Во однос на набавката на флаширана вода за Гостивар, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“, велат од Владата, по обвинувањата од СДСМ дека е спроведена јавна набавка на вода без тендер. Од Владата појаснуваат дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го ...

Црвен картон каков што ретко се гледа на фудбалските терени, му беше доделен синоќа на Матан Балтакса, фудбалер на Хапоел Бер Шева, клубот што ја победи Црвена Звезда со 1:0 во првиот натпревар од третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Израелците победија иако играа со играч помалку од 58-та минута, а начинот на кој Балтакса е бизарен. Во истиот напад, Балтакса направи два прекршоци за само две секунди, поради што Хесус Хил ...

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна застапеност. Според ВЛЕН, ДУИ во изминатите 22 години имала доволно политичка моќ да го донесе овој закон, но, како што тврдат, тоа намерно не било направено. „За 22 години ДУИ ги имаше сите можности да го усвои законот, но не го ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија, соопшти Министерството. „Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД ...

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. „Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) воведе две значајни промени во правилата за своите клупски натпреварувања. Веста се однесува на системот на суспензии поради жолти картони и прикажувањето на времето на семафорите на стадионите. Нов праг за суспензии Првата промена се однесува на акумулираните жолти картони. Според новото правило, играчот ќе добие суспензија од еден натпревар, откако ќе акумулира четири жолти картони. Ова им овозможува ...

Во екот на летните горештини повеќето луѓе се фокусираат на тоа да пијат доволно вода, но лекарите предупредуваат дека со потењето организмот не губи само течности, туку и важни минерали – електролити како натриум, калиум и хлориди. Овие минерали се неопходни за правилното функционирање на мускулите, нервниот систем и за одржување на рамнотежата на течностите во организмот. Доколку по обилно потење се внесува само вода, без надоместување на ...

Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. „Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Ормускиот теснец ќе се отвори „многу наскоро“, во спротивно Иран ќе претрпи „тежок удар“. „Водиме многу добри разговори“, додаде американскиот претседател, зборувајќи од Калифорнија, тврдејќи дека Иран сака да постигне договор. „Имам време“, додаде републиканскиот лидер во врска со конфликтот што трае повеќе од пет месеци. Според „Аксиос“, американски портал ...

Холандскиот репрезентативец Тижани Рејндерс, по само една сезона, би можел да го напушти Манчестер Сити ова лето. Рејндерс пристигна од Милан минатата сезона за 55 милиони евра, а „Дејли мејл“ пишува дека би можел да заврши во Нотингем Форест ова лето. „Шумарите“, минатата сезона ја завршија на 16-то место во Премиер лигата. Нотингем Форест, сака дел од парите што ги доби од Сити за Елиот Андерсон да ги инвестира во Холанѓанецот. За ...

Во секоја здрава врска постои рамнотежа меѓу личната приватност и заедничката доверба. Секој има право на свој простор, време за себе, пријатели и лични мисли. Но, понекогаш зад зборот „приватност“ може да се крие нешто сосема друго – избегнување, затвореност или намерно прикривање информации. Психолозите велат дека разликата меѓу приватноста и криењето не секогаш е лесно забележлива, но чувството дека „нешто не е во ред“ често е првиот ...

Дел од ракета од американската вселенска компанија SpaceX, која е во вселената од минатата година, денес ќе се сруши во Месечината со голема брзина, објави „Ројтерс“. Објектот со големина на автобус е втората фаза од ракетата Falcon 9 на SpaceX, која лансираше лендер од Firefly Aerospace до Месечината во јануари 2025 година. Телото на ракетата тежи четири тони и ќе ја удри Месечината со брзина од 8.690 километри на час, создавајќи облак од ...

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас, велат од СДСМ. Од партијата велат дека според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија ...

Бразилецот Атос Саломе, кого медиумите често го нарекуваат „живиот Нострадамус“, повторно го привлече вниманието со своите предвидувања за светските случувања. Иако неговите тврдења немаат научна потврда и се темелат на лични убедувања, Саломе тврди дека две од десетте прогнози што ги објавил кон крајот на минатата година веќе се оствариле, а предупредува дека трето сценарио наводно почнува да се реализира. Тензии на Блискиот Исток Едно од ...

Во третиот голем руски напад врз Киев и околината оваа недела, најмалку 15 лица се убиени, а 51 се повредени. Ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и индустриски погони низ целиот главен град и регионот во текот на ноќта, објавува „Киев Пост“. Државната служба за вонредни состојби (ССВ) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои 14 лица загинале, а 27 се повредени во регионот на Киев. Во ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, соопштија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по ...

Ѕвездите за денес носат комбинација од нови шанси, емоционални разговори и важни животни одлуки. За некои знаци ова е ден за љубов и нов почеток, додека за други е идеален момент за деловни потези и финансиска претпазливост. Прочитајте што ви подготвиле планетите и кој е советот на денот за вашиот хороскопски знак. ♈ ОВЕН Денес ќе почувствувате дека конечно ја преземате контролата врз ситуациите кои подолго време ве оптоваруваа. Ќе можете ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека земјата е подготвена за мировни преговори во кој било формат и дека соработката со партнерите продолжува. Зеленски го изјави ова синоќа, во своето вечерно обраќање, пишува „Украинска правда“. Во своето обраќање, Зеленски детално зборуваше за контактите со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп. „Секојдневно сме во контакт со претставниците на претседателот Трамп, ...

