
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Минатата година во светските медиуми почна дебата за тоа, главниот терен на кој се игра Австралија Опен, во Мелбурн да го добие името на најтрофејниот тенисер на овој турнир – Новак Ѓоковиќ. Излезе дека размислувањата на оваа тема биле тотално бесмислени затоа што такво нешто воопшто не е возможно. Причините ги откри директорот на Австралија Опен, Крег Тили. „За разлика од преостанатите три Гренд слема, ние не сме сопственици на објектите. ...
Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го дефинираше списокот од 18 ракометари на кои ќе смета на Европското првенство (ЕП) во Германија, кое го почнуваме на 10 јануари со дуелот против Франција во Диселдорф. Тоа значи дека отпадна само едно име од играчите кои тренираа изминатиот период и тоа левото крило на Пелистер, Цветан Кузманоски. Ова значи дека македонскиот стручен штаб на континенталниот собир ќе патува само со еден ...
Кардиф е заинтересиран да го ангажира Енис Барди на позајмица до крајот на сезоната. Врската меѓу Кардиф и Трабзонспор е турскиот тренер кој го води членот на Чемпионшип, тоа е Ерол Булут кој наводно сака да го види Барди во својот тим. Кардиф го сака Барди на позајмица до крајот на сезоната. Нивните амбиции се да се вмешаат во борбата за пласман во Премиерлигата, но засега се на деветтото место на табелата. Трабзонспор исто така размислува за ...
Вредноста на платформата „Х“ се намали за 71 отсто откако социјалната мрежи ја купи американскиот милијардер Илон Маск и го преименуваше Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Фиделити, која има удел во платформата. Заедничкиот фонд Фиделити, што поседува удел во платформата „X“, ја намали вредноста на своите акции, а американскиот сајт Aксиос дојде до податоци за тоа и проценува дека вредноста на ...
Вечните белградски ривали Црвена ѕвезда и Партизан играат во дербито на 19 коло на кошаркарската Евролига, а тоа што се случува во белградска „Арена“ е нешто што го нема на друго место во ова натпреварување. Повеќе од 20.000 навивачи во црвено-бела боја прават неверојатна атмосфера, а кошаркарите на Црвена ѕвезда на тоа возвратија со одлична игра во првото полувреме, кога имаа предност од 50:29. Атмосферата која беше на трибините во белградската ...
Голем број фактори имаа влијание во изминатите години за растот на заработката кај спортистите, па така „Форбс“ за 2023 година објави дека десетте најдобро платени спортисти оствариле добивка од вкупно 1,11 милијарди долари пред да се одземат пари за даноци и провизија кај менаџерите, а тоа е раст од 12 отсто во однос на минатата година и само 5 отсто во однос на претходниот рекорд во 2018 година од 1,06 милијарди долари. Во 2018 година на врвот ...
Центарот за управување со кризи ги информира граѓаните дека од сабота попладне во земјата ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и врнежи од снег. Во понеделник ќе настапи значително заладување и врнежите ќе преминат во снег. -Од Управа за хидрометеролошки работи известуваат дека под влијание на циклонска активност од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни ...
Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски, по неколку месеци без клуб по заминувањето од саудискиот тим Ал Етифак во третиот ден од новата 2024 пронајде нов ангажман и тоа во Романија. Тој денеска е промовиран во нов фудбалер на Динамо Букурешт, каде што ќе остане најмалку до крајот на сезоната со можност соработката да биде продолжена. Велковски веднаш ќе отпатува во Анталија, каде што романскиот прволигаш се наоѓа на подготовки и ќе му се ...
Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и во сабота до крајот на денот. Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота навечер, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта кон недела и во недела. Во понеделник ќе биде постудено, со услови за појава на дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места. Прогноза за 06.01.2024 Минимална температура: ...
Ракометната репрезентација на Македонија со 33-30 го доби првиот од двата пријателски натпревари против Грција кои се последните тестови пред заминувањето на Европското првенство во Германија. Македонија влезе во финалната фаза од подготовките за континенталниот собир кој го започнуваме од 10. јануари. Денеска во салата „Борис Трајковски“ се одигра првиот дуел против селекцијата на Грција. Македонската репрезентација имаше бавен старт на ...
Македонската ракометна репрезентација денеска во „Борис Трајковски“ го игра првиот натпревар против Грција во пресрет на Европското првенство (ЕП), а на трибините во салата имаше голем број навивачи со знамиња со сонцето на Кутлеш. Навивачите со десетици знамиња на трибините се погрижија да ја „загреат“ атмосферата во салата „Борис Трајковски“. Македонија и утре ќе игра контролен натпревар против Грција, кој ќе биде последен пред настапот на ЕП. ...
На десет дена пред почетокот на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ има повреда на зглобот на раката поради што доживеа пораз на дуелот со Алекс де Минор на Јунајтед купот во Перт. Кај фановите постои загриженост поради неговата состојба пред Гренд слемот во Мелбурн, но Ѓоковиќ ја смирува ситуацијата со образложение дека не му е првпат да поминува низ ова. „Никогаш не знаете што може да се случи. На два од последните три настапи на Австралија Опен ...
Во Берово утрово е најстудено, со измерени минус два степени, а најтопло е во Дебар, десет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус еден степен е измерен во Демир Капија и Куманово, нула степени во Попова Шапка, Струмица и Велес, еден во Скопје-Петровец, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, два во Дојран, Тетово, Штип и Скопје-Зајчев Рид, три во Битола и Лазарополе, четири во Крушево, Маврови Анови и Виница, пет во Претор, седум во ...
