Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Холивудската актерка Џенифер Анистон и нејзиниот партнер Џим Кертис уживаат во романтичен одмор покрај брегот на Шпанија, а фотографиите од нивното патување уште еднаш ја потврдија нивната блиска врска. Ѕвездата од култната серија „Friends“ беше фотографирана како разменува бакнежи со Кертис на палубата на луксузна јахта во близина на Мајорка. Двајцата не ја криеја својата нежност – се прегрнуваа, се држеа за половината и уживаа во ...
Пожарот во атарот на селото Раец во Кавадаречко, кој избувна синоќа на пет локации, повторно се разгори поради високите температури и силниот ветер, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој нагласи дека сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Пожарникарите и екипите на терен цела ноќ се бореле со огнот на исклучително непристапен терен и успеале да ги локализираат ...
Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Хвича Кваратцкелија, го искористи летото за интензивни подготовки со цел да влезе во новата сезона со јасна цел, освојување на Златната топка. „Лекип“ изненадувачки го прогласи грузискиот напаѓач за прв фаворит за освојување на Златната топка оваа година. Иако го пропушти Светското првенство во 2026 година, бидејќи Грузија не успеа да се квалификува за турнирот што се одржа во САД, Мексико и Канада, ...
Легендарниот британски музичар Фил Колинс откри дека неговите пет деца во 2024 година дошле да се простат со него, бидејќи лекарите не биле сигурни дека ќе преживее. Во емотивно интервју за „The Sunday Times“, 75-годишниот пејач и тапанар зборуваше за најтешката здравствена криза во својот живот, кога поради откажување на органите поминал седум месеци во болница во Швајцарија. Колинс откри дека сериозната здравствена состојба била последица ...
Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој апелира граѓаните да продолжат да се воздржуваат од користење на водата за пиење и подготовка на храна, додавајќи дека се очекува состојбата целосно да биде ставена под контрола во текот на наредната недела. „Водата во Гостивар сè уште не е за пиење. Состојбата се ...
Попладнево на ждрепката во Нион, Шкендија го дозна името на противникот во плеј-офот за пласман во главната фаза, во Конференциската лига. Шкендија, доколку во третото коло го елиминира претставникот на Шкотска, Хибернијан, во плеј-офот ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Гетеборг (Шведска) и Гент (Белгија). Дуелите во плеј-офот се закажани за 20 и 27 август. Доколку се пласира во оваа рунда, Шкендија ќе биде домаќин во првиот ...
Русија и Северна Кореја го привршуваат новиот патен мост меѓу двете земји, кој официјално е наменет за зајакнување на трговијата, но во Украина стравуваат дека би можел да се користи за транспорт на севернокорејски војници и оружје, пренесува Дојче веле. Мостот се гради во близина на единствената копнена граница меѓу двете земји и е дел од договорот за стратешко партнерство што Москва и Пјонгјанг го потпишаа во 2024 година. Украинската ...
Барселона се обидува, но како што стојат работите нема да го добие Хулијан Алварез. Сагата околу аргентинскиот напаѓач тргна во неочекувана насока, пишува „Марка“. Барселона понуди 100 милиони евра за Алварез, а од „Метрополитано“ добија едно големо „Не“. Атлетико порача дека Аргентинецот може да замине само доколку Барселона ја плати клаузулата за откуп од 500 милиони евра. Каталонците се надеваат дека Алварез, кога ќе се врати во Мадрид на ...
Најмалку три лица загинаа, а 13 се повредени, меѓу кои и деца, по пад на остатоци од дрон во туристичкото место Архипо-Осиповка на руското црноморско крајбрежје, соопштија руските власти. Регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев изјави дека украински дронови нападнале цивилна инфраструктура, додека руските тврдења не можат независно да бидат потврдени. Руските власти засега не потврдуваат дека дронот паднал директно меѓу капачите, туку ...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија остри обвинувања по говорот на премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Илинден во Пелинце. Премиерот по повод празникот, вчера во обраќањето рече дека нема да се откаже од борбата за подобра држава и ги повика граѓаните да не паѓаат во замката на талогот на неуспеси, цинизам и омраза. Мицкоски нагласи и дека нема да прифати решенија што, според него, би биле на штета на националните интереси во ...
