Мерил Стрип и Ен Хатавеј напорно работат на промоција на култниот филм „Ѓаволот носи Прада 2“. Омиленото дуо неодамна присуствуваше на премиерата на филмот во Мексико и, благо речено, ги воодушеви сите на црвениот тепих. Сепак, видео кое брзо стана вирално го привлече вниманието на сите. За време на едно интервју во Мексико, Мерил ги изненади сите со едноставен, но моќен гест. Таа и нејзината колешка Ен Хатавеј се појавија во Сината куќа на ...

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека соработката меѓу Агенцијата за иновации (ИНОВА) и државните универзитети претставува важен чекор за развој на науката и економијата во земјата. Тој истакна дека образованието е „најсилната инвестиција во иднината“ и нагласи дека поврзувањето на институциите, универзитетите и приватниот сектор е неопходно во услови на брзи глобални промени. „Образованието не е трошок – тоа е најсилната инвестиција во ...

Кинескиот регулатор за кибернетички простор објави нацрт-пропис за надзор на развојот на „дигитални луѓе“, со цел заштита на децата на интернет. Според предлогот, сите содржини со виртуелни луѓе ќе мора да бидат јасно означени, а се забранува нивно користење за услуги кои можат да ги доведат во заблуда децата или да поттикнат зависност. Правилата предвидуваат и забрана за „виртуелни интимни односи“ со лица под 18 години, како и користење ...

Позната по својот весел дух, но и по својот префинет вкус за мода и нејзините детали, Хајди Клум повторно привлече внимание на улиците на Њујорк. За дневната пригода, таа одлучи да го покаже својот чист сексапил, и избра црн фустан од романската дизајнерка Марија Луција Хохан. Heidi Klum’s Leather LBD Looks Like It’s Made of Liquid and Features a Thigh-High Slit https://t.co/5C4xJT71m0 — InStyle (@InStyle) April 2, 2026 Станува збор за ...

На прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски обвини дека во 2020 година во Тетово биле донесени измени на деталниот урбанистички план со кои, како што рече, било овозможено реализирање на бизнис вреден 200 милиони евра. Според него, станува збор за просторот на поранешниот комбинат ШИК Јелак, кој бил откупен од Миодраг Давидовиќ преку фирмата „Јелак Градба“.  Петрушевски тврдеше дека новиот ДУП бил донесен само еден ден ...

Венеција повторно воведе влезница за еднодневни посетители, која изнесува 10 евра, пренесе германската агенција ДПА. За вкупно 60 датуми до крајот на јули, туристите кои доаѓаат без ноќевање ќе мора да платат за влез во градот. Доколку билетот се резервира најмалку три дена однапред, цената е 5 евра. Гостите кои преноќуваат се ослободени од оваа такса, но плаќаат туристички данок за секоја ноќ. Минатата година повеќе од 720.000 еднодневни ...

Францускиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, откри дека сакал да ја напушти репрезентацијата по Европското првенство 2020. Пред почетокот на Светското првенство, вниманието повторно е насочено кон Килијан Мбапе, главната ѕвезда на актуелниот вицешампион на светот. Иако е клучен играч за Франција, Мбапе откри дека по неуспехот на Европското првенство во 2020 година, сериозно размислувал за повлекување од ...

Аманда Харпер доживеа јавен линч поради облеката што ја носеше додека ги водеше вестите на Би-би-си. Водителката носеше кожни панталони и високи потпетици, а се чини дека оваа комбинација беше повод за лавина негативни коментари. Луѓето пишуваа на социјалните мрежи дека изгледа „евтино“ и дека „не е соодветно водителка да е облечена вака“. „Ужасна комбинација“, „Кој го дозволи ова?“, „Евтиното и невкусното е очигледно во мода. За среќа, се ...

Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски, одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти, како и за поголемо вклучување на пензионерите во активностите што ги спроведува општината. На состанокот, градоначалникот ги повика пензионерите да ја искористат можноста за бесплатни здравствени прегледи и консултации со тим специјалисти, што ќе се ...

