Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на одобрувањето на заем од 90 милијарди евра за Украина, изјави денес словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар, пренесува Танјуг. Бланар изјави дека Словачка сака да го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија сè додека не добие гаранции дека нафтоводот „Дружба“ ќе биде повторно отворен, објави порталот ...

Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на Украина, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи. Германскиот канцелар Фридрих Мерц во вторникот објави дека Берлин и Киев постигнале договор за стратешко партнерство и понатамошно зајакнување на соработката во сферата на одбраната и обновата на Украина, според „Спутник“. Шефот на ...

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа. Се очекуваше шпанскиот тим да ја одбрани својата чест по рутинскиот пораз во Германија, но и во овој натпревар играше само еден тим. Селта беше поагресивна на почетокот, сакаше да постигне брз гол, но тоа беше прекинато од евроголот на Матановиќ. Сузуки успеа да ја удвои предноста до крајот на првото ...

Полицијата во Илиноис потврди дека вчера вечерта е примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата Лав. По обемно пребарување, во кое учествувале и кучиња трагачи, било утврдено дека пријавата е лажна. Никој не е повреден во инцидентот, а евакуираните жители се вратиле во своите домови, пишува „The Hill“. Полиција: Истрагата продолжува Полициската управа на Њу Ленокс соопшти дека истрагата продолжува за да се утврди ...

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација почина на 49-годишна возраст на необезбеден железнички премин, соопшти локалната полиција. Неговиот автомобил бил удрен од воз на локалната железница, а ударот бил толку силен што возот го турнал возилото стотици метри по шините. Лекарите ја прогласиле смртта на некогаш врвниот ...

Во Битола се одржа состанок на Управните одбори на регионалните стопански комори од Битола и Прилеп, на кој во фокус беше ставено унапредувањето на инфраструктурното поврзување како основа за економски раст на Пелагонискиот регион. Градоначалникот на Битола заедно со претседателот на Регионалната стопанска комора Мирко Велковски го пречека вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој присуствуваше на состанокот заедно со ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го поздрави десетдневното примирје меѓу Израел и Либан, кое го објави претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и повтори дека Европа ќе продолжи да повикува на почитување на територијалниот интегритет на Либан. „Го поздравувам најавеното десетдневното примирје меѓу Израел и Либан, посредувано од претседателот Трамп. Тоа е олеснување, бидејќи овој ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите сопернички на Европското првенство, кое ќе се игра во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција во декември 2026 година. Македонските ракометарки се во групата Б во Клуж против селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Оваа група се смета за една од најсилните, бидејќи сопернички на Македонија ќе бидат домашната репрезентација на Романија, најсилната селекција во светото ...

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, реагираше на критиките на ДУИ во врска со прашањето за правосудниот испит за учениците Албанци. Меџити изјави дека ДУИ се жали кај актуелниот министер за правда, Игор Филков, за неговиот став по ова прашање, но според него, ова е неосновано со оглед на тоа што последните пет министри за правда се од редовите на ...

Турските власти приведоа 162 лица под сомнение за споделување забранети видеа на интернет, ширење паника и дезинформации, величење на сторителите и објавување содржина што предизвикува страв во јавноста по двата напади во училишта. Вториот напад, во кој вчера загинаа десет лица, се случи еден ден откако 16 лица беа повредени во одделно пукање. Два напади за два дена Вчера беа убиени осум ученици и еден наставник, а 13 други беа ранети, од ...

Коалицијата ВЛЕН ќе го одржи својот прв конгрес на 9 мај, на Денот на Европа, при што ќе се официјализира нејзината трансформација во политичка партија, најави градоначалникот на Општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Меџити истакна дека датумот е намерно избран за да ја симболизира посветеноста на ВЛЕН кон европските вредности и интегративните процеси. Според него, новиот ...

Во Израел владее гнев откако Трамп објави прекин на огнот во Либан пред израелскиот кабинет да гласа за него, јавува израелскиот „Канал 12“. Според написите, објавата на веста од страна на американскиот претседател се доживува како ново понижување за Израел, бидејќи ниту владата ниту дел од јавноста не сакаа војната да престане сега. Најавата на Трамп, како што пишуваат медиумите, дојде во време кога израелските сили се уште се на терен во ...

Општина Чаир започна нов инфраструктурен проект на улицата „Дижон 15“, со кој ќе се интервенира во водоводната и фекалната канализациска мрежа, соопшти градоначалникот Изет Меџити при увид на терен. Проектот предвидува целосна реконструкција на главната водоводна мрежа во должина од 197 метри, како и изведба на 25 приклучоци за домаќинствата. Паралелно ќе се работи и на обновување на фекалната канализација во должина од 180 метри. Меџити ...

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари. Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри услови за живеење и ...

