„Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија. Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје – место каде што главна активност се тендерите“, велат од СДСМ. „Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • ...

Кубанската електрична мрежа повторно се распадна денес, објавија државните медиуми. Владата се обидуваше да го обнови системот по целосниот прекин што ја погоди целата земја синоќа. Застарениот електроенергетски систем на Куба долго време беше оптоварен со недостиг на гориво, дотраена инфраструктура и ембарго на нафта од САД. Прекините на електричната енергија што траеја неколку часа, а сè повеќе и неколку денови, станаа почести во ...

„СДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како ...

„Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни. Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани. Како може иднината на Македонија да биде тајна“, прашуваат од СДСМ. „Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува – само МНР не.“ ...

Во текот на летото, многу луѓе се борат со комарци што зујат околу нивните глави, а каснувањата ужасно чешаат. Ново истражување потврдува дека некои поединци се навистина попривлечни за комарците, а разбирањето на овој феномен е клучно за јавното здравје. Комарците се сметаат за опасни бидејќи пренесуваат болести како што се маларија, денга треска и западнонилскиот вирус, кои предизвикуваат повеќе од милион смртни случаи годишно, пишува ...

„Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе“, велат од СДСМ. „Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа ...

Во напад со дронови беше погоден магацин во близина на Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија, објави денес регионалниот гувернер Александар Дрозденко на Телеграм. Гувернерот не го именуваше сопственикот на магацинот. Сепак, локалните жители објавија снимки од нападот на социјалните мрежи, велејќи дека Украина целела магацин во сопственост на логистичкиот гигант „Вајлдбери“, таканаречениот руски Амазон. Ukrainian attack drones ...

Најмалку 700 згради се уништени, а повеќе од 60.000 жители се принудени да се евакуираат во близина на Спокејн, државата Вашингтон, во третиот ден од пожарот, соопштија вчера локалните власти. Откако избувнаа во саботата, пожарите околу Спокејн изгореа повеќе од 30 квадратни километри во предградијата на северниот крај на градот со околу 230.000 жители. Наредбата за итна евакуација во понеделник опфати околу 64.000 луѓе, изјави Бенџамин ...

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела во јуни се искачи на 6.125, објави вчера претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригез. Според податоците објавени од Родригез на Телеграм, речиси 61.000 луѓе добиле медицински третман во болниците. Тој додаде дека досега се отстранети 16,5 проценти од урнатините оставени од земјотресот. Привремената претседателка Делси Родригез повеќе пати го бранеше начинот на кој ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Продолжува периодот на сончево и многу топло време со ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави фотографија на социјалните мрежи на која е во хируршка облека, проследена со порака. Во објавата, Филипче, кој по професија е доктор, ја споредува хирургијата со политиката, наведувајќи дека едната бара прецизност, одговорност и „чисти раце“, додека, како што пишува, политиката што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е спротивна. „Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. Политиката што ја ...

Сопствениците на одредени модели на Volkswagen со бензински мотор и рачен менувач треба да обрнат поголемо внимание на работата на спојката, предупредува механичар од овластен сервис во Италија. Според него, кај повеќе возила се појавил идентичен дефект кој може целосно да го онеспособи автомобилот, оставајќи го неподвижен среде пат. Иако Volkswagen засега не потврдил дека станува збор за фабрички недостаток и нема објавено официјален повик ...

Италија има намера на ниво на Европската Унија да предложи воспоставување центри за мигранти во трети земји, по примерот на договорот што го има со Албанија. Планот предвидува странските државјани кои нелегално влегле во ЕУ да бидат испраќани во тие центри, каде ќе се обработуваат нивните барања за азил и имиграциските документи. Предлогот го објавија водечките италијански медиуми, а го потврдија и владини претставници, пренесува „Еуроњуз“. ...

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација и актуелен светски шампион Родри, односно Родриго Ернандез Касканте, по освојувањето на титулата на Светското првенство деновиве ужива на заслужен одмор во Црна Гора заедно со својата долгогодишна партнерка Лаура Иглесијас. Според црногорските медиуми, славниот фудбалер и неговата избраничка ги посетиле некои од најпознатите природни и туристички атракции во земјата. Меѓу нив е и Националниот ...

Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен и вечерва е невозможно да се воспостави контрола врз него, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е последица на согорувањето на големиот број ниски смреки на теренот. „Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен, невозможно е да се воспостави контрола вечерва. Зафатена е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека преговорите со Иран се во тек, и покрај информациите дека тие се прекинати. Според него, разговорите се водат на барање на Иран и имаат поддршка од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и други земји. Трамп истакна дека Иран овојпат не го негира постоењето на преговорите, но не сака јавно да ги потврди. „Од некоја причина, додека разговараат, не сакаат јавно да кажат дека го ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. УХМР јавува дека во следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло ...

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште, осомничени за предизвикување општа опасност. Според Обвинителството, на 31 јули вечерта, за време на свадбена прослава во дворот на семејна куќа во селото, осомничените употребиле огнено оружје – три пиштоли и една пушка од засега непозната марка и калибар – и пукале во воздух, со што ги довеле во опасност животите на поголем ...