Недостатокот на гориво се прошири низ цела Франција откако возачите побрзаа да наполнат гориво кога беа воведени ограничувања на цените, што ги оптовари залихите на стотици бензински пумпи, според извештаите од Министерството за енергетика и медиумите. Министерството за енергетика во средата соопшти дека околу 900 бензински пумпи останале без барем еден вид гориво, вклучувајќи околу 700 управувани од енергетскиот гигант „TotalEnergy“, ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, ја коментираше лошата форма во која се наоѓа играчот на Манчестер Сити, Фил Фоден. Германецот го повика во репрезентацијата за пријателските натпревари со Уругвај и Јапонија за да се обиде да се наметне за претстојното Светско првенство, но се чини дека тоа не вроди со плод. „Тој го даде својот максимум. Би рекол дека беше добар на тренинзите, но се мачеше да го покаже тоа на ...

Џереми Дуфрен, сопругот на пејачката Лана Дел Реј, со која е во брак од септември 2024 година, стана вирален откако остро одговори на негативен коментар во кој корисник на Инстаграм рече дека нивниот брак нема да трае и предвиде развод. Лана Дел Реј му го честиташе роденденот на својот сопруг со пораката: „Среќна роденденска недела на најслаткиот човек што го познавам“, по што следеа претежно позитивни реакции, но имаше и негативна која ...

Поврзаноста на владата на СДС под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 метри квадратни земјиште. Кичеец бил посредник на Заев, кој Дака го ...

Контејнерски брод во француска сопственост помина низ Ормускиот теснец, веројатно првиот познат премин на брод насочен кон Западна Европа откако војната во Иран речиси ја затвори клучната бродска линија, објави „Блумберг“. „CMA CGM Kribi“ исплови од водите на Дубаи кон Иран во четвртокот попладне по локално време, сигнализирајќи француска сопственост, покажаа податоците за следење на бродовите. The French‑linked container ship CMA CGM Kribi ...

Германскиот стручњак Јоаким Лев е фаворит да го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Гана. Гана го отпушти селекторот Ото Адо 72 дена пред почетокот на овогодинешното Светско првенство. Како што објавија медиумите во земјата на „црните ѕвезди“, по интензивните преговори во последните 24 часа, постигнат е договор со Лев. Ова воедно го означува враќањето на светскиот шампион со Германија во 2014 година, кој не работел никаде од ...

Судијата што ја води правната битка помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони отфрли 10 од 13-те тужби што актерката ги поднесе против својот колега, задавајќи ѝ значаен удар пред судењето. Двојката ќе се соочи на суд следниот месец по преостанатите три точки. Отфрлени се повеќето тужби Американскиот окуржен судија, Луис Џ. Лиман, во четврток ги отфрли повеќето тужби на Лајвли, вклучувајќи ги и оние за вознемирување, клевета и заговор. Сепак, тој ...

Подготовките за деценискиот план на Мицкоски за изолација на земјата и грабеж на граѓаните се во тек. Јавното обвинителство и судството се под контрола на власта, со подобни обивнители и судии блиски до Мицкоски, следува брутална партизација и на МВР, вели Александар Димитријевиќ од СДСМ. Според него, додека криминалот и корупцијата царуваат насекаде, скандали со 5 тони дрога кои водат до врвот на власта, во МВР, како што додава, се случува ...

Иран се закани дека ќе гаѓа енергетска инфраструктура и телекомуникациски компании во регионот поврзани со американски капитал, доколку САД продолжи со закани за напади врз иранските електрани, пренесе „Прес ТВ“. Портпаролот на иранската војска, Ебрахим Золфагари, изјави дека Техеран ќе одговори на секој таков потег и дека потенцијални цели може да бидат клучни сектори во земји од Блискиот Исток каде што работат компании со американски ...

Вкупно 48 фудбалски репрезентации се квалификуваа за овогодинешното Светско првенство, кое за прв пат се одржува во три земји: Мексико, Канада и САД. Светското првенство ќе се игра од 11 јуни до 19 јули. Откако беше комплетиран списокот на учесници, специјализираниот портал „Трансфермаркт“ ја објави пазарната вредност на сите селекции. На врвот на таа листа е Англија, чија вредност се проценува на 1,62 милијарди евра. Следува Франција со ...

