Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...

Во рамки на активностите за поголема даночна информираност и усогласеност во туристичкиот сектор, денеска Управата за јавни приходи во Охрид одржа информативно-работна средба со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот. Информативно-работната средба беше реализирана од страна на стручен тим на Управата за јавни приходи, во соработка со Општина Охрид, со цел зајакнување на ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, призна дека нападите на Украина врз руските рафинерии за нафта и инфраструктура влијае на економијата. Рускиот претседател учествуваше на состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти во Москва. Зборувајќи за руската економија, тој рече: „Статистичките податоци покажуваат дека економската активност, иако генерално умерена, останува позитивна“. „Јасно е дека темпото на економската ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · Исклучување од подземна мрежа -промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10 да се одредува НН ивод, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, општина Гази Баба. Текстот Дел од општината Гази Баба утре без струја е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Од ЕВН Македонија АД ...

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, денеска ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Пјонгјанг има намера да испрати дополнителни 50.000 војници во Русија за да го зајакне својот сојузник, пишува „Ројтерс“. Ким Јо Јонг, која е висок функционер на владејачката партија, во изјава за државната новинска агенција KCNA, ја оцени проценката на Зеленски како „неоснована“ и ја нарече „инсцениран ...

„Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција“, велат од Влен. „Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност. Орхан Муртезани располага со потребното ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер. На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна ...

Август 2026 година носи поинаква љубовна динамика за секој хороскопски знак, а според месечниот љубовен хороскоп, Раковите убедливо се издвојуваат како најсреќни во љубовта. Со високи 95 проценти, Ракот го зазема првото место, додека Вагата со 91 процент е веднаш зад него. Во самиот врв се и Скорпијата и Стрелецот со по 87 проценти, што укажува на месец исполнет со повеќе емоции, важни разговори и можности за продлабочување на односите. Еве ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. Во пријатен разговор констатираа дека македонско-чешките односи, се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на просветителите „Св. Кирил и Методиј“ ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Димал Баша министер за инфраструктура и транспорт на Република Косово. Во делегацијата присутни беа и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, како и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата. На средбата беше истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето. Особено внимание беше посветено на имплементацијата на Законот за правда за децата и на ...

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...

Спорот меѓу Томас Вокап и Олимпијакос доби нова, посериозна димензија. Искусниот плејмејкер е решен да го напушти клубот од Пиреја и да се пресели во Дубаи, иако неговите претставници го советувале да не влегува во борба со актуелниот европски првак. Според Михалис Стефану од порталот „Бетарадес“, Вокап во еден момент одлучил да ги заобиколи своите претставници, кои се обиделе да го одвратат од таков потег. Кошаркарот наводно ангажирал свој ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата богослужба во храмот „Свето Преображение“ во Прилеп, по повод големиот христијански празник Свето Преображение Господово. Проданоски упати честитки до верниците и истакна дека празникот е потсетник на силата на верата, надежта и духовната обнова, како и на вредностите што ги обединуваат луѓето – љубовта, почитта, човечноста и грижата за ближниот. Во рамки на ...

„Обвинувања, лаги, манипулации и дезинформации. Од сабајле до вечер, соопштенијата и прес-конференциите на СДС се како расипана плоча“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Давчевски. „Бидејќи живеат во светот на лагите на Филипче, да им пренесеме дека во Скопје, не само што навремено е прскано против комарци, туку прскано е до денес, 13 пати. Дезинсекција против ларви: – 7 мај – авионска дезинсекција – 11 јуни – авионска ...

Возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, наводно ќе ја пропушти трката за Големата награда на Холандија оваа недела поради повреда на зглобот, а официјалната потврда се очекува наскоро. „Де Телеграф“ прв ја објави веста дека францускиот возач се повредил во текот на летната пауза, за време на тренинг во теретана, поради што неговото учество во Зандворт е во голем знак прашалник. Истите извори наведуваат дека најверојатната опција е Хаџар да не вози ...

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција, општината тогаш ја воочи имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно прогласената епидемија на Западнонилска треска ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. Исто така од Градот информираат за терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, што ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден. „Доколку ...

Астон Вила официјално ги потврди трансферите на Матео Руџиери и Зајон Сузуки. Италијанскиот дефанзивец дојде од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, плус 1,5 милиони евра бонуси, додека јапонскиот голман, кој беше на работ на трансфер во Пари Сен Жермен, пристигнува од Парма за 30 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси. Руџери (24) доаѓа на „Вила Парк“ по само една сезона во Атлетико, со идеја да го замени Лука Дињ, кој се врати во ПСЖ. ...

