Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Германија беше потресена од случајот, кој судијата го опиша со зборовите: „Ова го остава човекот без зборови“. Покраинскиот суд во градот Ицех ги осуди мајката и таткото кои ја оставија својата четиримесечна ќерка да умре од глад на доживотен затвор. Судот утврди дека станува збор за убиство со тешка злоупотреба на дете кое било под нивна непосредна заштита. Претседавачкиот судија Јохан Ломан, изрекувајќи ја пресудата, рече дека ова е еден ...
Денеска до 18:00 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив активни се 4 пожари, 2 пожари се под контрола, а 8 пожари се изгаснати . Активни пожари според ЦУК има во Општина Штип – с. Пенуш (депонија); Општина Прилеп – с. Локвени (ниска вегетација и шума); Општина Крушево – с. Јакреново (нискостеблеста шума); Општина Крушево – с. Пресил (ниска вегетација). Пожари под ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од Албанија и Косово, се приближува кон Македонија. Според најавата, за разлика од претходното невреме кое беше проследено со силен ветер, овој атмосферски систем, според најавеното, може да донесе пообилни врнежи од дожд и појава на град. Текстот Пообилни врнежи: ново невреме кон Македонија доаѓа од Албанија е превземен од МАКФАКС. Би можело ...
Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација. Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори. „Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој момент се потребни смиреност, ...
Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината територија за воени операции против Техеран, откако бугарската влада објави дека ќе побара парламентарно одобрение за распоредување американски авиони за полнење гориво во земјата. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека секоја активност што би овозможила американски напади врз Иран би претставувала соучество во ...
Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации скопска Кисела Вода. од таму известуваат дека Кризниот штаб на општината е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен. „Во моментов интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. За побрзо и поефикасно санирање на ...
Силниот ветер што го зафати Скопје предизвика штети речиси во сите скопски населби. Откорнати покриви, паднати дрвја, искинати кабли за струја, беа сликите кои граѓаните ги објавуваа на социјалните мрежи. На улицата Цветан Димов во скопски Чаир речиси и да не може да се помине од искршени гранки, реагираат жителите. Една лента на улицата според сведочењата е нефункционална, затрупана со паднати гранки, по цела должина. Нема улица во градов ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување на ...
Обновливите извори на енергија се иднината на енергетскиот сектор, но нивниот целосен потенцијал може да се искористи само со модерна инфраструктура, системи за складирање и паметно управување, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. „Обновливата енергија мора ефикасно да ја произведуваме, складираме, пренесуваме и користиме. Затоа, соларните и ветерните капацитети мора да ги поврземе со системи за ...
Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваaт координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. ...
Големиот брачен кревет со масивно узглавје и ноќни масички од двете страни долго време се сметаше за симбол на удобност и идеално уреден дом. Сепак, во помалите спални соби ваквиот мебел често зафаќа премногу простор, оставајќи малку место за слободно движење и практично организирање на останатите работи. Токму затоа сè повеќе луѓе се одлучуваат за функционални решенија кои максимално го искористуваат секој квадратен метар, без притоа да се ...
Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја пријавуваат скопјани. За десетона минути орканскиот ветер што го зафати Скопје предизвика штети во сите скопски наделби. Граѓани од Бутел 1 пријавија дека ветрот го турнал крстот на црквата “Свети Јован Крстител”, а крстот на камбанаријата, пак, е извиткан. Скопјани од црл град на социјалните мрежи објавуваат снимки и ...
Осветлувањето во домот последниве години постојано се менуваше според новите трендови, но 2026 година носи една од најголемите промени досега. Големите впечатливи лустери и црните шински светилки, кои до неодамна беа неизоставен дел од модерното уредување на дневните соби, кујните и ходниците, полека го губат своето место. Дизајнерите на ентериер сè почесто ги заменуваат со подискретни решенија кои создаваат поелегантен, помирен и визуелно ...
Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица се движи кон Скопје и Куманово, предупреди попладнево УХМР. Правецот на движење, според соопштеното е од северозапад кон југоисток. Дел од жителите во Скопје според објавеното на социјалните мрежи информираат за силен ветер кој носи се пред себе. Во повеќе населби има пороен дожд и силни налети на ветер, кои носат и покриви од станбени комплекси а на одредени локации е ...
Холивудската актерка Шарлиз Терон привлече големо внимание со своите искрени и духовити коментари за колегата Мет Дејмон, со кого повторно застана пред камерите во новиот филм „Одисеја“ на режисерот Кристофер Нолан. За време на светската премиера на филмот во Лондон, новинар на „Entertainment Tonight“ забележа дека Мет Дејмон е во одлична физичка форма, по што Терон со насмевка откри дека таа имала можност да го види и надвор од костимот. ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. Овој скандал, додаваат од партијата, не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Според ДОМ, партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано ...
