Фудбалерот на Барселона Гави (22) ја отфрли можноста за преселба во Манчестер Јунајтед. „Гардијан“ потврдува дека шпанскиот репрезентативец нема намера да го прифати повикот од „Олд Трафорд“ и дека негов приоритет е да остане во Барселона. „АС“, повикувајќи се на „Дејли Мирор“, пишува дека Јунајтед бил подготвен да плати 40 милиони евра, сума што Барселона би ја побарала за играчот од средниот ред. Сепак, Гави не е заинтересиран за ...

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон повторно го привлекоа вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи споделија серија заеднички фотографии од нивниот летен одмор на Хаваите, со кои дополнително ги поттикнаа гласините дека нивната врска станува сè посериозна. Откако Ким еден ден претходно објави фотографии со опис „Некаде над виножитото“, возачот на Ферари возврати со галерија од досега необјавени моменти од нивното патување. На една од ...

Центар за управување информира за состојбата со пожари на отворен простор до 13:00 часот. Според ЦУК, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, а 4 се изгаснати. Активни пожари – 8: Општините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација). Општина Крушево: с. Белушино и ...

Во последната недела, 47 лица се разболеле од западнонилска треска во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 157, објави Грчката Национална здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека од почетокот на годината починале 13 лица од вирусот. Најголем број случаи е регистриран во источна Атика. Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот ...

Четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен потпиша нов договор со Ред Бул, според кој ќе остане во тимот до крајот на 2030 година. Иако Холанѓанецот има договор со австрискиот тим до крајот на 2028 година, во последните месеци се шпекулираше за неговата иднина. Мерцедес не криеше дека би сакале да го ангажираат, ситуацијата ја следеше Мекларен, особено поради клаузулата во договорот според која тој би можел да го напушти тимот веќе на ...

Актерката Харизма Карпентер, позната по улогата на Корделија Чејс во култните серии „Бафи, убиецот на вампири“ и „Ангел“, сподели нови моменти од летниот одмор и повторно го привлече вниманието на своите обожаватели. Карпентер (56) објави фотографии на кои позира покрај езеро во портокалов костим за капење, со природен изглед и очила, а следбениците веднаш почнаа да коментираат дека актерката речиси и не се променила од периодот кога се ...

Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. „Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран пристап ...

Русија се соочува со продлабочен недостиг на гориво како директен резултат на нападите со беспилотни летала на Украина врз енергетската инфраструктура. Руските власти повторно одобрија употреба на гориво со низок квалитет за да се покрие недостигот, а во исто време ги апсат граѓаните кои јавно се жалат на ситуацијата, пишува „Euronews“. Бензинот вчера беше достапен само на 28 проценти од бензинските пумпи низ Русија, што е намалување од 41 ...

Барселона, по неуспешниот обид да го реализира трансферот на Хулијан Алварез, наводно повторно го насочила вниманието кон Лаутаро Мартинез. Според информациите од Џерар Ромеро, каталонскиот клуб се обидува да направи нов потег кон капитенот на Интер, додека „ТНТ Спортс Аргентина“ тврди дека Барселона би можела да понуди дури 100 милиони евра. Наводно, Лаутаро „ја отворил вратата“ за можен трансфер, но реализацијата на зделката изгледа многу ...

Пред дваесетина години USB-стик со еден гигабајт простор се сметаше за сериозен уред за складирање и не беше евтин. Денес, пак, таков капацитет изгледа речиси бескорисно мал. Поголемиот дел од актуелните Kingston DataTraveler модели денес започнуваат со 64 GB, а дел од нив достигнуваат и 512 GB. Причината не е само во тоа што корисниците сакаат повеќе простор, туку и во фактот што производството на многу мали капацитети едноставно повеќе не ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ истакна дека за трипати пократок период има 120 милиони евра поголем раст на БДП. „Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш ...

Португалија донесе закон со кој се забрануваат прекривките за лице на јавни места, со казни од 150 до 3.000 евра за прекршоци. Новите прописи, наречени „закон за бурка“ од локалните медиуми, забрануваат носење облека што го крие лицето или спречува идентификација, објавува „Euronews“. Законот, исто така, забранува принудување на другите да ги покријат своите лица врз основа на пол, религија, возраст или потекло. „Лицето мора да се смета за ...

Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково, велат од ЦУК. По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен. „Системот за рана детекција овозможува ...

Манчестер Сити би можел да се вклучи во трката за фудбалерот на Рома, Ману Коне, откако Манчестер Јунајтед се откажа од трансферот поради цена од околу 60 милиони евра. Во текот на летото, Коне значително ја зголеми цената со одличните игри во Серија А, но и со настапите за Франција на Светското првенство, каде што беше едно од најголемите откритија. Интер и Манчестер Јунајтед покажаа интерес, но во меѓувреме се повлекоа поради високата цена ...

