Францускиот претседател Емануел Макрон ја даде својата „целосна поддршка“ на десетдневниот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан, но во исто време предупреди на потребата од претпазливост. „Исто така, изразувам загриженост дека прекинот на огнот веќе може да биде прекршен со продолжување на воените операции“, рече Макрон во објава на социјалните мрежи. Тој повика на заштита на цивилното население од двете страни на границата меѓу ...

Реал Мадрид сезоната ќе ја заврши без освоен трофеј. Јасно е дека цехот ќе го плати тренерот, во овој случај, тоа е Алваро Арбелоа. Реал испадна од шпанскиот Куп, во средата не успеа да се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите, а извесно е дека во финишот на сезоната не може да ја достигне предноста од девет бода колку што изнесува предноста на водечката Барселона. „Една сезона без трофеј е неуспешна, две такви сезони е вистинска ...

Сѐ повеќе граѓани самостојно посегнуваат по лекови без консултација со лекар, создавајќи сериозен ризик по сопственото здравје – предупредуваат фармацевти и здравствени експерти. Наместо стручен совет, многумина се потпираат на интернет препораки, искуства од пријатели или сопствена проценка, што може да доведе до опасни последици. Според нив, најчесто се злоупотребуваат лекови против болка, антидепресиви и сирупи за кашлица, кои на прв ...

„Вчерашната објава на пратеник од Вреди, со која се обиде како успех да го прикаже двојазичното објавување документи во Службен весник, заврши како јавен доказ за неспроведување на законот од институциите што токму тие ги раководат“, велат од ДУИ. „Службен весник не функционира по политичка желба, ниту по моментален каприц. Тој има законска обврска објавите да ги публикува на два јазика, согласно важечкиот правен поредок. Значи, пратеникот ...

Илјадници пакети со залихи испратени од семејства до американските трупи на Блискиот Исток се заглавени откако Поштенската служба на САД ги прекина испораките поради војната во Иран. Семејствата се загрижени и лути кога слушаат од најблиските за недостиг од храна и низок морал на воениот брод, објавува „Ју-Ес-Еј Тудеј“. Семејствата се загрижени Ден Ф. бил вознемирен кога неговата ќерка, маринец на бродот USS Tripoli, кој учествува во војната ...

Семејството Бекам повторно е во центарот на светското внимание откако Викторија Бекам конечно реши да проговори за нарушениот однос со својот син Бруклин, по период на молк кој дополнително ја разгоре јавната љубопитност. Во емотивна реакција, таа испрати порака дека таа и сопругот Дејвид секогаш се труделе да бидат најдобри родители, нагласувајќи дека болката од ситуацијата е огромна и лична. Целиот конфликт излезе на површина откако ...

„СДС со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма. Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДС и Филипче ги насочи фокус да им бидат избори во други држави, наместо во партија да прават реформи и ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ во рамките на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон. На средбите присуствуваше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Гувернерот Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ Бо Ли, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер, извршниот ...

Според новиот закон одобрен од Државната дума, Москва би можела да испрати војници надвор од границите на земјата за да ги заштити руските граѓани од постапки пред странски судови. Овој законски предлог, кој го помина првото читање, му овозможува на претседателот Владимир Путин да ја испрати руската војска во странство во ситуации кога руските граѓани се притворени или судени пред странски судски институции, објавува руската агенција ...

Десеттиот обид на Килијан Мбапе да ја додаде Лигата на шампионите во својата богата колекција трофеи заврши со неуспех во Минхен. Исто како и минатата сезона, неговата прва во дресот на Реал Мадрид, патот кон трофејот заврши во четвртфиналето. Кога француската ѕвезда одлучи да го напушти Париз, својот град и својата земја, освојувањето на Лигата на шампионите беше една од клучните причини, можеби и главната. Затоа, тој го избра навидум ...

Светските медиуми се преплавени со нови гласини околу љубовниот живот на Ценифер Лопез, откако актерката и пејачка наводно развила блиска врска со свој колега за време на снимањето на нов филм. Станува збор за британскиот актер Brett Goldstein, со кого Лопез работи на романтичната комедија „Office Romance“. Според информации од повеќе медиуми и извори блиски до продукцијата, хемијата меѓу нив не останала само на екранот, туку продолжила и зад ...