Maja Балова Интернационал дел од Beauty Expo 2026 – најголемиот саем за убавина Академијата за едукација во областа на трајната шминка Maja Балова Интернационал ќе биде дел од престижниот саем за убавина Beauty Expo, кој ќе се одржи од 3 до 5 април во хотел Александар Палас – Скопје. Како официјален едукатор и дистрибутер за Македонија на светски познатите PMU брендови BROVI PMU INK и FACE, академијата ќе ги претстави најновите иновации во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на велигденскиот ручек во Белата куќа дека не му е грижа какви се луѓето, сè додека се добри кон него. Трамп ја даде изјавата за време на поширокиот, неповрзан дел од своето обраќање во кој зборуваше за војната со Иран и тврдеше дека Соединетите Држави постигнале промена на режимот, иако Иран сè уште е управуван од истиот исламистички режим што постоел пред војната. Осврнувајќи се на ...

Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии, извести општина Аеродром. „Овој момент не е само административен чекор – туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом. Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и иднината на нашата заедница. Сите млади до 35 ...

Откако Италија не успеа да се квалификува на Светското првенство трет пат по ред, се очекува селекторот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, да се повлече од клупата на националниот тим. Легендарниот Фабио Капело го повика да почека до следните два натпревари пред да донесе конечна одлука, нагласувајќи дека неуспехот е резултат на индивидуална грешка. Откако претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина и шефот ...

Дуото составено од Бојан и Марија продолжува сигурно да чекори по својот музички пат со авторски македонски песни, а најновото остварување во нивниот репертоар е „Мажена“. Текстот и аранжманот се целосно дело на Бојан, додека музиката ја создадоа заедно со Марија. „Мажена“ носи скокотлива и шармантна приказна, раскажана низ духовит и лесен пристап, што ѝ дава посебен карактер на песната. За истата е снимен и видеоспот во Лондон, во ...

Американските експерти за меѓународно право потпишаа отворено писмо во кое се вели дека американските напади врз Иран би можеле да претставуваат воени злосторства, откако претседателот Доналд Трамп ги повтори своите закани за напад врз иранските електрани и постројки за десалинизација. Трамп, кој претходно наведе различни временски рамки и цели за војната, во телевизиски говор во среда рече дека војната би можела да ескалира ако Иран не ги ...

Во услови на растечка нееднаквост, пад на животниот стандард и хронична институционална неефикасност, најновите податоци за инфлацијата јасно ја потврдуваат реалноста дека Македонија се движи кон сериозна економска нестабилност, оценуваат од Левица. Владата, според оваа партија, наместо реални мерки води фискална политика базирана на статистички манипулации и политички маркетинг, целосно оддалечена од вистинските проблеми на граѓаните. ...

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими го прекина молчењето по драмата што се случи по финалето на Африканскиот куп на нации. Десниот бек се појави во подкастот „The Bridge“ заедно со Орелијан Чуамени и Килијан Мбапе, каде што за прв пат зборуваше за финалето, кое Сенегал го доби со 1:0, но два месеци подоцна титулата, Африканската конфедерација му ја додели на Мароко. Без оглед на методот, Хакими го прифаќа таквиот исход. „Многу сме среќни. ...

Пролетта 2026 носи вистинска револуција во боите – заборавете ги неутралните тонови од претходните години и подгответе се за светли, пастелни нијанси кои шепотат софистицираност и нежно го осветлуваат вашиот стил. Со писти полни со тонови кои не доминираат, туку напротив ја истакнуваат вашата личност преку финеса и светлина, овие три бои ќе го диктираат тонот на сезоната и ќе бидат новиот моден тренд: нежно розова, освежителна аквамарин сина ...

Патнички воз во Русија излета од шините а најмалку 24 лица се повредени меѓу кои и четири деца, објави гувернерот на Чељабинската област Алексеј Текслер. „Нема жртви. Според прелиминарните податоци, двајца патници имаат фрактури, едната фрактура на ногата, другата на клучната коска. Има 20 лица со модринки, меѓу кои и едно дете со повреда на ногата“, напиша тој на платформата MAX. Инцидентот се случил во 06:26 часот по московско време, во ...

На 5 април, недела со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од булеварот „Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по булеварот „Илинден“ до целта фонтана Лотус. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
66%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
51%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
56%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
8.75
72%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Цинк

3.35

Бакар

12.06

Калај

50.03

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57