Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Додека НАТО се соочува со внатрешни превирања предизвикани од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можно повлекување на САД, амбасадорката на Украина во алијансата гледа можност во кризата. За разлика од загрижените сојузници како полскиот премиер Доналд Туск, кој ја гледа како остварување на „сонот на Путин“, Аљона Гетманчук верува дека ова е момент за трансформација, а не за пропаст на алијансата, пишува „Политико“. ...
Премиерката на Италија, Џорџија Мелони, денес пристигна во ненадејна посета на регионот на Персискиот Залив за да „ја зајакне националната енергетска безбедност“ во услови на конфликт на Блискиот Исток, изјави владин извор. Мелони ја започна својата ненадејна и ненајавена турнеја низ регионот во саудискиот пристанишен град Џеда. Во текот на два дена, таа ќе се сретне со лидерите на три земји, соопшти нејзината канцеларија. Посетата беше ...
Музичката еуфорија околу Јаков Јозиновиќ не се намалува, а младиот изведувач продолжува да има импресивни успеси во Белград. За помалку од 20 минути, тој го распродаде својот деветти концерт во Сава Центар, дополнително зацврстувајќи го својот статус како една од најголемите регионални сензации, пишува Индекс.хр. Интересот на публиката повторно беше огромен – околу 9.000 луѓе чекаа во виртуелен ред за да добијат билети за новиот датум. И ...
Американски борбен авион F-15 е соборен над Иран, што е прв познат случај на ирански сили кои собориле американски авион од почетокот на конфликтот. Претходно во војната, кувајтската воздушна одбрана собори три американски авиони F-15E во инцидент со пријателски оган. Инцидентот сериозно ги доведува во прашање неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет, кои постојано сугерираа дека САД ...
Се радувам што преку ИНОВА ја зајакнуваме соработката со универзитетите, затоа што токму академската заедница е клучниот двигател на знаењето, иновациите и општествениот напредок. Верувам дека заедно ќе изградиме поквалитетен високообразовен систем, ќе создадеме повеќе можности за научни и технолошки достигнувања и ќе развиваме кадар подготвен да одговори на современите предизвици. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р ...
Зендаја веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста, и поради нејзиниот нов филм „The Drama“ и поради нејзиниот мистериозен брак со Том Холанд. Фотографите од странските медиуми го следат секој нејзин потег, па затоа не е изненадувачки што и овој пат ја „фатија“ среде бел ден. Имено, актерката неодамна беше фотографирана на улиците на Њујорк, а го привлече вниманието на јавноста, како и на модните критичари, со својата шик ...
Поранешниот ирански министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф верува дека Техеран треба да ја искористи својата моментална супериорност во конфликтот за да склучи сеопфатен мировен договор со САД, со што ќе се стави крај на 47-годишното непријателство. Тој ги изрази своите ставови во авторски напис за списанието „Форин Аферс“. „Техеран треба да ја искористи својата супериорност не за да ја продолжи борбата, туку да прогласи победа и ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. ...
Голем број ирански дипломати денеска му се потсмеваа на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата закана да го бомбардира Иран и да го врати „во камено доба“. Поранешниот ирански министер за надворешни работи, Џавад Зариф, остро ги критикуваше „арогантните, незнаечки потомци“ на античките Европејци, очигледно алудирајќи на Трамп. „Иран стоеше во срцето на лулката на цивилизацијата додека вашите предци во Европа, бидејќи САД во тоа ...
Мобилната единица на МВР санкционираше правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на деца. Полицијата го запрела автобусот и било утврдено дека има 37 патници односно деца повеќе од дозволеното, а на технички преглед биле утврдени неисправни сопирачки. „Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вети дека ќе продолжи со нападите врз Иран додека војната се приближува кон шестата недела. Зборувајќи за време на состанокот во израелскиот воен штаб во Тел Авив, Нетанјаху рече дека Израел, заедно со САД, ќе продолжи да го уништува иранскиот режим. „Заедно со нашите американски пријатели, продолжуваме да го уништуваме терористичкиот режим во Иран. Ги елиминираме командантите и бомбардираме мостови и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт, Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски односи, засновани на меѓусебно разбирање и заемна почит. „Време е за збогатување на соработката со нови форми и содржини. Во ера на глобализација, вештачка интелигенција и ...
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека почнала нов бран комбинирани напади со ракети и беспилотни летала врз американски и израелски цели, при што тврди дека е соборен и американски борбен авион Ф-35, пренесе иранската агенција Тасним. Според соопштението, нападите биле насочени кон радари, поморска опрема и израелската воздушна база Рамат Давид, а погодени биле и повеќе цели во Тел Авив. Иран тврди дека во текот на операцијата бил ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со заменик-министерот Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, го посетија Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во Мојот Свет“ – Скопје, како дел од активностите во месецот на подигнување на свесноста за аутизмот. Здружението воспостави дневен центар за млади од 14 до 26 години, со ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека конфликтот во Иран и регионот влијае на обезбедувањето здравствени услуги и безбедноста на здравствените работници, пациентите и цивилите присутни во здравствените установи. „Во последните денови, во иранската престолнина Техеран, за време на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, се пријавени повеќекратни напади врз ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право. За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на ...