ДОМ изразува сериозна загриженост во однос на најавените и тековните измени поврзани со Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство кои отвораат простор за значително олеснување на постапките за доделувањето концесии и користењето на природните ресурси. „Иако овие измени се претставуваат како технички или економски унапредувања, нивниот ефект може да биде долгорочен и со трајни негативни ефекти врз ...

Екипажот на вселенскиот брод „Шенжоу-21“ на Кина ќе остане во вселената уште еден месец, по внимателно разгледување од страна на Кинеското биро за вселенско инженерство со екипаж, објави денес кинеската државна телевизија. Вселенскиот брод „Шенжоу-21“ и неговиот екипаж беа лансирани на 31 октомври со ракетата „Лонг марш-2Ф“ од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“ во северозападна Кина. Во мисијата учествуваат тројца астронаути на ...

Виктор Орбан го даде своето прво интервју по изборниот пораз на Фидес, признавајќи дека на партијата ѝ е потребен целосен ремонт и дека тој, како нејзин лидер, ја сноси одговорноста. Во интервју емитувано во четврток вечерта, унгарскиот премиер во заминување објави дека политичката ера завршила и дека доаѓа реорганизација што ќе биде завршена до крајот на летото. По изборите на 12 април, Орбан се огласи само на Фејсбук, велејќи дека повеќе ...

Барселона поднесе втора официјална жалба до УЕФА во врска со судењето во четвртфиналето на Лигата на шампионите, во кое беа елиминирани од Атлетико Мадрид. Во клубот сметаат дека се оштетени од серијата судиски одлуки во двата натпревари од дуелот, кој заврши со вкупен резултат од 3:2 за мадридскиот тим. Ова е втор пат за нешто повеќе од една недела, Барселона, да се обрати до УЕФА, изразувајќи длабоко незадоволство од работата на судиите и ...

Денешниот 17 април носи енергија на суптилно, но длабоко внатрешно „активирање“, под влијание на Месечината која ја засилува интуицијата, емотивноста и чувството за правец. Ова е ден кога работите не се гледаат само на површината – туку бараат подлабоко разбирање и внатрешна стабилност. Наместо брзи реакции, ѕвездите советуваат внимателност, слушање на сопствениот внатрешен глас и носење одлуки кои имаат долгорочна тежина. ♈ ОВЕН Денешниот ...

Светските лидери го поздравија прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, кој стапи на сила, изразувајќи надеж дека тоа ќе го отвори патот за траен мир во регионот. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека прекинот на огнот е „олеснување“, додавајќи дека конфликтот веќе одзел премногу животи и повика на „пат кон траен мир“ со целосно почитување на суверенитетот на Либан. Таа, исто така, нагласи дека ЕУ ќе ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 17 до 19 април, во Анталија ќе учествува на петтото издание на Дипломатскиот форум (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), организиран од Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Форумот годинава се одржува на тема „Мапирање на утрешнината: управување со неизвесностите“. Во рамки на ...

Лионел Меси донесе одлука и го купи шпанскиот третолигаш Корнеља. Овој клуб се наоѓа во Каталонија, поточно во делот каде што игра Еспањол, но е познат по својата голема школа, каде што, на пример, играле Џорди Алба, Давид Раја, Жерар Мартин… Идејата за оваа инвестиција е јасна – дополнително да се развие клубот и да се подигне на повисоко ниво, со посебен фокус на развојот на локалните таленти. Како што објави каталонски „Спорт“, токму ова ...

Американската воена команда ЦЕНТКОМ објави видео од Оманскиот Залив на кое се гледа воен хеликоптер како придружува трговски брод за време на спроведувањето на поморската блокада на иранските пристаништа. Заедно со видеото, тие објавија и аудио комуникација со бродот. Audioof a Sailor aboard USS Michael Murphy (DDG 112), with video from the guided-missile destroyer’s embarked helicopter flying over the Gulf of Oman, as the U.S. Navy diverts a ...

