По кратко боледување, вчера (28 јануари) почина Костадинка Палазова, жената со глас на славеј од Гостивар, доајен на македонската народна песна. Останува да биде запаметена по плодната кариера во која има снимено околу триста народни песни, со сите три оркестри на Македонската радио телевизија. Работела и со Големиот народен оркестар на Пеце Атанасовски, Чалгиите на Илми Баки, соработувала со Кочо Петрески, со Драги Митев, Миодраг Јашаревиќ ...

Министерството за внатрешни работи потсетува дека граѓаните треба да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед. – На посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 8 до 17 часот, граѓаните може да поднесат барање за промена на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на ...

Судиите денеска на непосредни избори гласаат за нов член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението. Право на глас имаат сите 418 судии запишани во Судскиот изборен именик. Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава, по што на јавна седница се објавуваат резултатите. На кандидатската листа Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска одржа протест пред Работничкиот дом, Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи итно зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов пред Работничкиот дом изјави дека „работниците повеќе нема да им се молат на Владата и газдите, туку ќе се борат за зголемување на платите“. – Денеска сме тука за ...

Ноќеска 35 минути после полноќ В.И. (39) од Гостивар, во ОВР Гостивар пријавила дека претходно околу 21:30 часот на улица „Тоде Богданоски“, нејзините две малолетни ќерки биле физички нападнати. „Според пријавеното, по претходна вербална расправија со нивна другарка, од куќата излегла мајката на нивната другарка, Ф.М., која ги нападнала, а користела и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, соопшти СВР Тетово. ...

Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед. Претседателот на ...

Кинески истражувачи претставија нов дрон наменет за специјални воени операции, кој е оспособен да управува со стандардна пешадиска автоматска пушка со речиси совршена точност. Експерименталното летало, развиено од компанијата „Wuhan Guide Infrared“ во партнерство со Академијата за специјални операции на кинеската армија, покажа извонредни резултати за време на последните тестирања. Како што е демонстрирано во реални услови, вооруженото летало ...

Судскиот совет на денешната седница го усвои извештајот на работната група од извршениот надзор на работата на Основниот суд Гостивар за постапувањето по предметот за осудениот Ремзи Мифтари од Гостивар, кој има повеќекратни незаконски одлагања на извршување на десетгодишната казна затвор за случајот „Дурмо турс“. Судскиот совет со девет гласа „за“ и два против на членовите Исамедин Лимани и Ханиф Зендели го усвои извештајот во кој комисијата ...

Општина Гостивар информира дека денес започна реконструкција на улицата „Борче Јовановски“ во централното градско подрачје. „Проектот опфаќа целосна реконструкција на патнaта делница во должина од 250 метри, со цел подобрување на урбаната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за пешаците и сите учесници во сообраќајот.“, соопштија од локалната самоуправа. Општина Гостивар апелира до граѓаните за ...

Вчера (27.01.2026) во 11:45 часот, од Итната медицинска помош во Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар бил донесен 17-годишник од Добридол во безсознание, како последица од труење со јаглероден моноксид. Како што информира СВР Тетово, по извршениот увид било утврдено дека малолетникот спиел во подрумска просторија, каде имало котел на пелети, а откако котелот бил вклучен, просторијата се исполнила со чад. Увид на лице место ...

Вчера (27.01.2026) во 15:20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Мара Угриноска“ во Гостивар, патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) удрило во 55-годишната Н.Н., двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Н., констатирани во Општата болница Гостивар, информираше МВР. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. Вчера (27.01.2026) во 15:20 часот во ОВР ...

Во дел од централното подрачје на Гостивар утре (28.01.2026) ќе има делумно затворање на сообраќајот. Општина Гостивар информираше дека поради отпочнување на работите за реконструкција и асфалтирање на едниот крај од улицата „Борче Јовановски“, (од триаголникот кај малиот пазар (кај НЛБ Банка) до излезот на улица „Кеј Вардар“ (Сетек)), оваа патна делница ќе биде делумно затворена за сообраќај. „Воедно бараме од локалните жители, поради ...

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Претседателот на ССМ Слободан ...

Итно се повлекува од македонскиот пазар производот „аптамил АР 2“, енг 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено присуство на токсин цереулид (cereulide), информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и апелира потрошувачите што го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото од кај што го купиле. – Нашите испекциски служби вчера спроведоа вонредна инспекциска ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови каде ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Гостивар ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а ...

Црвен крст Гостивар на почетокот од годинава организираше неколку крводарителни акции низ кои се потврди посветеноста на хуманите вредности. Акциите беа реализирани во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, а во нив активно учествуваа полициски службеници, пожарникари и вработени во ХЕС Маврово. Една од крводарителните акции се одржа вчера во просториите на Полициската станица Гостивар, каде крв даруваа 18 полициски службеници. Со ...

Во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се поставуваат посебни кутии кадешто пациентите и корисниците на услуги ќе може да ги оставаат своите забелешки, поплаки и коментари. Како што информираат од болницата, првата кутија за поплаки и пофалби е поставена во секторот за финансии и сметководство, а во наредниот период исти такви ќе има во сите сектори, одделенија, оддели и амбуланти во болницата. „Преку оваа иницијатива, сите ...

Регионалниот синдикат за образование и наука почна со преземање мерки во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување исплата на законски загарантираните средства. „Презедовме правни мерки кои се во наша надлежност. До сите средни училишта е пратена опомена пред тужба, а жалба е поднесена и во Трудовиот инспекторат. Според нашите сознанија трудова инспекција била во општината, како основач на училиштата. До денес немаме повратен одговор. ...

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава. Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку седум ...

Како што нашите тела се менуваат, растат, се развиваат, губат мускулна маса, минуваат низ хормонални промени така се менуваат и нашите нутритивни потреби. Од најраниот период од животот до староста, експертите препорачуваат следниве упатства: Рано детство и училишна возраст Во најраниот период од животот, храната буквално го гради телото и мозокот. Децата имаат големи енергетски потреби, па затоа им е потребна хранлива храна. Ова значи дека, ...

На денешното рочиште во затворот „Идризово“ за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пред судот сведочеа повредени и оштетени лица. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанала во моментот кога пламените и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес. Кристијан Панов, невработен млад човек кој повремено работел како ...

Марјан Илиевски повеќе не е селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација, откако Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација (КФМ) вчера ја прифатил неговата оставка. Како што информираат од КФМ, Илиевски ја поднел оставката непосредно пред почетокот на седницата на Управниот одбор, членовите на одборот биле изненадени од тајмингот и од самата одлука, оставката била разгледана и едногласно прифатена. „Иако членовите на ...

Во текот на студените месеци, кога телото лесно се соочува со недостаток на витамини, а настинките и вирусите циркулираат насекаде, храната што ја избираме е поважна од кога било. Затоа цитрусните овошја, а особено лимоните, повторно стануваат храна што секој треба да ја има во својот дом секоја зима. Лимоните со децении имаат репутација на природен сојузник во борбата против настинките и грипот. Постои добра причина за ова – само две лажици ...

Министерството за внатрешни работи информира за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“, кој стартува од 1 февруари, како и за предвидените глоби. Пречекорување на брзина во населено место: (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак) • до 10 km/h над дозволеното – 15 € • од 10 до 30 km/h – 50 € • од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци ________________________________________ ...

Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија, соопшти АМСМ. Од 12.20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато. Од 12 часот пред ГП Долно Блаце почнат е протест на превозници со тешки моторни возила поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП „Дизел“, а другиот сообраќај се ...

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00 денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети. Со новата одлука, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 66,50 ...

Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на ...

Во пресрет на најавениот протест на Сојузот на синдикати во среда (28 јануари) за повисоки плати претседателот, Слободан Трендафилов, порача дека протестот не е симболичен, туку директна борба за егзистенција и ги повика работниците да се приклучат. „Овој протест не е за ‘ако имаш време’ па ќе дојдеш. Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први“, истакна Трендафилов во отворено писмо, додавајќи дека ...

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре (26 јануари) ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат пообилни – над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините, врнежите ќе бидат од снег, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи во издадениот метео аларм. – Во вторник претпладне сè уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и ...

Во рамки на кампањите за унапредување на сообраќајната култура, денеска (25.01.) на подрачјето на СВР Тетово ОВР Гостивар, на локации на централното градско подрачје во Гостивар, Одделот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, спроведоа превентивно-едукативна активност под мотото „Паркирај совесно – паркирај одговорно“. „Активноста имаше за цел ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87