Манчестер Сити му понуди нов договор на најдобриот играч во светот, во 2024 година, Родри. Според Фабрицио Романо, Реал Мадрид покажува сериозен интерес за 29-годишниот репрезентативец на Шпанија, што на „граѓаните“ не им се допаѓа и поради тоа одлучија да го спречат првиот потег на шпанскиот клуб. Доколку Родри ја одбие новата понуда, клубот од Манчестер сепак ќе бара голема отштета уште ова лето, и покрај тоа што неговиот договор истекува ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели објава во која зборува за нафтата. Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп напиша: „Со уште малку време можеме лесно да го отвориме Ормускиот теснец, да ја преземеме нафтата и да заработиме богатство. Тоа би бил извор на богатство за целиот свет???“, се вели во објавата. pic.twitter.com/lIzIVvz2Pa — Rapid Response 47 (@RapidResponse47) April 3, 2026 Текстот Трамп: ...
Во населбата Козле, во општина Карпош, наскоро ќе биде отворен Центар за дневен престој на лица со попреченост, соопшти Општината. Станува збор за простор кој ќе обезбеди стручна грижа, психосоцијална поддршка, социјализација и развој на животни вештини за корисниците. Проектот е резултат на соработка меѓу Здружението за здрав раст и развој „Неуроклиник“, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Светска банка и Општина ...
Голманот на Ливерпул, Алисон, нема да игра во следните неколку недели поради повреда на бутниот мускул, објави тренерот на шампионите на Англија, Арне Слот. Алисон (33) се повреди пред три недели, поради што не играше за Бразил на пријателските натпревари против Франција и Хрватска. „Алисон нема да биде дел од натпреварите против Пари Сен Жермен. Ќе биде надвор од терените уште малку. Во финишот на сезоната очекуваме повторно да биде ...
Иранската Револуционерна гарда тврди дека соборила американски борбен авион над централниот дел на земјата, пренесе Index, повикувајќи се на агенциите Фарс и Мехр. Според нивните наводи, леталото било целосно уништено, а нема информации за судбината на пилотот. Дел од воените аналитичари на социјалните мрежи посочуваат дека можеби станува збор за авион F-15E, а не F-35. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавиле снимки од американски ...
На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме, а можам да го најавам и на ...
Џенаро Гатузо ја напушта својата работа како селектор на италијанската репрезентација. Одлуката е донесена, а формалните чекори ќе следат. Гатузо нема да продолжи по неуспехот да се квалификува на Светското првенство, односно по поразот од Босна и Херцеговина во плејофот. Наскоро се очекува официјално соопштение, како што објави „Скај Спорт Италија“. За време на својата тренерска кариера, легендарниот фудбалер ги предводеше Милан, Наполи, ...
Ел Мекферсон, поранешната супермоделка со прекар „The Body“, неодамна го прослави својот 62-ри роденден, а набргу потоа се врати во светот на манекенството. Таа позираше за кампања за брендот за интимна долна облека за жени „Bonds“, што предизвика бројни реакции и коментари на мрежите. Претставниците на брендот нагласија дека фотографиите претрпеле минимална обработка, што е видливо на моделот. Траги од време и оштетување од сонце се ...
Европската комисија била цел на кибернетички напад при кој биле украдени околу 91,7 GB податоци од нејзината cloud инфраструктура, кои подоцна биле објавени на dark web, пренесе Index, повикувајќи се на CERT-EU. Според информациите, напаѓачите дошле до пристап преку компромитирана верзија на алатката Trivy, што укажува на напад преку синџирот на снабдување. Со украден AWS клуч, тие креирале нов пристап и започнале со истражување на системот. ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. За прв пат, како што велат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. „Наместо досегашното ...
Капитенот на Челзи, Енцо Фернандес, е отстранет од тимот за следните два натпревари, објави тренерот на „Сините“, Лиам Росениор. Англиските медиуми тврдат дека Фернандес е суспендиран затоа што пред неколку дена дал интервју во кое јавно ја изразил својата желба да се пресели во Реал Мадрид на крајот од сезоната. „Прво дакажам дека го почитувам Енцо како човек, личност и играч. Тој е фрустриран затоа што сака да бидеме успешни. Што се ...
Актерката Сидни Свини повторно го привлече вниманието на љубопитниот свет со својот моден бренд „Syrn“. Таа претстави нова колекција долна облека наречена „Моето прво родео“, на уникатен начин за да оддаде почит на претстојната фестивалска сезона. Сензуалните, но структурирани парчиња се дизајнирани како облека за сите пригоди. Модната линија вклучува бодиња кои ја следат линијата на телото, нежни комплети од чипка и секси корсети. Сите ...
Исплатени се 1.021.527.000 денари на 2.139 одгледувачи, по основ на мерката 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, соопшти Министерството за земјоделство. „Остануваме посветени на оваа сточарска гранка“, се додава. Текстот Над 1 милијарда денари исплатени за овчарството е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Исплатени се ...
Цените на станбените објекти во Хрватска во 2025 година пораснале во просек за 14,1% во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пренесе Хина. Новите станови поскапеле за 13,1%, додека постојните за 14,3%. Регионално, цените во Загреб пораснале за 14,2%, на Јадранот за 11,8%, а на останатите подрачја најмногу – за 19,3%. Растот продолжил и во последниот квартал од 2025 година, кога цените на ...