Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. -Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта, ...
Жоао Феликс го одбележа натпреварот помеѓу Ал-Наср и Ал Фатех во Саудиска Арабија. Актуелниот шампион ја започна новата сезона со победа од 3:0, без Кристијано Роналдо во тимот. Роналдо кој се ожени минатата недела го гледаше натпреварот од свечената ложат, каде што беше сведок на генијалниот потег на сонародникот Жоао Феликс во 40-та минута. Феликс, како во мал фудбал, со слалом помина покрај одбранбените играчи на гостите и ја смести ...
Google ја претстави новата серија Pixel 11, која носи редизајнирана камера, нов чип Tensor G6, понапредни AI функции и посветли дисплеи. Во исто време, имаше зголемување на цената. Сите четири телефони имаат нов дизајн на камерата со стакло кое се протега од раб до раб и преоѓа во метална рамка. Google се обиде дополнително да го усогласи дизајнот на телефоните со остатокот од екосистемот Pixel. Една од најголемите иновации е процесорот ...
Новак Ѓоковиќ доживеа многу тешки моменти на теренот во второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати, каде што против Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте имаше одличен почеток, но потоа физички целосно падна. Српскиот тенисер убедливо го освои првиот сет со 6:2 и во тој момент ништо не навестуваше дека натпреварот ќе добие драматичен тек. Сепак, на почетокот од вториот сет Ѓоковиќ почна да чувствува сериозни проблеми, а според ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено на Јутјуб. – На пожарот на ...
Карим Бензема е на списокот на играчи на кои тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета, тврдат медиумите од Саудиска Арабија. Искусниот француски фудбалер дојде во Ал Хилал од Ал Итихад пред само шест месеци, каде што пристигна пред неколку години како голема фудбалска ѕвезда. Ситуацијата очигледно се промени во меѓувреме, во Ал Хилал сакаат промени и во тие планови не го гледаат Бензема. Ал Хилал сака да го обнови тимот по сезоната во која не ...
Измамниците го користат WhatsApp за напади врз корисниците со години, а Meta сега одлучи да заземе попроактивен пристап кон проблемот. За да ги заштити корисниците, Meta воведува функција наречена Scam Alert на WhatsApp. Тоа е опционална функција која моментално е достапна за ограничен број корисници во бета верзија и користи вештачка интелигенција за да идентификува потенцијални измами. Најважно е што вештачката интелигенција не мора да ја ...
Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност со предизвикувањето пожари во ...
За некои луѓе идејата нивниот сопруг, сопруга или партнер сам да замине на море, викенд-патување или дури на друг крај од светот може да звучи необично. Сепак, експертите за партнерски односи посочуваат дека ваквата одлука сама по себе не мора да значи дека во врската постои проблем. Многу поважно е зошто некој сака да патува сам, како партнерите разговараат за тоа и дали меѓу нив постојат доверба, отвореност и почитување на меѓусебните ...
Неделното утро во Скопје започна со активности за почисти и поуредни јавни површини, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Екипите од раните утрински часови се на терен, каде што се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот. Ѓорѓиевски посочува дека одржувањето на чист и уреден град не може да се постигне со една акција, туку бара редовна ...
OpenAI објави официјална десктоп апликација ChatGPT за Linux платформи. ChatGPT е присутен на компјутери низ целиот свет, но имаше едно место каде што недостасуваше: заедницата на Linux. Тоа сега се менува. Одредени сектори од заедницата на развивачи со отворен код долго време бараа од OpenAI да го донесе својот чет-бот и кај нив. Од неодамна, OpenAI го решава тој недостаток со лансирање на наменска апликација ChatGPT за Linux. Now in ...
Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со повеќе од 600 беспилотни летала насочени кон Москва, соопшти денеска градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин преку Телеграм, а пренесе ДПА. Собјанин наведе дека руската противвоздушна одбрана уништила 201 украински дрон во Московската област, додека поголемиот дел од беспилотните летала биле пресретнати пред да стигнат до регионот. Градоначалникот на Москва соопшти дека тројца ...
Фудбалерите на Интер Мајами беа поразени од Нешвил со 4:1 во МЛС лигата. Првата ѕвезда на тимот од Флорида, Лео Меси, беше стартер за прв пат по смртта на својот татко и не се прослави, промаши пенал кога Нешвил водеше со 1:0. Тоа беше момент што влијаеше на конечниот исход на натпреварот. Во 23-та минута, Аргентинецот се обиде да изведе пенал во стилотна Жоргињо, но голманот на домашниот тим Брајан Швејк, го прочита и лесно го одбрани ...
Вистинската посветеност во една врска не се покажува само преку големи зборови и романтични гестови, туку и преку секојдневна поддршка, доверба и подготвеност партнерите заедно да минуваат и низ убавите и низ тешките периоди. Според астрологијата, некои хороскопски знаци особено многу ја ценат стабилноста, длабоката поврзаност и чувството дека можат целосно да се потпрат на личноста со која се во врска. Кога ќе се заљубат, тие ретко ...
На последниот ден од Европското првенство во Бирмингем, во утринската програма се одржаа маратонските трки во машка и женска конкуренција. Финската атлетичарка Алиса Ваинио го освои златниот медал на маратонот на Европското првенство во Бирмингем. Ваинио ја помина патеката од 42 километри и 195 метри за 2,22,26 часа, што е нов рекорд на континеталните шампионати. Сребрениот медал го освои Лили Ана Виндич-Тот од Унгарија со време од 2:27,21 ...
ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и од исклучување, додека електро-енергетскиот систем да го заштити од преоптовареност. Тоа се постигнува така што батерискиот систем овозможува произведената електрична енергија да се складира во моментот на нејзиното ...
Со громогласен аплауз беше проследена изјавата на премиерот Христијан Мицкоски при увидот во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекалната канализација во населеното место Идризово во Општина Гази Баба. Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности поврзани со изградбата на новата канализациска мрежа, проект кој предвидува изградба на 1.478 метри фекална канализација. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 ...
Во најтоплите летни денови многумина забележуваат дека апетитот им е значително послаб од вообичаено. Тешките оброци стануваат помалку привлечни, почесто се избира лесна и ладна храна, а некои луѓе дури и прескокнуваат оброци бидејќи едноставно не чувствуваат глад. Иако ова може да изгледа необично, организмот всушност реагира на високите температури на неколку различни начини. Лекарката по општа медицина д-р Луси Хупер, коосновач на ...
Кој го предизвикал пожарот – подметнувач или електричен вод – мора да сноси одговорност, порача Левица, барајќи темелна истрага за пожарот кај Рамни Габер во Студеничани, за кој според првичните информации бил предизвикан од искра од кабел на дистрибутивната мрежа. Од партијата велат дека доколку се потврди дека пожарот настанал поради електроенергетската инфраструктура, истрагата не смее да заврши само со утврдување на причината, туку мора ...
Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната ...
Болоњезе е едно од оние јадења за кои речиси секој мисли дека знае како се подготвуваат. Малку мелено месо, домати, кромид и зачини во тенџере – и ручекот е готов. Но во Болоња, од каде што потекнува прочуениот ragù alla bolognese, на ваквата верзија веројатно би гледале со голема резерва. Вистинскиот болоњски рагу, всушност, не е сос од домати во кој е додадено мелено месо. Напротив, станува збор за богат месен рагу во кој доматот има ...
Паника во текот на ноќта ги вознемирила жителите на Зелениково, откако пожар се приближил до куќите во последниот ред на ридот над населеното место. За драматичната ситуација во текот на ноќта информираше Стојанче Ангелов, кој бил повикан од жителка околу 2 часот по полноќ. Ангелов веднаш го известил дежурниот пожарникар во Скопје, од каде му било потврдено дека за пожарот веќе знаат и дека противпожарно возило од станицата во Драчево е ...
По тешкиот пожар што во изминатите денови ја зафати областа Омиш, состојбата во текот на ноќта била мирна и немало ново разгорување на пожариштата, соопшти главниот пожарникарски командант на Хрватската пожарникарска заедница, Славко Туцаковиќ, пренесуваат локалните медиуми. „Сите пожаришта ноќеска беа мирни, немаше нови разгорувања, а пожарникарите дежураа на сите локации. Во текот на денот ќе продолжи санирањето, особено на пожариштето над ...
Гвинет Палтроу максимално ги користи летните денови, а дел од моментите од одморот ги сподели и со своите следбеници на Инстаграм. Актерката објави серија фотографии покрај базенот, меѓу кои и неколку со нејзината ќерка Епл Мартин. „Летото, засега, оди добро“, напиша 53-годишната Палтроу во описот на галеријата објавена во петокот. Особено внимание привлече фотографијата на која актерката позира покрај својата 23-годишна ќерка Епл. Палтроу ...
Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините. Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани во градовите Кали и ...
Џејсон Пристли тешко ги задржал солзите додека се присетувал на својот долгогодишен пријател и колега од култната серија „Беверли Хилс, 90210“, Лук Пери, кој почина во 2019 година на 52-годишна возраст. Гостувајќи во јуни во подкастот „Best With Them“, Пристли зборувал за својата работа како режисер во популарната серија од 1990-тите и открил кој момент од снимањето засекогаш му останал во сеќавање. Пристли своето режисерско деби го имаше во ...
Високите температури, сушата и силниот ветер повторно создаваат сериозни проблеми со пожарите во Србија, каде што во моментов се активни 39 пожари на отворен простор, пренесуваат српските медиуми. Најтешка е состојбата во Делиблатската Песочара, на територијата на општина Ковин, каде што пожарот зафатил површина од околу 3.000 хектари, претежно ниска вегетација и трева. На дел од територијата е прогласена и вонредна состојба. Активен е и ...
Најдобрата програма за вежбање не е онаа што сте ја следеле во дваесеттите години, туку онаа што одговара на потребите на вашето тело денес. Со возраста постепено се менуваат мускулите, зглобовите, хормоналниот баланс и способноста за закрепнување, па затоа и начинот на вежбање треба да се приспособува. Тоа, сепак, не значи дека со годините треба да се откажете од поинтензивна физичка активност. Напротив, правилно приспособеното вежбање може ...
Во Војводина се регистрирани првите три случаи на западнонилска треска во Србија во оваа сезона, потврди епидемиологот Снежана Медиќ од Институтот за јавно здравје на Војводина. Според неа, инфекцијата во најголем број случаи поминува без симптоми. Кај околу 80 отсто од заразените, убодот од заразен комарец не предизвикува никакви тегоби. Кај околу една петтина од заразените може да се појават температура, треска, главоболка, осип и болки ...
ДСМ преку соопштение упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски по неговото враќање од одмор, обвинувајќи го дека наместо конкретни резултати, повторно понудил низа изјави и обвинувања кон опозицијата, земјоделците и други чинители. Од партијата иронично го нарекоа неговото патување „научно-образовна екскурзија“, посочувајќи дека Мицкоски, според нив, се претставува како експерт за економија, туризам, авиосообраќај, технологија, ...