Жозе Мурињо веќе не е тренер на Рома. По серијата слаби резултати поради кои дури имаше и закани од навивачите упатени до легендарниот стручњак, одлучено е веднаш да се прекине соработката со Португалецот, но и со сите негови помошници. Во официјалното соопштение од клубот истакнаа дека се во потрага по нов тренер и дека јавноста наскоро ќе биде информирана за нивната одлука. Мурињо беше 60. тренер на Рома во историјата, дојде во мај 2021 ...

„Швајцарија покажа дека е квалитетна репрезентација и одигра реми против олимпискиот шампион Франција. Тие кажаа и пред мечот против Германија дека очекуваат победа, имаат големи амбиции и очекувања од турнирот. Нас нè очекува тежок натпревар со квалитетен противник. Сепак, ако имаме некакви шанси против некого, тогаш тоа е Швајцарија. Свесни сме и им ја препуштаме фаворитската улога, но ние ќе дадеме сè од себе. Имаме многу работи за ...

Тинејџерот Коста Недељковиќ од идната сезона ќе биде член на Астон Вила откако Црвена Sвезда ја прифати понудата вредна девет милиони евра. Клубот од Бирмингем успеа во својот напор да го купи 18-годишниот десен бек кој блесна во првиот дел од оваа сезона, но нема веднаш да го добие затоа што Недељковиќ веќе играше за две екипи во актуелната натпреварувачка кампања – Графичар и Црвена Звезда. Тој ќе остане на позајмица во белградскиот клуб до ...

Тоа е уште едно големо признание во пребогатата за Аргентинецот кој, сепак, не дојде лично да ја прими наградата, како и другите двајца номинирани Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Најдобриот во изборот на ФИФА го бираат селекторите и капитените на сите репрезентации во светот, плус по еден спортски новинар од секоја држава. Меси сега е рекордер по бројот на добиени The Best признанија, надминувајќи ги Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски кои ...

По официјалниот прес по мечот со Германија, селекторот Кирил Лазаров, како по обичај собра сили за краток осврт пред македонските новинари. Некако како „дежа ву“ од дуелот со Франција дојде оваа средба со претставниците на седмата сила. Лазаров го повтори истиот став – дека ни се случува повторно голем број на технички грешки и загубени топки во нападот, а против големите сили невозможно е да се успее така. „Се сложувам дека ни се повторуваат ...

Обезбедувањето на влезот во салата во Берлин каде вчера на Европското ракометно првенство силите ги мереа Германија и Македонија, ги отстранувало сите реквизити на кои го имало македонскиот национален симбол со 16-краката ѕвездата од Кутлеш. Сепак, Македонците на различни начини се снаоѓаа и успеваа да го внесат на трибините. Знамето со 16те краци беше забрането на натпреварот и обезбедувањето ги одзимаше на влезот. Но немате толку обезбедување ...

Селекторот на националнито тим Кирил Лазаров смета дека тимот направил премногу технички грешки и имавме премногу подарени топки, директно во рацете на противникот. „Не можам да кажам дека сум задоволен, имавме некои добри моменти, но тоа не е доволно за натпревар против ваков ривал. Повеќе од петнаесет технички грешки, продадени топки, подарени во рака, тоа е недозволиво. Германија нѐ казни, беа пресилни, но ние се боревме колку што можевме. ...

Ракометарите на Македонија го претрпеа и вториот пораз на ЕП 2024 и тоа во пресметката против домаќинот Германија (25-34), со што и теоретски ги загубија сите надежи за пласман во следната фаза од првенството. Без разлика на крајниот резултат, жолто-црвените вечерва одиграа полошо отколку на отворањето против Франција (29-39), каде што бевме рамноправен противник во поголем дел од првото полувреме, неколку пати водевме, а дури на крајот му ...

Германската телевизија РТЛ, која ги пренесува средбите од ракометното ЕП 2024 во оваа земја, коментирајќи го мечот Франција – Македонија ги нарекуваше играчите и навивачите како Северномакедонци, што ги налути нашите сонародници кои живеат во Германија, пишува „Екипа“. Поради ова, македонскиот конзул во Дизелдорф заедно со претседтелот на Советот за интеграција во овој град, Гоце Перовски, испратија остар протест до РТЛ што беше проследен и до ...