Редок примерок од визит-картичка на коосновачот на Apple, Стив Џобс, со негов оригинален потпис, достигна цена од над 85.000 долари на аукција, иако наддавањето сè уште трае. Колекционерите ја сметаат за еден од највредните деловни сувенири од раниот период на компанијата Apple, поради што интересот за неа е исклучително голем. Аукциската куќа RR Auction досега регистрирала 17 понуди, а последната ја надминала сумата од 85.500 долари. Со ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од страна на Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со ICESCO (Исламска светска образовна, научна и културна организација). Конференцијата собра претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски лидери, кои дискутираа ...

Архивска снимка од Будва, снимена во 1963 година, повторно ја разбуди носталгијата за минатите времиња и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Видеото, кое е дел од филмот „Добредојдовте во Будва“, продуциран од „Ловќен филм“, беше објавено на официјалните профили на Радио-телевизија Црна Гора и за кратко време стана вистински хит меѓу корисниците. Додека едни се потсетуваа на животот во поранешна Југославија, други веднаш ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека се надева оти до вечер пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко барем делумно ќе биде ставен под контрола, но предупреди дека гаснењето може да продолжи и во текот на ноќта. Тој информираше дека бил изврен разговор со осомниченото лице кое го подметнало пожарот од криминални мотиви, и се прибираат докази.  „Пожарот е предизвикан така што лицето, додека се ...

За многумина, Happy Meal од McDonald’s беше нецелосен без играчката што се криеше во кутијата. Она што некогаш беше обична пластична фигурка за детска игра, денес може да вреди десетици, стотици, па дури и повеќе од илјада американски долари. Колекционерите ширум светот плаќаат високи суми за ретки и добро сочувани играчки од минатите децении. Доколку сè уште чувате стари кутии со играчки на таванот, во подрумот или во плакарот, можеби е ...

Британец е осуден на две години и четири месеци затвор бидејќи речиси три години го чувал телото на својата мајка во замрзнувач за да продолжи да ја прима нејзината пензија, пренесуваат британските медиуми. Според „Гардијан“, 60-годишниот Кристофер Филипс го чувал телото на својата 89-годишна мајка во замрзнувач во нивниот дом во Велс, додека во меѓувреме незаконски примил повеќе од 78.000 фунти пензија и други средства. Случајот бил ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно се соочува со сериозен притисок околу својата позиција на чело на светската фудбалска организација, а според американскиот весник New York Post, во обид да ја зацврсти својата позиција побарал политичка поддршка од највисоките американски претставници. Според истиот извор, Инфантино во неколку наврати се обидел да стапи во контакт со американскиот претседател Доналд Трамп, но наводно не успеал ...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, заедно со својата 11-годишна ќерка, принцезата Шарлот, повторно воодушевија со својата модна усогласеност за време на Игрите на Комонвелтот 2026, кои се одржуваат во Глазгов, Шкотска. На семејното појавување им се придружија и принцот Вилијам, принцот Џорџ (13) и принцот Луис (8), за кого ова беше прво присуство на Игрите на Комонвелтот. Кејт и Шарлот се појавија во координирани летни комбинации во бели ...

Пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко попладнево повторно се реактивираше со голема силина и се движи кон тешко пристапен и непристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Поради сериозноста на состојбата, веднаш биле ангажирани два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, а во гаснењето ќе се вклучат и полициски и армиски хеликоптер. „Тешко ќе биде ...

Од 2 август во Европската Унија стапија во сила нови правила кои значително ја зголемуваат транспарентноста при користењето на вештачката интелигенција. Новите обврски се дел од Законот за вештачка интелигенција (AI Act) и предвидуваат јасно означување на содржините создадени со помош на AI, со цел граѓаните полесно да препознаат дали информациите што ги гледаат се автентични или генерирани од алгоритми. Според новите правила, компаниите што ...

Дваесетгодишниот Хенри Самуел, син на германскиот супермодел Хајди Клум и британскиот музичар Сил, сè посигурно чекори по патот на високата мода. Со својот најнов ангажман за престижниот бренд YSL Beauty, тој уште еднаш потврди дека е едно од најперспективните нови машки лица во модната индустрија. Младиот модел на својот профил на Инстаграм објави фотографии од најновата кампања за парфемот YSL MYSLF Intense. Во елегантен црн стајлинг, ...

Ливерпул ги заврши подготовките во САД со пораз од Лидс Јунајтед (4:2). Тренерот Андони Ираола има многу грижи по натпреварот. „Црвените“ одиграа одлично прво полувреме, веројатно најдоброто откако Ираола го презеде тимот, но по паузата целосно се распаднаа и примија четири гола за само 25 минути. Бројните промени не можат да бидат изговор за слаба игра, која го разоткри недостатокот на длабочина во составот и проблемите во одбраната. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87