
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Најмалку едно лице почина, десет лица се хоспитализирани, а 49 се разболеле поради труење со бактеријата Ешерихија коли во франшизи на Мекдоналдс во десет американски сојузни држави. Американскиот Центар за контрола на болести и превенција (ЦДЦ) соопшти дека сите случаи се поврзани со хамбургерите „Quarter Pounder“ на овој познат синџир за брза храна. ЦДЦ објави дека случаите се пријавени во Колорадо, Ајова, Канзас, Мисури, Монтана, Небраска, ...
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар во рамки на одбележувањето на Розовиот Октомври, месец на борба против карцином на дојка, денес организираше мини маратон. Од настанот, кој се одржа на Кејот на Вардар, беше испратена порака на поддршка за жените кои ја војуваат борбата против болеста и искажување почит кон жените што ја изгубиле битката со карциномот. „Секоја година целта ни е да ја подигнеме свеста за заштита од оваа опака болест. ...
Временските услови кои изминатите денови беа со периоди на сончево и релативно топло време, а на одделни места и со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветар, се оптимални за есенската сеидба кај поледелските култури, велат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, од голема важност е да се запази рокот за сеење. -Во тек е садењето на оделни градинарски култури, како и собирањето на преостанатите градинарски култури. Во винарството, виновата ...
Во пресрет на Денот на македонската револуционерна борба 23 Октомври, вечерва во Гостивар се одржа пригоден настан, со кој почна одбележувањето на празникот. Присутните имаа можност да се потсетат на историските настани врзани со почетоците и значењето на македонската револуционерна организација и да уживаат во родољубива поезија од познати македонски автори. Свеченоста ја организираше гостиварскиот општински одбор на Сојузот на борци. „На ...
Во чест на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба утрово во Гостивар се организираше собир со положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк. На овој начин, како што беше речено на настанот, им се оддава почит на основоположниците на македонската револуционерна борба, како и на сите борци кои го положиле својот живот за слободна Македонија. Букети цвеќе положија делегации на: Општинскиот комитет на ...
Ѓумбирот е зачин кој во последните неколку години го добива своето заслужено, истакнато место во западната кујна, додека во Азија ова растение е еден од најважните зачини кој на јадењата и на пијалоците им дава карактеристичен, ароматичен, лут специфичен вкус. Во источната медицина, ѓумбирот со векови се користи за намалување на симптомите на гастроинтестинални потешкотии, најчесто за намалување на гасовите и грчевите во цревниот тракт, а ...
МВР информира дека вчера (21.10.2024) во 10.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во правец кон „Стража“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(45) од Куманово, минибус „мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.Џ.(60) од село Горно Седларце, општина Боговиње и патничко возило „бмв“ со ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување ...
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари. -Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината ...
Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ објавува јавен повик за ослободување од плаќање на надомест за престој на редовно запишани деца на самохрани родители во ЈУДГ „Детска радост“ Гостивар. Право на ослободување имаат деца од самохрани родители кои живеат на територијата на Општина Гостивар, чија плата е пониска од просечната месечна нето плата на ниво на државата или се невработени лица. Родителите кои ги исполнуваат ...
Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан. Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Средбата ќе продолжи до четврток. Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг. Ќе присуствуваат претставници од вкупно 32 земји. На ...
Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства.соопшти Народна банка. Паричната маса во септември 2024 година забележа месечен пад од 1,2%, во поголем дел ...
Стриите се безопасни и досадни, но за многу жени но и за многу мажи фрустрирачки естетски проблем. Можат да се појават насекаде по телото, но најчести се на деловите каде што нашето тело складира маснотии (стомакот, колковите, градите, задникот, бутовите). На кои делови од телото сè уште може да се појават стрии: Зошто се појавуваат? Често можеме да ги видиме на лактите, како и на долниот дел на грбот. Заедно со некои животни навики, генетската ...
Натпреварот „Светски готварски награди“ има за цел поттикнување и распространување на глобалната култура на јадење и готвење, како и да го поттикне гастрономскиот туризам. Така, на петтото издание на натпреварот, главниот град на Португалија, Лисабон е прогласен за најдобра гурманска дестинација во Европа. Почесната награда, како признание за разновидната и висококвалитетна гастрономска понуда, беше доделена на свеченоста во Дубаи, Обединетите ...
По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, попладнево уапсен е Илир Мета, поранешен албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата. Според албанските медиуми Мета се наоѓал во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана во моментот на извршување на наредбата на СПАК. Мета е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот. Тој неколкупати се појавуваше во СПАК на ...
Турскиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, за кого официјална Анкара тврди дека стои зад неуспешниот пуч во 2016 година, почина на 83-годишна возраст во Соединетите Американски Држави каде што живееше во доброволен егзил, објавија денеска турските медиуми. Ѓулен изгради моќно исламско движење внатре и надвор од Турција, но последните години ги помина во егзил обвинет за организирање обид за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип ...
Од полноќ се намалуваат цените на горивата од еден до два денари. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар, а дизелот за два денари. За 2,50 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 ден/лит, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 79 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде ...
Утрово започна имунизацијата на населението против вирусот на грип во Гостивар. Вакцината е бесплатна за ранливите категории граѓани, додека останатите заинтересирани треба да ја платат по цена од 700 денари. Годинава има зголемен интерес за вакцинација, оцени д-р Зорица Зафироска, епидемиолог во гостиварската служба на Центарот за јавно здравје. „Вакцинацијата почна денес и може да се каже дека има голем интерес, повеќе од минатата година. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше свој панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите на Европската Унија. Настанот во организација на Институтот на регионите на Европа (IRE), Европскиот конгрес, со околу 700 гости и над 60 говорници од цела Европа, годинава се одржува годинава по 20-ти пат под мотото „ЕУ: Нема иднина без реформи”. Мицкоски објави дека во излагањето посочил оти иднината на ...
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага измени и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предвидува покачување на минималната плата на 27.700 денари, информираше денеска во законодавниот дом пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче. Посочи дека со ваквото покачување не само што ќе се обезбеди финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијае на порастот на просечната плата. – Во услови на голема ...
Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица денеска ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип. Поради појава на „птичји грип“ Зоолошката ...
Во Противпожарната единица на Гостивар утрово беше доставена донација за потребите на пожарникарите при извршување на работните задачи. Донацијата се состои од униформи, специјални обувки, заштитна и друга опрема, а ја обезбеди Арбен Мемети, кој потекнува од гостиварското село Речане, а живее и работи во Франција. За таа цел поддршка имал и од хуманитарното здружение Ринија од Речане. „Како и други печалбари и јас сакав да направам нешто ...
Денеска е понеделник, 21 октомври 2024 година, 295-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 71 ден. Сонцето во Гостивар изгреа во 6 часот и 56 минути, а ќе зајде во 17 часот и 45 минути. Денов трае 10 часа и 49 минути. Времето утрово ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ...
Гостивар вечно ќе се сеќава на д-р Трајче Нешковски, споменот за него нема да избледи. Попладнево во населбата Малеарди, во која порасна и го мина животниот век, беше промовиран мурал со неговиот лик. Муралот е искажување почит кон неговиот лик и дело, кон сѐ што направил, за целата грижа, љубов и посветеност кои ги носеше во себе во неговото големо срце. „Преку муралот не дозволуваме да избледи неговиот лик, но и споменот за неговиот ведар ...
Јапонската „памучна“ торта е еден од најпознатите десерти кој ги освои срцата на луѓето низ целиот свет благодарение на својата неверојатна мекост и лесен начин на подготовка. Овој десерт, иако изгледа едноставен, е вистинско гастрономско чудо. Со само три состојки, може да подготвите торта што се топи во устата и нуди уникатно слатко уживање. Она што ја прави оваа торта толку посебна е нејзината текстура, која е како најмекото памучно перниче, ...
СВР Тетово информира дека утрово (20.10.2024 година) во 6.15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица ,,Кеј Вардар“ го лишиле од слобода 19 годишниот Л.М. од Прилеп, со привремено место на живеење во Гостивар кој бил пријавен од неговата 35-годишна мајка дека, по вербална расправија пред станбената зграда каде што живеат, физички ја нападнал при што и нанел телесни повреди констатирани во медицински центар во Гостивар. Тој е задржан ...
Што е A(H5N1)? Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип кој предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца (или „птичји грип“). Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација ...
Најмалите гостиварци денес се забавуваа, пееја и играа на хуманитарната забава на градскиот плоштад, организирана во рамки на активностите во чест на д-р Трајче Нешковски, кој прерано го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа. Хуманитарното здружение што го носи неговото име, традиционално секој година во Гостивар организира активности преку кои се праќа порака за хуманост, солидарност, сплотување-вредности кои д-р Трајче беспоштедно ги ...
По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје од вчера потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1, информираат од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). „Во текот на денешниот ден, од страна на ...
За да се подготвите за студените денови и сезоната на настинки и грип, ви претставуваме едноставен рецепт за домашен сок од аронија. Аронијата е позната по своите силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства, што ја прави исклучително корисна за здравјето. Придобивки од аронијата Аронијата нуди многу здравствени придобивки. Таа ги штити клетките од оштетувања предизвикани од слободни радикали и има антиканцерогени својства. Поради своето ...