Њукасл Јунајтед го официјализираше своето петто засилување во летниот преоден рок. Голот на „страчките“ ќе го брани чешкиот репрезентативец Лукаш Хорничек (24), кој пристигнува од Брага. Англискиот клуб ја активираше откупната клаузула од 30 милиони евра. Хорничек потпиша петгодишен договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“ и веднаш им се придружи на своите нови соиграчи на тренинзите во Шпанија. Високиот чешки голман (197 см) ја започна ...
По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и ...
Тотенхем сериозно се засилува за новата сезона, која во Англија ќе започне за нешто повеќе од две недели. Тотенхем, кој веќе потроши 267 милиони евра за доаѓањето на Сандро Тонали, Матеус Фернандеш и Жан-Пол ван Хеке, а во клубот без обесштетување пристигнаа Маркос Сенеси и Ендрју Робертсон. Клубот се уште не го комплетирал ростерот, менаџерот Де Зерби бара и крилен напаѓач. Еден од кандидатите е Коди Гакпо. Холандскиот репрезентативец и ...
Иран денеска соопшти дека во моментов нема преговори со Соединетите Американски Држави, ниту се планирани какви било средби, демантирајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека нема закажани разговори со Вашингтон и дека Иран во наредните денови нема да прима странски делегации ниту ќе испраќа свои преговарачи во странство. Според него, ...
ПСЖ ги интензивираше преговорите за доведување на јапонскиот голман Зајон Сузуки од Парма и сака што поскоро да го заврши трансферот. Францускиот шампион испрати понуда вредна 33 милиони евра. Преговорите со италијанскиот клуб и претставниците на играчот ќе продолжат оваа недела. Иако неколку клубови се заинтересирани за Сузуки, пред сè Јувентус, ПСЖ моментално е во најдобра позиција и води во трката за потписот на 24-годишниот јапонски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почнат нови преговори со Иран, откако, како што рече, ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. „Знаеа колкав ќе биде нападот бидејќи видоа дека се подготвува. Зборуваме со нив во форма на преговори“, им изјави Трамп на новинарите во претседателскиот авион. Тој на социјалната мрежа „Тру соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, како што велат од Министерството, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 ...
Официјалната објава за трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е одложена поради спор меѓу две менаџерски агенции. Спорот е помеѓу „Максидел Менаџмент“, во сопственост на Макс Градел, и „Рок Нејшн“, мултинационалната компанија на раперот Џеј-Зи. „Максидел“, која посредуваше во трансферот на Диоманде од Леганес во Лајпциг минатата година, поднесе жалба до ФИФА. Тие тврдат дека Реал Мадрид преговарал со агенцијата „Рок Нејшн“, која ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го освоил клупското и сениорското првенство во голф на теренот Trump National Golf Club Bedminster во Њу Џерси. „Им благодарам на сите што учествуваа. Победив со резултат 70. Тоа се вика талент. Јас го имам, тие немаат!“, напиша Трамп на Truth Social. President Trump announces that he has won ANOTHER club championship at his Bedminster property Threw a wedge in there to a foot to seal the win ...
Дали се сеќавате на времето кога работниот ден навистина завршуваше со излегувањето од канцеларија, а телефоните не ѕвонеа постојано? Многу припадници на генерацијата миленијалци, но и постарите генерации, со носталгија се присетуваат на животот во 70-тите и 80-тите години од минатиот век. Според психолозите и експертите за ментално здравје, токму некои навики од тој период денес би можеле да бидат клучот за посреќен и помирен живот. ...