Денес, папата Лав ги критикуваше светските лидери кои трошат милијарди евра за војни и рече дека светот е „опустошен од неколку тирани“ кои се преправаат дека не знаат дека е потребен само еден момент за да се уништи нешто, а повеќе од еден животен век не е доволен за да се обнови, објавува Ројтерс. Папата ги критикуваше лидерите кои користат религиозен речник за да ги оправдаат војните, повикувајќи на итна промена во однесувањето додека им ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел и Либан постигнале договор за десетдневно примирје кое ќе стапи на сила вечерва. Трамп потврди дека имал „одлични разговори“ со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека ова е десеттата војна што ја решава. Во првиот разговор меѓу двајцата лидери откако Аун ја презеде функцијата, либанскиот претседател му се заблагодари на Трамп за ...

Утре променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На сесијата од 16.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.928,02 поени и забележа пад од 0,31%, односно 30,51 поени, додека ОМБ остана на 130,11 поени, без промена од 0,00%. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти достигна 8.604.997 денари. Ликвидноста ја предводеа Стопанска банка Скопје (STB), Комерцијална банка Скопје (KMB) и Алкалоид Скопје (ALK). ...

Започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште, што претставува значаен чекор кон нејзино целосно затворање и трансформација во современ мега парк, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Како што ветив, вели тој, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште. Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови кои со години се ...

Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар, ѝ порача на владејачката партија Фидес, предводена од поранешниот премиер Виктор Орбан, дека нема да избега од одговорност за политиките што ги водеше во последните години. „Им го кажувам ова на лидерите на Фидес: без разлика колку се преправате дека ништо не се случило, ние знаеме што сте им направиле на нашата татковина и на унгарскиот народ. Не се сомневајте ни за момент – ќе пожнеете што сте ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“. Станува збор за иновативен пристап кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата, преку практична работа со минерали – со посебен фокус на рубинот како симбол и материјал. Работилницата веќе е во тек и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Истанбул оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на којашто беше констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка. Најпрво, претседателката изрази сочувство до претседателот Ердоган за жртвите во вчерашното пукање во средното училиште во Турција, посакувајќи побрзо ...

Европа би можела да остане без гориво за авиони за само шест недели, предупреди денес директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) Фатих Бирол и посочи на сè посериозните последици од кризата предизвикана од војната на Блискиот Исток и блокадата на Ормускиот теснец. Во интервју за АП, Бирол оцени дека блокадата на клучниот морски пат за транспорт на нафта би можела да предизвика „најголемата енергетска криза со која некогаш сме се ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Битола оствари работна средба со Регионалните комори на Прилеп и Битола при Стопанска комора на Македонија, во рамки на состанокот на Управните одбори. На средбата присуствуваа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈПДП Коце Трајановски, како и заменик-министрите за економија и финансии Марјан Ристески и Николче Јанкуловски, заедно со повеќе ...

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, го критикуваше својот американски колега Доналд Трамп велејќи дека тој „нема право“ да се заканува на други земји, објави АФП. Коментарите на Лула дојдоа откако Трамп овој месец предупреди дека „целата цивилизација ќе умре“ во Иран ако Техеран не го отвори Ормускиот теснец. „Трамп нема право да станува наутро и да се заканува на земја“, изјави бразилскиот лидер за шпанскиот весник „Ел ...

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претставници на независните граѓански иницијативи по нивно барање на која се разговараше за реформите во изборното законодавство. На состанокот им беше посочено да достават конкретни предлози и сугестии за унапредување на изборното законодавство, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група, што беше прифатено од страна на претставниците на независните граѓански иницијативи. ...

Грција воведува нови правила и построги мерки за возачите, кои ќе важат за сите што патуваат или возат во земјата, вклучително и туристите од Македонија. Целта на овие измени е зголемување на безбедноста во сообраќајот, но и намалување на бројот на сообраќајни несреќи. Една од најзначајните промени е зголемувањето на казните за сообраќајни прекршоци. Возењето со поголема брзина од дозволената, користење мобилен телефон зад волан или ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во просториите на Министерството оствари протоколарна средба амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на реформите и модернизацијата на јавната администрација. Соговорниците се осврнаа на можностите за продлабочување на партнерството преку размена на искуства и добри практики, ...

Ден по натпреварот помеѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен, беше објавено дека Уго Екитике ја скинал Ахиловата тетива на десната нога. Ливерпул, оваа информација на медиумите ја потврди во четврток. Ливерпул не објави ништо додека не беа извршени сите потребни проверки, но веста не е ништо подобра од онаа што во средата ја пласираа медиумите. Уго Екитике има скината Ахилова тетива на десната нога, потврдија прегледите и скенерот, велат од ...

Денеска конститутивна седница одржа новиот состав на Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС). ЛЕСС ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во општината каде што е формиран и дава свои мислења и предлози за специфичните прашања како што се економскиот и социјалниот развој на општината, вработување со акцент на младите, животниот стандард, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
40%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.71
51%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
84%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
49%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
0.45
56%
1009
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
53%
1017
Currency

61.635

Currency

52.6748

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06