Легендата на Реал Мадрид, Луис Фиго, смета дека Килијан Мбапе и понатаму е еден од главните кандидати за „Златната топка“ во 2026 година, благодарение на неговиот блескав настап на Светското првенство. Фиго истакна дека францускиот напаѓач со 10 постигнати голови го освои „Златниот копач“ и стана најдобар стрелец во историјата на мундијалите со вкупно 22 погодоци. „Мбапе и неговиот голем настап на Светското првенство сигурно ќе го задржат ...

Легендарниот Шекил О’Нил е едно од најпрепознатливите имиња во светот на кошарката, но и покрај огромната популарност, поранешната НБА-ѕвезда вели дека не сака да биде сместуван во категоријата „славни личности“. Во интервју за Page Six, 54-годишниот О’Нил објасни дека себеси се смета за „обичен човек“, а притоа без многу воздржување го кажа своето мислење за однесувањето на дел од познатите. „Извинете ми за изразот, но славните личности се ...

По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на ...

Томас Милер повторно предизвика дебата за тоа дали присуството на Лионел Меси влијае на судиските одлуки. Германскиот фудбалер се потсети на ситуација со аргентинскиот капитен од која, според него, произлегува дека судиите го фаворизираат Меси. Неговата изјава се прошири на социјалните мрежи во видео и беше поврзана со контроверзиите од Светското првенство во 2026 година, пишува Goal.com. Thomas Müller speaks about referees favoring Messi: ...

Полицијата поднесе кривична пријава за локал во Охрид затоа што на 14-годишно дете му бил послужен алкохол. Според информациите на МВР, по послужувањето на алкохолот, на малолетникот му се слошило и паднал во несвест. СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на ...

Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше ...

Во Битола денеска во салата на Советот, се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која Министерството за култура и туризам го продолжува процесот на изработка на Стратегија за развој на туризмот на Македонија за период 2027 – 2032 година. На работилницата учество зедоа претставници на Општините од овој регион, како и претставници од јавниот, невладиниот и приватниот сектор. Поздравно обраќање имаше градоначалникот на ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и др оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од ...

Иван Бартон, салвадорскиот судија кој го судеше полуфиналето на Светското првенство помеѓу Франција и Шпанија, му одговори на Дидие Дешамп. По поразот од 2-0, тогашниот француски селектор јавно го доведе во прашање квалитетот и подготвеноста на Бартон за натпревар од толку големо значење. Бартон зборуваше за зборовите на Дешамп во емисијата „Хорхе Рамос и су Банда“. Тој рече дека критиките не го погодиле бидејќи тој и неговиот судиски тим ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека немаше наместени натпревари за време на Светското првенство во 2026 година, објави „SBC News“. Експертите на ФИФА изјавија дека не утврдиле постоење на наместени натпревари на Светското првенство. Претставници на организацијата ја следеа состојбата на пазарите за обложување во реално време, како и настаните на терен. Формирана е посебна работна група за контрола на интегритетот на ...

Додека Гостивар се соочува со масовно заболување предизвикано во услови на контаминиран водоснабдителен систем, Владата на ДПМНЕ се обидува својата законска, здравствена и морална обврска да ја спакува во пластично шише, велат од Левица и истакнуваат дека флашираната вода во ограничени количества не може да ги покрие поттребите Партијата бара итна целосна мобилизација на државните капацитети – цистерни и домашна достава на исправна вода, ...

Норвешката фудбалска федерација (NFF) ќе поднесе жалба до ФИФА поради мешањето на американскиот претседател Доналд Трамп во одлуката за поништување на црвениот картон на Фоларин Балогун. Претседателката на асоцијацијата, Лизе Клавенес, го објави потегот во интервју за The Times. Откако беше поништена суспензијата, Балогун можеше да игра во осминафиналето на Светското првенство против Белгија, натпревар во кој САД загубија со 4:1. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во американската држава Џорџија изјави дека „Иран не е подготвен да склучи договор, но дека ќе биде многу наскоро“. Трамп им рече на своите поддржувачи во градот Мариета дека војната со Иран е „измама“ и дека Иран всушност сака да склучи договор иако постојано има нови барања, објавува „CBS News“. „Но, јас велам дека тие не се подготвени да склучат договор. Бидејќи секој пат кога ќе склучат договор, тие ...

Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека по вчерашната голема акција за расчистување, денес почнува садењето на 60 нови садници јавор и јасен. „Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура ...

Везниот играч на Манчестер Сити, Родријао „Родри“ Ернандез, ќе мора да замине на операција на грбот, поради што неговиот настап на стартот од сезоната 2026/27 е под голем знак прашалник. Капитенот на шпанската репрезентација неодамна го освои светското првенство со својата селекција, но англискиот шампион сега се подготвува за подолг период без еден од своите најважни играчи. Според „The Athletic“, точниот датум на враќање засега не е ...