Јајцата со години се предмет на дебати кога станува збор за здравјето на срцето, холестеролот и метаболизмот, а сè почесто се поставува и прашањето како нивната редовна консумација влијае врз црниот дроб. Особено внимание привлекува дилемата дали јајцата можат да придонесат за развој на замастен црн дроб или, напротив, благодарение на одредени хранливи материи, можат да бидат дел од исхрана што го поддржува нормалното функционирање на овој ...

На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци. Во однос на епидемиолошката состојба, според последните податоци на ИЈЗ, заклучно со 18 август 2026 ...

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) спроведуваат специјална операција насочена кон разоткривање на криминална организација во Украина, објави НАБУ. „НАБУ и САП спроведуваат специјална операција за разоткривање на криминална организација“, се наведува во соопштението објавено на Телеграм каналот на тоа украинско антикорупциско тело. Според НАБУ, ...

Пол Погба (33) повеќе не е играч на Монако, откако клубот објави дека спогодбено се разделил со поранешниот светски првак. Во објавата се потенцира дека само делумно ги исполниле целите што ги поставиле на почетокот на минатата сезона. Погба тогаш потпиша двегодишен договор. Сепак, сега е раскинат откако Погба одигра само 115 минути за Монако минатата сезона. Ова е уште еден од низата удари што ги претрпе фудбалерот кој на почетокот на ...

Хилари Даф сподели емотивна порака во чест на Хајден Панетиер, два дена по нејзината ненадејна смрт, присетувајќи се на нивното пријателство и на периодот кога двете како многу млади актерки се пробиваа во Холивуд. Даф (38) во објавата на Инстаграм призна дека со текот на годините го изгубиле контактот, но дека Панетиер ќе ја памети како исклучително вредна, енергична и ведра личност. „Слатка Хајден. Навистина е тешко да се слушне оваа ...

„Нам како ВМРО-ДПМНЕ ни е јасно дека СДС многу тешко сфаќа како треба да функционира системот, бидејќи тие работат спротивно од тоа, односно противзаконски, криминално и коруптивно“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Наташа Поповиќ. „Но, еве за граѓаните да образложиме како стојат работите во случајот со Гостивар. Прво, секоја анализа, секое испитување и негово објавување е директна надлежност на ЈП Комуналец Гостивар. Така да по ...

„Мицкоски во јули свечено објави дека по две години власт ДПМНЕ успеало да го „консолидира“ земјоделството, иако, нели, наследиле „катастрофална состојба“ во која земјоделците не добивале субвенции. Еве ја „консолидацијата“ два месеци подоцна: сточарите повторно бараат итна средба со премиерот, повторно предупредуваат на протести и повторно бараат исплата на субвенции што одамна требало да им бидат исплатени. Претходно, струмичките ...

Четири лица беа убиени, а уште четири други беа ранети во напад со руски дрон врз автобус во јужниот украински град Херсон утрово, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител. Зеленски: Нормален човек не може да го замисли ова „Според прелиминарните информации, четири цивилни патници беа убиени во нападот“, соопшти канцеларијата, додавајќи дека автобусот се движел по улица во град кој често е цел на руски воздушни напади. Се огласи и ...

Бразилскиот напаѓач Андре Луиз го напушти Олимпијакос и се пресели преку барата, во Спортинг Канзас Сити, во рекорден трансфер. Иако клубовите не ја открија сумата на обесштетувањето, американските медиуми објавуваат дека Спортинг ќе плати 18 милиони долари за напаѓачот, кој има 24 години. Луиз ќе стане најскапиот играч во историјата на тој клуб. Претходниот рекорд на Спортинг беше 7,5 милиони долари, кои беа платени во 2019 година за ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во нова колумна ја претстави стратешката визија за енергетската трансформација на Македонија, нагласувајќи дека инфраструктурата што се гради денес ќе ја одреди енергетската улога на земјата во наредните децении. Во фокусот на колумната е првата национална Водородна студија, која според Божиновска не е само документ за нов енергенс, туку показател дека државата ...

Андраш Бака, поранешниот претседател на Врховниот суд, денес ја презеде функцијата претседател на Унгарија, откако парламентот го избра на 11 август. На предлог на владејачката партија Тиса, тој доби поддршка со тајно гласање од 140 пратеници, додека шест беа против, објави МТИ. Опозиционите партии Фидес и Христијанско-демократската народна партија (КДНП) не учествуваа во гласањето, наведувајќи дека сметаат дека претходното разрешување на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58