На граѓаните на Гостивар им се случи огромна здравствена катастрофа, труење со вода. Најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите кои ги води ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ Гостивар. „За труењето на над 3.000 граѓани на Гостивар мора да има одговорност, од локално па до централно ниво. Политичка и кривична. Од сите. Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето ...

Овен Драги Овни, денеска срцето ќе ве изненади. Можно е повторно да се јави некој што одамна сте го оставиле зад себе. Не игнорирајте го тој внатрешен немир – има нешто што чека да биде разјаснето. Наместо да реагирате бурно, обидете се да слушате. Бик Денеска копнеете по тивка сигурност и блискост. Некој до вас ве гледа со почит, само треба да го препознаете. Вашата мирна сила ќе биде потребна во еден разговор. Останете присебни и покажете ...

Во меѓувреме, ситуацијата е драматична и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од Мадрид се споија во еден огнен фронт што пожарникарите повеќе не можат да го контролираат. Шпанската влада прогласи вонредна состојба на национално ниво, а со евакуацијата на 25.000 луѓе, на речиси 40.000 жители им беше наложено да не ги напуштаат своите домови. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Наместо тоа, на Владата ѝ се дадени дополнителни пет години за спроведување на забелешките на УНЕСКО за заштита на регионот. „Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена“, велат од Левица. Од партијата посочуваат дека одлуката не треба да биде причина ...

Мастерсот во Монтреал доживеа тежок удар уште пред да биде утвдрен редослеот. Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер официјално го откажаа учеството на канадскиот турнир од серијата 1000, кој ќе се одржи од 3 до 10 август. Водечките тенисери на светот во овој период свесно го жртвуваат канадскиот турнир за да се одморат и целосно подготвени да го дочекаат US Open. Со откажувањето, Синер го прекина импресивната низа од шест последователни мастерс ...

Кога температурите растат, правилната хидратација станува особено важна. Водата останува основниот и наједноставен избор, а многумина во текот на летото посегнуваат и по лимонада. Сепак, уште еден напиток може да биде корисно освежување – незасладениот ладен чај. Освен што придонесува за дневниот внес на течности, чајот содржи и растителни соединенија, меѓу кои полифеноли со антиоксидативни својства. Неговата голема предност е што, доколку ...

Во мај 2026 година, вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија, покажуваат претходните податоци за енергетиката. Вкупната потрошувачка на енергенти во овој период изнесувала 479.603 мегават-часови електрична енергија, 4,463 милиони нормални кубни метри природен гас, 264.997 тони јаглен и 78.468 тони ...

Андреа Пирло е новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Службената потврда се очекува во понеделник или вторник, а според информациите, сите детали околу четиригодишниот договор се веќе договорени. Светскиот првак од 2006 и европски вицепрвак од 2012 ќе ја води „азурната“ селекција со годишна плата од 1,5 милиони евра. Пирло стана главен кандидат откако Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги одбија понудите. Анчелоти неодамна ...

Бадемите важат за една од нутритивно највредните јаткасти намирници. Богати се со здрави масти, растителни протеини и влакна, а содржат и низа витамини и минерали неопходни за нормално функционирање на организмот. Во последно време, сепак, сè поголемо внимание привлекува еден стар начин на подготовка – потопување на бадемите во вода пред консумирање. Таканаречените „мокри бадеми“ се популарни поради тврдењата дека полесно се варат, дека ...

Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...

Голманот на Зеленортските Острови и еден од најголемите херои на Светското првенство 2026, Возиња, ќе ја продолжи кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло. Постигнат е усмен договор, а потписот на документите и медицинските прегледи се очекуваат во наредните денови. Возиња, кој беше без клуб по настапите на Мундијалот, беше поврзуван со бразилски екипи и со Интер Мајами, каде играат Лионел Меси и Луис Суарез, а неодамна пристигна и ...

Изградбата на 400 kV интерконекцијата меѓу Македонија и Албанија напредува, а новата трафостаница во Охрид веќе влегува во завршната фаза. Истовремено, започна и поставувањето на првите столбови на 400 kV далекувод Битола–Елбасан. За напредокот на овој стратешки енергетски проект информираше генералниот директор на МЕПСО Бурим Латифи, кој изврши увид во текот на градежните и монтажни активности. Според Латифи, на 400 kV трафостаница во Охрид ...

Копенхашката група – меѓународна мрежа формирана врз основа на Маколинската конвенција на Советот на Европа – за време на Светското првенство регистрирала дури седум потенцијално сомнителни случаи поврзани со интегритетот на натпреварувањето. Групата тесно соработувала со ФИФА работната група за интегритет и поднела седум „жолти известувања“. Тие се издаваат кога се забележуваат сомнителни флуктуации на квоти, шпекулации на социјалните мрежи ...

Денешниот ден носи динамична енергија, желба за промени и можности за нови почетоци. За дел од хороскопските знаци во фокусот ќе бидат работата и финансиите, додека други ќе почувствуваат дека токму љубовта и односите со блиските бараат најголемо внимание. Некои ќе добијат важна информација или понуда, други конечно ќе решат проблем што подолго време ги оптоварува, а за неколку знаци 25 јули може да донесе пријатни изненадувања. Најважно е ...

Хрватскиот капитен Лука Модриќ ќе го носи дресот на Милан и во сезоната 2026/27. Тој ја активираше опцијата за продолжување на договорот со италијанскиот клуб до јуни 2027 година, со што стави крај на шпекулациите околу неговата кариера. По Светското првенство се пишуваше за можен крај, но 41-годишниот маестро реши да започне нова авантура. Модриќ пристигна во Милан во јули 2025 година без обештетување, по 13 години и рекордни 28 трофеи со ...

