По повеќе од 33 часа непрекината работа на терен, пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите што изминатите денови зафатија повеќе села на територијата на општините Битола, Могила и Новаци. Пожарите избувнаа на 12 август околу 15:30 часот, најпрво во селото Маково, по што огнени жаришта се појавија и во Граешница, Кукуречани, месноста Ергела и Гнеотино. Најтешка била борбата со огнената стихија во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. ...

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се ...

Grand Theft Auto 6 би можел да заработи уште повеќе пари по рекордните преднарачки. Take-Two го објави својот најнов финансиски извештај за инвеститорите, само неколку часа откако ги објави плановите да го претстави гејмплејот за GTA 6 на Netflix. Како што се очекуваше, издавачот е многу задоволен од бројот на преднарачки за GTA 6 и ги зголеми своите финансиски прогнози за фискалната година. Take-Two претходно процени дека ќе заработи околу 8 ...

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки, со што се олеснува заедничкото нарачување од ресторани без едно лице да мора однапред да плати за сè. Функцијата е достапна и на македонскиот пазар, во сите градови каде што е присутна мрежата на Wolt. Групните ...

Граѓаните на Гостивар пет недели немаат безбедна вода за пиење, а според СДСМ, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу покажала целосна неспособност во справувањето со состојбата. На прес-конференција, Маја Борозан обвини дека околу 5.000 граѓани завршиле во болница со здравствени проблеми, а има и нови случаи и реинфекции. „Среде лето, на пеколни температури, жителите на Гостивар сè уште, пет ...

Регулаторните тела и застапниците за приватност во Германија сè повеќе бараат забрана за паметните очила на Meta. Главната причина зошто тие бараат забрана за паметните очила на Meta е тоа што е сè потешко да се види дали некој снима со нив, објавува DW. Според германската невладина организација за дигитални права HateAid, полицијата во градот Потсдам веќе добила жалби од млади жени кои тврдат дека непознати мажи ги снимале на јавен базен ...

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен, велат од Левица. „На 29 јуни од Центарот за јавно здравје Тетово, со потпис на потпис на Берун Мустафа, излегува стручно мислење дека водата „одговара на законските и стручните прописи“. Во тој момент, и според подоцнежната обвинителска истрага, спорните пумпи веќе биле поставени и загадена вода веќе ...

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години не се чувствувал подобро по Гренд слем. Ѓоковиќ се врати во Синсинати за прв пат од 2023 година, кога одигра едно од најспектакуларните финалиња во својата кариера токму на овој турнир кога го победи Карлос Алкарас. Српскиот тенисер потоа загуби сет и брејк, ја спаси меч-топката во тај-брејкот од вториот сет и ...

Софтверскиот гигант одлучи да ја зголеми цената на лиценците за Windows за производителите на персонални компјутери. Купувачите на персонални компјутери со месеци се борат со екстремно високите цени на хардверот, а компоненти како што се SSD и RAM меморија достигнуваат рекордни цени. Сепак, лошите вести не завршуваат тука – технолошкиот гигант Microsoft одлучи дополнително да го оптовари веќе потресениот пазар со значително зголемување на ...

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР. Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат. ВМРО-ОКГ ...

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот, велат од Влен. „Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, ...

Експериментот од 150 милиони долари добива продолжение: Myspace повторно ги напаѓа социјалните мрежи. Сопствениците на некогаш најпопуларната социјална мрежа во светот, Myspace, објавија дека платформата би можела да се врати во живот, на бранот на носталгија и замор од алгоритми, но аналитичарите предупредуваат дека шансите за успех на пазарот не се големи. Myspace е основан во 2003 година од Том Андерсон и Крис де Волф, а во 2008 година ...

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вчера, на новинарско прашање, лидерот на талогот во СДС, Венко Филипче, призна дека е на одмор на јахтата кај Зоран Заев во Грција, но кажа дека патем се однесувал одговорно и успат кон Грција бил и во Ново Село, каде се сликаше со насилниците и наркодилерите преку кои хушкаше инцидент на народен собир. ...

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се одржува во Париз. Италијанката стигна до златото со резултат од 26,56 секунди, што е воедно и нов светски рекорд. Французинката Мари-Амбре Молу го освои сребрениот медал (27,06 секунди), а бронзата ѝ припадна на Британката Лорен Кокс (27,15 секунди). Унгарскиот пливач Кристоф Милак го освои златниот медал во ...

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време. Со оваа одлука, инспекторите ќе бидат активно присутни на терен во текот на работните денови, како и за време на викендите и неработните денови. Дежурствата ќе опфаќаат вонредни надзори и обиколки на ...

Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и зафати некои туристички и угостителски објекти, изјави командирот на противпожарната служба, Славко Туцаковиќ, објави ХРТ. Борбата со пожарот траеше во текот на целата ноќ, како и евакуацијата на населението и туристите. Полицијата, Цивилната заштита и Црвениот крст учествуваа во грижата за луѓето, а дел од евакуираните ...

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје. Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од ...

Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио Ана Стејскал, директорка на Црвениот крст на Омиш, пренесе Индекс.хр. Според неа, до полноќ биле регистрирани повеќе од 2.000 лица, но некои од нив оттогаш го напуштиле подрачјето или, доколку се локални жители, заминале кај членови на семејството. Стејскал вели дека службите се подготвени доколку има потреба од ...

Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамското програмирање. Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир ...

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се борат за живот. „Поради повредите здобиени во синоќешниот пожар, во Сплитската клиничка болница вкупно 36 лица добија медицинска помош. По лекарската помош, 14 пациенти беа хоспитализирани, додека останатите беа пуштени на домашно лекување“, соопшти болницата, објави Индекс.хр. Седум пациенти се на интензивна нега и се во ...

Борбата со пожарот во битолското село Лозани траеше цела ноќ, а куќите повеќе не се загрозени, информираа рано утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со командирот на битолските пожарникари Христијан Тодоровски. Ангелов кажа дека вчера во Пелагонискиот реагион имало повеќе сериозни пожари со долга линија на фронтот. Тој се сомнева дека пожарите се подметнати. „Се сомневаме дека пожарите биле подметнати ...

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби и не. Мицкоски денеска треба да се врати од екскурзијата во Брисел. Ќе видиме каква боја добил – дали поцрвенел, велат од СДСМ. „Клековски е на екскурзија. Нема време за резултати од водата, ќе ги објави дури на 20-ти. Цел месец работи како министер, се уморил. Панче Тошковски се уморил од испитување вода и хиперхлорирање, па и тој ...

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник беше делумно вовлечен низ скршен прозорец кратко по полетувањето од Грција во јули, објави денес Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB) на САД. NTSB го истражува инцидентот во кој дел од моторот се одвои од авионот и скрши прозорец. Авионот, кој леташе за Германија, изгуби притисок и мораше да изврши итно ...

Без струја денеска ќе останат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба. „Од ЕВН Македонија АД известени сме дека планирани исклучувања на ел. енергија поради технички интервенции за ден 14.08.2026 година ( петок ) ќе имаат корисниците: · Во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од с.Мралино, Бензинска пумпа Дади компани во Мралино и делови од Населба Дрма.( општина Илинден ); · Во периодот од 09.00 до 14.00 ...

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка на НАТО и Европската Унија ги објавија информациите на платформата X. Кратко по инцидентот, воздушната закана што беше на сила во регионите што граничат со Русија беше укината, објави „Ројтерс“. Речиси истовремено, Финска, која исто така граничи со Русија, привремено го ограничи воздушниот и морскиот ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. „Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...

Постои широко распространето уверување дека мажите многу потешко поднесуваат подолг период без сексуални односи, но текст објавен од Rex MD посочува дека не постои биолошки рок по кој сексуалната активност станува неопходна за организмот. Иако редовниот сексуален живот може да биде поврзан со различни аспекти на физичката и психолошката благосостојба, сексуалниот однос не спаѓа во основните потреби неопходни за преживување, како храната, ...

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви. Сликата по пожарот што избувна денеска попладне во Сивири, Халкидики, сега е подобрена. Сепак, Противпожарната служба останува во целосна готовност, бидејќи ризикот од повторно разгорување е реален, додека евидентирана е штета на куќите и инфраструктурата, објавија грчките медиуми. Копнени сили дејствуваат во областа со ...

Познатата американска пејачка Карли Сајмон, најпозната по култниот хит „You’re So Vain“, отворено проговорила за сериозните здравствени проблеми со кои се соочува и открила дека ѝ е дијагностицирана Паркинсонова болест. Според текстот, 83-годишната музичка ѕвезда поради здравствената состојба извесно време се повлекла од јавноста, а истовремено потврдила дека била подложена и на операција поради базалноклеточен карцином, форма на рак на ...

На денешен ден, 13 август, се сеќаваме на Струмичката петорка Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Пет млади животи, пет струмички студенти, кои останаа запишани во македонската историја како симбол на една генерација што сонувала за слобода, достоинство и иднина за својот народ, напиша премиерот, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“. Нивната трагична судбина, додава тој, е дел од болните страници на нашата ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Бакар

12.58