Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото ...

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за ...

Во пресрет на утрешните двојни избори, од утрово во ОИК на Гостивар се врши примопредавање на избирачкиот материјал потребен за процесот на гласање. Избирачките одбори го подигнуваат и потоа се упатуваат до изборните места да ги направат последните подготовки за спроведување на изборните процедури. Според упатството на Државната изборна комисија, избирачките одбори утре ќе имаат по седум члена во една смена, наместо пет како до сега. „Ги ...

Од утре до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. „Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.“, се наведува во најновото метео предупредување. УХМР со препорака до граѓаните, во ...

Во скопската општина Аеродром денеска се одржа централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај, со обраќања на раководството во МВР, како и изложба и презентација на опрема на различни полициски единици. На настанот присутвуваа министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. И двајцата изнесоа свои видувања за условите за ...

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР. Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била ...

Во пресрет на двојните избори – вториот круг од претседателските и парламентарните избори (8 мај), денеска во земјава ќе гласаат болните и изнемоштени лица чии пријави биле прифатени од општинските изборни комисии. Гласаат и затворениците, лицата во притвор и во вонсемејни заедници, како и две раселени лица. За вториот круг на претседателските и за парламентарните избори зголемен е бројот на пријавени болни и немоќни лица, кои денеска ќе бидат ...

Од полноќ стапи во сила молкот во пресрет на вториот круг од Претседателски избори и Парламентарните избори кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот. На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. Се гласа на 3480 избирачки места, а ...

Носителката на кандидатската листа за пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 6, Дафина Стојаноска вечерва од Гостивар на средба со Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, ја упати последната порака до граѓаните во рамки на изборната кампања. „Ја завршуваме оваа, според мене успешна кампања. Мојот последен повик е никој да не остане дома, со седење дома не се менуваат работите. Кампањата ми даде повратен ефект дека ...

На крајот од предизборната кампања, пред да настапи молк, кандидатката за пратеник во Изборна единица 6 од редовите на СДСМ, Ема Нешковска го упати својот повик до граѓаните. „Судбината на државата е во Ваши раце, а одлуката е единствено Ваш избор. Да продолжиме да зборуваме за политики со кои се доближуваме до развиениот свет и со реални решенија да го подобруваме животниот стандард на граѓаните. Да ја движиме државата напред наместо да ја ...

За вториот круг на претседателските и за парламентарните избори зголемен е бројот на пријавени болни и немоќни лица, кои утре ќе ги посетат членовите на избирачките одбори за да гласаат во домашни услови. Од Државната изборна комисија за МИА изјавија дека утре за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица. На 8 мај на ...

По повод празникот Велигден, ОО СДСМ Гостивар попладнево организираше забава на градскиот плоштад. Ова е воедно и последниот ден од изборната кампања. Политичарите ги испратија и своите пораки во пресрет на изборите во среда (8 мај). На настанот присуствуваше и носителката на листата за пратеници, Славјанка Петровска. „Сакам да го честитам најголемиот христијански празник Христовото воскресение, да посакам здравје, среќа, љубов, мир и разбирање ...

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. На претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 гласачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои ...

Последен ден од кампањата за вториот круг од седмите претседателски избори и единаесетите парламентарни избори на 8 мај. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април. На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот. На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 23 степени. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи ...

Ротквицата е позната по својот освежителен, благо зачинет вкус, кој може да внесе крцкава текстура во салати, сендвичи и други јадења. Освен што додава интересна текстура и вкус, ротквицата има и бројни здравствени придобивки. Еве пет начини на кои овој зеленчук може да придонесе за подобрување на здравјето: Прочистување на респираторниот тракт Ротквиците се природен експекторанс, што значи дека помагаат во отстранувањето на слузта од дишните ...

Со одлука на Владата донесена во 2019-та година, 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик и е празник од работен карактер. На денешен датум во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озаконило и првиот правопис на македонскиот јазик. Македонската азбука првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ и тоа број 104 со ...

Вчера (4 мај) во 11.45 часот во Полициска станица Дебар било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај Мелнички мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.О.(58) од Долно Косоврасти, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(20) од Жировница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.О., а ...

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави ...

Празникот над празниците-Велигден, центар на православната вера, ги сплоти православните верници во Гостивар во споделување на радосната вест за Христовото воскресение со кое се докажува победата на животот над смртта. Велигден во летото господово 2024 во Гостивар се дочека и одбележа достоинствено и масовно. Граѓани од сите генерации, со радост и трепет во срцата ја дочека веста за Христовото воскресение на прославата во соборниот храм „Успение ...

Митрополитот Тетовско – гостиварски , г. Јосиф до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден. „Господ Исус Христос со своето Воскресение поразот, во победа го претвори. Гревот и смртта ги обесили, а нам на луѓето, портите на рајот ни ги отвори. Со тој спасоносен настан Синот Божји се потврди како вистинки Богочовек и спасител и им даде смисла на небото и на ...

„Денес се завршуваат 121 година од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев. Во тоа име ги повикувам сите граѓани на Република Македонија коишто ја ценат жртвата на Гоце Делчев, на борците од Народноослободителната војна, да го одберат бројот 2 – во чест на Гоце Делчев, на Јане Сандански, на Методија Андонов Ченто. Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца, за горда Макеоднија и за твоја Македонија.“, ...

Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски денес во рамки на предизборната кампања беше во Гостивар, на разговори со граѓани и кафе-средба со млади. Пендаровски порача дека државата не треба да се враќа назад, туку да продолжи по патот на просперитет и развој. „Мораме да обезбедиме подобри услови за живот на сите, за младите да не ја напуштаат државата и да бараат подобра работа, услови за живот, за формирање семејство, за ...

Утрово на Велика Сабота, ден кога Исус Христос со телото отпочина во гробот, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на п ротоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Андон Андоноски, протоереј Александар Јанкоски, ереј Мартин Андоноски и ѓакон Славче Ѓорѓески, отслужи Света Василиева Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар. Во својата беседа митроплитот г. Јосиф меѓу другото нагласи: „Денес во ...

Вчера (3 мај) во периодот од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 115 пречекорувања на максимално дозволената брзина, извести МВР. Од нив, 68 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-18 и ГВ-50), од кои двајца возачи на гостиварска територија возеле со брзина ...

Велигденскиот пост е најдолг и најстрог од сите пости кои ги има христијанската вера, а оние кои се придржуваа кон него мора да внимаваат каква храна ќе консумираат и во колкава количина за празникот. Многу е важно организмот постепено да се приспособи повторно кон конзумација на секојдневната исхрана, но тоа не смее да биде наеднаш. Во недела, велигденската трпеза е празнична и на неа се наоѓаат месни и млечни производи кои претходно 7 недели ...

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело. Постојано ...

Како што налагаат црковните традиции и правила, на Велики Петок-денот на распнувањето на Исус Христос на крстот, во храмовите има литургии и се положува Светата Плаштеница, под која верниците поминуваат и на тој начин сочувствуваат со Исусовите страдања. Во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар утрово беше отслужена литургија, се читаа светите Евангелија и беше изнесена Светата Плаштеница. Голем број верници, особено млади ...

Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото Предание. ...

Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики петок (Велипеток) се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, а верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави. Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус. Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
80%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.11
82%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
73%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
0.89
73%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
7.2
89%
1013
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
3.09
61%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1012
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62