Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Тејлор Свифт и Тревис Келси, според пишувањата на американските медиуми, уживаат во првите недели од брачниот живот и се посреќни од кога било. Извор близок до двојката за „People“ изјавил дека двајцата сè уште се под силен впечаток од свадбата и дека нивната врска добила нова димензија откако официјално станале сопружници. „Двајцата се многу возбудени што сега се сопруг и сопруга. Нивната врска им изгледа уште поспецијална“, изјавил ...
Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година, се смета за една од позначајните пресуди во последните години во пресекот меѓу образованието, верските слободи и родителските права. Случајот произлезе од тужба на група родители против училишниот округ Монтгомери во сојузната држава Мериленд. Тие бараа нивните деца, од предучилишна возраст до петто одделение, да можат ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е ставен под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес, Јегуновце, Крушево и Сарај. Во Студеничани гори на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума. Во Македонски ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 219.205.266,36 денари, од кои 40.517.922,76 денари беа реализирани на официјалниот пазар, а 178.687.343,60 денари преку јавни понуди на обврзници. Блок-трансакции не беа евидентирани. Ликвидноста во акционерскиот сегмент ја водеа Комерцијална банка ...
Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес. По потресот било регистрирано и цунами, со највисок бран од 94 сантиметри, но предупредувањето за цунами во меѓувреме е укинато. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините, бидејќи постои сомнеж дека има луѓе заробени под урнатите објекти. Според досегашните информации, шест лица се повредени, а ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска објави дека досега вкупно 239 милиони евра од средствата наменети за поддршка на домашните компании се веќе пласирани во македонската економија, оценувајќи дека мерката поттикнала значаен инвестициски циклус во приватниот сектор. Таа потсетува дека пред повеќе од две години била препознаена потребата да им се помогне на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но немаат ...
Колумбиските спасувачки екипи водеа трка со времето за да спасат маж пронајден жив под урнатините на срушен хотел во градот Перејра, што претставува редок зрак надеж речиси четири дена по разорниот земјотрес од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 285 животи. Според последните податоци што властите ги соопштија вчера, во катастрофата загинале 285 лица, речиси 4.000 се повредени, а околу 400 луѓе и натаму се водат како ...
Маж на 35-годишна возраст тешко е повреден ноќеска откако бил избоден на Нов Белград. Мажот се здобил со убодни рани во пределот на вратот и градниот кош, соопштиле за Танјуг од Итната медицинска помош. Тој бил нападнат во гаража на улицата „д-р Иван Рибар“ во 00:59 часот, по што бил пренесен во Ургентниот центар. Текстот Избоден маж на Нов Белград е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Маж на 35-годишна возраст тешко е ...
Пожарникарите во текот на целата ноќ ги бранеа куќите и викендичките од големиот пожар што избувна кај Брбиње на Долги Оток, но огнот утрово сè уште не е ставен под контрола, соопштија надлежните служби. Гаснењето го отежнуваат непристапниот и стрмен терен, како и густата макија, а во помош пристигнаа и канадери, пренесува „Индекс“. На терен се околу 100 пожарникари, меѓу кои локални сили и 50 пожарникари од копното со 17 противпожарни ...
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 28 до 33 Целзиусови степени. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни ...
Луиџи Манџионе денес се изјасни за виновен пред федералниот суд во Њујорк за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на најголемиот американски осигурител UnitedHealthcare. „Утрото на 4 декември, го застрелав господин Томпсон на Менхетен и тој почина“, рече Манџионе. Манџионе се изјасни за виновен како дел од федералното обвинение поврзано со убиството на Томпсон, објавува Би-Би-Си. 50-годишниот татко на две деца беше застрелан во ...
Администрацијата на Трамп во петокот побара од Врховниот суд да дозволи изградба на балска сала во Белата куќа вредна 400 милиони долари, откако понизок суд пресуди дека проектот нема одобрение од Конгресот. Адвокатите на Министерството за правда во поднесокот наведоа дека салата е прашање на безбедност. Повикувајќи се на бројни обиди за атентат врз Трамп, адвокатите тврдеа дека проектот е „од витално значење за националната безбедност“. ...
Оскаровката Никол Кидман отворено проговори за еден од најтешките периоди во својот приватен живот – распадот на долгогодишниот брак со музичарот Кит Урбан. Во интервју за британското издание на „Vogue“, 59-годишната актерка призна дека во периодот на разделбата се чувствувала исклучително изложено, ранливо и исплашено, особено поради огромното внимание на јавноста. Кидман во интервјуто се осврна на искуствата од двата развода во својот ...