Европа до крајот на векот ја очекува демографски пад од 53 милиони луѓе , што претставува пад од 11,7 проценти, според најновите прогнози на Евростат објавени вчера. Според статистичката канцеларија на ЕУ, населението на ЕУ ќе падне на помалку од 400 милиони до 2100 година, објавува Политико. Врв, потоа долгорочен пад Сепак, падот нема да дојде веднаш. Се очекува населението на Европската Унија да порасне дури и малку, достигнувајќи врв од ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи објави видео од депонијата Вардариште. „Започнат е процесот на одгасување, што води чекор поблиску до новите бели дробови на Скопје“, порача Ѓорѓиевски. Текстот (Видео) Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште станува минато! е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи објави видео од депонијата Вардариште. ...

Триесет учесници ќе учествуваат на видеоконференција во петок, која ќе ја копретседаваат Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, за да се воспостави мисија за обезбедување на Ормускиот теснец кога условите ќе дозволат, објави Елисејската палата во четврток. Конференцијата во хибриден формат ќе ги собере Макрон и Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџија Мелони во Париз. Останатите учесници, ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улиците 1506 и 1550 во Момин Поток, како ио објектите на фирмите: Електроводомонт и Европа 92. ( општина Карпош ) · од 09.30 до 14.00 часот, корисниците од селата: Рашче, Копаница и Бојане, каптажата Рашче, како и дел од корисниците од село Кондово. ( општина Сарај ) · од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Рилски ...

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, и генералот началници на Здружениот штаб на вооружените сили, Ден Кејн, одржаа прес-конференција во Пентагон за да упатат строго предупредување до раководството на Иран. Хегсет рече дека блокадата на иранските пристаништа и економскиот притисок ќе продолжат освен ако Техеран „не избере мудро“. Адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД задолжен за Блискиот Исток, исто така ...

Седуммесечно бебе почина откако беше оставено во жежок автомобил во американската држава Тенеси, соопштија властите. Полицајците одговорија на пријава за бебе во несвест во автомобил во близина на библиотека во Монтереј во четвртокот попладне, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Патнам, пренесува ABC News. Бебето „можеби било во возилото со часови со изгаснат мотор и затворени прозорци“, соопшти канцеларијата на шерифот. Властите ...

Стразбур изведе спектакуларен пресврт против Мајнц за пласман во полуфиналето, во Конференциската лига, каде од вечерва се уште Шахтјор, Рајо Ваљекано и Кристал Палас. Фудбалерите на Стразбур, со брилијантна игра ја надоместија негативата од два гола од Германија. Французите во реваншот го победија Мајнц со 4:0. Домашниот тим ја анулира таа негатива веќе во првото полувреме. Поведе со голот на Себастијан Нанаси во 26-та, а ја дуплираше ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи со новинарите пред Белата куќа пред да замине за Лас Вегас, рече дека прекинот на огнот во Либан го вклучува и Хезболах. Тој исто така најави дека ќе се сретне со израелскиот премиер и либанскиот претседател, но не прецизираше кога. Трамп, исто така, коментираше за преговорите со Иран, велејќи дека Техеран се согласил да не поседува нуклеарно оружје. Тој нагласи дека договорот што моментално ...

По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти. Во првиот термин, Фрајбург повторно победи против Селта и се пласираше во полуфиналето, а на германскиот тим потоа му се придружија два англиски тима, Астон Вила и Нотингем Форест, односно португалскиот тим Брага. Астон Вила повторно беше подобра од Болоња. Во Боримнгем убедливо славеше со 4:0 и со вкупни 7:1 избори место во полуфиналето. ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија останува силен и вреден проект, но дека нејзиното сегашно управување е во лоша состојба и не ги одразува интересите на земјите-членки. „Европската Унија е прекрасен проект, зборувам за проектот, тоа е прекрасна организација, но проблемот е што денес е во многу лоши раце. Раководството на Европската Унија воопшто не им служи на интересите на земјите-членки“, рече Фицо, според ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
40%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.71
51%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
84%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
49%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
0.45
56%
1009
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
53%
1017
Currency

61.635

Currency

52.6748

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Цинк

3.35

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Калај

50.03

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39