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Вести Плус“. Тој нагласи дека Владата активно работи на субвенционирање на нови авиопревозници и проширување на мрежата на авиолинии, што резултира со значителен раст на бројот ...

Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб повторно потврди дека е значаен промотор на македонската култура во Хрватска, организирајќи уште еден исклучително посетен културен настан. Пред преполна сала беше одржано аудио-визуелното предавање „Историја на македонската рок музика“ на авторот и истражувач Тошо Филиповски, кое предизвика голем интерес кај љубителите на музиката и културата. Покрај предавањето, посетителите имаа можност ...

Емоционалната зрелост е еден од најважните темели на здрава, стабилна и долготрајна љубовна врска. Кога партнерот не знае како да ги препознае и контролира сопствените емоции или не покажува разбирање за чувствата на другата личност, тоа може да доведе до недоразбирања, чести конфликти и нарушена доверба. Иако емоционалната незрелост не значи дека некој е лош партнер, одредени модели на однесување можат сериозно да ја отежнат комуникацијата ...

Поранешната светска тениска шампионка Ана Ивановиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со беспрекорниот летен стил. Со фотографии од својот одмор, таа уште еднаш покажа зошто важи за една од најелегантните јавни личности, а нејзиниот моден избор веднаш стана тема на социјалните мрежи. Иако ретко зборува за приватниот живот, Ана со секоја нова објава остава впечаток на самоуверена и елегантна жена. Нејзините модни комбинации ...

Во Франција од почетокот на сезоната се регистрирани околу 14.000 пожари, а полицијата привела 402 лица поради сомнеж дека намерно подметнале пожар или предизвикале пожар од невнимание, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нунез, пренесува „БФМТВ“. Според Нунез, меѓу приведените има 156 малолетници, додека за 36 лица е одреден истражен притвор. Во меѓувреме, пожарите во департманите Жиронд и Од се ставени под контрола, додека во ...

Европската Унија направи нов голем чекор во регулирањето на вештачката интелигенција, откако почна примената на новите одредби од Законот за вештачка интелигенција (AI Act). Со нив, европските институции добиваат поголеми овластувања за контрола на напредните системи за вештачка интелигенција, а компаниите што нема да ги почитуваат правилата ќе се соочат со сериозни санкции. Законот, кој беше усвоен во 2024 година, претставува една од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги утврди трите главни приоритети за забрзување на процесот на пристапување на Украина во Европската Унија, оценувајќи дека членството не е само политичко или економско прашање, туку и клучно безбедносно прашање, пренесува „Киев пост“. Новите насоки биле договорени на состанок со премиерот Серхиј Корецки, новиот вицепремиер задолжен за европски и евроатлантски интеграции Всеволод Ченцов и ...

Џенифер Лопез ги изненади своите следбеници со ретки семејни фотографии од патувањето низ Италија заедно со своите близнаци Макс и Еме Муњиз. Сепак, покрај бројните пофалби за емотивните моменти, дел од јавноста упати критики поради тоа што тинејџерите поголемиот дел од времето биле фокусирани на мобилните телефони и слушалките. На својот Инстаграм профил, светски познатата пејачка објави серија фотографии со опис: „Патувам со моите кокоси ...

Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголема меѓународна поддршка за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, оценувајќи дека болеста се шири побрзо отколку што може да се стави под контрола, пренесува „Еуроњуз“. Од почетокот на епидемијата, прогласена на 15 мај, регистрирани се 3.802 потврдени случаи, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Закрепнале 727 пациенти, а под надзор се околу 17.000 лица ...

Тироидната жлезда, иако мала по големина, има огромно влијание врз функционирањето на целиот организам. Сместена е во предниот дел на вратот и произведува хормони кои го регулираат метаболизмот, работата на срцето, телесната температура, нивото на енергија и бројни други процеси во телото. Доколку често чувствувате замор и покрај доволно сон, имате потешкотии со концентрацијата, необјасниви промени во телесната тежина или постојано чувство ...

Поп-ѕвездата Бритни Спирс повторно го привлече вниманието на јавноста, откако беше фотографирана за време на ручек во Малибу во впечатливо и смело модно издание. Нејзиното појавување следува само неколку недели по необичниот инцидент кога беше снимена како стои низ покривниот отвор на автомобил додека се движел по автопат во Лос Анџелес. 44-годишната добитничка на Греми за ручекот избра комбинација инспирирана од нејзиниот стил од почетокот ...

Најмалку 22 лица се повредени во руски воздушен напад со две наведувани авиобомби врз центарот на Краматорск, соопшти началникот на воената администрација на Доњецката област, Вадим Филашкин, пренесува „Киев пост“. Авиобомбите погодиле станбена зграда, а оштетени се и околните станбени и деловни објекти. Спасувачките служби сè уште ги пребаруваат урнатините, додека властите предупредуваат дека бројот на жртви и обемот на штетата сè уште не се ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25