Археолозите открија злато старо повеќе од 1.300 години на мистериозен бродолом во близина на Хрватска. Наодот вклучува златни монети, скапоцени камења и прстен со ликот на царот Ираклиј. Археолозите велат дека откритието е едно од најзначајните за разбирање на улогата на морските патишта од тој период. Повеќе од една деценија, тимови ги испитуваат остатоците од бродолом покрај брегот на Хрватска. „ Утврдивме дека бродот потонал во 7-ми или ...

Пет зборови изговорени во момент на замор во вторник навечер детето ги памети подолго од сите родендени заедно. Звучи претерано, но родителите несвесно кажуваат реченици што му се лепат во главата на детето како мастика за џвакање. Мислите дека било безопасно, завршило за три секунди. Детето веќе напишало во тетратката што никогаш не ја фрла. Зошто децата најдолго ги паметат најмалите реченици Петгодишно дете не разбира иронија или замор. ...

Бура со силни ветрови и дожд погоди делови од Грција и главниот град Атина во петокот попладне, предизвикувајќи проблеми за жителите и туристите, објавија грчките медиуми. Значителни количини на врнежи беа забележани главно во централна и северна копнена Грција, а Националната опсерваторија во Атина регистрираше десетици илјади удари од гром, објави Катимерини. Жителите на Лариса, Фтиотида и островите Евија и Скирос, исто така, добија ...

Комисијата за заразни болести предупреди дека во наредниот период во Гостивар постои можност да се појават случаи на хепатит А и хепатит Е како задоцнета последица од загадувањето на водата. Засега нема потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен надзор поради периодот на инкубација на вирусите. Според претседателката на Комисијата, Жаклина Шопова, во изминатите десет дена околу 3.850 жители побарале ...

Грешка во безбедносните системи на Discord погрешно блокира кориснички сметки од мај. Тимот за поддршка на Discord се огласи на платформата X за да објасни дека грешка во алатките за модерација предизвикувала неправилно блокирање на корисниците. Иако околу 200 сметки беа погодени од проблемот од неодамна, проблемот можеби влијаел на околу 8.200 сметки од мај 2026 година. Се чини дека проблемот бил објавувањето слики со квадратна мрежа, кои ...

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На граничниот премин Табановце, пак, за влез во ...

Продажбата на паметни телефони во Кина се намали за 13 проценти на годишно ниво за време на фестивалот за купување „618“, бидејќи производителите понудија помалку попусти отколку во претходните години поради зголемените трошоци за мемориски чипови. Зголемените цени на мемориските чипови, поттикнати од силната глобална побарувачка за инфраструктура за вештачка интелигенција, ги зголемија трошоците за производство на телефони, според ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а ...

Светската здравствена организација (СЗО) повикува на зголемена будност по неколкуте случаи на западнонилска треска во јужна Европа . Регионалната канцеларија на СЗО за Европа во Копенхаген соопшти дека бројот на случаи на вирусот што се пренесува преку комарци се зголемил во последните недели, особено во Грција и Италија, бидејќи сезоната на болести штотуку започнува. Според СЗО, само минатата недела во Грција се потврдени 14 случаи. Со ...

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје денеска организира бесплатен панорамски разглед на градот. Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле ...

Иранскиот генерал Аболфазл Шекарчи рече дека Вашингтон ја искористил секоја можност, секое оружје и секоја прогноза што ја имал на ум за Третата светска војна, за да се справи со Иран. Овие изјави дојдоа еден ден пред американската војска да ја заврши својата 13-та ноќ од последователни напади врз Иран. „Секое оружје, секоја технологија, секоја способност што никогаш не е употребена во ниедна војна е употребена во војната против Исламската ...

Поранешната портпаролка на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Јулија Мендел, упати низа сериозни обвинувања против својот поранешен шеф на социјалната мрежа Икс, тврдејќи дека тој успеал да измами милиони луѓе во Украина и низ целиот свет со прикривање, како што тврди, на неговото непознавање на државното управување и на неговата склоност кон авторитарно владеење. Мендел изјави дека за време на нејзината работа во кабинетот на ...

Во Грција, на сила е итно предупредување за временска состојба поради циклон со обилни врнежи од дожд, грмежи и силни ветрови. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Grčka Info | Smeštaj u Grčkoj (@grckainfo.official) Цивилната заштита на Грција го активираше информативниот систем за итни случаи 112, испраќајќи СМС пораки за предупредување до граѓаните и туристите низ целата земја. Sieh dir diesen Beitrag auf ...

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека за детектирање на белата пена во Лепенец пуштил дрон. Човекот што не може да направи билборд без грешка, сега со дрон од воздух ќе го открие загадувањето на Лепенец и Вардар, велат од СДСМ. „Прво вештачка интелигенција за билборд. Сега дрон, за пена во река. Додека граѓаните во пет града не смеат да ја пијат водата, а во Скопје тече синтетичка пена, власта и градоначалникот се ...

Легендарниот фудбалер, а сега тренер, Андреа Пирло, ќе стане нов тренер на „Азурите“. Според доверливиот експерт, Фабрицио Романо, поранешниот магионичар на средниот ред прифатил усна понуда од Италијанската фудбалска асоцијација и ќе го преземе кормилото на националниот тим како дел од сеопфатен, долгорочен проект, пренесуваат медиумите во регионот. Пирло го даде конечното „да“ по преговорите со Паоло Малдини и Леонардо, кои му презентираа ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Цинк

3.76