Фудбалскиот клуб Наполи, наводно контактирал со Дани Себаљос во обид да го засили средниот ред. За услугите на искусниот Шпанец интерес покажува и Јувентус. Според „Спортал“, Наполи веќе испратил понуда до менаџерите на Себаљос откако играчот од средниот ред стана слободен играч по долг престој во Реал Мадрид. Себаљос (30) е во контакт и со Реал Бетис, клубот каде што ја започна кариерата, пред да се пресели во Реал Мадрид во 2017 година. ...

Денес почна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено ...

Серхио Бускетс се врати во Барселона, каде што ќе биде помошник тренер на резервниот тим на каталонскиот клуб. Поранешниот играч од средниот ред ќе се приклучи на тренерскиот штаб на Барселона Атлетик, предводен од Хулијано Белети. Ова ќе биде негов прв ангажман по завршувањето на кариерата, а во исто време ќе работи на стекнување на потребните тренерски лиценци. Бускетс се пензионираше на крајот од сезоната 2025 во МЛС по две и пол години ...

Во саботата во Претор и Сливница успешно се одржа инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, во рамки на проектот „Магијата на Преспа“, реализиран од страна на Здружението Иклуалити од Скопје, во партнерство со Здружението Иднина на традицијата од Ресен. Во мирна и позитивна атмосфера, преку 50 учесници возеа долж крајбрежјето на Претор и Сливница со стандардни и адаптивни велосипеди, уживајќи во природата, движењето и заедничкото ...

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години, соопшти компанијата. По интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу ...

Ал-Хилал е сериозно заинтересиран за Педро Нето, а саудискиот клуб разговара со Челзи за трансферот на португалскиот крилен напаѓач. Нето наводно веќе ги договорил личните услови со Ал-Хилал, додека Челзи бара околу 60 милиони евра за 26-годишникот. Манчестер Сити е исто така заинтересиран за Нето, но „граѓаните“ се откажаа поради финасиските барања на Челзи. Ал-Хилал сега се обидува да го комплетира трансферот, но клубовите сè уште треба ...

Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачи на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на сипаниците кај овците и козите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), континуирано ја следи епидемиолошката состојба. Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ Оливер Миланов се во постојана и ...

Интер оваа недела повторно ќе разговара со Ливерпул, за трансферот на играчот од средниот ред Кертис Џонс, објавија италијанските медиуми. Според „Кориере дело Спорт“, „Тутоспорт“ и „Спорт Медијасет“, англискиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во Интер, но двата клуба сè уште не нашле заеднички јазик во врска со обештетувањето. Ливерпул бара 40.000.000 евра за 25-годишниот играч од средниот ред, додека Интер не е подготвен да ја плати ...

Градскиот парк во Дојран синоќа беше центар на музиката и доброто расположение, каде бројната публика уживаше во концертниот настап на Лозано. Концертната вечер се одржа на 15 август како дел од летната програма во Дојран и донесе неколкучасовна музичка забава за посетителите и локалното население. Програмата започна во 20 часот со настапите на Софија Манева и K4 Band, кои ја загреаја атмосферата пред главниот настап на вечерта. ...

За справување со епидемијата од западнонилска треска министерот за здравство, Сако Клековски, најави дека ќе продолжи вонредното прскање против комарци, покрај редовните, веќе испланирани прскања, извести дека жителите на подрачјата со прогласена епидемија ќе добиваат СМС пораки за заштита, а кај нив ќе се прави и контрола на живината. Покрај овие мерки кои ќе ги преземаат институциите, министерот Клековски очекува дисциплина и од жителите и ...

Една фотографија направена од роверот Curiosity на НАСА повторно предизвика големо внимание на социјалните мрежи, откако набљудувачи забележаа необичен темен објект во далечината кој, барем на прв поглед, потсетува на медуза, механичка конструкција или објект со три „нозе“. Фотографијата не е нова – направена е уште во август 2023 година – но повторно почна масовно да се споделува, предизвикувајќи нов бран шпекулации за тоа што точно се ...

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во среда се очекува, претежно во планинските региони, да има услови за појава на нестабилност. Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени, соопшти УХМР. Текстот Утре нестабилно со пороен дожд, од четврток ...

Реал Мадрид го победи Шалке со 3-0 во пријателскиот натпревар, но натпреварот беше обележан со срамен потег на Килијан Мбапе. Стрелецот на еден од трите гола пред 60.000 навивачи во Гелзенкирхен се изрезили со она што му го направи на репрезентативецот на БиХ. Напаѓачот на Реал ја протна топката низ нозете на играчот на Шалке, но Катиќ успеа да му ја одземе и да му ја додаде на својот соиграч. Откако го започна нападот на Шалке, додека ...

Приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор претставува значајна стратешка можност за земјата да ја зајакне својата позиција на европската енергетска карта и да стане важна алка во регионалната и европската гасна инфраструктура, порача Сања Божиновска. Во објава посветена на идните енергетски поврзувања, Божиновска посочува дека клучна улога ќе имаат интерконекторите со Грција и Србија, преку кои Македонија ќе добие пристап до ...

Украина би можела да користи балистички ракети од домашно производство за да напаѓа цели длабоко во Русија во следните три до шест месеци, изјави поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров за CBS News. „Мораме да ја победиме Русија во секој технолошки циклус и мора да донесуваме одлуки 24 часа на ден, седум дена во неделата“, рече Федоров. Тој додаде дека Украина брзо развива нови технологии, но предупреди дека Русија исто ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, утрово извести дека во саботата бил регистриран трет смртен случај на заразен со западнонилска треска во земјва. „Во саботата починатиот пациент имаше 61 година. Доаѓа од едно од афектираните места. Покрај вирусот пациентот имаше прекумерна тежнина“, рече министерот Клековски. Првиот починат со западнонилска треска имаше 83 години имаше и други претходни заболувања, а вториот смртен случај беше ...

Себастијан Покоњоли е новиот селектор на шкотската фудбалска репрезентација. Белгиецот го наследи Стив Кларк, кој, иако го продолжи договорот пред Светското првенство, се пензионираше по елиминацијата во првата фаза од Мундијалот. Себастијан Покоњоли потпиша двегодишен договор со Шкотската фудбалска асоцијација. 39-годишникот беше тренер на Монако минатата сезона, а годината пред тоа му ја донесе на Унион Сен-Жилоа првата титула во ...

ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце, тврди ВЛЕН во денешната реакција. -Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да ...

Meta веќе се соочи со неколку негативни пресуди за начинот на кој нејзините платформи ги таргетираат младите корисници, но судењето што започнува утре би можело сериозно да го загрози нејзиното работење. Постапката е покрената врз основа на тужба поднесена во 2023 година од 30 американски држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Њујорк, пишува Би-Би-Си. Во тужбата се тврди дека Meta ги прекршила федералните и државните закони што ја штитат ...

Мета веќе се соочи со неколку негативни пресуди за начинот на кој нејзините платформи ги таргетираат младите корисници, но судењето што започнува утре би можело сериозно да го загрози нејзиното работење. Постапката е покрената врз основа на тужба поднесена во 2023 година од 30 американски држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Њујорк, пишува Би-Би-Си. Во тужбата се тврди дека Мета ги прекршила федералните и државните закони што ја штитат ...

„СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар? Зошто не се објавува“, прашува Маја Борозан од СДСМ. „Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето. А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе. Од почетокот на кризата со ...

Поранешниот фудбалер на Болоња, Џон Лукуми, потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година. Во соопштението беше објавено дека Јувентус ќе исплати отштета на Болоња од 20 милиони евра за репрезентативецот на Колумбија. Исто така, се наведува дека се предвидени бонуси за колумбискиот фудбалер во максимален износ од два милиони евра, што ќе зависи од исполнувањето на одредени спортски цели. Лукуми (28) пристигна во Болоња во 2022 година ...

17 август 2026, Скопје – Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, ...

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. „Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...

Во големиот пожар што ги опустоши областите Локва Рогозница и Омиш во ноќта меѓу 13 и 14 август, целосно изгореа 106 возила, 28 куќи и 45 пловила, соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. Седум комерцијални згради, три угостителски објекти и шест помошни згради до семејни куќи, исто така, целосно изгореа. „Исто така, целосно изгореа 45 пловила што беа извлечени на брегот“, изјави Бобан за Хина. ...

Денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август – Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени и нагласи: „Вашиот труд, ...

Зајон Сузуки експресно најде нов клуб, откако по вистинска драма му пропадна трансферот во редовите на европскиот првак, ПСЖ. Астон Вила постигна договор со Парма за чуварот на мрежата на јапонската репрезентација. „Трансфермаркт“ и италијански извори укажуваат на пакет од околу 35 милиони евра, а Сузуки треба да потпише долгорочен договор. Неговото доаѓање дополнително ја отвора можноста за заминување на Емилијано Мартинез, за кого ...

Новата функција „Computer History“ во апликацијата ChatGPT за Mac отвори прашања околу приватноста и безбедноста на податоците, откако беше посочено дека дел од информациите што функцијата ги создава и локално ги зачувува на компјутерот не се шифрирани. Функцијата е дизајнирана да му овозможи на ChatGPT да има подобар контекст за она што корисникот претходно го правел на својот Mac. Наместо постојано да прави снимки од екранот или да снима ...

„Инвестициониот циклус во Македонија продолжува. Покрај компаниите кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции, а паралелно Владата води преговори со нови компании кои имаат интерес да инвестираат во нашата земја. Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи технологии, добро платени работни места и поголем извоз, а истовремено да ја диверзифицираме ...

„Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце“, велат од ВЛЕН. „Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Цинк

3.76