Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Москва ѝ се закани на Обединетото Кралство со „последици“ по извештаите дека британски беспилотни летала биле употребени за прв пат во украински напад врз цели длабоко на руска територија. Украина користела беспилотни летала од две британски компании како дел од таканаречената кампања за длабок удар, објави „Сандеј Тајмс“. Киев ги засили нападите врз Русија оваа година, при што ракетите со долг дострел и роевите беспилотни летала сè повеќе ги ...
Отечени стапала, зглобови и чувство на тежина во нозете се чест проблем, особено во текот на топлите летни денови, по долго стоење или повеќечасовно седење. Во голем број случаи отокот е привремен и не претставува причина за загриженост. Сепак, лекарите предупредуваат дека понекогаш зад ваквиот симптом може да стои состојба која бара дополнително испитување. Најчесто станува збор за едем – натрупување течност во ткивата. Поради дејството на ...
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Српскиот кошаркар Никола Калиниќ одлучи да ја заврши кариерата. Веста дека 34-годишниот кошаркар се повлекува од активната кариера дојде како гром од ведро небо. „Луѓе, ја завршувам кариерата. Станувам помошник тренер во Звезда. Поради мојата животна ситуација, сакам да бидам блиску до Белград. Ви благодарам на сите што бевте дел од лудото возење“, напиша Калиниќ на социјалните мрежи. Калиниќ ги помина изминатите две сезони во Црвена Звезда ...
Манчестер Јунајтед нема да го продаде Бруно Фернандеш ова лето по никоја цена, објави „Скај Спортс“. Галатасарај е заинтересиран за 31-годишниот капитен на Јунајтед, кој, според турските медиуми е подготвен да даде голема понуда, но од „Олд Трафорд“ стигна јасна порака дека Португалецот не е на продажба. Фернандеш влегува во последната година од договорот, но Јунајтед има опција автоматски да ја продолжи соработката за уште една сезона. ...
Фудбалскиот клуб Милан го договори трансферот на Диего Мореира. Клубот од „Сан Сиро“ на Стразбур ќе му плати 45 милиони евра, дополнителни пет милиони францускиот клуб може да заработи преку бонусите. Мореира беше меѓу најбараните играчи во текот на целиот преоден рок. Германски и италијански клубови сериозно се бореа за неговите услуги. Рома упати официјална понуда од фиксни 35 милиони евра, со 10 милиони преку бонуси и 10 отсто од следната ...
По пет години отсуство од најголемиот европски музички натпревар, Македонија повторно ќе има свој претставник на Евровизија. Враќањето е планирано за изданието во 2027 година во Бургас, Бугарија, а информацијата ја потврди директорот на Македонската радио-телевизија, Зоран Ристоски. Ристоски најави дека МРТ ќе пристапи поинаку кон изборот на македонскиот претставник и песната со која земјата ќе се врати на евровизиската сцена, иако деталите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран сака да постигне договор со САД за неговата нуклеарна програма, но сè уште не е подготвен да прифати услови што, според мислењето на Трамп, би го спречиле да развива нуклеарно оружје. На прашањето дали двете страни се поблиску до конечно решение по принципиелниот договор во јуни, Трамп потврди дека Иран е подготвен да преговара, но не и да се согласи со условите на САД. „Тие ...
За некои луѓе успехот доаѓа рано, додека за други најдобрите можности се појавуваат дури кога ќе соберат доволно искуство, самодоверба и животна мудрост. Според астролошките толкувања, токму три хороскопски знаци – Јарец, Скорпија и Водолија – имаат најголеми шанси вистинскиот финансиски подем да го почувствуваат по 40-тата година. Кај нив богатството, според астролозите, ретко доаѓа преку ноќ. Почесто е резултат на долгогодишна работа, ...
Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си побара од судот во Флорида да издаде судски покани за членовите на семејството на Доналд Трамп. Овој потег е дел од правната одбрана во тужбата што Трамп ја поднесе против Би-Би-Си барајќи 10 милијарди долари отштета за клевета, според судскиот поднесок објавен во петок, објави CBS News. Правниот тим на Би-Би-Си побара од Окружниот суд во Јужниот округ на Флорида да одобри доставување судски ...
Кражбата на четири слики од ренесансниот мајстор Антонело да Месина може да биде поврзана со организиран криминал и ја доведува во прашање безбедноста на музејот во родниот град на уметникот, изјави во понеделник локален службеник, објави „Ројтерс“. Енцо Карузо, советник за култура во Месина, верува дека е тешко да се разбере како крадците успеале да ги отстранат делата за само неколку минути без да го знаат деталниот распоред на музејот. ...
По повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на Св. Јоаким Осоговски – патрон и заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува голем музички спектакл на Градскиот стадион. На 29 август, на една сцена ќе настапат три големи музички имиња – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар – во вечер исполнета со најголемите хитови, силни емоции, врвна енергија и атмосфера за паметење. Музичката вечер ќе ...
