
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Најниска температура од -5 степени Целзиусови утрово е измерена во Крушево. Следат Маврови Анови и Струмица со -4 степени, -3 Берово, Демир Капија, -2 Битола, Прилеп, Претор, -1 Охрид, Штип, Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 1 Тетово, Дебар, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран и 3 степени Велес. Висината на снежната покривка во 7 часот изнесува 10 сантиметри во Маврови Анови, 6 Крушево, 4 Попова Шапка, Дебар и 2 ...
Фудбалерите на Интер одново се лидери на табелата во Серија А, откако со победата на гостувањето кај Фиорентина (1-0) го прескокнаа Јувентус и покрај тоа што имаат еден меч помалку во однос на најголемиот конкурент за титулата. „Нераѕурите“ добро го почнаа натпреварот и преку Лаутаро Мартинез поведоа уште во 14. минута. Ова се покажа како клучен момент на мечот, бидејќи до крајот мируваа мрежите на „Артемио Франки“. Домашниот тим може да жали ...
Apple често прави мали промени во функционирањето на своите уреди, со цел да го олесни и да го направи поинтересно нивното користење. Ова се често карактеристики на кои не би ни помислиле, но можат да ви заштедат време. Понекогаш ажурирањата се фокусирани на работата што се случува „зад завесата“, но има и такви кои можат да ви го олеснат секојдневното користење на телефонот. На YouTube каналот iDeviceHelp беше објавено видео со неколку вакви ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато. Сите патни правци во државата се проодни, информира ЈП „Македонијапат“. Оттаму нагласуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената ...
Машката ракометна репрезентација на Франција го освои златниот медал на Европското првенство совладувајќи ја во финалето Данска со 33:31 по продолженијата. Французите ја освоија четвртата титула на Европско првенство, прва по десетгодишна пауза. Првото полувреме помина во резултатски ритам, Франција еднаш и Данска два пати имаа по два гола предност, но по 30 минути игра семафорот беше изедначен – 14:14. Во редовите на Данска се истакна Гидсел со ...
Македонската ракометна репрезентација ја доби селекцијата на Фарски острови за ривал во баражот за пласман на СП 2025 година. Првиот меч е на програмата на 8. мај, додека четири дена подоцна и реваншот, и на првиот дуел Македонија треба да биде гостин. Фарки Острови е незгоден ривал за Македонија, и нема да биде лесно на избраниците на Кире Лазаров. Фарски острови е во голем подем, и за првпат годинава учествуваше на големите натпреварувања. ...
Дисциплинската комисија на ЕХФ ја објави одлуката во врска со жалбата на Ракометната федерација на Шведска по синоќешниот полуфинален натпревар на Европското првенство. Жалбата се однесуваше на некористењето на видео-снимка (ВР) при одлуката за голот на Пранди на истекот од основниот дел од мечот со кој беше израмнет резултатот и натпреварот одведен во продолженија. Во нив Франција беше подобра и обезбеди пласман во финалето што се игра утре. ...
На две недели пред продолжението од сезоната во македонското првенство, Вардар се засили со српскиот интернационалец Немања Гојковиќ. Искусниот центар доаѓа од Израел, односно од тимот на Бнеи Херцлија каде настапувал претходните три сезони, а претходно играл за Металопластика, Слога Пожега, Ашерслебен во Германија, Пролетер Зрењанин и Младост Чачак. На 31 години го направи својот трансфер на кариерата и ќе игра во поранешниот европски шампион. ...
По натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу Партизан и Жалгирис, пред најголемата српска сала биле нападнати голем број на навивачи. На натпреварот присуствувале 20.000 навивачи, и не се знае каде била полицијата по завршувањето на големиот собир. Присутните во паника бегале на сите страни и настанало стампедо. Луѓето на социјалните мрежи се сомневаат и посочуваат дека напаѓачите се навивачи на Црвена звезда, поради инциденти кои се случувале ...
Новак Ѓоковиќ одигра катастрофално против Јаник Синер во полуфиналето на Австралија Опен, а слабото издание на омилениот гранслем турнир го натера Ѓоковиќ да ги промени плановите, па да си земе продолжен одмор во наредниот период. Како што е објавено во текстот на официјалната веб-страница на АТП, следен турнир на кој ќе учествува најдобриот светски тенисер е оној во Индијан на почетокот од месец март. Ѓоковиќ го зел цел февруари слободен, за ...
