дува умерен, а во западните делови и на планините повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. ...

Финалниот натпревар на Светското клупско првенство на ФИФА ќе се одигра вечрва од 19 часот. За титулата е се борат европскиот и јужноамериканскиот шампион, Манчестер сити и Флуминенсе. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија. Двата тима лесно ги минаа своите противници во полуфиналните натпревари. Европскиот првак Сити со 3:0 славеше против шампионот на Азија, Урава, а Флуминенсе со 2:0 го победи ...

Бурното дерби на Истанбул меѓу Фенербахче и Галатасарај предизвика многу реакции на социјалните мрежи, а нем на тоа не можеше да остане ни легендарниот босански фудбалер Един Џеко. Тој е иритиран од фотографијата која кружи на Интернет, а на која е Мауро Икарди со помодрено око. Прв, фотографијата ја објави Галатасарај, а потоа ја презеде и експертот за трансфери Фабрицио Романо што предизвика револт кај Џеко. „Со главата удри во стативата, ...

Американските компании доминираат на глобалната топ 20 листа, која вклучува само две компании од една европска земја. Амазон е крунисан за најголем бренд во светот во 2023 година, со проценета вредност од 299,28 милијарди долари (273,49 милијарди евра) и покрај падот од 51 милијарда долари во текот на минатата година. Во студијата објавена од агенцијата за финансиска анализа TradingPedia, гигантот за е-трговија се искачи на рангирањето и ја ...

Компанијата „Ookla“ објавиле нова статистика кога станува збор за брзината на „5G“ ширум светот. Најновиот извештај на „State of Worldwide Connectivity“ покажува дека средните брзини на „5G“ за преземање на податоци забележале раст од 20 проценти на глобално ниво, во текот на третото тримесечје од 2023-та година. „Ookla“ забележала средна „5G“ брзина за преземање на податоци од 203.04 Mbps во третото тримесечје, што е значајно подобрување во ...

Вистинска пролет, а потоа пресврт и заладување – ова е резимето на прогнозата на српскиот метеоролог Марко Чубрило за деновите што следат. Прашање е само дали заладувањето ќе стигне до новогодишните празници и дали најлудата ноќ ќе ја пречекаме со снегулки. Променливо облачно и претежно суво во регионот. Дневниот максимум ќе биде од околу +4 на север и исток до околу +14 на запад од регионот“. Од недела, а особено од понеделник ќе биде малку до ...

Утре ќе дува засилен северозападен ветер, а од недела времето ќе биде тивко и релативно топло, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Поради појава на магла, дневните температури ќе бидат пониски по котлините. В недела дневната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, во понеделник од 7 до 17, во вторник од 6 до 16 степени. Како што соопшти УХМР, во текот на денов е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а ...

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека билетите за Европското првенство во ракомет кое се игра во јануари се распродадени од страна на организаторот. РФМ преку соопштение ги информира навивачите дека нема билети за престојното Европско првенство во Германија. Организаторот ги распродал влезниците за групата А каде што е и Македонија. „Ве известуваме дека до Ракометната Федерација на Македонија секојдневно пристигнуваат барања ...

Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна денеска во 04 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократка, а деновите подолги. Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 ...

Главниот иницијатор за формирање на Суперлигата, Флорентино Перез не го криеше задоволството од одлуката на судот во Луксембург, тој како историски го оцени денешниот ден. Претседателот на Реал Мадрид, вели дека европскиот фудбал веќе нема да биде монопол и клубовите ќе бидат господари на својата судбина. „Во Реал Мадрид ја поздравуваме одлуката на судот. Во наредните денови ќе го проучуваме опсегот на оваа резолуција. Прво, европскиот фудбал ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
30%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
42%
1023
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
2.06
40%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
34%
1024
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.88
29%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
59%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
8.23
39%
1020
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
27%
1021
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
37%
1024
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
39%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
44%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941