„По Франција, играме со уште една светска ракометна велесила. Германците покажаа на првиот натпревар дека се сериозни кандидати најмалку за полуфинале. Веројатно никој не веруваше дека ќе ја победат Швајцарија со 13 разлика, но уште еднаш се покажа дека и со недостаток на квалитет, со голем ентузијазам и борба, може да се победи, дури и со поголема разлика. Очекувам против нас една мотивирана Германија, Берлин има ракометна публика и тоа ќе биде ...

Четири часа и една минута траеше натпреварот од првото коло на Австралија опен меѓу Новак Ѓоковиќ и хрватскиот тинејџер Дино Прижмиќ. Двојно постариот Новак имаше само пофални зборови за момчето од Сплит. Новак Ѓоковиќ го одигра најдолгиот меч досега на еден грен слем турнир кога беше во прашање првото коло, а тоа беше јасен знак дека Хрватот Дино Прижмиќ има квалитет за големи работи. Неговиот прв настап на големата сцена го воодушеви и ...

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако во четири сета го совлада 18-годишниот Хрват Дино Прижмиќ и по исцрпувачка четиричасовна битка – 6:2. , 6:7, 6:3. 6:4. Новак го одигра најдолгиот меч досега во првото коло на еден Грен слем, а славеше дури по седмата меч топка! Потешко од очекуваното, Новак Ѓоковиќ успеа да се снајде со талентираниот хрватски тенисер. 18-годишниот Хрват Дино Прижмиќ му „покажа заби“ на ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола соопшти дека Ерлинг Халанд нема да биде во тимот ни на дербито против Њукасл што се игра утре вечер на Сент Џејмс Парк. Тоа ќе биде вкупно деветти меч во низа што ќе го пропушти Норвежанецот, сметајќи ги сите натпреварувања во кои учествува Сити. Неговиот последен меч е од 6 декември кога англискиот и европски шампион гостуваше кај Астон Вила и загуби со 0-1. Оттогаш Халанд пропушти четири меча во ...

Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст, соопшти УХМР. Утре ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места, врнежите ќе бидат од ...

Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава. Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево – 12, во Крива Паланка – 11, во Маврови Анови – 10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница – 7, во Битола, Охрид и Претор – 6, во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија – 5, во Куманово и во Велес – 4, во Скопје-Петровец, Тетово и Кавадарци – 3, во Дојран -2 и во Гевгелија 0 ...

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендов ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност во текот на денот. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во ...

Вечерва од 18 часот во Минхен, репрезентацијата на Србија ќе го одигра својот прв меч на ова ЕУРО 2024 и тоа против Исланд. За српски „Моцартспорт“,екс голманот на Вардар, а сега член на Фуске Берлин, Дејан Милосављев во пресрет на денешниот меч посочи дека одлично се чувствува, дека е подготвен и дека очекува добар меч од страна на неговата репрезентација. Интересно, тука го спомна Вардар, со кого во 2019 беше најдобар во Европа: “Фантастично ...

„Се сложувам со јавноста дека треба да бидеме поцврсти во одбраната. Успешно се враќавме, меѓутоа нивниот прв налет не можевме да го запреме. Ги прифаќам критиките дека треба и мора да бидеме поагресивни. Треба да имаме контакти и дуели со противниците со кои ќе изнудуваме повеќе прекршоци од девет метри со цел да ја носиме противничката екипа во пасивна игра. Без тоа не може да се надевате на поволен резултат. Ако сакаме успех мора да го ...

Тренерот Горазд Михаилов го презема кормилото на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, а вчера ги почна подготовкиот за вториот дел од сезоната. „Црвено-црните“ под водство на Михаилов го одржаа првиот тренинг во Хиподром, каде што ќе се подготвуваат за главната цел, а тоа е опстанок во елитата. Вардар се наоѓа на последното место во Првата лига со 17 бодови, колку што има и Брегалница, додека пред нив се Македонија со 18 и Воска Спорт ...

Македонскиот олимписки комитет наскоро ќе добие нов претседател откако повеќе од половина членки се потпишаа на петицијата за смена на актуелниот прв човек Даниел Димевски. „Во името на повеќе од половина членови на Собранието на Олимпискиот Комитет на Македонија, би сакал да Ве информирам дека официјално е поднесено барање за свикување Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Македонија. Истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 ...

