Со одлука на Владата донесена во 2019-та година, 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик и е празник од работен карактер. На денешен датум во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озаконило и првиот правопис на македонскиот јазик. Македонската азбука првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ и тоа број 104 со ...

Вчера (4 мај) во 11.45 часот во Полициска станица Дебар било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај Мелнички мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.О.(58) од Долно Косоврасти, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(20) од Жировница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.О., а ...

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави ...

Празникот над празниците-Велигден, центар на православната вера, ги сплоти православните верници во Гостивар во споделување на радосната вест за Христовото воскресение со кое се докажува победата на животот над смртта. Велигден во летото господово 2024 во Гостивар се дочека и одбележа достоинствено и масовно. Граѓани од сите генерации, со радост и трепет во срцата ја дочека веста за Христовото воскресение на прославата во соборниот храм „Успение ...

Митрополитот Тетовско – гостиварски , г. Јосиф до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден. „Господ Исус Христос со своето Воскресение поразот, во победа го претвори. Гревот и смртта ги обесили, а нам на луѓето, портите на рајот ни ги отвори. Со тој спасоносен настан Синот Божји се потврди како вистинки Богочовек и спасител и им даде смисла на небото и на ...

„Денес се завршуваат 121 година од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев. Во тоа име ги повикувам сите граѓани на Република Македонија коишто ја ценат жртвата на Гоце Делчев, на борците од Народноослободителната војна, да го одберат бројот 2 – во чест на Гоце Делчев, на Јане Сандански, на Методија Андонов Ченто. Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца, за горда Макеоднија и за твоја Македонија.“, ...

Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски денес во рамки на предизборната кампања беше во Гостивар, на разговори со граѓани и кафе-средба со млади. Пендаровски порача дека државата не треба да се враќа назад, туку да продолжи по патот на просперитет и развој. „Мораме да обезбедиме подобри услови за живот на сите, за младите да не ја напуштаат државата и да бараат подобра работа, услови за живот, за формирање семејство, за ...

Утрово на Велика Сабота, ден кога Исус Христос со телото отпочина во гробот, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на п ротоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Андон Андоноски, протоереј Александар Јанкоски, ереј Мартин Андоноски и ѓакон Славче Ѓорѓески, отслужи Света Василиева Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар. Во својата беседа митроплитот г. Јосиф меѓу другото нагласи: „Денес во ...

Вчера (3 мај) во периодот од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 115 пречекорувања на максимално дозволената брзина, извести МВР. Од нив, 68 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-18 и ГВ-50), од кои двајца возачи на гостиварска територија возеле со брзина ...

Велигденскиот пост е најдолг и најстрог од сите пости кои ги има христијанската вера, а оние кои се придржуваа кон него мора да внимаваат каква храна ќе консумираат и во колкава количина за празникот. Многу е важно организмот постепено да се приспособи повторно кон конзумација на секојдневната исхрана, но тоа не смее да биде наеднаш. Во недела, велигденската трпеза е празнична и на неа се наоѓаат месни и млечни производи кои претходно 7 недели ...

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело. Постојано ...

Како што налагаат црковните традиции и правила, на Велики Петок-денот на распнувањето на Исус Христос на крстот, во храмовите има литургии и се положува Светата Плаштеница, под која верниците поминуваат и на тој начин сочувствуваат со Исусовите страдања. Во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар утрово беше отслужена литургија, се читаа светите Евангелија и беше изнесена Светата Плаштеница. Голем број верници, особено млади ...

Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото Предание. ...

Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики петок (Велипеток) се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, а верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави. Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус. Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги ...

Времето денес (петок) ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. И утре (сабота) ќе владее променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и засилен ветер. Во ...

МВР информира дека вчера (2 мај) во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 50 годишната Г.И. од Неготино полошко. „Таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.“, стои во полициската информација. ...

Со скок од 19 места и позиционирање на 38-то место, според минатогодишниот извештај на Репортери без граници, но и со плати под просечните, небезбедни услови за работа и случаи на закани и насилство врз новинарите, Македонија денеска го одбележува 3 Мај, Денот на слободата на медиумите. Дали ќе ја задржи 38 позиција и ќе оди нагоре или надолу ќе покаже новиот извештај, но иако во сите релевантни меѓународни мерења е забележан одреден напредок во ...

Членови на ОО СДСМ Гостивар и кандидатката за пратеник во изборна единица 6 Ема Нешковска, претпладнево беа во посета на манастирот во изградба „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана. При тоа предадоа донација од финансиски средства, собрани од хуманитарен базар, што на први мај беше организиран во Гостивар, а на кој беа изложени рачно изработени филиграни. „Континуирано ги мотивираме младите и креативците и ги стимулираме нивните ...

Во рамки на кампањата за претестојните избори на 8 мај, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа централен митинг на плоштадот во Гостивар. Носителката на листата во Изборна единица 6, Дафина Стојаноска повика на масовно излегување на изборите и поддршка за листата на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова. „Уште пред почетокот на кампањата се чувствуваше огромна позитивна енергија, која се ...

На Велики Четврток се одбележуваат настаните што се случиле пред да тргне Исус Христос Спасителот на доброволните страданија. Во овој ден си спомнуваме за: Тајната вечера и сè што се случувало тогаш: подготовката, миењето нозе на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата, востановување на Светата евхаристија, најава за Петровото одрекување, Прошталната беседа на Христа со 11 ...

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност утврди потреба од измени на тарифата за премии за осигурување и подготви предлог-измени со кои се враќа цената на осигурувањето за аавтоодоговорност на ниво како пред 25 април годинава. „Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15 отсто до 30 проценти, во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска ...

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата Влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни ...

Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан го упати своето Велигденско послание, во кое меѓу другото се вели: „Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, ...

СВР Тетово регситрира дека вчера (1 мај) во 15 часот било пријавено дека на шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, од патот излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки управуван од 22 годишниот Б.Л. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц. на возраст од 23 години од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница „8 Септември“ во ...

Министерството за труд и социјална политика информираше дека денеска (четврток, 2 мај) започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 02 мај 2024 година, ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие во земјава евидентирани биле три пожари на отворен простор. Регионалниот ЦУК Тетово, известил дека пожарникарите од ТППЕ Гостивар со едно противпожарно возило и два пожарникари интервенирале на запалено ѓубриште кај пунктот за патарината на автопатот Гостивар-Тетово. Регионалниот ЦУК Битола, информирал дека пожарникарите од ТППЕ Крушево од 15.45 до 19.30 часот, со едно возило, ...

Летното сметање на времето почнува од 02:00 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на ...

Времето денеска (четврток) ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Следува период на променливо облачно време со ...

Народна банка посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра. „Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и ...

Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици во прво одделение. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.6
72%
1019
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
0.95
81%
1018
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
1.12
77%
1018
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
0.5
87%
1019
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.57
84%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.18
88%
1019
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
71%
1014
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.62
78%
1015
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.66
67%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
1.82
74%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.35
82%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.08
70%
1016
Currency

61.525

Currency

54.9881

Currency

73.1796

Currency

35.6426

Currency

39.5037

Currency

65.5444

Currency

7.63169

Currency

0.68868

Currency

0.37382

Currency

0.52117

Currency

1.41766

Currency

0.64544

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69