Повеќе од десет години по една од најконтроверзните сцени во телевизиската историја, актерката Лина Хиди конечно откри зошто не ја снимила сама познатата сцена на „Патот на покајанието“ („Walk of Atonement“) во серијата „Game of Thrones“. Во интервју за британски „The Telegraph“, Хиди призна дека и денес е изненадена од реакциите на дел од публиката, која ја критикувала затоа што користела дублерка за голите сцени. „Навистина бев шокирана од ...
Од Демократската унија за интеграција загрижени поради загадувањето на водата во Гостивар и сериозниот ризик што, како што велат, оваа состојба го претставува за здравјето на граѓаните. Како што потенцираат од оваа партија, безбедноста на водата за пиење е основно човеково право, а секој институционален пропуст во нејзиното гарантирање е неприфатлив. „Надлежните институции мора веднаш, одговорно и со целосна транспарентност да постапат за да ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, истакнувајќи дека компанијата „Визер“ го поставува својот седми авион во базата на Меѓународниот аеродром Скопје. Според Николоски, ова претставува големо достигнување во развојот на авиосообраќајот во земјава и уште една потврда за позитивните трендови во овој сектор. Тој нагласи дека во првите шест месеци од годината ...
Пред една година Левица јавно укажа на сериозни сомнежи за злоупотреба на програмите за самовработување во Агенцијата за вработување во Пробиштип, раководен од Илија Петковски – Џани, воедно и претседател на локалната организација на ЗНАМ, велат од партијата Левица и нагласуваат дека власта сега потврдила дека нивните предупредувања не се само политички обвинувања. „Тогаш објавените податоци разоткрија дека средствата наменети за поддршка на ...
Премиерата на филмот „Одисеја“ не привлече внимание само поради филмот, туку и поради беспрекорниот изглед на Зендеја, кој за кратко време стана една од најкоментираните теми на социјалните мрежи. Во улогата на божицата Атена, актерката се појави со минималистичка шминка инспирирана од грчката митологија – природно исончан тен, нежно руменило и суптилен сјај што остава впечаток на свежина и здрав изглед. Наместо силно контурирање и ...
На денешната седница, на предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. „Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, како и управител на СЦ ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.426,80 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 14,75 поени, односно за 0,16%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, извести Министесртвото за здравство Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи ...
Македонскиот пејач Мартинијан Кириловски сè уште ги сумира впечатоците од настапот на престижниот музички фестивал „Бисер Јадрана 2026“, кој се одржа во Тиват, Црна Гора, каде што настапи со својата нова песна „Сирена“. По настапот, Кириловски преку социјалните мрежи им се обрати на своите обожаватели, заблагодарувајќи им се за големата поддршка, честитките и бројните позитивни пораки што ги добил. ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска заедно со Директорката на инспекторатот за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска и Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, одржаа прес-конференција во врска со наодите од увидот на ДИЖС во Гостивар. „Во име на Владата дозволите пред се да ја изразам својата загриженост за сите заболени граѓани од Полошкиот регион. Како институции, будно ...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати повик до граѓаните, институциите и компаниите да се вклучат во хуманитарната акција за донирање флаширана вода за пиење за жителите на Гостивар, кои се соочуваат со проблем со неисправна вода за пиење. Проданоски порача дека во овие тешки моменти е потребна солидарност и поддршка од сите, а Прилеп има можност уште еднаш да ја покаже својата хуманост. „Ги повикувам сите граѓани, ...
ВМРО-ДПМНЕ одговори на тврдењата од СДСМ дека без ребаланс нема да има пари ни за плати ни за пензии. Преку соопштение за јавноста партијата уверува дека СДСМ шири паника и измислува непостоечки финансиски проблеми. „СДС повторно се обидува да создаде паника таму каде што нема проблем. За економијата не се зборува со измислици и политички конструкции, туку со факти и бројки. А фактите се јасни, министерката за финансии во ниту еден момент не ...
Пред голем број на претставници на бизнис секторот, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денес во Кочани ги презентираше придобивките од Оперативниот план за вработување за 2026 година и го објасни јавниот повик од мерката „Вработување и раст на правни субјекти“. „Со мерката ‘Вработување и раст на правни субјекти’ е предвидена поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални ...
Бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради нешто што го направил на фудбалскиот терен. Фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи во последните денови предизвикаа голем број реакции, бидејќи напаѓачот на Реал Мадрид изгледа значително поинаку отколку за време на Светското првенство. Според неколку странски медиуми, 25-годишниот Бразилец одлучил да се подложи на естетска ...