
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Поранешниот француски напаѓач Тјери Анри откри дека во текот на кариерата имал проблеми со депресија, а најголемиот удар го добил за време на пандемијата на ковид-19 кога работел во Канада. Анри призна дека имал проблеми со депресијата во текот на цела кариера, но на почетокот на бил свесен. „Лажев долго време затоа што никој не беше подготвен да го слушне тоа што сакам да го кажам. Во текот на мојата кариера бев депресивен. Дали бев свесен за ...
Македонските ракометари пристигнаа во Диселдорф, Германија каде од 10. јануари го почнуваат настапот на Европското првенство. Македонската ракометна експедиција од денеска е во Германија. Веднаш по пристигнувањето момците на Кире Лазаров влегоа во сала за да одработат првиот тренинг. Македонија на 10. јануари од 18 часот ќе го почне настапот на Европското првенство, противник ни е селекцијата на Франција. Натпреварот ќе се игра на фудбалскиот ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Вдолж Повардарието, како и во источните делови од земјата ќе дува засилен ветер претежно од северен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од минус 6 до 2 степени, а во текот на денот од минус 3 до 7 Целзиусови степени. Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде променливо облачно со умерен, повремено ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер претежно од северен правец. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од минус 4 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне ...
Автопатот низ Србија од Белград па се до границата со Хрватска е целосно под снежна покривка и изгледа вака, објави метеопрогнозерот Славчо Попоски, кој од вечерва најавува вистинска зима со снег и температури до -10. -Студот допрва доаѓа на Балканот, а вечерва пристигнува и во Македонија! Извртени возила, камиони, луѓе излезени од автомобилите, ова е денешната глетка од автопатот кој од Белград води кон Хрватска. -Од утре ни следува сув студ, а ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и понекаде и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на ...
На 78-годишна возраст почина легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер. Веста за неговата смрт германските медиуми ја објавија денес. Како активен фудбалер Бекенбауер стана светски шампион во 1974 година, а мундијалот го има освоено и како селектор во 1990 година. Со Баерн Минхен има четири трофеи во Бундеслигата, три пехари од Лигата на шампионите. Два пати (1972 и 1976 година) Франц ја освои златната топка. Последен професионален ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се здоби со повреда на Јунајтед купот, но за краток период се рехабилитира и ќе настапи на Австралијан опен, кој е закажан за периодот од 14 до 28 јануари. Ѓоковиќ почувствувал болка во лактот и тоа ги загрижи сите, но Ѓоковиќ најави дека утре од 6.15 часот ќе тренира на „Род Лејвер“ арената каде што освои 10 титули. Да потсетиме, Рафаел Надал нема да настапи на Австралијан опен поради микроруптура на мускулот, а ...
Чудо невидено за наши услови. Имено Кустошија, клуб од третата лига во Хрватска продаде играч, и тоа во Лајпциг кај Елиф Елмас, за 5.2 милиони евра. Неговото име е Дино Клапија и има само 17 години. Овој трансфер го потвдрува и фамозниот Фабрицио Романо. Ете, така се работи. Нека видат сите клубови на Балканот, а посебно во Македонија, дека фудбалот и тоа како е одличен бизнис, само треба да знаеш да го работиш. За Клапија биле заинтересирани и ...
Здраво јас Елиф Елмас и доаѓам од Македонија-рече Елиф на претставувањето во новиот клуб. Тој објасни и што очекува во дресот на Лајпциг. Со моето семејство ќе се преселам во Лајпциг. Со мене ќе дојдат и моите родители и браќата и сестрите. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, долго време играше за РБЛ и добро го познава градот. Од него добив неколку совети. Сакам да научам германски што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам да ...
И „Apple“ и „Android“ уредите имаат свои добри и лоши страни. Сепак, обожавателите на „iPhone“ често одбиваат да се префрлат на алтернативниот оперативен систем на „Google“, некои од навика, други – затоа што мислат дека производите на „Apple“ се подобри во целина. Сепак, „Fast Company“ дава четири причини зошто корисниците на „iPhone“ треба да ги испробаат можностите на паметните телефони со „Android“. Избор на хардвер Кога купувате нов ...
