Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Исак Њутн во историјата остана запаметен како еден од најголемите научници на сите времиња – човекот кој во 17 век ги формулира законите на движењето и универзалната гравитација и темелно го промени разбирањето на физичкиот свет. Но покрај неговата научна работа, Њутн имал и силно изразена религиозна страна, која со децении е предмет на интерес на историчарите. Значителен дел од своето време го посветувал на проучување на Библијата и обидите ...
За време на новиот руски напад врз Херсон, граната од дрон падна директно во креветчето каде што спиеше двегодишно момче. Не експлодираше, а детето за чудо преживеа без повреди, објави украинскиот портал Censor.NET, повикувајќи се на полицијата во областа Херсон. Според полицијата, руската војска продолжила со нападите врз цивили во текот на ноќта. Неколку напади од различни видови на дронови за напад се регистрирани во самиот регион Херсон. ...
„Измама е нивната кауза. Измама е нивната организација. Измама е и таканареченото спојување во една партија. Пред граѓаните се претставуваат како еден обединет политички субјект. Документот од Централниот регистар, издаден на 17 август 2026 година, потврдува дека Движењето БЕСА и понатаму е активна политичка партија, со Биљал Касами како претседател со неограничени овластувања“, велат од ДУИ. „’Вреди’ постои како име за пропаганда. Партиите, ...
Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори. Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше информиран за неговото заминување заедно со другите вработени во ФИФА преку електронска пошта. ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17. август 2026 година. „ФИФА може да потврди дека ...
Археолозите во близина на израелскиот град Кирјат Гат открија исклучително редок локалитет кој покажува колку напредни биле техничките знаења и организацијата на производството пред околу 5.500 години. На локалитетот Нахал Комем е откриена специјализирана работилница за систематско производство на кремени сечила, која потекнува од почетокот на бронзеното доба. Според Израелската управа за антиквитети, станува збор за првиот целосно ...
Иако цената од 100 долари наиде на мешани реакции, играчите што нарачуваат однапред сè уште се одлучуваат за поскапиот пакет со дополнителна содржина. Штраус Зелник, извршен директор на Take-Two, вели дека играчите на GTA 6 во раниот период на нарачки однапред се одлучуваат за Ultimate Edition од 99,99 долари, наместо за стандардната верзија од 79,99 долари. Rockstar Games ја отвори претпродажбата на 25 јуни, конечно ставајќи крај на месеците ...
За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање. Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност. Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата ...
Во руски ракетен напад врз градот Печениги во Харковскиот регион денес загинаа десет лица, а 17 беа ранети. Нападот е дел од поширок бран руски напади што ги погодија и Киевскиот регион и Запорожје во текот на ноќта и утрото, објави Киев Пост. Шефот на регионалната воена администрација на Харков, Олех Сињехубов, изјави дека на повредените им е укажана медицинска помош. Според него, во нападот се оштетени десет приватни куќи, едно кафуле, ...
Денеска извршивме увид на новата термофасада на објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“, со која обезбедуваме подобри услови за престој на најмалите, извести градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „Реализацијата на проектот е овозможена преку донација, како уште еден пример за поддршка и заедничко вложување во подобри услови за децата. Со овие проекти создаваме потопли, попријатни и поквалитетни услови за ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер би можел да го пропушти Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“. 25-годишниот Синер се врати во Торино во понеделникот, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв тренинг во затворен простор. Италијанецот ќе биде подложен на дополнителни прегледи, по што ќе биде донесена конечна одлука за неговото учество на Отвореното ...
Се појавија нови детали во истрагата за ненадејната смрт на американската актерка Хајден Панетиер, која почина на 36-годишна возраст. Според информации објавени од TMZ, во станот во Гринвил, Јужна Каролина, каде што актерката била пронајдена без свест, бил пронајден и „Narcan“ – назален препарат со налоксон што се користи за итно поништување на ефектите од предозирање со опиоиди. Сепак, самиот факт дека ваков препарат бил пронајден во станот ...
