
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Точните отчитувања на крвниот притисок се клучни за поставување на правилна дијагноза и следење на здравствената состојба. Меѓутоа, правилната положба на телото при мерење често се занемарува, и од страна на пациентите и од страна на медицинските професионалци. Оваа незначителна, на прв поглед, грешка може да доведе до значително погрешни резултати. Истражувањата покажуваат дека неправилната положба може да го зголеми систолниот крвен притисок ...
Беспилотни летала, снајперисти, жичана ограда и 25.000 воен и полициски персонал ја обезбедуваат денешната инаугурација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Како што објави Скај њуз, инаугурацијата на Трамп е означена како „специјален настан за национална безбедност“, што овозможува дополнително финансирање и координација меѓу агенциите, вклучително и Тајната служба, државната безбедност, осигурувањето на Капитолот ...
Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар, а Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за денар и пол. Според денешната одлука на Регулаторната комисија, од полноќ се зголемува и цената на мазутот за 0,337 денари за литар. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе ...
Радосен ден за православните христијани во Гостивар. Празникот Богојавление – Водици секогаш буди посебни чувства и духовна исполнетост кај верниците, донесува позитивна атмосфера, сплотеност и среќа. Така беше и денес од рано наутро, кога празнувањето отпочна во црквата Успение на Пресвета Богородица со света литургија и голем водосвет и продолжи преку останатите обичаи кои Гостивар ги негува на овој голем христијански празник. Студеното време ...
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини, а според метеоролошката прогноза преку ден ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 7 степени. Според УХМР, наредните денови од новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а ...
Министерството за здравство на владата на Хамас во Газа објави дека најмалку 46.913 лица загинале, а 110.750 се ранети во текот на повеќе од 15 месеци војна со Израел. Билансот е ажуриран до полноќ, пред да стапи на сила договорот за примирје, кој започнува вчера во 09:15 часот по Гринич. Војната, која започна на 7 октомври 2023 година со напад на Хамас врз Израел, предизвика огромни човечки жртви и уништувања во Газа. Израелската војска ...
Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија. -За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на ...
ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација. – ТикТок, за жал, ќе биде принуден да ја прекине работата во САД на 19-ти јануари, освен ако администрацијата на Џо Бајден не се погрижи да не се спроведе законот со кој се забранува платформата во САД ако неговиот кинески ...
Најсреќен годинава при обичајот на положување на крстот во водите на Варадр во Гостивар за празникот Водици беше Предраг Димоски. Од триесетината момчиња меѓу кои беше и шест годишниот Драган Андоновски, Предраг Димоски ја имаше среќата да го извади светиот крст од реката, во рамки на одбележувањето на големиот христијански празник, кој масовно се чествува во Гостивар. Од верниците, кои и годинава ги имаше во голем број беа упатени честитки и ...
Пред утрешниот голем православен празник Богојавление или Водици денот на кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, Gostivarpress.mk ве потсетува на најсреќните на чествувањето на Водици во Гостивар од возобновувањето на традицијата со положување на светиот крст во Вардар во 2015 година, односно момците кои го извадија крстот. Се верува дека оној што ќе успее да го фати крстот, ќе го прати здравје и среќа во текот на целата ...
По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Таа ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за средношколците во завршна година (матурантите) кои, според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај 2025. Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше ...
Прекинот на огнот во Газа стапи на сила во 11:15 часот (по локално време), соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Претходно, израелската влада потврди дека Хамас и доставил список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот. Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), но беше одложено бидејќи Хамас навреме не ги соопшти ...
Во зелка од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот имидаклоприд што е забранет во ЕУ, а 0,029 мг/кг супстанца е пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, јавија хрватските медиуми. Според нив, тоа се случило на хрватската граница, па инспекторите веднаш наредиле да се уништи целата пратка свежа зелка од Македонија. Со одлука на Комисијата на ЕУ, забранета е употреба на имидаклоприд на ...
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Православните верници ја негуваат традицијата на положување на светиот крст во вода, најчесто во реките, но и во езера, базени и сл. Според ...
Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. -Комисијата веќе оформи 50 предмети по дојави за случаи за нефер трговски практики. Комисијата ќе излезе на терен, ќе има многу работа, ќе ги проверува случаите. И секако, ако има потреба, ќе има и казни, рече Ристески. Комисијата ќе ги разгледа сите предмети и ќе ги ...
Куќата oд филмот „Сам дома“ – со типичниот ентериер од 90-тите, е продадена по бараната цена за 5,5 милиони американски долари, објави „Пипл“ (People). Имотот во американската сојузна држава Илиноис беше центар на класичниот празничен филм, каде што 8-годишниот Кевин Мекалистер, кого го глуми Меколи Калкин, по грешка останал дома сам, откако неговото семејство набрзина заминало на божиќен одмор. Куќата има пет спални соби и шест бањи, а на ...
