ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод. Од владејачката партија оценуваат дека со ваквите, како што ...

Американската индустрија за вештачка интелигенција во последните месеци се соочува со предизвик чии вистински размери допрва ќе се видат. Додека голем дел од водечките американски компании развиваат затворени и скапи системи, кинеските технолошки компании сè поагресивно се насочуваат кон отворени модели чии тежини – weights – корисниците можат бесплатно да ги преземат, приспособуваат и користат. Овој пристап веќе почнува да го менува начинот ...

Општина Бутел достави 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, поради актуелната состојба со водоснабдувањето. Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите членови на Советот на општината, кои ја поддржаа оваа донација. Воедно, градоначалникот изрази посебна благодарност до општествено одговорните ...

Еден од најважните аргентински дефанзивци во изминатите години, Николас Отаменди, објави дека ја завршува репрезентативната кариера. Искусниот стопер по 17 години повеќе нема да го носи дресот на „гаучосите“. Отаменди се прости од репрезентацијата неколку дена по финалето на Светското првенство во 2026 година, кое воедно беше и негов последен настап за Аргентина. За националниот тим одигра 139 натпревари и беше еден од клучните фудбалери во ...

На 86-годишна возраст почина Наум Бурназ, доајен на македонската песна и уметник кој најголемиот дел од својот живот го посвети на музиката и негувањето на македонското музичко наследство. Тажната вест доаѓа помалку од еден месец по смртта на неговиот син Петар, што претставува уште една голема загуба за семејството Бурназ. Наум Бурназ со децении беше дел од ансамблот на Македонската опера, каде што ја градеше својата долгогодишна ...

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година. Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование. -Првиот училишен ...

Длабоко под топлите и плитки води во близина на денешниот остров Курасао, пред околу 2.300 години започнал животот на едно од најневеројатно долговечните животни познати на науката. Микроскопска група клетки, не поголема од зрно песок, се прицврстила за корал и оттогаш започнал процес што ќе трае повеќе од два милениума – непрекинато филтрирање на морската вода. Во времето кога картагинскиот војсководец Ханибал бил млад човек и се ...

СДСМ побара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места, како и проверка на квалитетот на водата во сите градови и општини во државата. „Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување“, велат од партијата. СДСМ бара и на ...

Општина Прилеп денеска оддаде почит на Методија Андонов-Ченто, еден од најзначајните македонски историски личности и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, по повод 69-годишнината од неговата смрт. Пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп, свежо цвеќе положија претставници на семејството Андонов-Ченто, Општина Прилеп, Советот на Општината, политички партии, граѓански здруженија и Сојузот на борците, со што беше оддадена почит кон ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов план за оданочување на увозот, како одговор на одлуката на Врховниот суд кој претходно оваа година ги блокираше неговите најагресивни царини. Трамп тогаш најави дека ќе најде други начини за спроведување на својата трговска политика, објави Си-ен-ен. Канцеларијата на американскиот трговски претставник соопшти дека од петок во 00:01 часот по локално време ќе стапат во ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја злоупотребува состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за политички цели и дека шири паника и дезинформации меѓу граѓаните. Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, наместо да понуди решенија, ја користи актуелната состојба за политички маркетинг и создавање вознемиреност кај јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владините институции реагирале навремено и дека проблемот ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција во износ од над 1,15 милиони евра. Како што соопшти Судот, гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено му е определена мерка на претпазливост – одземање на патната исправа, со цел да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот ...

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека континуирано спроведува контрола на водата што се испорачува до жителите на Битола и населените места опфатени со водоснабдителниот систем, со цел обезбедување сигурна, безбедна и квалитетна вода за пиење. Од претпријатието посочуваат дека преработката на водата се врши во Филтерската станица Дихово, каде Одделението за санитарна контрола и третман на вода за пиење спроведува 24-часовен мониторинг на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, која влегува во петтиот месец, а негови советници стравуваат дека конфликтот може да го обележи вториот мандат и негативно да влијае врз републиканците на претстојните избори за Конгресот, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата. Според весникот, Трамп сè помалку верува дека преговорите можат да донесат траен мир и сега смета ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што го задржа статусот на заштитено светско културно и природно наследство. Со одлуката, на државата ѝ е даден дополнителен рок од вкупно пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство. Македонската делегација, предводена од амбасадорот Игор Николов, ја потврди ...

Светското првенство штотуку го доби својот шампион, а фудбалскиот свет веќе го тресе голем скандал. Меѓународното советодавно тело „Group of Copenhagen“, специјализирано за откривање и спречување местење натпревари, објави извештај во кој наведува дека дури седум ситуации од штотуку завршениот Мундијал биле означени како сомнителни и поврзани со нерегуларности на обложувалниците. Како што пренесува The Athletic, сомнителните обрасци на ...