Кога TikTok стана глобален хит во 2020 година – со кратки танцови или комични клипови што ја обезбедија потребната забава за многу корисници на почетокот на пандемијата Ковид-19 – започна трка во вооружување за кратки видеа. Одеднаш, Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и другите социјални платформи побрзаа да објават слични производи, охрабрувајќи ги корисниците да прават видеа долги до една минута што ќе бидат прикажани вертикално, во фидот на лизгање ...
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ загуби од Алекс де Минаур во четвртфиналето на Јунајтед куп со 2:0, по сетови 6:4 и 6:4. Ова е прв пораз за Ѓоковиќ во Австралија по 2018 година, кога во четвртото коло на Австралија опен беше елиминиран од Хјун Чонг. Оттогаш, Ѓоковиќ има 43 последователни натпревари без пораз во Австралија. За тоа време, тој го освои Австралија опен четири пати, го освои АТП Купот во 2020 година како дел од националниот тим и ...
Натпросечното топло време за овој период од годината на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе потрае се до 7.1.2024, по што следува силен продор на поларен бран од Арктикот и многу снег на Балканскиот Полуостров. Силен циклон кој ќе се формира над Јадранот за време на викендот ќе донесе многу дожд, а потоа и многу снег во регионот. Во исто време од Арктикот ќе ни се спушта многу студен воздух кој во деновите потоа ќе ги спушти ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја почна годината на најдобар можен начин, и тоа со гол и асистенција во победата на Абердин против Рос Каунти (3-0). Миовски по само 24 минути му асистираше на неговиот колега Џејми МекГрат за водство од 1-0, а потоа истиот фудбалер ја зголеми предноста во 30. минута. Абердин доминираше и во второто полувреме, а Миовски во завршницата од дуелот на одличен начин со левата нога го матира голманот на ...
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Австриецот Доминик Тим со резултат 7:5, 6:1 во првото коло на турнирот во Бризбејн. Мечот траеше 1 час и 30 минути. Триесет и седумгодишниот Шпанец имаше три аса и една двојна грешка, како и три реализирани брејк топки од шест шанси. Надал го одигра својот прв сингл меч откако се врати на турнејата по санирање на повредата. Својот последен натпревар Шпанецот го одигра на 18 јануари 2023 година на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. До крајот на работната седмица ќе настапи стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет. Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време не ...
Македонскиот ракометен бренд Вардар1961 упатува огромна благодарност до Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска бидејќи ги препознаа и ги поддржаа напорите на клубот да остане голем амбасадор на Скопје. Благодарни сме што за првпат во историјата на клубот, градот застана зад нас и потврди дека спортот е еден од вистинските репрезенти на Скопје, а Вардар1961 препознатлив спортски белег. Секоја помош и поддршка е добредојдена, и ...
Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Потоа до крајот на работната седмица ќе настапи стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет. Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време не викендот. Прогноза за 03.01.2024 Минимална температура: 0°C до 5°C Максимална температура: 8°C до 14°C Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб, а во ...
Во текот на последниот ден од годината во Македонија ќе преовладува сончево со умерена облачност и тивко време. По котлините од утрото има појава на магла која околу пладневните часови ќе се намалува, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира. Утринските температури се движат меѓу минус 4 и 2, додека и денеска максималните дневни ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и соодветено ќе се движат во ...
До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Од утре ќе има зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Како што информира УХМР, од понеделник преку денот повремено ќе дува слаб до повремено умерен, претежно југозападен ветер. Времето утре ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со ...
Поранешниот украински кошаркарски репрезентативец, Виктор Кобзисти, загина во денешниот масовен руски ракетен напад врз украинскиот град Лвов, потврди шефот на спортскиот оддел на Градскиот совет на овој град, Антон Никулин. Тој играше за екипите на Азовмаш, Будивелник, Днепар, а со Украина настапи на Европското првенство во 2001 и 2005 година. Поради тоа му беше доделена титулата меѓународен мајстор на спортот. По завршувањето на играчката ...
Најавите се остварија, Горазд Михајлов ќе го води Вардар во вториот дел од сезоната, тој доаѓа на местото од Александар Васоски. Вардар денеска излезе со официјална информација за новиот тренер. „ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде во црвено црното семејство“, стои во соопштението на клубот. Тој ...
Последниот работен ден во 2023 година донесе голема радост во поголем број спортски колективи во престолнината, откако добија новогодишни пакетчиња од Град Скопје во вид на финансиска помош, по претходна пријава на огласот за распределба на средства наменети за спорт. Официјално не е познато кои се колективи и по колку пари добиле, ама според шпекулациите најдобри минале фудбалскиот и ракометниот тим на најголемиот македонски спортсаки бренд ...
Албанката Дрита Зири синоќа крунисана е за „Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам, со што влегува во историјата како првата Албанка која ја освоила оваа титула, а воедно и прва на волку голем меѓународен натпревар, објавија албанските медиуми. Зири победи во конкуренција од 84 натпреварувачки на овој избор кој е еден од четирите најзначајните меѓународни натпревари во светот заедно со Мис Универзум, Мис на светот и Мис Интернационал. ...
Стефан и Милан Ристовски добија одмор од клупските обврски поради божиќните и предновогодишните празници, но двајцата македонски фудбалери нема по добро да го паметат крајот на 2023-та година. Причина за тоа е семејната трагедија која го погодила семејството Ристовски, поради која Стефан и Милан ставија црна позадина на своите официјални Инстaграм профили. Двајцата браќа со голема тага за последен пат се простуваат од својата мајка која починала ...
Времето ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени. До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Во ...
Македонската фудбалска репрезентација на 3 јуни 2024 година ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека. Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. – Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата ...