Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Рокот од 60 дена за постигнување и потпишување на конечен договор меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран истече во понеделникот. Не само што Џаред Кушнер, претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот зет, рече дека Техеран не е заинтересиран за постигнување договор, туку сега арапските разузнавачки служби открија и стратешки пресврт од страна на тврдокорното раководство на Иран што воопшто нема да ги задоволи ...
Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар. Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени, реагираат од СДСМ. „Што славеа? Труењето? 22 дена вода со фекалии? Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата“, прашуваат од партијата. Според нив, Мицкоски нема ниту трошка морал и е како што велат, без срам. „Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен. А сите заминаа на одмор – во средина на труењето и епидемијата. Но ...
Стареењето е природен процес кој ги зафаќа сите, но начинот на кој ги забележуваме промените кај мажите и жените често не е ист. Во секојдневието неретко се создава впечаток дека мажите со годините го задржуваат „помладиот“ изглед подолго, додека кај жените знаците на стареење стануваат позабележливи порано. Сепак, зад оваа перцепција стои комбинација од биолошки фактори, хормонални промени, структурата на кожата, телесната композиција, ...
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска (19.08.2026 година -Среда) без водоснабдување ќе останат: – Во период од 09,00ч дел од корисниците на o.Чаир и нас Топанско Поле, поради промена на шибер Ф-250мм на ул.Џон Кенеди раскрсница со ул.Лазар Трповски, од ул Лазар Трповски и нас.Топанско Поле. Текстот Без вода делови од Чаир и Топанско Поле е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Од ЈП Водовод и канализација ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го одложи за три дена воведувањето царини од 50 проценти за одредени стоки од Канада. Царините требаше да стапат на сила во 12:01 часот по источно време, но Трамп објави дека ги суспендира до крајот на 21 август, додека документите за договорот меѓу САД и Канада се финализираат, објави CNN. Трамп изјави дека Канада и САД постигнале договор, под услов документите да бидат ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Среда ) без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците на дел од ул.Христо Татарчев во близина на автопералната ( општина Сопиште ) – Во период од 11.30 до 14.30 часот,корисниците од ул.Александар Мартулков (општина Ѓорче Петров) Текстот Без струја делови од Сопиште и општина Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Од ЕВН ...
Поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, оцени дека Киев го достигнал максимумот кога станува збор за меѓународна помош и дека во сегашните околности, не гледа простор за значително зголемување на поддршката од западните партнери. „Што се однесува до меѓународната помош, го достигнавме нашиот плафон. Засега, не гледам од каде ќе дојде“, рече Кулеба во интервју за YouTube канал. Според него, во моментов, Украина ...
Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Владимир Зеленски се потсмева на чувствата на милиони Украинци, како и на чувствата на сопствениот дедо кој се борел против нацистите, изјави амбасадорот на руското Министерство за надворешни работи задолжен за злосторствата на украинскиот режим, Родион Мирошник. Тој го коментираше повторното погребување на останките на Евгениј Коновалиц, лидерот на ООН (Организација на украински националисти, која е означена како екстремистичка организација ...
Меѓународната Агенција за атомска енергија (МААЕ) откри неколку тони нуклеарен материјал на непријавена локација во Сирија, објави нејзиниот директор Рафаел Гроси. „Зборуваме за неколку тони нуклеарен материјал што може да се злоупотреби“, рече Гроси на заедничката прес-конференција со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шаибани во Дамаск. Гроси ја пофали „храбрата одлука“ на сириските власти да ја прогласат локацијата, која ја ...
Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците од негово понатамошно ширење. Како што информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, на состанокот присуствувале претставници од сите надлежни институции, служби и субјекти кои можат да се вклучат во справувањето со ...
Проблемот со водата во Гостивар е под надлежност на локалната власт. Градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „А, СДС во Гостивар, е коалиција и дел од локалната власт за што и самиот Венко Филипче си кажа кога бараше што поголем број партиски членови да се мобилизираат за да гласаат на локалните избори за Валбон Лимани. Затоа што заедно се дел од власта, СДС ...
Канцеларијата на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир објави дека во централен Израел се гради објект за бесење осудени терористи, во рамките на веќе изграденото крило на затвор за затвореници осудени на смрт. „Ветив дека ќе ги влошам условите за терористите во затворите и го одржав моето ветување. Ветив дека ќе го донесам Законот за смртна казна за терористи и го направивме тоа. И сега започнува изградбата на објектот за ...
Само три дена откако се струполи на крајот од натпреварот со Лајпциг, Јамал Мусијала повторно ги загрижи сите, повторно колабираше среде натпревар. На играчот на Баерн му се случи речиси идентична ситуација како и против Лајпциг, само што овој пат доживеа непријатно искуство на самиот почеток од новиот пријателски натпревар, со Хајденхајм, во деветтата минута. Падна на теренот, кратко ја изгуби свеста и немаше сила да стане. Дури откако ...
Претседателката, како Врховна командантка на вооружените сили, денеска се обрати на централната прослава на 18 Август – Денот на Армијата, којашто се одржа во Охрид. Честитајќи го најголемиот македонски воен празник, таа истакна дека армијата растела и зреела, но не се изгубил континуитетот со нејзините почетоци: се стекнувало искуство, се проширувало и продлабочувало знаењето, се менувале генерациите, а секоја од нив давала свој придонес ...