Македонската фудбалска легенда Даро Панчев во интервју за српски „Спортски журнал“ говореше за повеќе теми, меѓу нив и за првата фудбалска љубов, тоа е Вардар. Клубот минува низ тежок период и е последен на табелата во ПМФЛ, но Панчев искрено му посакува се најдобро и да се спаси. „Најдоброто македонско првенство не личи на себе без Вардар. Замислете ако во Србија се игра Суперлигата без Црвена Звезда или Партизан. Клубот мина низ турбулентен ...
Денеска претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Утринската во Битола околу 4, а дневната до 8 степени. Под влијание на циклонска активност и во понеделник ќе се задржи претежно ...
Минатата година во светските медиуми почна дебата за тоа, главниот терен на кој се игра Австралија Опен, во Мелбурн да го добие името на најтрофејниот тенисер на овој турнир – Новак Ѓоковиќ. Излезе дека размислувањата на оваа тема биле тотално бесмислени затоа што такво нешто воопшто не е возможно. Причините ги откри директорот на Австралија Опен, Крег Тили. „За разлика од преостанатите три Гренд слема, ние не сме сопственици на објектите. ...
Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го дефинираше списокот од 18 ракометари на кои ќе смета на Европското првенство (ЕП) во Германија, кое го почнуваме на 10 јануари со дуелот против Франција во Диселдорф. Тоа значи дека отпадна само едно име од играчите кои тренираа изминатиот период и тоа левото крило на Пелистер, Цветан Кузманоски. Ова значи дека македонскиот стручен штаб на континенталниот собир ќе патува само со еден ...
Кардиф е заинтересиран да го ангажира Енис Барди на позајмица до крајот на сезоната. Врската меѓу Кардиф и Трабзонспор е турскиот тренер кој го води членот на Чемпионшип, тоа е Ерол Булут кој наводно сака да го види Барди во својот тим. Кардиф го сака Барди на позајмица до крајот на сезоната. Нивните амбиции се да се вмешаат во борбата за пласман во Премиерлигата, но засега се на деветтото место на табелата. Трабзонспор исто така размислува за ...
Вредноста на платформата „Х“ се намали за 71 отсто откако социјалната мрежи ја купи американскиот милијардер Илон Маск и го преименуваше Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Фиделити, која има удел во платформата. Заедничкиот фонд Фиделити, што поседува удел во платформата „X“, ја намали вредноста на своите акции, а американскиот сајт Aксиос дојде до податоци за тоа и проценува дека вредноста на ...
Вечните белградски ривали Црвена ѕвезда и Партизан играат во дербито на 19 коло на кошаркарската Евролига, а тоа што се случува во белградска „Арена“ е нешто што го нема на друго место во ова натпреварување. Повеќе од 20.000 навивачи во црвено-бела боја прават неверојатна атмосфера, а кошаркарите на Црвена ѕвезда на тоа возвратија со одлична игра во првото полувреме, кога имаа предност од 50:29. Атмосферата која беше на трибините во белградската ...
Голем број фактори имаа влијание во изминатите години за растот на заработката кај спортистите, па така „Форбс“ за 2023 година објави дека десетте најдобро платени спортисти оствариле добивка од вкупно 1,11 милијарди долари пред да се одземат пари за даноци и провизија кај менаџерите, а тоа е раст од 12 отсто во однос на минатата година и само 5 отсто во однос на претходниот рекорд во 2018 година од 1,06 милијарди долари. Во 2018 година на врвот ...
Центарот за управување со кризи ги информира граѓаните дека од сабота попладне во земјата ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и врнежи од снег. Во понеделник ќе настапи значително заладување и врнежите ќе преминат во снег. -Од Управа за хидрометеролошки работи известуваат дека под влијание на циклонска активност од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни ...
Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски, по неколку месеци без клуб по заминувањето од саудискиот тим Ал Етифак во третиот ден од новата 2024 пронајде нов ангажман и тоа во Романија. Тој денеска е промовиран во нов фудбалер на Динамо Букурешт, каде што ќе остане најмалку до крајот на сезоната со можност соработката да биде продолжена. Велковски веднаш ќе отпатува во Анталија, каде што романскиот прволигаш се наоѓа на подготовки и ќе му се ...
Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и во сабота до крајот на денот. Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота навечер, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта кон недела и во недела. Во понеделник ќе биде постудено, со услови за појава на дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места. Прогноза за 06.01.2024 Минимална температура: ...
Ракометната репрезентација на Македонија со 33-30 го доби првиот од двата пријателски натпревари против Грција кои се последните тестови пред заминувањето на Европското првенство во Германија. Македонија влезе во финалната фаза од подготовките за континенталниот собир кој го започнуваме од 10. јануари. Денеска во салата „Борис Трајковски“ се одигра првиот дуел против селекцијата на Грција. Македонската репрезентација имаше бавен старт на ...
Македонската ракометна репрезентација денеска во „Борис Трајковски“ го игра првиот натпревар против Грција во пресрет на Европското првенство (ЕП), а на трибините во салата имаше голем број навивачи со знамиња со сонцето на Кутлеш. Навивачите со десетици знамиња на трибините се погрижија да ја „загреат“ атмосферата во салата „Борис Трајковски“. Македонија и утре ќе игра контролен натпревар против Грција, кој ќе биде последен пред настапот на ЕП. ...
На десет дена пред почетокот на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ има повреда на зглобот на раката поради што доживеа пораз на дуелот со Алекс де Минор на Јунајтед купот во Перт. Кај фановите постои загриженост поради неговата состојба пред Гренд слемот во Мелбурн, но Ѓоковиќ ја смирува ситуацијата со образложение дека не му е првпат да поминува низ ова. „Никогаш не знаете што може да се случи. На два од последните три настапи на Австралија Опен ...
Во Берово утрово е најстудено, со измерени минус два степени, а најтопло е во Дебар, десет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус еден степен е измерен во Демир Капија и Куманово, нула степени во Попова Шапка, Струмица и Велес, еден во Скопје-Петровец, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, два во Дојран, Тетово, Штип и Скопје-Зајчев Рид, три во Битола и Лазарополе, четири во Крушево, Маврови Анови и Виница, пет во Претор, седум во ...
Кога TikTok стана глобален хит во 2020 година – со кратки танцови или комични клипови што ја обезбедија потребната забава за многу корисници на почетокот на пандемијата Ковид-19 – започна трка во вооружување за кратки видеа. Одеднаш, Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и другите социјални платформи побрзаа да објават слични производи, охрабрувајќи ги корисниците да прават видеа долги до една минута што ќе бидат прикажани вертикално, во фидот на лизгање ...
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ загуби од Алекс де Минаур во четвртфиналето на Јунајтед куп со 2:0, по сетови 6:4 и 6:4. Ова е прв пораз за Ѓоковиќ во Австралија по 2018 година, кога во четвртото коло на Австралија опен беше елиминиран од Хјун Чонг. Оттогаш, Ѓоковиќ има 43 последователни натпревари без пораз во Австралија. За тоа време, тој го освои Австралија опен четири пати, го освои АТП Купот во 2020 година како дел од националниот тим и ...
Натпросечното топло време за овој период од годината на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе потрае се до 7.1.2024, по што следува силен продор на поларен бран од Арктикот и многу снег на Балканскиот Полуостров. Силен циклон кој ќе се формира над Јадранот за време на викендот ќе донесе многу дожд, а потоа и многу снег во регионот. Во исто време од Арктикот ќе ни се спушта многу студен воздух кој во деновите потоа ќе ги спушти ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја почна годината на најдобар можен начин, и тоа со гол и асистенција во победата на Абердин против Рос Каунти (3-0). Миовски по само 24 минути му асистираше на неговиот колега Џејми МекГрат за водство од 1-0, а потоа истиот фудбалер ја зголеми предноста во 30. минута. Абердин доминираше и во второто полувреме, а Миовски во завршницата од дуелот на одличен начин со левата нога го матира голманот на ...