Прекинот на огнот во Појасот Газа договорен од Израел и палестинското исламистичко движење Хамас треба да стапи во сила во недела наутро во 08:30 часот по локално време, соопштија властите на Катар, кој беше посредник во постигнувањето на договорот за примирје. Од каратското Министерство за надворешни работи, исто така, упатија апел до жителите на Појасот Газа „да преземат мерки на претпазливост и да чекаат насоки од официјални извори“. ...
Во следниот период се очекува поинтензивна работа на Комисијата за заштита од конкуренцијата околу Законот за нефер трговски практики. Комисијата е комплетирана и за се она што што ќе биде утврдено како неправилност во однос на Законот, има пропишано законски одредби што ќе треба да се спроведат. Министерството за економија и труд е задолжено за спроведување на законот, а според заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, овој закон ...
На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите Јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението. Мерата на постот за верниците, како и за ...
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра дуелот со Холандија од второто коло на Светското првенство. Нашите репрезентативци во првиот натпревар од ракометниот мундијал одиграа нерешено против Унгарија (27-27). Единствениот меѓусебен дуел досега со Холанѓаните беше пред две години на Светското во Полска каде загубивме убедливо со 34-24 во Краков. Во Вараждин повторно се очекува голема поддршка од македонските ...
Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година, како дел од мерките за намалување на загадувањето на животната средина и зголемување на безбедноста на патиштата. Исто така, ќе биде забранета регистрација на возила кои не го исполнуваат стандардот „Еуро 5“ на Европската Унија, со што ќе се замени сегашниот стандард „Еуро 4“. Тоа значи дека автомобилите произведени пред 2011 година повеќе нема да смеат да влезат во државата. ...
Храната со антивоспалителни и антиоксидантни својства може да ги ублажи симптомите, да го скрати времетраењето на нашата болест и да спречи идни настинки. Пилешка супа Чаша пилешка супа е корисна кога сме настинати. Супата е добар извор на протеини, витамини и минерали. Содржи и електролити, кои можат да не одржуваат хидрирани. Топлата пареа може да помогне и во чистење на затнат нос и синуси. Освен ова, супите се одлична опција бидејќи се лесни ...
Главниот град на САД, Вашингтон, е замрзнат поради температурите под нулата, а церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп в понеделник би можела да остане запишана во историјата како најстудената заклетва во последните децении, јави ДПА. Иако не се очекува да биде толку студено како за време на вториот мандат на Роналд Реган во 1985 година, кога напладне живата достигна речиси минус 14 степени Целзиусови, според Националната метеоролошка ...
По повод големот христијански празник Богојавление, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани. Во денешната објава на манастирот, се замолуваат сите заинтересирани, кои сакаат да земат учество во овој чинот да се пријават кај надлежниот архимандрит, отец Доситеј на следниот телефонски број +389 70 342 970. -По ...
Вработените во дел од државните институции денеска продолжија со предупредувачкиот получасовен протест барајќи додатоци на плата од 30 отсто и потпишување на колективни договори. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски пред Државниот завод за статистика изјави дека 988 вработени се уште немаат земено плата за декември иако е истечен законскиот рок. – Се работи за вработените во сите инспекторати во државата. Поради доцнење на ...
Времето денеска (петок) наутро ќе биде студено со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -6 до 5 степени. Како што информира УХМР, во деновите од викендот ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. Дневната ќе се ...
Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Унгарија во првиот свој настап на Светското првенство 2025. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер го одработија последниот тренинг пред почетокот на Мундијалот и подготвени го очекуваат дуелот против фаворизираните Унгарци. Натпреварот ќе се игра во Вараждин со почеток во 20:30 часот. Се очекува во Хрватска да допатуваат илјадници припадници на „Фалангата“ која ќе ја бодри ...
На крајот од минатата година беа објавени седумте финалисти за изборот на Европски автомобил на годината 2025, меѓу кои се најдоа „Alfa Romeo Junior“, „Citroën C3“, „Cupra Terramar“, „Dacia Duster“, „Hyundai Instar“, „Kia EV3“ и „Renault 5/Alpine A290“. На свеченоста што се одржа во Брисел, жирито составено од 60 членови од 23 европски земји го избра „Renault 5“ и неговата спортска верзија „Alpine A290“ како најдобар автомобил на европскиот ...
Почетокот на новата година донесе полни раце работа за медицинарите на Детското одделение во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Меѓу дечињата владеат грип и други респираторни вируси, што е карактеристично за зимската сезона. Во јануари до сега, на одделението амбулантски биле прегледани 677 деца, а она што го забележуваат лекарите е дека бројката на пациенти се намалува откако падна снег. „Последните денови, почнувајќи некаде од ...
Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до УЈП да поднесат Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на ...