Овој празник можете да ја збогатите вашата трпеза со прекрасна Велигденска погача по следниот рецепт: Состојки: 1 кесичка сув пекарски квасец 200 ml топло млеко 1 лажица шеќер 1 лажица брашно 650-700 g брашно T-400 меко 100 ml вода 100 ml масло 1 јајце 1 лажичка сол Подготовка: Соединете го сувиот квасец и топлото млеко, а потоа додајте ги шеќерот и брашното. Оставете неколку минути да стаса. Во 600g брашно, додадете го надојдениот квасец, 100 ...

Двајца државјани на Северна Македонија биле уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 ...

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. -За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места. Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа. Ако се пали оган на отворено при одењето на излет, таму каде што нема посебно направени ...

Меѓународниот ден на трудот, Први Мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Во доцниот деветнаесети век, работничата класа била во постојана битка за осумчасовно работно време. Работните услови биле многу лоши и било вообичаено да се работи од 10 до 16 ...

Меланомот е најопасен облик на рак на кожа, а може да се излечи доколку се открие навреме, порачуваат од Институтот за јавно здравје денеска, во пресрет на мај – месецот на борба против ракот на кожата. Иако меланомот може да ги зафати сите делови на кожата од телото, сепак тој најчесто се јавува на деловите од телото што се најмногу изложени на сонце, предупредуваат од Институтот. Постојат повеќе начини за луѓето да се заштитат од ризик ...

Неговото цветање е на пат, за многумина е омилен природен засладувач, а некои ќе посегнат по него и за здравствени цели. Станува збор за багрем, листопадно дрво од семејството на мешунките. Неговите бели цветови нанижани заедно во гроздови се со пријатен мирис и полни со нектар. Лековити својства Покрај тоа што е украсно и корисно растение, багремот има и голем број лековити својства. Цвеќиња, лисја и кора се користат во традиционалната ...

Под наслов „Цут Арт“, вечерва во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар беше отворена изложба на уметнички дела, со хуманитарен карактер. Настанот го организираше тим на Црвениот Крст Гостивар во склоп на ПХВ Програмата (промоција на хумани вредности), во соработка со техничкото училиште. Собраните средства од продажба на делата ќе бидат наменети во хуманитарни цели. „Изложбата е од хуманитарен карактер, како и сите останати настани кои ги ...

Гостиварското архиерејско намесништво ја објави Велигденската Програма за богослуженијата во страдалната седмица и за светото Христово воскресение: Велика Среда (1-ви мај): Утрена со часови и Литургија на Претходно Осветени Дарови, со почеток во 7 часот наутро. Велики Четврток (2-ри мај): Вечерна со Литургија на св. Василиј Велики. По Светата литургија ќе се изврши и светата тајна Елеосвештение (маслосвет) во Соборниот храм. Во 18 часот ќе се ...

Министерството за правда денеска соопшти дека од Турција е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Министерот за правда Кренар Лога минатиот месец изјави дека судскиот дел во Турција за екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо е завршен, останува само административниот. „При нашата ...

Од утре до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Дневната температура од четврток ќе биде во постепено опаѓање. УХМР со препорака во случај на појава на електрични празнења се препорачува ...

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (29-април) во периодот од 10 до 15 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли, соопштија од СВР. При контролата биле откриени и санкционирани 15 прекршоци (Тетово-10 и Гостивар-5), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига, сообраќајна дозвола со поминат рок на ...

На полноќ истекува рокот за пријавување на избирачите кои се болни или немоќни за да може да бидат посетени во своите домови на 7 мај и да гласаат на парламентарните избори. Пријавувањето е во Општинските изборни комисии и се однесува само за парламентарните избори, додека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки и за вториот круг од претседателските избори. -Избирачот кој не е во ...

Вработените во Фондот за здравствено осигурување денеска одржуваат предупредувачки протест со барање за усогласување на платите со растот на минималната плата. На протестот пред Фондот за здравство беше порачано дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк. Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ, рече дека доколку до 15 мај не се преземе ништо првенствено ќе започнат секој ден во сите ...

Одделението за радијациона заштита при Институтот за jавно здравје е во завршна фаза на имплементирање, тестирање и пуштање во работа на новиот мерен систем за детекција на радиоактивност во воздухот и рано предупредување при нуклеарен или радиолошки настан од локален или глобален карактер. Овој систем, кои се состои од 12 мерни станици и инструменти, овозможува мониторирање, мерење и брза детекција на радиоктивноста во воздухот во Македонија. ...

Трендот на глазирани нокти продолжува и оваа пролет – во нежен стил. Во таа смисла, бледите, пастелни бои се најдобриот избор, особено нијансите на лаванда или светложолтите со сјајна завршница. Ако се оди на професионален педикир, советот гласи: Побарајте хромиран финиш или пробајте блескав лак за посјаен изглед на ноктите. Боја на лаванда Пастелните тонови се признак на пролетта, но ако жената бара малку необични бои, лаванда е изборот што се ...