Калум Тарнер отворено проговори за своите планови за иднината со Дуа Липа, откривајќи дека создавањето семејство и родителството се меѓу неговите најголеми желби. Според информациите во изворниот текст, славниот пар стапил во брак на две локации – најпрво во Лондон, а потоа организирал голема свадбена прослава на Сицилија. Сега, како што се наведува, нивното внимание сè повеќе е насочено кон заедничката иднина и можноста за проширување на ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја влече Турција во она што го нарече „опасни авантури во Сирија“, откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) оваа недела бомбардираа сириска воздухопловна база поради, како што велат, натрупувањето на турски воени сили на таа локација. „Израел нема да дозволи ниту еден ентитет да ја загрози неговата безбедност“, рече Кац во објава на ...

После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и ...

Фудбалскиот клуб Тотенхем, денес, тргнува во нова офанзива на пазарот. Целата на Тотенхем се двајца играчи на Манчестер Сити, напаѓачот Омар Мармуш (27) и левото крило Савињо (22). Еден од најдоверливите инсајдери, Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, известува дека Спарс силно притискаат да ги доведат двајцата и додава дека преговорите напредуваат добро. Мармуш се проби во Ајнтрахт пред да се приклучи на Сити во јануари 2025 година за 75 милиони ...

Задишаноста по искачување на втор или трет кат е нешто што му се случува на речиси секого, без оглед на возраста или физичката форма. Во најголем број случаи станува збор за нормален одговор на организмот на нагло зголемен физички напор. Сепак, ако недостигот на воздух е нов, несразмерно силен, се влошува или се јавува при активности што претходно не претставувале проблем, вреди да се обрне внимание. Медицинските извори посочуваат дека ...

Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата, соопштија од партијата. „Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките ...

Ромелу Лукаку отворено зборуваше за турбулентниот период во Наполи и ја опиша 2025 година како најлошата во неговиот живот. Белгискиот напаѓач речиси и да не играше минатата сезона, откако доживеа сериозна повреда на бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос во август 2025 година. За време на неговото закрепнување следеа нови проблеми, како и несогласувања со клубот, бидејќи сакаше да се лекува во Белгија. Во исто време, ...

Косовските институции во изминатите две недели спроведуваат засилени контроли на млечните производи на тамошниот пазар, откако лабораториски анализи покажале неправилности кај повеќе производи на еден производител, вклучително и присуство на растителни масти, палмино масло, млеко во прав и скроб кои не биле соодветно наведени на декларациите. Случајот привлече поголемо внимание откако Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово презеде ...

Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот, изјави Лазар Банов, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар. „Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари. Оттука, логично е дека во следните 3 години, наместо нови паркови, чисти улици, ...

Лионел Меси го загуби својот татко и менаџер, Хорхе Меси, претходно овој месец, по што во еден момент беше блиску до одлуката да се откаже од играњето фудбал и да се пензионира на 39-годишна возраст. Првиот натпревар по враќањто во Мајами не беше под просекот за стандардите на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Изминатата ноќ го постигна првиот гол по семејната трагедија. Во ремито со Филаделфија, во натпревар во МЛС лигата, ...

„Социјален џет-лег“: Што може да им се случува на цревата кога за викенд целосно го менуваме ритамот на спиење? Ако во текот на работната недела станувате во 6:30 или 7 часот, а за време на викендот без проблем спиете до 10 или 11, веројатно тоа го доживувате како сосема нормален начин да го надоместите недостигот од сон. Но токму големата разлика меѓу времето на спиење и будење во работните и неработните денови сè повеќе го привлекува ...

Руски балистички ракети убија најмалку шест лица во Киев, а најмалку 23 други беа повредени, објави градоначалникот Виталиј Кличко рано денес на Телеграм, пренесува „Ројтерс“. „Пожар избувна откако Русија ги нападна горните катови од деветкатна зграда“, рече Кличко, додавајќи дека на друга локација, луѓето биле заробени откако Москва погодила станбени и нестанбени згради, магацини и детска болница. Сведок за „Ројтерс“ рекол дека слушнал ...

Во понеделник, 24 август, во Собранието, со почеток од 10:45 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Настанот ќе го отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, а предвидено е обраќање на членови на Интерпартиската парламентарна група, како и на амбасадорката на Украина, ...

Само неколку дена пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, шампионот Арсенал договори голем трансфер. Како што ексклузивно објави британскиот јавен сервис Би-Би-Си, „топџиите“ ќе влезат посилни во новата сезона за англискиот репрезентативец Езри Конса. Од трансферот неговиот поранешен клуб Астон Вила ќе заработи над 51 милион фунти (околу 59,4 милиони евра), со дополнителни бонуси. Британскиот јавен сервис пишува дека 28-годишниот ...

Кога зборуваме за стареењето, најчесто прво помислуваме на она што можеме да го видиме – брчките, намалената еластичност на кожата, промените на косата или забавувањето на метаболизмот. Но научниците сè повеќе го насочуваат вниманието кон процеси кои се одвиваат многу подлабоко во организмот, меѓу кои и промените на микробиомот – огромната заедница од микроорганизми кои живеат во и на човечкото тело. Истражувањата покажуваат дека микробиомот ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со тешки економски последици за секоја земја што му помага на Иран и најави, како што тврди, најразрушителната економска операција што некогаш била започната против некоја земја. Вчера, Трамп дополнително го зголеми притисокот на Вашингтон врз Техеран по месеци тековен конфликт. „Објавувам дека секоја земја што им дозволува на своите финансиски институции, компании, аеродроми или владини агенции ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87