Подолгото сончање не значи и поголема корист за организмот. Напротив, со секоја дополнителна минута изложеност се зголемува количината на ултравиолетово зрачење што ја прима кожата, а со тоа расте и ризикот од изгореници, предвремено стареење и оштетување на кожата. Експертите нагласуваат дека сончевата светлина е важна за организмот, меѓу другото и поради создавањето витамин Д, но не постои едно правило за тоа колку минути дневно треба да ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од село Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од населба Дрма во општината Илинден ќе бидат без струја. Текстот Утре без струја дел од општината Илинден е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за ...
Ако често ги отворате очите само неколку минути пред да заѕвони алармот, тоа можеби и не е случајност. Вашиот организам може толку добро да се приспособил на секојдневниот распоред што почнува сам да го „предвидува“ времето за будење. Оваа појава ја забележуваат многу луѓе – се будат непосредно пред алармот, понекогаш речиси во исто време секое утро, иако нема никаков звук или друг очигледен надворешен сигнал. Објаснувањето најчесто се ...
Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со ...
Париз Сен-Жермен продолжува агресивно да го засилува составот и останува еден од најактивните клубови на трансфер-пазарот. По реализираните трансфери на Феран Торес од Барселона и Зион Сузуки од Парма, францускиот гигант е пред комплетирање и на трансферот на Мика Годс од Ајакс. Според информациите на познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, ПСЖ и Ајакс постигнале договор за белгискиот офанзивен играч за врска, а вредноста на трансферот ...
Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш во текот на ноќта и зафати области над самиот град, достигнувајќи блиску до центарот на градот. Пожарот загрози бројни куќи и згради, некои жители и туристи се евакуирани, а беше причинета и голема материјална штета, изгореа автомобили и објекти. Во текот на ноќта, 43 лица побарале медицинска помош, 14 се задржани во болница, а осум се во живото-загрозувачка состојба, ...
„Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат ‘на здравје’ и дека е ‘многу вкусна’. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе“, велат од СДСМ. „Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово. И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност – ...
Новиот тренер на Црвена ѕвезда, Алберт Риера, потпиша двегодишен договор со белградскиот клуб, а според информациите од српските медиуми, шпанскиот стратег ќе има исклучително добри финансиски услови. Договорот бил потпишан на Мајорка, каде што Риера моментално престојува, а најдоцна до недела се очекува да пристигне во Белград и да ги преземе обврските во новиот клуб. Според пишувањата во Србија, Риера во првата сезона ќе заработи 960.000 ...
Хрватската служба за спасување започна потрага во областа Омиш за странец кој се оддалечил од возило за време на големиот пожар. „Во моментов на местото на настанот се наоѓаат околу 20 припадници на Хрватската служба за спасување Сплит, кои обезбедуваат логистичка поддршка на Штабот за цивилна заштита и други сили. Областа околу возилото од кое странската државјанка се оддалечила и исчезнала ќе биде темелно испитана“, изјави портпаролот на ...
„Во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот Рамковен договор, ВЛЕН, како дел од Владата, организираше низа панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата“, велат од ВЛЕН. „На овие активности учествуваа копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, и министерот за односи ...
„Skopje is calling!“ – со впечатлив спој на елеганцијата на класичниот балет, ритамот на македонската традиција и препознатливите пејзажи на главниот град, објавено е официјалното промотивно видео за IDO European Championship 2026 во класичен балет, џез, модерен и современ танц. Од 21 до 29 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа. Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе настапат ...
Водата од водоводот во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна се додека не се добијат конечните резултати од супер-анализата, извести Ј.К.П Бошава Демир Капија. „По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати. Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги ...
По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На настаните учествуваа копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, како и министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати. Од ...
Во текот на вчерашниот ден се случи непријатен инцидент. Првите двајца пожарникари коишто пристигнаа со помало противпожарно возило кај објект, штала, во којашто се чувала поголема количина тутун, во близина на Прилеп, биле нападнати од сопственикот, информираше Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Како што објасни Ангелов, сопственикот нервозно се приближил до пожарникарите и со буткање во пределот на градите, ги отстранувал и спречувал да ...
Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, на својот извонреден концерт во Античкиот театар во Охрид, испрати порака која силно одекна и надвор од музичката сцена – подобрата патна поврзаност со Охрид веќе се чувствува, а со завршувањето на започнатите инфраструктурни проекти пристапот до македонскиот туристички бисер дополнително ќе се олесни. Како што пренесува СДК.МК Трпчески пред публиката зборувал за својата посебна ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Астрофотографи во Намибија успеаја да забележат спектакуларна глетка на ноќното небо – сјајната зелена комета 220П/Мекнот, која во последните месеци покажува невообичаено силна активност. Кометата е откриена од австралискиот астроном Роберт Х. Мекнот, а една целосна орбита околу Сонцето ја завршува приближно на секои 5,5 години. Во јуни годинава 220П/Мекнот го достигна перихелот, односно точката во својата орбита во која е најблиску до ...