Необична сцена на почетокот на јули ги вознемирила капачите на плажа во италијанскиот град Фолоника, на брегот на Тиренското Море. Сè започнало кога петгодишно момче, додека нуркало во плиткиот дел покрај брегот, забележало огромна ајкула. Меѓу присутните брзо се проширил страв, но набрзо било утврдено дека животното не е живо. Станувало збор за угинат примерок долг околу 4,5 метри и тежок повеќе од 500 килограми. Обалната стража ја ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, ги оцени како неосновани обвинувањата на Вашингтон дека ЕУ недоволно ги спроведува забраните за принудна работа, по воведувањето нови американски царини, пренесе Ројтерс. Калас изјави дека Европската Унија не очекувала да биде опфатена со новите мерки и најави дека Брисел ќе побара појаснување од американската администрација. „Имавме договор со Америка и се ...

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени ноќеска ја погоди Австрија, со епицентар во областа Земеринг, а беше почувствуван и во делови од Словенија. Според австриската геолошка служба, потресот бил на длабочина од четири километри, а граѓаните пријавиле дека се почувствувал во источниот дел на Долна Австрија, Штаерска, како и во Виена. Во земјотресот е причинета помала материјална штета, а пожарникарите интервенирале поради одрони од карпи на ...

СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје. Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии. Партијата поставува прашања дали биле преземени ...

Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот. Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост. „Против Новак немам такво чувство“, призна Надал. Тој објасни дека за победа над Ѓоковиќ било неопходно ...

Социјалната мрежа на Илон Маск, X, влегува во жестока конкуренција со платформи фокусирани на видеа како TikTok. X се обидува да ги охрабри своите корисници да објавуваат повеќе оригинални видеа на апликацијата, наместо да објавуваат веќе популарни клипови од други места. За таа цел, платформата додаде видео-едитор во својата iOS апликација. Никита Бир, шеф на производи на X, истакна дека алатката за уредување и снимање вклучува опција за ...

Новиот ден носи динамична енергија, можности за напредок, но и потреба внимателно да се проценат следните чекори. За дел од хороскопските знаци, 24 јули ќе биде особено поволен на професионален план, додека други ќе почувствуваат дека љубовта, семејството и личните односи бараат поголемо внимание. Овните и Јарците би можеле да забележат конкретен напредок во кариерата, Лавовите ќе привлекуваат внимание каде и да се појават, а Близнаците и ...

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, велат од владејачката партија утрово преку соопштение. „Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на ...

Младиот австралиски репрезентативец Кристијан Волпато се најде во центарот на голем скандал во Сиднеј, откако наводно бил позитивен на кокаин при рутинска сообраќајна контрола, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, 22-годишниот фудбалер бил запрен во своето купе „БМВ“ околу еден часот по полноќ на познатиот мост Анзак. Причина за запирањето било пречекорување на дозволената брзина – Волпато возел 109 километри на час во зона ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги доведе во прашање снимките и фотографиите поврзани со воздушниот напад врз училиште за девојчиња во јужен Иран, во кој, според извештаите, загинаа 120 деца и десетици наставници и родители. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека е можно снимките на кои се гледаат остатоци од американски ракети „Томахавк“ да се генерирани со вештачка интелигенција. Trump is now calling evidence of US bombing of ...

СДСМ ја обвини Владата и ВМРО-ДПМНЕ дека поради, како што наведува, институционални пропусти во случајот со загадената вода во Гостивар, последиците сега ги трпат и приватните бизниси. Партијата посочува дека, според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се изречени 30 казни и 12 забрани за работа, при што засилените инспекциски контроли продолжуваат. „Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка“, ...

Системот SynthID на Google беше искористен за разоткривање на лажна слика генерирана од AI, која привлече широко внимание од јавноста, што е ретка, но значајна победа за системот. Неодамна, фотографија на која наводно се прикажува сенаторот од Кентаки, Мич Меконел, во болнички кревет, покриен со цевки и во состојба на екстремен стрес, кружеше на интернет. Сликата беше широко споделена на Reddit и X, но угледната страница за проверка на факти ...

Њујоршката полиција истражува напад со нож во кој вчера на Менхетен беа повредени двајца мажи – еден со азиско, а другиот со еврејско потекло – откако сведоци и жртвите изјавиле дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“. Полицијата го уапси 51-годишниот Раул Моралес, а мотивот за нападот сѐ уште се истражува. Според првичните информации, можно е психичката состојба на осомничениот да имала значајна улога во инцидентот.  ...

Дел од корисниците во Општина Центар денеска привремено ќе останат без електрична енергија. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекинот е предвиден во периодот од 9:00 до 11:30 часот и ќе ги опфати корисниците од улицата „Белградска“. Текстот Дел од Центар денес без струја е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Дел од корисниците во Општина Центар денеска привремено ќе останат без електрична енергија. Според ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Паладиум

32279.35