Министерството за здравство соопшти дека нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според информациите од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето. Од Министерството информираат и дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство наведува ...
Летувањето во Грција се претворило во вистинска драма за едно српско семејство, кое тврди дека сопственик на вила ги исфрлил од сместувањето и им задржал 290 евра за преостанатите денови од престојот. Случајот анонимно беше објавен во Фејсбук-групата „Grčka Info“, каде авторката детално опиша што се случило, пишува „Телеграф.рс“. Според неа, сè започнало кога бебето на нивни пријатели, сместени во соседна вила во истиот двор, ненадејно се ...
По многу (не)проверени информации околу кариерата на Возиња, голманот на сензацијата на Светското првенство, Зелено’ртските Острови, сепак, пристигна во Чиле, за да потпише договор со локалниот гигант Коло Коло, а потоа да биде претставен на локалните медиуми како капитално засилување. Cape Verde hero Vozinha arrives in Chile to join Colo Colo.@rodrigogomezf @cooperativa pic.twitter.com/et26l71mgd — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August ...
Иако најдобрата заштита од сончеви изгореници секогаш е превенцијата – користење крем со заштитен фактор, избегнување изложување на сонце во најтоплиот дел од денот и доволен внес на течности – понекогаш изгорениците сепак се неизбежни. Во такви ситуации многумина бараат природен начин за ублажување на црвенилото, затегнатоста и непријатното чувство на печење. Еден домашен рецепт, кој со години се пренесува меѓу љубителите на природната ...
Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по налог на министерот Сашо Клековски, спроведува вонреден инспекциски надзор во Општата болница Струмица, Клиничката болница Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, каде што била лекувана 19-годишната пациентка. Од Министерството информираат дека во наредните денови ќе биде прибрана целокупната медицинска документација од трите ...
Мароканските власти соопштија дека 11 лица загинале минатата недела при обидите да влезат во шпанската енклава Сеута. За масовниот прилив на мигранти, кој прерасна во дипломатски спор во рамките на Европската Унија, мароканското Министерство за внатрешни работи ги обвини дезинформациите што се ширеле на социјалните мрежи. Бројките што ги соопштува Мароко значително се разликуваат од шпанските податоци, според кои загинале најмалку 72 лица, ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) се закани дека ќе покрене судска постапка против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и нејзиниот претседател Џани Инфантино, во врска со повлечениот план за продажба на удели во натпреварувањата под покровителство на ФИФА на приватни инвеститори. Би-Би-Си Спорт пишува дека покрај силната реакција од Нион, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) исто така се подготвува да ја повлече својата поддршка за ...
Музичките легенди Мадона и Кајли Миног повторно ја воодушевија публиката со заеднички настап. За време на промоцијата на новиот албум „Confessions II“ во Амстердам, 58-годишната Кајли Миног неочекувано се појави на сцената, предизвикувајќи вистинска еуфорија кај присутните. Шеесет и седумгодишната Мадона минатиот месец го објави својот 15-ти студиски албум „Confessions II“, кој го промовира преку специјални настани под името „Club ...
Македонија и по седум месеци сѐ уште е на листата од Трамп, од 75 земји за издавање на иселенички визи, иако министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во јануари помпезно најави дека „Македонските граѓани ги очекува позитивно изненадување во врска со визната политика на САД во наредните шест месеци“. Иако овој период е веќе изминат, МНР и Владата во меѓувреме не излегоа со ниту едно соопштение околу темата која самите ја отворија, ...
Извлечени се телата на пилотот и копилотот чиј хеликоптер експлодирал и се урнал по судир со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење шумски пожар во Грција, соопшти грчката противпожарна служба. Според државната телевизија ЕРТ, пилотот бил дански државјанин, а копилотот Грк. Со нивната смрт бројот на загинати во шумските пожари во Грција се искачи на пет, откако минатата недела тројца пожарникари загинаа на Крит и на Пелопонез. ЕРТ ...