Во Европа пристигнува антициклонот „Зевс“, чие влијание најпрво ќе биде најизразено на југозапад, а потоа ќе се прошири и низ западна, централна и северна Европа. „Зевс“ ќе ги рашири своите пипци од срцето на Африка низ речиси цела Европа. Иако температурните отстапувања „по висина“ во споменатите делови на Стариот континент ќе бидат доста високи, поради влијанието на овој силен антициклон, маглата и ниската облачност ќе бидат честа појава во ...
Новак Ѓоковиќ загуби 1.200 поени со поразот во полуфиналето од Јаник Синер (1:6, 2:6, 7:6, 3:6), со оглед дека на Австралија опен одбрани 2.000, а освои само 800 поради пет победи. колку нанижал. Сепак, кога е во прашање новата АТП листа и првото место, Србинот сепак ќе остане на врвот. Новак ќе ги загуби споменатите 1.200 бодови со што ќе го „спушти“ на 9.855 бодови, а ќе има 600 повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз, кој исто така ...
Еминентниот македонски судиски тандем Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на денешниот прв полуфинален натпревар на Европското ракометно првенство меѓу Франција и Шведска. Натпреварот кој ќе го даде првиот финалист на Европското првенство во Германија е на програмата од 17:45 часот во Келн. Николов и Начевски се меѓу најдобрите светски ракометни судии, а главни арбитри во финалето на претходното Европско првенство, како и во ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер е прв финалист на Австралија Опен откако утринава го победи Новак Ѓоковиќ со 3-1 (6-1, 6-2, 6-7, 6-3). Со тоа, Синер го симна од тронот својот ривал кој ја бранеше титулата во Мелбурн. Ова беше најдобар меч во кариерата на Италијанецот кој на Ѓоковиќ не само што не му дозволи ниеден брејк, туку и ниедна брејк-топка, апсолутно ја контролираше ситуацијата и го диктираше темпото и апсолутно заслужено победи. Доказ ...
Иако се уште не ја добива вистинската шанса и минутажа во својот нов клуб, Елиф Елмас е интересен за наивачите на РБ Лајпциг и постојано се појавува на клупските профили на социјалните мрежи. Во последните „прашања и одговори“ за нашиот „дијамант“, тој одговараше на неколку интересни прашања. Меѓу тавче гравче и селско месо предност му даде на гравчето, а за свој идол од детството повторно го спомена легендариот Бразилец, Роналдињо. Не крие дека ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините краткотрајно и локално ќе провејува снег. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и во делови од регионот со услови за појава на ...
Шарл Леклер ќе остане во Ферари и по актуелната сезона во Формула 1, откако талентираниот возач стави потпис на нов договор. Ферари не соопшти на колку години е потпишана новата соработка со Леклер, иако италијанските медиуми пишуваат дека договорот ќе важи до 2029 година. „Среќен сум што ќе ги бранам боите на Ферари и во следните сезони. Ферари е моето второ семејство откако се приклучив на овој тим“, кажа Леклер. Леклер заедно со Ферари стигна ...
Многу фудбалски ѕвезди кои минатото лето заминаа во Саудиска Арабија, веќе почнуваат да се враќаат во Европа и бараат начин како да ги раскинат договорите со клубовите. Неколку фудбалери јавно го изразија незадоволството од условите за работа, како и самата организација на Про-лигата, а меѓу нив е и српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Долгогодишниот ас на римски Лацио се реши за премин во Ал-Хилал, но би можел уште во јануари да ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече санкција кон Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заради недолично однесување за време на гостинската химна на Англија. Во извештајот на УЕФА стои дека исвиркана била националната химна на Гордиот албион за време на мечот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје кој се одигра на 20 ноември. Поради тоа, според членот 16, ФФМ ќе треба да плати казна од 15.000 евра. Натпреварот меѓу Македонија и Англија ...
Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ вели дека секогаш е мирен на теренот, без разлика дали ќе постигне гол или не. Влаховиќ во неделата вечер беше херој на Јувентус со два гола во победата над Лече (3-0). По овој натпревар, новинарите го споредија со Кристијано Роналдо. „Да не претеруваме! Среќен сум што успеав да му помогнам на тимот. Без моите соиграчи немаше да постигнувам голови. Се надеваме дека ќе продолжиме така“, одговори Влаховиќ на ...
Нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов официјално се врати во редовите на Шалке каде ќе биде на позајмица од Барнли до крајот на сезоната 2023/2024. Да се игра за Шалке за Чурлинов нема да биде тотална непознаница зошто тој и претходно го носеше дресот на овој бундеслигаш. – “Задоволен сум што се враќам во Шалке, секогаш останав во контакт со клубот и навивачите. Сакам сега да му оддолжам на клубот за нивната верба во мене – по можност со голови, ...
Microsoft одлучи да ја повлече апликацијата која е дел од основниот пакет од 1995 година. Во прашање е WordPad, кој не само што ќе биде отстранет од новите верзии на Windows 11, туку и нема да може повторно да се инсталира. „Почнувајќи од оваа верзија, апликациите WordPad и People веќе нема да се инсталираат. Во идното издание, WordPad ќе се отстрани за време на ажурирањата. WordPad не може повторно да се инсталира, тоа е застарена ...
Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи. До крајот на неделата ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурите ќе бидат повисоки во однос на денешните, информира УХМР. Утре наутро ќе биде студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните ...
Најдобриот египетски фудбалер Мохамед Салах се здоби со тешка повреда и го очекува долга пауза, а тоа го потврди и неговиот менаџер Рами Абас. Абас кажа дека Салах го чека пауза од три до четири недели, а тоа е проблем за Ливерпул затоа што Египќанецот ќе пропушти неколку натпревари меѓу кои се и дербијата со Челси и Арсенал. „Повредата е посериозна отколку што мислевме, Салах ќе паузира од 21 до 28 дена и нема да пропушти само два натпревари“, ...
Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе бидат во интервал од – 18 до – 8, а максималните од – 3 до 5 степени. Во Скопје наутро ќе биде ведро и многу студено време, преку ден сончево со мала облачност. Минималните температури ќе се спуштат до – 13, а максималните ќе достигнат до 3 степени. До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во 2023 година заврши како најдобар стрелец во светот и зад себе ги остави Килијан Мбапе и Хари Кејн, но „Златната топка“ му припадна на Лионел Меси. Роналдо е разочаран поради тоа што престижната награда повторно му припадна на неговиот вечен ривал и кажа дека „Златната топка“ го губи кредибилитетот. „Таквите награди го губат кредибилитетот. Мислам дека мора да ја анализираме цела сезона за да видиме ...
Италијанскиот гигант Интер славеше во дербито против Наполи со 1-0 во финалето на Суперкупот, кој се одигра во Ријад. „Нераѕурите“ доминираа во текот на целиот натпревар, додека актуелниот италијански првак успешно се бранеше од нападите на противникот сè до 91. минута кога Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол на натпреваро. По голот на Мартинез, Наполи се обиде да стигне до израмнување, но немаше доволно време за да постигне гол и ...
До средината на оваа седмица времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Како што соопштуваат од УХМР, најстудено ќе биде утре и во вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст. Времето утре наутро ќе биде ведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена ...
Имено, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров денес на реванш дуелот од 1/8 финалето се поразени минимално од чешка Хазена Книжварт со 33-34, но со оглед на поголемата гол разлика од победата во Скопје со резултат 32-29, „Лавиците“ од Ѓорче се пласираа во 1/4 финале од Европскиот куп. Самото Четвртфинале е големо достигнување за ѓорчепетровки, и воопшто за македонскиот женски ракомет, по речиси доста изминати години. Денес во таборот на ЖРК Ѓорче ...
Од таборот на Алмерија се гневни на случувањата на Сантијаго Бернабеу, кои водеа со 2-0, но на крајот го загубија мечот со 3-2. Алмерија пропушти водство од 2-0 на полувремето против Реал Мадрид. Фенерџијата во Ла Лига имаше убава шанса да освои барем бод против големиот противник, но наместо тоа си замина со празни раце. Во текот на второто полувреме ВАР трипати интервенираше и сите трипати беше во полза на Реал Мадрид. При досуден пенал за ...