Лушпите од јајца најчесто без размислување завршуваат во кантата за отпад по појадокот, ручекот или подготовката на колачи. Сепак, овој наизглед безвреден кујнски отпад има интересен минерален состав и може повторно да се искористи – од чистење тврдокорни наслаги до употреба во градината. Најголемиот дел од лушпата на кокошкиното јајце е составен од калциум карбонат. Истражувањата покажуваат дека правот добиен од лушпи може да содржи околу ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш вчера се извини за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на планината Лиса Хора во источна Чешка, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно. Во видео објавено на Фејсбук, Бабиш рече дека ги берел цвеќињата во спомен на починат колега од неговото движење АНО, со кого претходно се искачил на планината. „Можеби сум прекршил некој закон, за што се извинувам и сигурно ќе платам казна доколку е потребно“, рече ...
Утре без вода ќе останат делови од Општина Центар. „Од ЈП Водовод и канализација известени сме дека на ден 18.08.2026 година (вторник) без водоснабдување ќе останат: -поради уличен дефект од ф -2“ на ул. РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН бр.18 . со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Маџир Маало (Центар). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности, и -поради водоводен приклучок од ф ...
Иран одлучи да ја промени својата политика од дефанзивна во целосна офанзивна поради застојот во напорите за постигнување траен крај на војната со Соединетите Американски Држави, изјави денес за „Ројтерс“ висок ирански функционер. Напредокот кон мировните преговори и продолжувањето на сообраќајот на танкери за нафта низ стратешкиот Ормутски теснец е целосно запрен, без индикации дека завојуваните страни се приближуваат кон завршување на ...
Општина Илинден е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари со ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 17.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.213,32 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 38,76 поени, односно за 0,42%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Владата на Венецуела и дел од опозицијата постигнаа договор за заедничко барање за враќање на 31 тон злато во вредност од 4 милијарди долари, кое се наоѓа во трезорите на британската централна банка од 2018 година. Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус дојде по две недели преговори со посредство на САД, а целта е да се деблокираат средствата до кои Венецуела нема пристап откако ...
Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности. „Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот за судовите, како ...
Манчестер Сити е во напредни преговори со Лил во врска со трансферот на Ајуб Буади, еден од најголемите млади таленти на европскиот фудбал, за кого францускиот клуб бара дури 100 милиони евра. Англискиот гигант сака да го комплетира трансферот во текот на оваа недела, откако беше договорено заминувањето на Родри во Барселона за околу 76 милиони евра. Буади има само 18 години, но веќе е стандарден член на првиот тим на Лил и член на ...
Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува значајна средба на уметници, идеи и современи скулпторски изрази, со една јасна цел, уметноста да излезе од галерискиот простор и да стане дел од секојдневниот живот на заедницата. Создавањето ...
Синоќа полицијата казни 63 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, уапсени се осум возаччи. „Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од ...
Новата сезона на англиската Премиер лига започнува со натпреварот помеѓу Арсенал и Ковентри во петок, а организаторите на натпреварувањето воведоа четири нови правила. За разлика од неодамна завршеното Светско првенство, во Англија нема да има пауза за освежување. Официјално се потврдени четири промени, кои се однесуваат на справувањето со повредите на играчите, извршувањето на прекините, времетраењето на замените и употребата на ВАР ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе се воспостават и ...
Кошаркарската секција на Реал Мадрид официјално објави на својата веб-страница дека е постигнат нов договор со Ели Ендиаје. Сенегалскиот крилен центар, а доколку е потребно и центар, ќе биде играч на Реал Мадрид во следните две сезони, односно до летото 2028 година. Ели играше за Реал Мадрид четири сезони, од 2021 до 2025 година, и освои осум трофеи. Титулата шампион на Евролигата, три титули во шпанското првенство, Кралскиот куп и три ...
Русија издаде налог за апсење на Конор Кенеди, син на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, за неговото учество во борбите во Украина во 2022 година. Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, ја презеде функцијата како 26-ти министер за здравство во ...
Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и Калинка Габер, проектен менаџер – УНОПС. На средбата, која се одржа во конструктивна атмосфера, беше разговарано за актуелните и идните проекти, како и за можностите за унапредување на соработката во насока на поддршка на општините, поттикнување ...
Американски турист почина откако бил погоден од гром додека планинарел на планината Етна на Сицилија. Мажот (30), чие име не е објавено од властите, бил на активниот вулкан вчера кога почнале грмотевици, објавија италијанските медиуми. Пожарникарите и службите за итни случаи го пронашле починатиот околу 20 часот по локално време. Тој бил во ограничена зона која повремено се користи за пристапување до врвот на вулканот. Тој бил однесен со ...