За да се стави крај на конфликтот во Украина, ќе бидат потребни нови предлози и концепти, бидејќи претходните иницијативи не успеаја да ги приближат ставовите на Москва и Киев, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Манила. Средбата на шефовите на американската и руската дипломатија се одржа на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е проект што го започна СДСМ. Постапката почна во декември 2019 година. Тендерот беше распишан во 2020 година, а финансирањето од над 200 милиони евра преку ЕБОР, ЕИБ и грант од Европската Унија беше обезбедено во времето на СДСМ. Договорот за изградба беше потпишан во април 2023 година. Што направи градоначалничката Данела Арсовска кога ја презеде општината? Постапката ја закочија, велат од ...

Американскиот кошаркар Ламар Стивенс, е новиот играч на Партизан, објавија од таму. Како што е наведено, доскорешниот крилен центар на Париз и поранешен играч на Мемфис, Бостон и Кливленд потпиша двегодишен договор, пренесува Танјуг. Стивенс има 29 години, роден е во Филаделфија и е висок 201 сантиметар. Би можело да ве интересира Американскиот кошаркар Ламар Стивенс, е новиот играч на Партизан, објавија од таму. Како што е наведено, ...

Вештачката интелигенција може да ви заштеди време и да ја зголеми продуктивноста, но експертите предупредуваат дека постојат работи кои никогаш не треба целосно да ѝ се препуштат. Иако денес може да пишува текстови, да анализира огромни количини податоци и да предлага решенија, таа сè уште не може да ги замени човечкото искуство, интуицијата и одговорноста. Според анализата на соработничката на „Форбс“, Џоди Кук, вештачката интелигенција ...

Силна песочна бура го погоди Истанбул вчера попладнево пред поројниот дожд, небото се затемни, ветерот корнеше дрвја и крена покриви, а возачите имаа проблеми поради намалена видливост поради облаци прашина. Поради силни ветрови и неповолни временски услови, некои авиони кои се обидуваа да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Гокчен“ беа принудени да кружат во воздух, објави порталот „Сон Саика“. Bugün İstanbul. Bu mevsimde herhalde ...

Арбен Таравари е во спротивност со своите изјави. Додека еднаш се појави пред граѓаните на Гостивар и ја обвини тогашната влада дека ги „труе“ граѓаните со негрижа и неактивност, за време на неговиот мандат излезе и рече дека го решава проблемот со водата во Гостивар „за следните 100 години“, велат од „Вреди“. Денес, кога, како што додаваат, одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ...

Петиција со која се бара трајно исклучување на аргентинската фудбалска репрезентација од Светското првенство во 2026 година стана вирална на интернет за време на Светското првенство во 2026 година. Организаторите на кампањата, наречена „Аргентина надвор“, тврдеа дека таа била поддржана од 23.316.108 луѓе од околу 170 земји за помалку од една недела. Петицијата беше покрената поради незадоволството кај некои навивачи од судењето на ...

Тврдењата на компанијата Anthropic за заштита на приватноста сега се „многу потешки за прифаќање“. Anthropic, компанија која се претставува како морален центар на AI индустријата, е фатена како ги шпионира своите корисници. Според Ars Technica, истражувач за безбедност неодамна открил код сличен на шпионски софтвер (spyware) во нивниот AI модел, Claude Code. Кодот бил дизајниран тивко да собира податоци за корисниците во Кина. Истражувачот, ...

Многумина со нетрпение ги одбројуваат деновите до годишниот одмор, очекувајќи конечно да се ослободат од работните обврски, стресот и секојдневното темпо. Но, наместо уживање, кај дел од луѓето токму во првите денови од одморот се појавуваат болки во грлото, затнат нос, главоболка, покачена температура, замор или други здравствени тегоби. Иако на прв поглед изгледа како лоша среќа, стручњаците посочуваат дека зад ова може да стои феномен ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воена акција во западноафриканската земја Мали за да нападне група поврзана со Ал Каеда, позната како ЈНИМ (JNIM) , рекоа сегашни и поранешни американски официјални лица запознаени со дискусиите, објави „Вашингтон пост“. Ако биде одобрено, Мали ќе биде осмата земја на листата на земји каде претседателот Доналд Трамп наредил напади од почетокот на неговиот втор мандат — ...

По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење, реагираат од СДСМ. „Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење. Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава. Проблем на ...

Партијата ВЛЕН упати серија критики и прашања до Арбен Таравари во врска со проблемите со водоснабдувањето во Гостивар, обвинувајќи го дека ветувањата дадени додека ја предводел локалната власт не биле реализирани. Од ВЛЕН потсетуваат на претходните јавни настапи на Таравари, кога, како што наведуваат, го обвинувал тогашното раководство за негрижа и непостапување во однос на водоснабдувањето на градот. Според партијата, подоцна, за време на ...

По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење, велат од СДСМ. „Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење. Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава. Проблем на еден ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го предупреди својот американски колега Марко Рубио за време на состанокот во главниот град на Филипините, Манила, за „неприфатливото продолжување на испраќањето оружје во Украина“, соопшти руското Министерство за надворешни работи во четврток. Прва средба од септември Оваа прва средба меѓу двајцата дипломати од септември 2025 година се одржа на маргините на состанокот на Асоцијацијата на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35