Руските сили напредуваат на неколку локации долж бојното поле во Украина, заземајќи подобри позиции во регионот Харков и одбивајќи неколку украински напади, соопшти руското Министерство за одбрана. Русија контролира околу 18 отсто од Украина, на исток и југ, и напредува по неуспехот на украинската контраофанзива во 2023 година. Во февруари, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските сили да се пробијат подлабоко во Украина по падот ...

До крајот на денешниот ден осигурителните компании да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците, бара Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која денеска на седница го разгледа извештајот од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување. Од Националното биро за осигурување и од Агенцијата за супервизија на осигурувањето како регулатор се бара ...

Со затоплувањето на времето, во реонот на Тетово и Гостивар, во сообраќајот значително е зголемено присуството на мотоциклисти, главно во доцните попладневни и во вечерните часови. Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до мотоциклистите задолжително да поседуваат соодветна возачка дозвола, поточно посебна категорија М или категорија А, навреме да ги регистрираат своите мотоцикли или доколку се работи за помали видови на ...

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари. За 2,107 денари ...

Времето денес (понеделник) ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 23 степени. Во следните два дена (вторник и среда) ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Од среда попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи, особено во попладневните ...

Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на парламентарните избори, покажува последното истражување на 59,8% јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Според него, 59,8% од граѓаните рекле дека ќе гласаат на изборите, додека 20,5% се решиле да останат дома. Очекувано, најмал интерес за гласање има кај најмладите, особено кај оние под 30 години каде на гласање рекле дека ќе излезат 43,9% од анкетираните ...

Многу истражувања во последните години се фокусираа на врската меѓу исхраната и здравјето на мозокот. Одредени зачини, кои долго време се користат во традиционалната медицина и готвењето, сега се истражуваат за нивниот потенцијал да го заштитат и подобрат здравјето на мозокот. Здравствените експерти препознаваат дека овие зачини имаат антиоксидантни, антиинфламаторни и невропротективни својства кои може да придонесат за подобрена меморија, ...

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и ...

На празникот посветен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим-Цветници, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Андон Андоноски, протоереј Трпе Богојески, ереј Мартин Андоноски и ѓаконот Славче Ѓорѓески, отслужи Света Божествена Златоустова литургија во Соборниот храм ,,Успение на Пресвета Богородица”- Гостивар. Во својата беседа митрополитот г. Јосиф која меѓу другото ...

Врската помеѓу вашиот датум на раѓање и нумерологијата е многу важна. Се разбира, вашиот роденден е важен датум што го славите секоја година со вашите најблиски, но овој датум кажува многу повеќе за вас отколку што можете да замислите. Денот кога сте родени кажува многу за вас како личност. Всушност, тоа кажува за вашите таленти, судбина и животен пат и за што сте предодредени. Најдете го вашиот датум на раѓање и дознајте повеќе за себе! Родени ...

Пасивно-агресивното однесување често се јавува во секојдневниот живот во односите со пријателите, соработниците, љубовните партнери, семејството. Но, многу луѓе не секогаш ќе препознаат дека тоа се случува. Стручњаците сметаат дека пасивно-агресивната личност всушност сака да избегне судир „лице в лице“, неискрен /-а е и дава коментари што навидум изгледаат безопасни, но имаат негативни последици, пишува „Хафпост“. Кога сте пасивно-агресивни, се ...

Општинската организација на Црвениот Крст Гостивар, денес го спроведе Општинскиот натпревар по прва помош за средните училишта од регионот. Во натпреварувањето учествуваа осум екипи од средните училишта од Гостивар и средното училиште од Маврово и Ростуше. Тимовите на три пункта со импровизација на повредени лица, ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Освен тоа, требаше да ги покажат своите знаења и на пунк ...

Краставицата е намирница чии бројни здравствени придобивки може да се искористат без оглед на годишното време. Во лето нè освежува, исто така и на зима е супер додаток во нашата исхрана, а секогаш кога го јадеме ни ги дава потребните витамини, минерали и антиоксиданси. Придобивките од краставицата почнуваат со подобра хидратација, губење на тежината и детоксикација, до поздрава и поубава кожа. Припаѓа на храна која содржи висок процент на вода, ...

Тргнаа од проблемот со загадување на воздухот предизвикано од сообраќајот околу нивното училиште и стигнаа до награда од 2.000 евра. Тим ученици од гимназијата во Гостивар, под менторство на професорот Ѓоко Атанасовски, освоија прва награда на државен натпревар за иновации со својот проект Mултифункционален прочистувач напојуван од обновлива енергија. „Мотивацијата која не‘ поттикна да почнеме со создавање на ваква иновација беше проблемот со ...

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени. Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на новите припадници на полицијата посочи дека да се биде на првата линија на безбедноста е благородно и во исто време многу одговорна должност. -Знаењата и вештините што сте ги стекнале изминатава ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.24
65%
1019
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
0.93
77%
1019
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
1.12
76%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.71
85%
1019
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.07
76%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.18
89%
1019
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
71%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
73%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.95
68%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.35
74%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
79%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.34
65%
1017
Currency

61.525

Currency

54.9881

Currency

73.1796

Currency

35.6426

Currency

39.5037

Currency

65.5444

Currency

7.63169

Currency

0.68868

Currency

0.37382

Currency

0.52117

Currency

1.41766

Currency

0.64544

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69