Meta најави имплементација на нови ограничувања за пристап до одредени содржини за адолесценти на Facebook и Instagram, за да промовира „безбедна и соодветна“ употреба за нивната возраст. Групата сега стандардно ќе ги постави сите адолесцентни сметки во построга конфигурација на двете социјални мрежи, што „го отежнува контактот со потенцијално чувствителна содржина“. Мерката се однесува на сметки за кои е идентификувано дека припаѓаат на ...

Македонската ракометна репрезентација го почна Европското првенство (ЕП) со пораз од 29-39, но селекторот Кире Лазаров смета дека не заслужиле убедлив пораз од моќната Франција. Македонија ѝ парираше на Франција во првото полувреме, па дури имаше и водство од 10-8, а селекторот Лазаров е задоволен од неговите пулени и смета дека негативата требало да биде помала. „Франција е најсилната репрезентација во светот заедно со Данска. Задоволен сум од ...

Погодокот на Милан Лазаревски на мечот меѓу Македонија и Франција се најде на петтото место на најубави голови по првото коло од групата А. Лазаревски се најде очи во очи со противничкиот голман и маестрално ја погоди мрежата. На првото место е голот на Дилан Нахи од Франција против македонската селекција. На списокот е уште еден гол на Французите, а по еден на Реми од Швајцарија и Кнор од Германија. ...

Долгогодишниот репрезентативец на Македонија, Филип Талески со нетрпение го очекува стартот на Европското првенство во Германија. Иако има само 27 години, тој безмалку една деценија е стандарден во националниот тим, а на овој шампионат има и една голема желба и цел. „Играм за репрезентацијата од 2015 година, ова ќе биде мое петто Европско првенство и чувствувам дека е дојдено времето да покажам што умеам. Тренерот Кирил Лазаров јасно ми кажа ...

Кинеската компанија BYD се израмнува со Tesla во однос на продажбата на електрични автомобили. Според прогнозите на Blumberg, Tesla би можел да ја загуби предноста веќе во тековниот квартал. Форбс е малку повнимателен, но и тој предвидува дека разликата меѓу американскиот и кинескиот производствен гигант за електрични возила ќе биде значително помала во 2024 година. Според таа прогноза, приходите на Tesla од продажбата на електрични автомобили ...

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Од УХМР соопштија дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени. Од УХМР посочуваат дека во ...

Со натпреварот меѓу македонската и француската репрезентација вечер во 18 часот (МТВ пренос) ќе биде отворено 16. Европско првенство во ракомет за мажи. Натпреварот ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Диселдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар. Покрај во Диселдорф, натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат и во Берлин, Манхајм и Минхен. Континенталниот собир во Германија е ...

Познато е дека во последно време во С. Арабија најмногу се заработува, тука мислиме на играчите и тренерите. Кристијано Роналдо е платен и до 200 милиони евра годишно, но затоа во пониските лиги, посебно во третата лига платите се екстра минимални, да кажеме симболични. Токму затоа играчите, оние кои се со поскромен квалитет, тешко се решаваат да играат во тие клубови. И кога е така, тогаш клубовите од третата лига се решаваат да бараат играчи ...

Македонската ракометна репрезентација денес одржа тренинт на „Меркур Шпил Арена“, стадион кој е специјално адаптиран за одигрување на натпреварите од Европското првенство во ракомет. Првиот противник на нашата репрезентацијаќе биде екипата на Франција. Организаторите на овој ракометен спектакл се надеваат дека утре ќе бидат пристутни 50 илјади гледачи што ќе биде нов рекорд во историјата на овие натпреварувања. Покрај македонската и француската ...

Во среда во западна и југозападна Европа под влијание на поле на низок воздушен притисок ќе преовладува нестабилно време со локални врнежи од дожд, а во крајните североисточни предели со врнежи од снег. Во останатите предели од Европа доминација на поле на висок воздушен притсок кој што ќе условува стабилно и студено време со спуштање на дополнителна поларна воздушна маса која што ќе се проширува над стариот континент. На Балканскиот полуостров ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
23%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
20%
1018
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
33%
1018
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
24%
1018
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.56
18%
1016
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
35%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
7.72
31%
1016
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
37%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
20%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
28%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
3.09
24%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
46%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62