Златната топка од 2024 година и најдобриот играч на Светското првенство, кое заврши со триумф на Шпанија, Родри, официјално стана играч на Барселона. Барселона и Манчестер Сити постигнаа договор за трансфер на шпанскиот репрезентативец, кој потпиша договор со клубот од „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година. Доаѓањето на еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот е голем успех за Барселона, која се здоби со играч способен да донесе ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави на социјалната мрежа Truth Social дека го прогласува Ормускиот теснец за нова територија на Соединетите Американски Држави. Ова соопштение дојде еден ден по истекот на Меморандумот за разбирање, а Трамп подоцна истиот ден рече дека „не се водат ниту се планираат никакви разговори“ со Исламската Република Иран, пренесуваат медиумите. Во објава на Truth Social, Трамп напиша: „Поморската блокада ...
Пожарот во Мариово повторно се разгоре, a огнената линија е долга околу 20 километри, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Како што рече, пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, повторно се активирал денеска околу пладне. „Огнот кој синоќа опустоши дел од селото Чаниште во текот на ноќта, раните утрински часови и претпладневните часови беше речиси целосно совладан. За жал околу пладневните ...
Во Велика Британија, едно лице почина, а 207 се заразени со салмонела во епидемија за која здравствените службеници веруваат дека е поврзана со храна подготвена од увезени јајца. Информациите ги објави Извршниот одбор за здравје и безбедност на Велика Британија (UKHSA) во вторник, пренесува „Анадолу“. UKHSA започна истрага во мај откако откри зголемување на случаите на салмонела предизвикани од специфичен сој. Сојот беше идентификуван со ...
Москва има право да го гледа ангажирањето на британските ракетни сили во нападите врз Руската Федерација како директно учество во конфликтот во Украина, со сите последици што произлегуваат од него, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Знаете, ми е жал за Велика Британија ако остане со Украина до самиот крај“, изјави Лавров за руските медиуми. Тој потсети дека рускиот лидер Владимир Путин предупреди дека Русија има ...
Тие што го отруја цел Гостивар, поради кои нема вода 5 недели а над 5.000 граѓани беа заболени денеска ќе слават. Вечерва, Општинскиот комитет на ВМРО ОКГ во Гостивар ќе слави партиски настан годишнина од основање, велат од СДСМ. „Што славите? Тоа што го отрувте цел Град? Тоа што пет недели нема вода? Тоа што не се знае ниту сега дали водата е безбедна за пиење? Тоа што не објавувате документ и анализа за водата, прашува Бојан Зафироски – ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Соединетите Американски Држави не успеале да ја постигнат својата цел во војната со Иран и потврди дека Вашингтон сега бара преговори според условите на Техеран. Според него, целта на САД за време на војната била да го принудат Иран да се предаде. „Ние нема да се предадеме. Америка сега бара да преговара со нас според наши услови“, рече Арагчи. Иранскиот министер за ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 42,07 поени, односно за 0,46%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Европската унија ја поздрави одлуката на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина да ги почитуваат рестриктивните мерки на ЕУ кон Белорусија, објави денес високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Овие земји изјавија дека ќе ги усогласат своите национални политики со одлуката на ЕУ, а Унијата објави дека ја зела предвид нивната ...
Објавени се номинациите за годинашното издание на MTV Video Music Awards, а на врвот на листата се Мадона и Тејлор Свифт. Поп-иконата Мадона има најмногу номинации – вкупно 11, додека Тејлор Свифт е веднаш зад неа со девет. По нив следуваат Аријана Гранде и Сабрина Карпентер, кои добија по седум номинации, пренесува „People“. Свеченото доделување на наградите е закажано за недела, 27 септември, а церемонијата ќе се пренесува во живо од Лос ...
Грчката крајбрежна стража денес објави дека шест лица се повредени кога туристички брод удрил во бетонски блокови при враќањето во пристаништето Агиос Николаос Волимон на грчкиот остров Закинтос. Инцидентот се случил синоќа, по завршувањето на екскурзивното пловење, објавува „Катимерини“. На бродот имало вкупно 24 патници и двајца членови на екипажот. По пристанувањето во пристаништето, четворица од повредените биле пренесени со сопствен ...
„Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата? Лефков денеска зборува за „резултати“ и нè обвинува дека создаваме паника. Ако сè е во ред – зошто пет недели нема официјални резултати од анализите на водата во Гостивар“, прашуваат од СДСМ. „Зошто предизвикувате несигурност и паника токму со тоа што ги криете документите? За резултатите на вашата влада не треба многу зборови. Граѓаните ги гледаат секој ...
Битола ќе биде домаќин на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), по повод која во градот ќе се одржат повеќе активности. На 19 и 20 август, со почеток во 16 часот, на просторот кај Офицерскиот дом ќе се реализираат вежбовни активности, на кои граѓаните ќе имаат можност да проследат дел од професионалноста, подготвеноста и вештините на припадниците на ЕБР. Централниот настан е закажан за 22 ...
Осум земји надвор од Европската Унија се приклучија на најновиот пакет санкции на ЕУ против Белорусија поради нејзината поддршка на руската агресија во Украина. Ова ќе ги усогласи нивните политики со мерките усвоени од Советот на ЕУ на 23 јули, објавува „Euronews“. Како што објави Европската Унија во вторникот, тоа се Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка и Украина. Брисел ја поздрави ...
Времето утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...