Украинскиот парламент денес се враќа од летниот одмор, а министерствата за одбрана и надворешни работи сè уште немаат постојани раководители. Помина еден месец откако украинскиот претседател Володимир Зеленски одеднаш го разреши министерот за одбрана Михајл Федоров, во време на сè поинтензивни руски балистички ракетни напади, пишува Euronews. Кога новата влада на премиерот Серги Корецки беше потврдена на 16 јули, сите кандидати беа назначени ...
На 34-годишнината од основањето на македонската Армија, наместо прераснување во сериозна сила искалена во реална борба сведочиме на континуирано ослабнување и деградирање на АРМ предизвикано од заедничкото дејство на естаблишментските партии и владејачките елити, велат од Левица. „По повод јубилејот на АРМ, се присеќаме на нејзината историја – создавањето, потешкотиите и раниот развој. Неодминливи се славните денови и херојството прикажано ...
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ибрахим Мбај, ги договорил финансиските услови со Ливерпул, објави „RMC Sport“. Мбај има 18 години, е висок 175 сантиметри и игра на позицијата десно крило. Сенегалецот му беше приклучен на првиот тим на Пари Сен Жермен за сезоната 2024-25, откако настапуваше за тимот до 21 година на шампионите на Европа и Франција. Во претходната сезона, се етаблираше како постојан играч во првиот тим – одигра 29 натпревари – ...
Google објави дека нивната апликација Gemini AI ја достигна својата прва милијарда месечни активни корисници. Во значаен пресврт за Google, извршниот директор Сундар Пичаи објави преку платформата X дека Gemini стана еден од најбрзо растечките производи на компанијата, неодамна надминувајќи 1 милијарда месечни активни корисници. Пичаи, исто така, истакна дека ова е 14-тиот производ на Google што ја достигна границата од една милијарда. Со ...
Американскиот рапер Канје Вест, познат и како Ye, во октомври би требало да одржи два концерта во Санкт Петербург, Русија, на стадионот „Газпром арена“. Информацијата за настапите беше објавена во понеделникот на Телеграм-каналот на „Газпром арена“, каде што се најавени концерти на 10 и 11 октомври. Доаѓањето на Вест во Русија привлекува големо внимание бидејќи во текот на оваа година му беа откажани повеќе концерти, а во неколку европски ...
Градот Скопје соопшти дека продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје. Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. „Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против ...
Последните две години на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити добија сосема нова димензија. Документарецот „Прекрасна опсесија“ ѕирка зад сцената од неговиот последен период на клупата на англискиот великан и открива колку бил емоционално исцрпен тренерот, но и колку напорно се трудел да го промени тимот на кој му посветил цела деценија. Гвардиола го продолжи договорот со Сити во ноември 2024 година, иако во тоа време веќе размислувал за ...
Потпретседателот на Google, Џош Вудворд, објави дека корисниците ќе можат да отстрануваат видливи водени жигови од слики и видеа генерирани од вештачка интелигенција. Опцијата за вклучување односно исклучување за AI водени жигови наскоро ќе биде достапен за Nano Banana, Omni и Lyria, сите кои ја користат познатата икона со ѕвезда (искра) за означување на AI содржината. Во иднина ќе биде достапен и за Gemini и за едиторот за видеа Flow. Ова на ...
Барселона и Манчестер Сити постигнале начелен договор за трансфер на шпанскиот репрезентативец Родри, во зделка чија вкупна вредност може да достигне 76,5 милиони евра. Според објавените информации, каталонскиот клуб се подготвува да го доведе 30-годишниот играч за врска како едно од најголемите засилувања во летниот преоден рок. Манчестер Сити би требало веднаш да добие загарантирани 60 милиони евра, додека повеќе од 11 милиони евра би биле ...
Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, велат од ДУИ. „Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на ...
