Фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со две атрактивни содржини од својата програма – музичка џез-вечер со британскиот состав „Kiiōtō“ и театарската претстава „Уна“, работена според мотиви од култниот роман на Момо Капор, во продукција на Театарот „Ѕвездара“ од Белград. Љубителите на музиката ќе имаат можност да го проследат настапот на „Kiiōtō“, музички проект зад кој стојат наградуваниот пијанист и композитор Рохан Хит и ...

Поради високата опасност од избувнување и ширење шумски пожари, во одредени шумски подрачја на Халкидики и денес, 16 август, е во сила целосна забрана за движење на пешаци и возила. Забраната стапила во сила во 8 часот утрово и ќе трае до 8 часот во понеделник, 17 август. Таа се однесува на полуостровите Касандра и Ситонија, подрачјето од Комица до Уранополис, како и на општината Полигирос. Грчката полиција ќе спроведува засилени и ...

По капење во море, многумина веднаш одат под туш, додека други ја оставаат солта на кожата со часови, сметајќи дека тоа е дел од летното уживање. Но дали навистина е неопходно да се тушираме веднаш по секое излегување од морето? Одговорот е – не секогаш, но краткото плакнење со чиста вода може да биде многу корисно, особено за луѓето со чувствителна кожа. Солта што останува на кожата по капењето може дополнително да ја исуши, а кај луѓето ...

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на Богородица се чека околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Текстот На Богородица се чека околу еден час, на Табановце 30 ...

Недела, 16 август 2026 година, носи различна енергија за хороскопските знаци, со посебни акценти на љубовта, деловните можности, односите и потребата од одмор. Денес највисок љубовен потенцијал имаат Скорпиите и Јарците со 96 проценти, Девиците се веднаш зад нив со 95 проценти, додека Рибите се издвојуваат со дури 97 проценти во полето на здравјето. Овните, пак, го имаат највисокото расположение – 96 проценти. ОВЕН Овните ги очекува ден со ...

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, шест пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 22 се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково, Јегуновце и Сарај, Крушево и Крива Паланка. Најголем дел од активните пожари зафатиле шума, ниска вегетација и ...

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија се зголеми на 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е детектиран и кај жител на Арачиново, каде што, според епидемиологот Љуљзиме Бајрами, постојат услови за размножување на комарците поради канали, базени и застојани води. Најголем број случаи досега се регистрирани во општините Кисела Вода и ...

Новак Ѓоковиќ, доживеа колапс и го заврши учеството во Синсинати веќе во второто коло, откако загуби од Тијаго Агустин Тиранте со 6:2, 4:6, 4:6. Српскиот ас го отвори мечот на најдобар можен начин и го доби првиот сет без поголеми проблеми. Ѓоковиќ двапати го освои сервисот на противникот, додека Тиранте не можеше да најде решение за играта на првиот носител. Ситуацијата, сепак, целосно се промени во продолжението. На почетокот на вториот ...

Поранешната американска актерка Бриџит Фонда повторно го привлече вниманието на јавноста откако беше фотографирана во Лос Анџелес, во едно од нејзините ретки појавувања по повеќе од две децении далеку од Холивуд. Фонда била забележана додека излегувала од ресторан по ручек, во придружба на својата асистентка. Новите фотографии брзо се проширија на социјалните мрежи, каде многу обожаватели коментираа дека актерката изгледа задоволно и опуштено ...

Интер продолжува активно да го гради составот за новата сезона, а најновото засилување на италијанскиот шампион е англискиот репрезентативец Џед Спенс. Дваесет и шестгодишниот дефанзивец потпиша петгодишен договор со клубот од Милано, со важност до јуни 2031 година. Според информациите на италијанските медиуми, Интер за неговиот трансфер од Тотенхем ќе плати околу 35 милиони евра, вклучувајќи ги и предвидените бонуси. Спенс во Тотенхем ...

Автобус со 84 патници, сите државјани на Србија, излетал од коловозот во Бугарија, но во несреќата нема повредени, соопшти Амбасадата на Србија во Бугарија. Несреќата се случила кај исклучувањето за Панѓуриште, во правец кон Софија. Двокатниот автобус ја пробил заштитната ограда и завршил на блиската нива. По несреќата, сите патници безбедно го напуштиле автобусот и биле пренесени до блиската бензинска станица „Инса оил“. Таму се очекува да ...

Најновиот проект на принцот Хари и Меган Маркл, документарниот филм „Cookie Queens“, не го остварил очекуваниот успех на американските киноблагајни во првата недела од прикажувањето. Филмот, кој е продукција на нивната компанија „Archewell Productions“, започнал да се прикажува на 7 август во 446 киносали ширум САД, но според информациите што ги пренесува „Hello“, во првиот викенд не успеал да влезе ниту меѓу десетте најгледани филмови. ...

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје официјално го промовираше Григориј Ѓорѓевиќ како свое ново засилување, а младиот македонски репрезентативец важи за еден од најперспективните кошаркари во својата генерација. Ѓорѓевиќ зад себе има одлични настапи на неодамнешното Европско првенство за кошаркари до 18 години, каде што во просек постигнуваше 13,4 поени, 4,7 скокови и 6,4 асистенции по натпревар. Со просекот од 6,4 асистенции, тој беше и трет ...

И покрај сериозната здравствена состојба и долгогодишното повлекување од јавноста, Брус Вилис беше покрај својата најмлада ќерка Талула на еден од најважните денови во нејзиниот живот. Фотографијата од свадбената прослава на која славниот актер позира заедно со Талула и нејзиниот сопруг Џастин Ејси предизвика бројни емотивни реакции во јавноста и меѓу неговите обожаватели. Многумина претходно се прашуваа дали Вилис, со оглед на неговата ...

Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени и десетиците последователни потреси што денеска ја погодија источна Индонезија. Спасувачките екипи сè уште не стигнале до областа Нагекео, која се наоѓа најблиску до епицентарот, откако свлечишта ги блокираa патиштата и ја нарушиja комуникацијата, соопштија официјалните власти. По земјотресот, кој се случи рано утринава, во неколку крајбрежни области на земјата бea ...

Еден од најнеобичните повторувачки сигнали од длабоката вселена повторно го привлекува вниманието на астрономите. Станува збор за брзиот радиоизблик FRB 20180916B, кој потекнува од галаксија оддалечена околу 500 милиони светлосни години и покажува впечатливо правилна активност во циклус од приближно 16,34 дена. Новите истражувања, сепак, ја доведуваат во прашање една од главните теории со кои научниците досега се обидуваа да го објаснат овој ...

Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност. Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се земе предвид дека во текот на вчерашниот ден имало 27 пожари на ...

Пожари се активни во пет општини во Црна Гора, а најкритична е состојбата во Херцег Нови и Улцињ, каде пожарникарите се обидуваат да ги заштитат објектите и инфраструктурата од огнената стихија. Според црногорското Министерство за внатрешни работи, во Херцег Нови најкритично е над Ѓеновиќи, на потегот од Бијела до Зеленика, додека пожар повторно се активирал и над Драгаљ, во општина Котор. Во Улцињ активни се пожарите во Владимир, Клезна, ...

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, се струполи на теренот, во финишот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој беше еден од стрелците за домашниот тим, ги загрижи сите на стадионот во тој момент. Падна, во еден момент дури и ја изгуби свеста, а сè изгледаше крајно драматично. За среќа, брзо се освести благодарение на експресната интервенција на медицинскиот тим на Баварците. Мусијала, ...

Приватниот живот на словенечката НБА ѕвезда Лука Дончиќ во последните месеци се најде под силно внимание поради правниот спор со неговата поранешна свршеница Анамарија Голтес. Сега, сепак, дојде до значаен пресврт во постапката што се водеше во Калифорнија. Според судски документи до кои дошол „TMZ Sports“, Голтес побарала да го повлече барањето за издршка на нивните деца, наведувајќи дека сака спорот да биде решен по мирен пат и преку ...

Феран Торес официјално стана играч на Пари Сен Жермен, објави францускиот клуб. Торес потпиша договор со ПСЖ до 2031 година, а во Франција доаѓа од Барселона за 50 милиони евра, објавува „Мундо депортиво“. „Воодушевен сум што започнувам нова авантура во толку амбициозен клуб како Пари Сен Жермен. Би сакал да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Келаифи, спортскиот директор Луис Кампос и тренерот Луис Енрике што ми дадоа можност да се ...

Оскаровката Натали Портман ги одбројува деновите до раѓањето на своето трето дете, а во пресрет на приновата отворено проговори за промените што ги забележува на своето тело за време на бременоста. Во ново интервју за списанието „Elle“, актерката откри дека постои една необична појава која ѝ се повторува во секоја бременост – нејзиното сетило за мирис станува значително поизразено. „Мирисот ми се засилува за време на секоја бременост, без ...

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар. Според првичните податоци прикажани од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот. Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во ...

Рафаел Леао дефинитивно ќе го напушти Милан овие денови, останува да се види кој клуб ќе го избере за да ја продолжи кариерата, тврдат италијанските медиуми. Многу се очекуваше од Леао во Милано и тоа не беше без причина, но се чини дека напаѓачот никогаш целосно не го покажа својот потенцијал. Со текот на времето, се создаде негативна енергија во односот помеѓу играчот и клубот, а ситуацијата ескалираше ова лето кога новиот тренер Рубен ...

Компанијата „БВ Инженеринг“ информира дека објектот STU3 сè уште се наоѓа во фаза на изградба и официјално не е предаден на инвеститорот, поради што движењето и присуството на надворешни лица во рамките на објектот останува забрането. Од компанијата нагласуваат дека до целосното завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба, пристап ќе имаат исклучиво вработените кај изведувачот, надзорниот орган и ...

Од обично летување на Ситонија до драматична борба за спас на човечки животи – така изгледал еден ден од одморот на Иван Катанчевиќ од Ниш, кој на плажата Сикија двапати влегол во морето за да спаси луѓе што силните бранови ги одвлекле од брегот. Иван раскажал дека неговото семејство тој ден решило да остане на плажата и покрај предупредувањата дека морето е опасно поради силниот ветер и високите бранови. Тој влегол во морето со својата ...

Атлетико Мадрид се засили со репрезентативецот на Аргентина, Кристијан „Кути“ Ромеро. Светскиот првак со Аргентина во 2022 година потпиша договор со „јорганџиите“, до летото 2031 година. Тимот на аргентинскиот стручњак Диего Симеоне сега брои четворица од редовите на „албиселесте“ – тука се неговиот син Џулијано Симеоне, резервниот голман Хуан Мусо и Хулијан Алварез, кој остана во Атлетико и покрај тоа што изрази желба да замине во ...

Украинската војска го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони – изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета. Локалните власти во Самара потврдија дека Украина ...

Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот се спроведува согласно Правилникот за ...

Само неколку дена откако Кристијано Роналдо и Горгина Родригез по речиси една деценија љубов стапија во брак, во јавноста почнаа да се појавуваат детали за финансискиот договор што двојката наводно го склучила непосредно пред венчавката. Еден дел од договорот, според шпански „El País“, е прилично јасен – Роналдо и Горгина избрале режим на одвоен имот. Но странските медиуми пренесуваат и дополнителни, засега неофицијални одредби според кои ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Калај

46.54

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35