Џини Бас, гувернерката на Лос Анџелес Лејкерс, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестри да ги продадат преостанатите 17,8 проценти од семејниот удел во клубот на Џош Кушнер и Боб Игер. Доколку зделката биде рреализирана, Бас би можела да ја изгуби позицијата што ја има од 2013 година. Семејството Бас гласаше овој месец за продажба на преостанатиот удел во Лејкерс, но Џини тврди дека гласањето е неважечко. Нејзиниот адвокат, ...
Кинеската Unitree го претставува брзиот робот „Супермен“ пред историската јавна понуда (IPO) и рекордната IPO од 905 милиони долари. Кинеската компанија Unitree го претстави новиот брз робот наречен „Супермен“, неколку дена пред да стане првиот развивач на роботи за општа намена чии акции ќе се котираат на кинеската берза. Unitree, најголемиот светски производител на хуманоидни роботи според обемот на продажба, ќе започне со тргување во ...
Куркумата со години е меѓу најпопуларните зачини кога станува збор за природната исхрана, а сè почесто се споменува и во контекст на регулирање на телесната тежина и метаболизмот. Во време кога пазарот е преполн со различни препарати, диетални суплементи и производи за слабеење, многумина се свртуваат кон едноставни намирници кои веќе ги имаат во кујната. Една од нив е токму куркумата – препознатлива по својата интензивна жолта боја. Сепак, ...
Украина изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва и нејзината околина преку ноќ. Според извештаите од руските канали на Телеграм, кои се повикуваат на изјави од жители, нападот го оштетил магацинот на најголемата онлајн продавница во Русија „Вајлдберис“, која се нарекува и „руски Амазон“. Ова ги продолжува украинските напади врз компанијата, пишува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека ...
Министерот за здравство Клековски самиот призна дека анализите на водата се прават секојдневно. Сега вели дека сака транспарентно да ја информира јавноста ама ќе ги објави дневните анализи за водата во Гостивар дури по два месеци, велат од СДСМ. „Во Гостивар, од почетокот на кризата, од моментот кога 5.000 граѓани се отруја, па по пет недели, нема ниту еден единствен објавен документ. Сега министерот најавува дека ќе објави резултати и од ...
Намалувањето на бројот на вработени дојде дури и откако еден тест модел откажа послушност и го хакна Hugging Face. Како дел од реструктуирањето, OpenAI наводно го распушти својот тим за „приправност“ кој ја проценува потенцијалната опасност од катастрофални ризици од нејзините модели, објави Financial Times. Компанијата, предводена од Сем Алтман, го направи потегот кон крајот на минатиот месец и покрај фактот дека неколку од нејзините модели ...
Кога ќе се скрши оревот, најчесто се зачувува само јатката, додека тенките темнокафеави прегради што се наоѓаат во внатрешноста завршуваат во отпад. Сепак, овие делови од оревот со генерации се користеле во народната медицина за подготовка на чаеви и тинктури. Еден од старите домашни рецепти е напитокот од прегради од орев, кој традиционално се употребувал како дополнување на исхраната и за општа виталност. Му се припишуваат различни ефекти ...
35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати. 6 лица во критична состојба на интензивна нега. А во општина Кисела Вода, токму во Драчево, каде што е прогласена епидемија – организираат кино на отворено, велат од СДСМ. „Потполн аматеризам и непрофесионализам во водењето на епидемијата од страна на Мицкоски и Клековски. Истата шема како и со водата во Гостивар: нема навремена превенција, нема систем, нема одговорност, само ...
Главната вест за овој телефон е автоматизираниот „pop-up“ стабилизатор на камерата. Honor Robot Phone е на радарот веќе некое време и конечно е достапен за претходна нарачка, иако засега само во Кина. Зборот „робот“ во името се однесува првенствено на автоматизираниот стабилизатор на камерата (gimbal) што „скока“ од куќиштето, што би требало да им се допадне на фотографите и видеографите. Овој стабилизатор е направен од титаниум и може да се ...